Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    @Feminka22
    Извини морам да ти реплицирам на се шо си напишала.

    Дали ти имаш умствен капацитет да ги разбериш следниве неколку зборчиња:

    Сексуалната ориентација се одредува додека личноста е фетус во матката на мајката. Се работи за гени, хромозоми.
    Ме сфаќаш? Не е воспитање, не е стил, не е експериментирање.
    Детенце од 6-7 години има симпатија дете од ист пол. Не може никој да влијае на толку мало дете, не може да не прочита тука на форумот.
    Хормоните се комплексна работа. Како ти шо се влажниш на мажи, некоја се влажни на жени- како физички рефлекс. Не намерно. Како на мажите шо некогаш му станва на жени, така на некој му станва на мажи.
    Не знам стварно како поедноставно да објаснам.
    Истото се однесува на трансродовите личности.

    Ако беше до воспитувањето или до влијанието од другите како е можно тогаш во „нормални“ семејства со мајка и татко детето да е геј? Или обратно. Во геј семејство детето да е стрејт? А?

    Земи бре жено гугл земи. Интернетот нека не ви служи само за фемина и фејсбук. Има документарци, истражувања, податоци.
    И за едната страна и за другата страна. Разгледај, информирај се, па после тоа ако си уште со вакво убедување тогаш со почит ќе се согласиме дека не се согласуваме. Ама да пишиш тука шо ти текнало од трајко петко прекажано дома шо си слушнала..... Не.

    Истотака, негде напиша дека ако си му кажела дома дека ти се допаѓа со женско дека по доктори ќе те носеле.............. И ете од кај иди ваквиот став.
     
    На Annath, Sanjichka007, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Да си гледавте сите во дворот ќе бевте многу посреќни во животот.
    За мене информацијава има значење колку ланскиот снег, нит е прв ни последен што сменил пол, ама тоа тука е уау, бомба и насловна страна - јер Мјаукедонија ама секое чудо за 3 дена.
    Ај радувајте се, Вардар е шампион со сила никој не ве носи на операција утре вас.
     
    На Annath, CameliaMiller, theowndemon и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.119
    Пол:
    Женски
    @zhap4e Ова од мобилен го пишувам, ама ќе пробам најјасно што можам, иако можеби покомпетентно ќе е да одговори геј/транс личност.

    Вака, имаш три параметри. Пол, хормони и сексуалност.
    Пол од раѓање можеш да имаш 1, но може да ти биде згрешен или пак да бидеш genderfluid, односно некогаш да се чувствуваш како маж, а некогаш како жена. Ова е проблематично од очигледни причини, но постојат такви луѓе, до хормоните е.

    Сексуалноста нема врска со полот со кој си роден, туку со кои хормони ти се доминантни, најчесто ова, поточно кој пол навистина чувствуваш дека си. Кај машките доминантниот е тестостерон, кај женските естроген, бла бла тоа сите го знаеме.

    Сега една личност која е родена пример како машко, може да има женски хормони, а со тоа е трансџендер. Штом има женски хормони, најверојатно е дека ќе ја привлекуваат мажи. И во случајов девојката е стрејт иако има машки полов орган. Единствено што и' смета е половиот орган, а по трансформацијата ќе биде стрејт жена со женски полов орган.

    Има и други случаи, каде доминира тестостерон, на машки полов орган но личноста ја привлекуваат машки, а не женски, тогаш се работи за геј личност.
    На хомосексуалците (најголем дел од нив) хормоните им одговараат на половиот орган. Поточно мажествени се (да не набројувам геј познати личности кои се улала алфа-мејл :D). Истото е и со женските. Можат да бидат женствени, а да не ги привлекуваат машки.

    Од трите работи: хормони, сексуалност и пол вака оди некако.
    Ако хормоните и сексуалноста се усогласени, може половиот орган да не е. (Транс)
    Ако хормоните и половиот орган се усогласени, може сексуалноста да не е. (Хомо, би, а)

    А може и половиот орган и сексуалноста да ти бидат усогласени, ама едноставно имаш движења и однесувања како спротивниот пол. Е оваа група луѓе ги викаме педери и машкуданки.:d:
     
    На Annath, Sanjichka007, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Anna-marija.

    Anna-marija. Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Одлично објанесто! :hug:
     
    На theowndemon, Paprika и Lella им се допаѓа ова.
  5. Тетка Биберче

    Тетка Биберче Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Значи во секоја тема мора да има препукување меѓу членовите
    место да се коментира секој за свое мислење, овде се испокаравте
    па нигде не оди вака Форумов......

    Околу темава
    Секој има свој живот, подржувам зашто сакам среќни луѓе
    Ако така одлучил/а тогаш Добредојде во женскиот свет :rofl:
    Само да не се каеш еден ден :devil:
     
    На CameliaMiller, theowndemon, Paprika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.356
    Зошто секаде мораш да мешаш политика? Се ти е или Вмро или Сдсм.
    Инаку операцијата е изведена во Систина на Орце. Орце го знаеш нели? Ако Фондот ја одобрил операцијата значи ја одобриле луѓе на Тодоров. Нова Влада имавме деновиве. Вака логички би му дошло дека Вмро ја одобрил операцијата. Леле, сега шо правиме, нели Вмро промовира семејни вредности и се геј мразачи.

    Мислење си е мислење, ама дај не поврзувај се со политика.
    И погоди што, малце сум постегната на темава, а не сум Вмро. Има и луѓе што размислуваат поинаку од партијата која ја подржуват.

    И уште ова, муабетот за политиката со ЛГБТ заедницата го знам. Знам во целост што сакаше да кажеш. Чекај, тоа ви е најновиот спин во партија, така? За вас поинтелигентните, оти во Вмро нема само проста маса. На вас ви е задача да пласирате вакви спинови, демек виша политика.
    Одморете малку, може? Живот постои и без политика. Ама во се ја вмешавте, може веќе има и вмровски и невмровски маргарин.
     
    Последна измена: 4 јуни 2017
    На Annath, CameliaMiller, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.323
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 и @Slavicak, да не пукните, ме изнасмеаФте пред спиење :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Slavicak и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Сите као нешто толерантни, модерни затоа што е ИН да се биде и се дур не ги засега нивните семејства. Кога вашата ќерка ќе донесе дома машко кое всушност било женско или обратно тек тогаш ќе ве прашам дали големиот пацифизам ќе ви ја топли душата. Се знае што е нормално, а што не.

    Се оди со тезата дека на човекот конзервативноста му е наметната од мали нозе, но зошто не се оди со тезата дека и педерлукот е наметнат со закони, масовна телевизиска и образовна пропаганда?

    ЛГБТ заедницата има огромно влијание во општеството и тоа многу негативно. Може до утре да се дискутира негативното влијание на ЛГБТ заедницата во општеството.

    Пред некој месец имаше огромен скандал во Србија со новите учебници за основци каде што се проповедаше хомосексуална ориентација.
     
    На agios, Rama и Abeja им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.119
    Пол:
    Женски
    Сериозно сум размислувала долго на оваа тема и не гледам причина зошто би ми пречело. Ама најсериозно ова. Ако тој веќе е преобразен со операција, не гледам ама баш никаков проблем, што е битно што имал меѓу нозе кога се родил. За репродукцијата, не е тешко да се посвојат деца, и не сум толку себична за да ми пречи што децата нема да бидат лично моја крв.

    Ако луѓето ја смениле сексуалната ориентација од гледање телевизија, еве и ти гледаш, ајде нели си геј веќе? Патем, баш напротив, „педерлукот“ не е наметнат со закон, туку е забранет во најголем дел од државите во светот. На телевизија ептееен ретко да сретнеш геј човек, па не дај боже бисексуалец или транс. Во училиште, јас сум од „новите“ генерации и уште одам на училиште, и сè уште во учебниците има глупости како сина/розова боја за „соодветните“ полови, а не пак да се пропагира сексуална ориентација. Не знам во кој свет живееш, ама во учебниците и на училиште не се ни спомнуваат дека постојат геј и транс луѓе, а не пак да се зборува отворено за тоа. Да беше така немаше да има муабети „лелеее а моето дете кога ќе ги види како се држат за раце на улица што ќе си помисли“
    И патем, еве ќе нацртам, со цветчиња:
    tralalala.png


    Дискутирај ми ајде. На кој му пречи? Тоа е заедница која се бори за правата на луѓето кои ги немаат поради нешто што не го избрале самите. Зарем не е истото со црнците кои робуваа, со жените кои не можеа да гласаат? Се работи за среќата на една група луѓе, која вие „не ја дозволувате“ бидејќи не се совпаѓа со вашата замисла за правилно. Во ред ли ќе беше црнците да не можат да оформат семејство, да посвојат деца, да гласаат? Не, нели? Тогаш зошто упорно сте против овие дискриминирани луѓе тоа да го прават?
    На кој начин тоа што тие ќе имаат деца и семејство и ќе живеат како што сакаат тебе ти влијае негативно во животот?
     
    На Annath, CameliaMiller, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски
    Во 21 век, 2017 година, кога секаде во светот ваквите операции и зафати се нешто најнормално( иако не би рекла дека се согласувам), кај нас ударна вест е операцијата за промена на полот на некојси маж кој се осеќал како жена. Океј.
    Прво, сакале ние или не, ние не сме никаков фактор за овие случувања. Времињата се менуваат, се некои нови моди излегуваат, се нешто ново се случва и мора да се помириме со овој факт. Е сеа, дали се сложуваме и сме целосно отворени кон ваквите промени и пристапуваме кон истите со скроз либерален став, или пак сеуште ги сметаме за чудни и настрани, тоа е до самите нас.
    Конкретно за случајов и појавата на трансродови лица, имам одредени нејаснотии. Кога една девојка, се чувствува како машко, очигледно е дека ја привлекуваат девојки и доаѓаме до фактот дека таа е лезбејка. Никој, ама баш никој не и го успорува правото да се "носи" како маж и да биде во врска со личност од ист пол. Никој не и наметнува дека таа мора да се шминка, депилира, лакира, да работи " женски " професии.
    И сега, која е таа потреба да подлегнеш на толку многу хормонски терапии и на крај под нож? Целта е да имаш пе*ис наместо ваг**а? Што те спречува женскиот полов орган да бидеш она што си? Ај нека ме просветли некој.:?:
    Да се надоврзам, немам некој одреден став кон нив, ги жалам едноставно затоа што мора да поминуваат низ толку комплицирани нешта во животот. Тешко е да си сосема поразличен од останатите, тешко е да водиш битки со самиот себеси, со самоприфаќањето знаејќи дека си поинаков од сите останати, неприфатеноста, оставеноста сами на себе. Немојте да мислите дека некој од бес би подлегнал на сево ова, оти сигурна сум дека процесов е премногу болен од секој аспект. Никој не би си го комплицирал животот до толку. А реално, тоа не е ни можно. Бидејки со самото зачнување, раѓање, одредени сме какви и што ќе бидиме. Не се станува геј, транс така од ќеф.
    Да одеше така би станала лезбејка, и онака немам среќа со мажите. :rofl: Ама нече среча, слаба сум на посилниот пол. :whew:

    И за крај, светот и општеството во кое живееме би биле мнооогу подобро место за живеење доколку си гледаме само во својот двор.
     
    На realGirl и elimkd им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.119
    Пол:
    Женски
    @christinnn Можеш да го сфатиш вака некако. Ете ти си стрејт, те привлекуваат мажи и се осеќаш како жена нели?
    Епа сега, замисли, иста таква си, само што имаш машки полов орган. Нема ли да ти биде пречка тоа и да си ја јадеш душата секој ден поради тоа?
     
    На CameliaMiller и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  12. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Кога тоа црнците не можеле да оформат семејство? Црнците се раса која највеќе се размножува во светот последните 100 години благодарение на европската медицина. Не лупетајте само.

    Во 50-те и 60-те години најголем дел од црнците сакале да живеат одвоено од белците во САД исто ко и белците. Во тие години црнците имале далеку помал криминал, повеќе образованост, подобар стандарт и многу други придобивки коишто со децениите на интеграција ги изгубија. Црнците се најнетолерантни према педери и трансексуалци. Цела низа на убиства имаш во нивните гета врз педери и лезбејки.

    Што се однесува до ЛГБТ лобито. Секој втор филм има по некоја лезбејка или педер секогаш претставени како жртви или исклучително добри луѓе за да пошироката маса сочуствува со нив. Вил енд Грејс серијата што беше ако не педерска пропаганда? Цела модерна МТВ култура и модна индустрија се педер до педер. Само да го најдам документарецот во кој познат интелектуалец го објаснува хомосексуалното и феминистичко влијание врз општеството и креирање на цела плејада самци. Многу познат факт е дека најголем дел од феминистки се лезбејки.

    http://www.espreso.rs/vesti/drustvo...ekima-je-to-kul-a-neki-imaju-ozbiljne-zamerke

    Мене не ме прави геј гледање некој филм со по некоја геј сцена, но за разлика од пред 10 години гледам драстична промена во начинот на кој мажите се облекуваат, однесуваат, говор на тело. Тотално се исфеминизирани. Дури јадат ќотек од девојчиња.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски
    Еве веднаш ќе ти одговорам.
    Можноста да бидам со некој што е геј и да си најдам "сродна душа" ваква каква што ме дал Господ е многу поголема, отколку да го променам полот и така да се трудам да се приближам некому.
    Тргнувам од себе, ми фаќа око некој маж кој претходно бил девојка. Додека сме заедно не покажува никакви знаци и ништо не алудира на промената. Али, истиот момент кога ќе се дрзне ми каже што е или што бил всушност порано, ќе биде крај. Би избегала веднаш. Колку и да се трудам да прифатам такво нешто, посилно е од мене. Ќе го сметам за чудно, на некој начин ненормално и тоа е тоа.
    Не осудувам, ама не ни прифаќам.
     
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    1. Па да де, феминистките се залагаат за тоа дека не е нормално да трпиш некој да те млати, психички да те малтретира, или да те користи како крава за расплод или веш машина.
    За разлика од патријахизмот.
    Е затоа сте сами.

    2. Шо има везе ,, изфеминизираноста ,, со педерлукот, кога еве и жените млатат мажи, а се ,, феминизирани,, ?

    И што има све ова везе со трансродови лица, ој куку ноннннн...
    А ја мислев дебилно беше коа на трансродови у Америка не им даваа у вц да идат , или пак у ќелија ги ставаа спротивно од полот по кој се декларираат...
     
    На CameliaMiller, 1209, Anna-marija. и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Абе Џоли, за разлика од тебе што цел пост ти се врти околу политика, јас во мал дел ја имав спомнато и тоа се надоврзав на постот на Ана Каренина каде што викаше дека нема законска регулатива па реков Зајко сега ќе донесе закон :D
    Ти цела приказна направи, од Орце до Тодоров :D
    Изгледа таа спин тактика ја учите вие во сдс :P
    Девојко, те молам олбави ме:wasntme::coffee:
    Де бе, зар не знаеше дека секоја партија си има свој маргарин, е Добро јутро бе(highfive)
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Мислам дека после опширното објаснување на Лелка од научен биолошки аспект, срамота е веќе да продолжувате со муабетот дека некој може да ти испере мозок да станеш од мода геј/транс, дека тоа може да се спречи со воспитување или да се поттикне со филмови, серии и поддршка за правата на вакви лица по форуми, едноставно дека може да се стане таков. Возрасни образовани личности ве мрзи, односно не сакате да прочитате, ете девојка на пола возраст од вас ви објасни на ниво на научник овде. Така што... ни две ни три, навистина е срамота.
     
    На Annath, CameliaMiller, s1a1n1d1r1a1 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.356
    :D:D:D
    Еден пост ти цитирав само. Ги имаше повеќе.
    Јас да ти разглабам се, од Орце до Тодоров:P.
    Професионална деформација, а и морам да објаснам се за да сфатеш шо мислам;).
    Чекај, ќе одам во политика Влада да ми честиташ. Те нема ма со денови. Оправдано, ја разглабавте новата состојба па види операција за промена на пол и ете идеја, Заев почна со црните сценарија:rofl:.
    Невозможни сте:D. Циркус.
     
    На CameliaMiller, Anna-marija., blackwave и 2 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Јасно е тоа Лела... за разликата помеѓу категорииве. Муабетот е.. баш за оваа категорија - стрејт девојка со машки полов орган. Некоја не се одлучува на операцијата, друга пак, мора наводно да направи хируршки зафат.. Муабетот е од аспект на... плаќање од страна на Фондот за вакви операции. Сумљам дека било платено од Фондот, оти таа процедура не оди баш така. Цел процес ќе следи дур се стигне до таму. Ама оти ете, се начна темата па ич не ми се чини непотребно и да се дискутира. Пошто, кога веќе почнаа процедурите, сосема нормално е и да стаса таа тема на маса (не е новина во светот), ко и темата за матичен број, лични документи на овие лица...за што спомна АнаКаранина. Тоа бар, за нивно добро ќе е да се реши. Од тој аспект, битно е да се разгранични естетски зафат/пластична хирургија од нешто што е медицинска неопходност. Затоа, што ја прави оваа операција медицински неопходна, а не опциона, козметичка, естетска итн.(?) доколку една личност - родена како машко, со женски хормони може да живее и функционира нормално без операцијата (колку што може де, не навлегувам во детали), а друга не може. Имам прочитано доволно објаснувања за како е животоспасувачка, оти лицата биле суицидни...ама. Оти е побитна од козметичката операција на пример, на една девојка,конкретна .... која имаше проблем со клемпави уши. Смешен проблем. Сите мислеа дека е жива глупост (и нејзините, и докторите со кои зборуваше), се дур еден ден не дојде со преврзки на ушите, оти, подолго време си ги лепела ушите, па на крај... операцијата стана медицински неопходна за неа, и закрепнувањето и траеше подолго, операцијата била покомплицирана оти.... кожата и се истенчила на таа регија заради, ти текнува. Што е поразлично од потребата на една суицидна девојка која не се осеќа убаво во својата кожа заради ушите, носот, брадата, градите... ? И осеќа дека мора да има таква операција и утре ќе се прашува, зашо Фондот не и ги покрие и нејзините уши, брада, нос, гради, ко што ќе го покрие зафатот кај стрејт девојката со машки полов орган?
    Лабаво е некако.... и просто сумљам дека некој со body dismorphya ќе е ок со тоа, ќе има разбирање дека ова другово е приоритетно. Дека не е на исто равниште со неговото...дека неговото is all in the head, а другово не. Дека треба да го прифати своето тело какво е.. или да си плати за пластична операција, додека со другиов не е тоа така. Се од аспект.. фондот да плати. Приватно.. кој што сака нека прави.
     
    На CameliaMiller, Bridget, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Тој што сака да млати жени ќе млати и во патријахат и во либералност и во комунизам и во демократија. Сеедно му е. Тоа што за разлика од денес порано жените имале 5-6 браќа и тие воделе ред за неа и ретко која била оставена на цедило. Ако зетот умрел тогаш браќата се грижеле за својата сестра. Барем така било кај Хрватите, но и претпоставувам кај Македонците. Дали денес твојот брат ќе се грижи за тебе во неволја? Не, ќе те шутне ко последно гомно. Во минатото немало да бидеш оставена на цедило. Барем кај повеќето. Патријахатот во многу сегменти бил заштитнички према жената.

    Не би рекол дека жените коишто млатат мажи се феминизирани. Секојдневно гледам мушкадарки. Тоа е цената на тие феминистички романчиња коишто ви ја негираат вашата природна женска убавина и на секој начин ве дискредитираат правејќи поголеми мажи од мажите. Тоа не е рамноправност, туку навреда кон вашата природа.
     
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625

    Да де, ако зетот умрел, браќата негови ќе се погрижеле за невестата, а може и свекорот...Битно ,, згрижена ,, да биде...

    И баш патријархот ја има наметнато стереотипната ,, феминизираност,, кај жената т.е. нежна, ранлива, неспособна за живот, освен за раѓање на истиот. И треба маж за да ја брани, оти ако некој не ја поседува како имот ( татко, маж, брат ), со неа може кој сака, што сака да прави... Се додека не се п(р)одаде како стока на друг застапник на патријахизмот...Те моламммм...

    Едит - кој тепал, секогаш ќе тепа. Само сеа нема жената да мора да го толерира, па дури и ќе го затепа, оти нели мушкоданка.

    И не идам веќе офф топик, темава е за трансродови.
     
    На Annath, mimiiiii, christinnn и 12 други им се допаѓа ова.