Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Никој не ве тера да поддржувате нешто, ама нема потреба од толкава засегнатост пропратена со навреди, за нешто што не влијае врз вашиот живот на ниеден начин :D
    Веста не е бум, затоа што е од восхитување и голема поддржаност, туку затоа што првпат се случува ваква операција во нашата земја :D Чилекс пипл, хев а коктел :d:
    :d::drunk:
     
    На sj *O*, Annath, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Кончита нема правено операција. Она е drag queen и геј, приватно си живее како машко.
     
    На Annath, theowndemon, Victorian и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла дека само славните што сакаат внимание би направиле вакво нешто ако навистина немаат потреба. Па дури и тие тешко. Верувам дека толку тешка операција, што ќе те чини толку многу и за која треба да си на хормонска терапија цела година и кусур, би направиле само тие што едноставно немаат друг излез.
    Убав филм беше препорачан, The Danish Girl, погледни го па верувам дека ќе успееш да сфатиш подобро низ што поминуваат. :)
     
    На Annath, theowndemon, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ова ми се чини најголемата болка е, кој со кого ќе се групира. Ако кажам дека не ми се свиѓа ќе ме стават во групата со неандрталците, Аца Лукас љубителите, фанови на Благодушка и Сузе...не, не, не. Нема ни да размислувам за причини зошто не ми се допаѓа оти не сакам во таа група да сум!!! Јас ќе одам со модерните, кул, либерали, на Стинг шо ќе идат. Они се ЗА а јас сум кул ко нив!
     
    На MilaP, Chica.Loca, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Па ете, секој што не знае, следен пат кога ќе настине нека појде на преглед на приватно, нека си ги плати анализите и после нека појде до аптека и нека си го купи антибиотикот на приватно. Одма ќе примети дека сето тоа не кошта 100-200 денари, колку што би го коштало ако идел на "државно" и преку фондот.

    Уствари, не мора да одиме подалеку - пораѓајот е одличен пример. Сите знаат колкава е разликата во цената на приватно и на државно. Ако некој без здравствено осигурување се реши да се породи во Државна болница, можда нема да го кошта колку у Систина, ама ќе биде барем 70% од тоа. А разликата во цената ја покрива здравствениот фонд.
     
    На sj *O*, Annath, Sanjichka007 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ова за хуманитарците само важи? Што со оние што не коментираат од хуманитарни побуди туку сметаат дека со здравството што го плаќаат им следува и антибиотик и породување и лекување на посериозни болести, ама не и менување на пол? Треба воопшто мислење да не изразат во спротивно се лицемерни?
     
    На Rama и Abeja им се допаѓа ова.
  7. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Треба да биде нелегално вака да се осакатуваат луѓе.
    Можеби и е нелегално. :?:

    Така е. (y)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    На секој човек неговиот проблем му е најбитен: на настинатиот - настинката, на неплодниот - да има деца, на оној со рак - да се оперира, на човекот кој е заробен во тело од спротивниот пол - да се спаси од тоа.

    И знаеш што? Сите се во право.

    Секој вработен, кој издвојува пари од платата за фондот, има право да бара чаре за својот здравствен проблем во рамките на државното здравство.

    Лицемерието е во тоа што нема важни и помалку важни болести, нема битни и небитни операции. Лицемерието е во тоа што ние си земаме за право да коментираме која медицинска интервенција е поважна, попотребна и понеопходна.

    А како што реков, на секој човек неговиот проблем му е најбитен.

    И ја сум за тоа дека треба да има пари за сите осигуреници, без разлика на болеста и цената на интервенцијата и секојдневно се ужасувам од бројот на луѓе кои бараат чаре за својата болест преку хуманитарни акции и донации.

    Ама, за тоа зошто нема доволно пари во фондот за сите, вината треба да се бара на друго место, а не во човекот кој направил операција за промена на полот.

    Ако воопшто ја направил на терет на фондот. :)
     
    На sj *O*, Annath, 1209 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    52.029
    Пол:
    Женски
    А кај прочитавте дека преку фондот била операцијата? Извор некој?
     
    На Annath, theowndemon, Anna-marija. и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Убаво велеше Тоше "Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи..."

    Мило ми е што нашиот сограѓанин успеал да ја направи оваа операција, само тој знае со какви предрасуди се соочил и допрва ќе се соочи.
    Физички, бил роден како маж, но тоа не се совпаѓа секогаш со неговиот полов идентитет. Едноставно, тој се чувствува како жена, има потреба да биде жена. Не е тоа само до желба да спие со мажи или да носи женска облека. Со тек на време тој внатрешен психички притисок може да остави и трајни последици на психата. Операцијата за промена на полот е секако подобра опција отколку несреќен живот, депресија и самоубиство.
    Читав неодамна интересна приказна, за човек кој се родил како маж но како бебе му бил уништен половиот орган при некоја операција и затоа докторите и родителите одлучиле да му направат пластична операција со која ќе го направат женско,. Тој бил одгледуван како девојче, но чувствувал дека нешто не е во ред. Со тек на време таа конфузност оставила кај него психички последици и депресија која довела до самоубиство.
     
    Последна измена: 4 јуни 2017
    На sj *O*, 1209, Salome и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Јас сум тука на темава заради претпоставката дека операцијата е направена од фондот, во спротивно немаше ни да се јавувам, кој што сака нека прави со своето тело. Сега прочитав во Систина била, па некако логично ми е тие да му платат него, оти во случајов ко експериментално глувче му доаѓа. Доколку е пак од фондот се дава на знаење дека ваквите операции во иднина од фондот ќе се финансирани, па иако се согласувам дека сите болести и состојби си имаат важност при финансирање и третирање, ова не ми е болест. И би била ЗА да се плаќа од фондот доколку се работи за држава во која здравството цвета и не останало ништо побитно да се финансира и третира, па ете на ред дошло и менување на пол. Сосема логично, и силикони би поддржала во таков случај на фондово чисто од забава. Но во ваква ситуација -не.
     
    На MilaP, Rama, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Навистина не ми е гајле кој што прави во кревет и како се чувствува, како се облекува.
    Она што мене секогаш ми сметало е оној момент на кревање фама, драматизирање, привлекување внимание итн кога се работи за оваа проблематика. Се чувствуваш како жена? Ок, прави што знаеш, жити се немој на секое тоа на сите под нос да ни го ставаш. Направиле операција, сменил пол. Добро и? Зошто толку фама околу тоа? Па уште сите паѓаат во несвест. "Конечно напредок" сме постигнале. Сериозни ли сте? Кој црн напредок? Некој сменил пол. Каков напредок е тоа за мене, за тебе, за светот, за цело општество? Каков напредок е што некој наместо пенис сега има вагина? Знаете колку ми е гајле? Ич. Да не измислија лек за ракот? Да не измислија лек за сида? Укинаа вакцини? Го решија проблемот со вода во загрозените подрачја во светот? Жените добија целосни права во муслиманските земји? Не ги мажат повеќе на 10 години?
    Со милион проблеми се соочува светот, а воедно и ние како држава. Што од економски, што од социјален аспект, ама не, најважното нешто што можеше да ни се случи е некој да си го пресече. И тоа е напредокот на светот. Одиме напред со големи чекори.
     
    На Adi888, Rama, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ChokoladnaKrofna

    ChokoladnaKrofna Нов член

    Се зачлени на:
    27 мај 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Toa e 21 vek morame da se pomirime i da gi prifatime odlukite na drugite ne mozeme da prevzememe nishto za da go promenime ova. Dosta golem broj na lugje gi podrzuvaat ovie odluki
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Важно е, бидејќи овој проблем (неприфаќањето на припадниците на ЛГБТ) спаѓа во проблемите на 21 век кои ги наброја погоре. Велиш дека не те засега тебе дека некој сменил пол, според тоа, не треба ни да те засега за другите проблеми како третирањето на жените во муслиманска држава. (Нели не си жена во муслиманска држава)

    Ако мериме вака што е значајно за општеството а што не, сè ќе изгледа безначајно. На пример, лани во септември се отвори училиште во Кенија во кое имаа можност да се едуцираат и девојки. И сега треба да кажеме: „Па што ако, еве во светот насекаде девојките имаат можност да се едуцираат, тие на едно училиште се радуваат. Плус, што со девојките во Камбоџа, зошто тие пари не се дадат за нив, таму уште полоша е ситуацијата?“

    Не оди нели? И ние во тој поглед, на дург општествен проблем, се многу наназад, но овој мал чекор има значење како што има и училиштето отворено во Кенија. :)
     
    На 1209, Sanjichka007, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @Bridget, мислам дека проблемот е со перцепцијата на состојбата "личност заробена во тело од спротивниот пол" и нашата неможност да се соживееме со таа личност.

    Најчесто, луѓето не можат да се соживеат со нечиј проблем освен ако не го искусиле директно или индиректно.

    Затоа, кога ќе чуеме дека некој има рак веднаш можеме да се соживееме со него - или имаме искуство со некој близок болен од рак или сме прочитале некоја од безбројните статии за сериозноста на ракот како болест. Битно, свесни сме дека ракот е опасен и дека треба да се лекува по секоја цена.

    Од друга страна, колкумина од нас познаваат личност заробена во тело од спротивниот пол? Колкумина од нас прочитале со какви психолошки проблеми се соочуваат ваквите луѓе? Би рекол - не многу.

    И нормално, првата реакција е дека тука се работи за аздис, глупост и дека вакво нешто никогаш не би требало да биде финансирано од фондот.

    Патем, и некои козметички операции, како корекција на нос и уши се финансираат од фондот. За оние кои немале проблеми со самодовербата со физичкиот изглед, ова можеби звучи како глупост, ама за оние на кои клемпавите уши и големиот нос се извор на психичка траума, оваа операција е и тоа како значајна.

    @Daydream, ја веста за напредокот ја сфатив чисто од медицински аспект - оваа операција е сложена и тешка - до вчера кај нас немало хирурзи кои можеле да ја направат, а денес има. Тоа е несомнен напредок во вештината на нашите лекари.

    Не ни помислив дека една операција на промена на полот може да предизвика некаков напредок во нашата колективна свест и перцепција на луѓето со вакви проблеми.
     
    Последна измена: 4 јуни 2017
    На Annath, 1209, Mishela и 13 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Не е точно овоа. Сите бремени без разлика дали се осигурани или не НЕ плаќаат партиципација за прегледи, испитувања, пораѓај во државна болница.
    Извинете за офтопик.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    @Lella
    100% не си ми го сфатила мислењето. Проблемите што јас ги набројав се проблем (барем за мене) зашто нечив живот е загрозен, зашто некој не ги ужива сите права кои би требало да ги има со самото раѓање, зашто е животозагрозувачки да омажат мало дете од 10 години. Е тоа ако се реши е вистински напредок. Ако не умираат луѓе од загадена вода во 21 век е напредок. А не некој ако сменил пол. Што од вистинските проблеми се решава со тоа? И како е напредок тоа за тебе?

    @Bender Rodriguez ако гледаме од медицински аспект, да, се сложувам со тебе. Верувам дека се работи за сложена операција. Ама од ниту една друга страна за мене не е нешто за што треба да се восхитувам.
     
    На Rama и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Конзервативните слабо стојат со логика, ако пример особа А е маж и се осеќа како жена = го привлекуваат мажи = педер.
    Во случај на промена на пол особата А која била маж = станува жена = ја привлекуваат сеуште мажи = стрејт.
    Значи конзервативните лица треба да подржуваат промена на пол :party: бидејќи на тој начин ќе има повеќе стрејт раја.

    @Anna-Marija што мислиш ти за ова?
     
    На sj *O*, Anna-marija., LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  19. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Глупости, глупости! Овој менувал пол, правел операција, терапии дрн дрн... и свето ова е за аплауз браво!!
    Иронично е што либералите со отворен мозок ги осудуваат овие што судат. Па ако е негов живот и прави што сака ова мој живот и јас одбирам дали да осудуваам некој или не.
    Ако е во ред да се прифати ваква болест во ред е и да се прифати моето банално, заостаното мислење.
    Пошто нели мозокот е поширок од небото затоа не треба да постојат граници.
     
    На Rama и Abeja им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Па ваљда и промената на пол е божја воља, не е ваљда дека на семоќен, безвременски и сезнаен ентитет ќе му промакне некаква промена на пол во Скопје?!
    Значи постојат лица кои бог ги створил ни ваму ни таму, во Индија има и официјално трет пол :D
    Во библијата пишува дека ништо не се случува мимо Неговата воља што значи дека се е негово дело, вклучително и трансексуалноста и лицата кои подржуваат тоа и лицата кои негираат...се е негово дело :devil:
     
    На Ginger^, MagsDestiny, Anna-marija. и 5 други им се допаѓа ова.