Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Да, но пишува и дека создал се, тој е творец. Поимот се`значи се, не е ваљда дека не ги направил трансексуалците :party:
    Тој е семоќен, сезнаен и безвременски ентитет, ваљда не му промакнало нешто такво, тогаш не би бил семоќен и не е бог...
    Е сега нема место во библијата да се наброи се посебно, има милиони видови на инсекти само, тоа ќе биле 10.000 томови книга, вака едноставно си стои СЕ и тоа е тоа...

    Е тоа којзнае, зошто само земјата рамна, па сите небески тела се округли...и ако е така тогаш немаше да има сенка на светот и сите ќе изгоревме на сонцето...туку и ти си наша, гледам имаш никнејм Луци а тоа галиба е од Луцифер, нагалено :devil:
     
    На Gosh и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.019
    Пол:
    Женски
    Многу убаво и кажал на жената, прекрасно. Да трпи болки и да има господар.

    Во времето кога е пишувано ова, тешко некој да знаел да промени пол со операција, м? Среќа во друго време живееме.
     
    На Annath, sparklie, Bender Rodriguez и 11 други им се допаѓа ова.
  3. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Тој е творец секако , но некој сака да ја расипе работава:D
     
    На Anna-marija. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.793
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа Бог створил тоа што створил, некои суштества отпаднале од него. Бог создал ангел па ангелот самиот си се тргнал од него и станал Ѓавол. Така и овие.
     
    На Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  5. Anna-marija.

    Anna-marija. Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Пффф, па ја глава сечам дека ти се палиш на овие Dick lipstick... :x :o
     
  6. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Не го осудувам искрено и немам право да го осудувам тоа си е негово тело и што сака може да прави и сите ние немаме право да го осудуваме.Може он се осеќал уште многу одамнаа како жена па сега имал прилика и го сменил полот.Може бил роден како жена заробен во машко тело незнамеме никој зашто донел таква одлука.Може поубаво се чуствува како жена.
    21ви век сме све се случува нас ни е чудно зашто уште сме застарени.
    Со среќа нека му е ,али малце самата постапка на мењавање пол ми е језива
    За преносот на видео бим искрено не им требало и он тоа требал да го забрани зашто мора секој да знае што како му ставиле тоа си е негова приватност доволно е само докторите да гледат и да знат.
    Навистина не требало али тоа е тоа.
     
    На LollySky и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Ќе бидам ептен кратка.
    Не ми смета, не осудувам, сум „ЗА“, поддржувам, поздравувам, се воодушевувам на храброста.

    Исто, се надевам еден ден ќе ја слушнеме нејзината приказна за досегашното патешествие па можеби тогаш, соочени со искрено сведоштво, противниците ќе увидат што значи да живееш роден во погрешно тело.
     
    На Annath, Mishela, Bender Rodriguez и 13 други им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Сите оние кои поддржувате - не знам колку сеедно би ви било дома родениот татко да ви дојде како жена. Или пак мајка ви да си стави висалка. Тогаш да ве видам како ќе реагирате?!
    Можно ли е отсекогаш да го копираме западот само по лошите работи?!
    Светот одамна отиде во погрешна насока. И тие што ќе си го сменат половиот орган некогаш ќе дојдат до состојба на каење. Малку од грижа на совест, малку од осуда од општеството.
    Против природа не се може тоа, треба да го разбереме.
    Се тоа е масло на фармацевстката и веројатно некоја друга индустрија. Ќе измислуваме болести и состојби за да се трошат лекови и некој да се богати на таа сметка.
    Од здрави прави во вечно болни.

    Да додадам само дека и тие приватните клиники туку така не вложуваат во нешто што нема да им донесе профит.
    Веројатно имаат направено некое истражување или пак имаат доволно информации дека нивната работа би наишла на одзив и затоа и се нафатиле на таков чекор.
     
    Последна измена: 5 јуни 2017
    На Rama и Briar Rose им се допаѓа ова.
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Нели ти делува промената на пол монструозно...!
     
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    @orevka , не вршеле пренос во живо на телевизија. Едноставно, студенти, доктори, научници гледале како се прави операцијата, цел е нивна обука и едукација, не забава за народни маси.

    За другово.... што мешате религија, аман. Бебињата се раѓаат без религија и националност, сето тоа им се наметнува, тоа е стекнат идентитет. За разлика од нив, половиот идентитет е вроден и не е секогаш соодветен со половите органи.
    Значи не си седел некој и одеднаш му текнало оп ќе стане жена.

    Психологијата и психијатријата СЕ дел од медицината. Ако пcихолошката состојба на пациентот налага лекарска интервенција, тогаш пациентот има право таа да биде финансирана од Фондот. Значи не станува збор за естетска хирургија од ќеф, туку за медицински третман наложен од соодветни индикации.

    @ADOKI , ako ти си конзервативец од 15ти век и погрешно ги поимаш работите не мора тоа да го нагласуваш кај стигнеш, нема никого да убедиш. Потруди се да научиш нешто.
     
    Последна измена: 5 јуни 2017
    На Annath, Црна Ружа, Gosh и 14 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Не.
    Твоине во опозиција сега што се, а ја убија Тамара, еден куп родилки и бебиња, тоа ми делува монструозно.
    Ај малце преиспитај се.
     
    На Annath, Gosh, kim.k и 8 други им се допаѓа ова.
  12. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Воопшто. Монструозно ми делуваат убиствата на невини деца, и луѓето кои ги поддржуваат убијците. Има разлика помеѓу монструм и нормален човек, кој си го живее животот како што сака. Ти само вреѓаш, немаш никаков аргумент, и имаш спремни реферати само во темите за политика. Седнете во штаб, отворете Гугл, читнете нешто настрана од пораки за задолжително присуство на протести и митинзи.
     
    На Црна Ружа, Gosh, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Еве се ставам себе за пример.
    Ми се нуди прилика да мењам пол.
    Почнувам процедура. Изборот е мој. Да останам тоа што сакам или да бидам тоа што не сум.
    Идам накај второто.
    Изборот е мој, но ако моите блиски ме посочат дека одам по погрешен пат и ме разубедат на време, можеби и ќе сфатам дека нешто не е во ред, т.е изборот е погрешен.
    Нешто нејасно?
     
    Последна измена: 5 јуни 2017
    На Rama и Abeja им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Како бе порано немало "роден во погрешно тело" ??? :wasntme:
    Зборам за времето на баба и дедо.
     
    На christinnn, Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Очигледно немаш појма што збориш се обидуваш да оправдаш промена на пол ужасна си
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    А може ли следен пат пред само очајно да ставиш нешто за да си ја оправдаш поентата (ако воопшто ја имаш), малку истражи за што се работи. Ова е drag-queen и не е транс-личност. Убаво ти кажува и во самото видео, ама кој да дослуша. Genderfluid е, а дури и повеќето не се, го прават тоа за забава и по клубови најчесто. Си имаат живот како маж, ама every now and then, се шминкаат и облекуваат вака екстравагантно, ама нам тоа ни е нели пупуу, скраја да е, ѓаволска работа. А и не гледам нешто страшно во појавување на овие личности пред деца. Па и децата се луѓе, не можете да им филтрирате што ќе гледаат, а што не. Гледаш дека се забавуваат, си поминуваат убаво, интересно им е. Не е дека сите овие утре кога ќе пораснат ќе станат drag-queens.
    Ај да повторам пак, транс личност не е тоа што си го имате во глава зацртано а ла Боки 13 на млади години, туку личност иста како вас, само со спротивен полов орган.

    Ние сме човечки суштества и често знаеме да се прецениме, но и многу често се потценуваме. Зошто мислиш дека треба да следиш нешто што навистина не е релевантно за денешното време. Ова ми е како одење со глава в ѕид. Мене не ми пречи Библијата ни најмалку, интересна книга ми е, ама ми пречат луѓето кои се фаќаат како слеп за стап за неа. Но според мене, најлошо од тоа е што вие си избирате кои закони од Библијата да ги почитувате, а кои не.
    На пример, пишува дека треба секоја седма година да не се прави жетва, туку да се остават сите плодови на сиромашните. Исто така, ви командуваат да носите специфично сини рески на вашата облека, па и да празнувате 3 досадни празници во текот на годината како празник на собирање плодови.
    Зошто овие работи не ги правите и зошто не ги осудувате сите што не носат сини реси? Не е економично, нели?
    Па ако можете да си ги менувате законите во Библијата според економичноста и напредокот на светот, сменете си ги и за трансексуалците, а не само тие што ви одговараат.

    Далеку од тоа дека се прави само за сексуално задоволство. Се прави за да се чувствува пријатно во своја кожа, да, ама многу покомплексно е. Исто како ти да имаш тумор и некој да каже дека сакаш да го отстраниш само за да се чувствуваш пријатно.
    И секако дека веднаш ќе речете дека тумор е друго. Да, друго е, ама и двата проблеми можат да имаат ист страшен ефект. Болката кај транс луѓето е многу понеподнесувачка од обично мрчење. Затоа стопати кажавме, земете изгледајте го филмот (The Danish Girl), или ако не друго, ставете се во нивна кожа. Еве ти си жена со сите салтанати, само замисли да имаш машки полов орган и оди справувај се со тоа да те видам. Оди по психолози „лечи се“ и „прифаќај се“ себеси. Многу е лесно отстрана да се каже.
    Откако ти, жена, ќе одиш на психолог и тој ќе ти каже „види душо, прифати се таков каков што си, ти си маж, биди маж, однесувај се како маж, прифати си го телото“. И не можеш да ме убедиш дека нема да скренеш и да сакаш да не постоиш.
    Затоа кога се зборува за пари од Фондот, нека одат кај тие на кои им се потребни најмногу. И без мерење човечки животи (аа на овој му требаат за рак, а на овој за трансформација), туку со мерење сериозност на ситуацијата и колку животот им зависи од операцијата.
     
    На Annath, Gosh, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Имало, имало... Се имало порано, и родени во погрешно тело, и хомосексуалци, и се по ред.
     
    На Annath, Mishela, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Еве уште еден Соросоид.
    Меша политика во сосема различна тема.Дали според тебе е нормално да бидеш она што не си!
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    А како ти па знаеш кој е што? Што си ти?
    За она соросоид ме мрзи да ти објаснувам. Не вредиш толку.
     
    На Црна Ружа, JollyGirl, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Не сум конзервативец , но едноставно не е нормално ова не само кај нас него и во цел свет.
    Како ќе ти биде твое дете да сака да промени пол од машко во женско или обратно.Дали ќе го подржиш тоа , или како што викаат стапови по туѓи газови не не болат!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.