Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Има најмалку еден кој лично сведочел на тие збиднувања ама каде се мота овие денови не е познато :devil:

    https://en.wikipedia.org/wiki/Wandering_Jew
     
    На doubleg и sjdgo им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    @Daydream не, ти не си ме сфатила. Пак велиш што со вистинските, животозагрозувачки проблеми.
    И овој проблем не е помалку животозагрозувачки од тие што ги наброја. Најголем дел од тие кои минуваат низ тоа помислуваат на самоубиство. Значи и вистинска личност имаме на форумов која од прва рака ни објасни. Не е помал проблем.

    Овие операции ги спречуваат самоубиствата. И ако спречување милиони самоубиства не придонесува кон напредок на општеството, тогаш не знам што да кажам.

    Ме интересира што мислиш за примерот со девојчињата во Кенија? И тој не загрозува живот, и тој ли не е никаков напредок?
     
    На sj *O*, Annath, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Е затоа треба да им каже таквата особа на евентуалниот партнер пред врската да ескалира...

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Lella како сакаш кажи, ракот е животозагрозувачки проблем и единствена опција е операција и соодветен третман. Од друга страна, менување на полот е одлука која поединецот ја донесува за да се чувстувува удобно во својата кожа, и сакале тоа да го признаат или не, операцијата и менување на телото, првенствено е направена заради уживање. Дали сексуално или уживање кога ќе си ја погледнат вагината наместо пенисот со кој се родиле. Операција за отстранување на рак е неопходна, не е избор.

    Менување на пол е процедура и личен избор, кој никако не би смеел да биде финансиран од фондот. Истото важи и за операција на нос, вградување силикони и вадење ребра. Мора да се направи разлика и да се стави линија помеѓу хирушка интервенција заради болест и операција која на пациентот ќе му овозможи да се чувствува пријатно кога ќе се погледне во огледало.
     
    На sj *O*, Rama и Abeja им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Напротив, руското општество било, е и ќе остане цивилизациско дно, нема ништо што импонира на рандом нормална особа оттаму, утре да ја снема магично Русија сите ќе бидат meh, никој не оди таму да живее а тие бегаат настрана, имаат 15 милиони раја помалку него во времето на бившата им држава, клептократска олигархија со атомски бомби.
    Напредуваат во умот на просечен лик пред кооперација кој се колне во мајчица Русија и ја чека пензијата овозможена од злите западни кредити, а за да поправи ќенефот чека родбина која работи за злиот искварен запад да прати 200 евра...
     
    На Anna-marija. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Дегенерација.
     
    На Rama и Abeja им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R Те сфаќам, да. Океј е ова за фондот. Зборот ми беше за тоа дека викаат не било страшно достигнување бидејќи уште немало лек за рак. :)
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Значи да се мењаше пол заради секс само, немаше да се вади едно, а да се става друго, туку ќе си ставеа и другото што им фали, па сами себе ќе си се онадеа...:bandit:
     
  9. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Зошто да не им следува? На секој што си плаќа здравствено осигурување, фондот треба да му обезбеди средства.
     
    На theowndemon и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Проблемот кој овој човек го има, нема да исчезне ни после сите мачни терапии и операции. Можеби ќе доживее кратки моменти, во кои ќе помисли дека го исполнил својот сон, но тој секогаш ќе биде поинаков, па и кога навидум ќе стане таа.
    Бидејќи самата припадност на одреден пол, не е услов за среќа.
    Толку многу убави и паметни жени, па не се среќни и немаат љубов. Која е веројатноста дека таа ќе ја пронајде, после сите маки?

    Наместо да се работи на тоа, да се сакаат и прифаќаат сите луѓе, ма колку да се поинакви, се измислуваат чудовишни нешта, се оди против природата, против она што ти е дадено од Бога.

    Тој човек можел да најде начин да биде среќен можеби, но бил веројатно опседнат со можноста која медицината може да му ја пружи.

    Секако дека му посакувам среќа и спокој, иако се прашувам што е следното кое ќе посака да го добие?
    Дете можеби? Природно би било да посака да роди.

    И повторно нов круг на желби, како да е животот вечност.
     
    На Selest, Rama и shz им се допаѓа ова.
  11. Anna-marija.

    Anna-marija. Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Па види вака за многумина, сеуште ние транс лицата важиме за педери :x и кога некој ќе ми се обрати/ел така ми иде/ло да се земам и да се џитнам у Вардар...
    А инаку, сексуална определба е нешто друго и таа нема никаква поврзаност со родот и полот... јас сум стрејт жена и ме привлекуваат само мажи, се надевам разбираш... :)
     
    На sj *O*, Ketchup, Црна Ружа и 3 други им се допаѓа ова.
  12. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Незнам можеби грешам ама од мојот аспект ова е сосема настрано. Секој заслужува да е среќен секако, но моето мислење е тоа. На крај краева нр направил никакво зло, а нити повредува некого. На слобода шетаат педофили, силувачи и слични манијаци. Земено се заедно настрано.
     
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Какви ли не испитувања се прават пред да се изврши ваква операција, ех. :) Кога се прави операција, се испитуваат колку проценти има женски а колку машки хормони во единката. Проблемот е што откако ќе се направат анализи и се изведе операција, тука ништо не е дефинитивно.Скоро ништо не е решено. По неколку години или веднаш потоа, може лицето да почувствува поинакви нагони. Ако пред операцијата, се чувствувал како жена во машко тело( па со операција, се средува се', и постанува жена буквално и физички), по операцијата, може да се чувствува како маж, т.е другите хормони да му преовладуваат итн. Не е дека и вака може да се чувствува среќен, без операција оти тука за никаква среќа не станува збор. Туку, повеќе од тоа, како опстанок ќе му дојде. Исто не е сон, за да се исполни некоја фантазија, туку потреба. Ако по операцијата има други последици, како што пишав горе исто тоа не е дека некој не знае што сака, прави или се предомислил... Туку, таква му е природата.

    Да беше толку лесно, направи операција и решено...Не е тоа гола вода.
    Само за секс секако не е, кој спомна? Постојат случаеви каде личност е родена со два полови органа, некогаш и различни, па не решава да ги отстрани туку ги користи и двата.

    Не е на тапет тоа дали да се осудува или не, оти е ова посебен, посебен случај. Тамам работа некој од бес да стои или да одбрал сам така да живее. Кога зборувате дека вака човек оди против Бога (даденото од Бога) размислете како Бог него го створил. Ако тргнеме така, од таа гледна точка, тогаш и нагонот и желбата, идејата исто од таму доаѓа. Ако Бог е креатор, тој само физички ли не обликува?

    Едит:Не сакам ни да земам да споредувам и давам примери, ама ова е рамно на секоја болест, проблем и сешто. А не да се омаловажува,како да е неважно или ситница во споредба, пример со рак. Не знам како може така да ги делите работите, размислете малку, малку само. Ни сама не се осудувам да речам дека е болест, а они, прави експерти.

    Луѓево на Марс открија нова култура, ние тука па тука....
     
    Последна измена: 4 јуни 2017
    На sj *O*, Annath, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Ја читам темава и гледам еден дел од вас нешто немаат сватено.

    Пол е генетска карактеристика. Значи или е XX или е XY, нема тука „се осеќам, мислам вака или онака“.

    Си што си, никој не те прашува, ни природата.
     
    На Rama и Abeja им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Лек за рак има, ама големи пари се во прашање, па не им одговара да го откријат. Но, за конкретнава тема не е битно тоа. Целата процедура за менување на полот, вклучувајќи го хормонските терапии и операцијата чинат многу пари, а повторно на некого тоа му одговара.

    Убаво велиш, здравствено осигурување, менување на пол не е здравствен проблем, затоа и нема причина да се финансира.
     
    На Rama и Abeja им се допаѓа ова.
  16. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Сепак е хируршка интервенција, која ја извршува доктор, во здравствена установа. Всушност, здравјето не е само отсуство на болест, туку цел збир од психо-физички фактори, кои влијаат на општата благосостојба на човекот.
     
    На crimson, Ketchup, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    A каков проблем е социјален ако не е здравствен?
     
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Не, не постјат луѓе што Бог ги створил ни ваму ни таму. Бог дал се, исто и избор по кој пат сака човек да чекори. Никој на ништо не е присилен. Никој не вика мораш така...
    Постојат само слаби кои паѓаат на искушенија и скривнуваат од патот, односно си одат по патот на рогатиот. Кривица имаат и оние околу нив до некаде, кои не превземаат на време ништо за да ги освестат.
     
    На Rama, Briar Rose и Abeja им се допаѓа ова.
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    @Јаневски а што ќе правиме ако се роди XXY?


    @Petra777 Како ги викаШ? "Луѓе ни ваму ни таму"?


    Предзнаења никакви, а критицизмот најјака страна. И доста со тоа Слаби луѓе, карактери најголеми сте вие.
     
    На sj *O*, 1209, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  20. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, се негираш сама себе? Во една реченица пишуваш дека секој човек бира по кој пат ќе чекори, за во другата да напишеш дека има луѓе што "скривнуваат" од патот? Ако сами бираме по кој пат ќе одиме, како геј/транс личностите "скривнуваат"? Ете, тие тој пат го "одбрале", само што скривнуваат од твоите сфаќања за "идеалниот" пат. Од една страна кажуваш дека никој на ништо не е присилен, а од друга страна, пак, дека луѓето околу нив требало да превземат нешто за да ги "освестат". Договори се :)
     
    На Lella, Ketchup, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.