Не ми смета негово гајле,негов полов орган негово гајле.Ми сметаат оние кој мислат дека имаа му*а во ѓаки а се пи*ки во душа.
Затоа што половиот идентитет не е физичко пореметување како на пример покачен крвен притисок па ќе му дадеш на човекот антихипертензиви и ќе му се врати притисокот во нормала. Ова е многу длабока и комплексна психијатриска "проблематика" која за да се разбере треба да се има многу отворен ум и да се изучи цел еден аспект од психијатријата. И не, нема лекови за "сопствениот пол" кој ендокринологот смее да му ги даде, ниту пак психијатарот сосила треба да го убедува да "се прифати каков што е". Таа личност се идентификува како жена и како таква кон неа треба да се пристапи. Тоа не е нешто што може да се излечи.
Значи ова е лек за сингл машки? Ќе си закачи цицки во Систина и ќе си ги пипка цел ден и ќе мисли дека е со женска
Тоа си е нејзино мислење, тука не можам ништо Приказната само ми забоде очи па затоа навлегов во дискусија.
Е ај нека ни е добредојде во 21 век. А, на неа нека и е со лесно и нека си успее во тоа што го посакува- да се чувствува удобно во своја кожа.Нема ништо потажно од тоа да се чувствуваш заробено во сопственото тело. Луѓето се дрзнуваат да ја осудуваат небаре они ја плаќаат операцијата или они ќе легнат под нож наместо неа. Да беа повеќето толку храбри да преземаат ризични одлуки за да го остварат тоа што потајно го посакуваат, светот немаше да биде толку полн со исфрустрирани луѓе што сеат отров кај ќе стигнат.
Негово тело, негов избор. Никој нема право да се меша. Секој има право да се чуствува свој во своето тело. Кок што сака тоа нека си прави, не се мешам во туѓи избори и не ме интересира.
Ја поздравувам одлуката и секоја чест за храброста. Секој има право да си одлучува за сопственото тело и карактер. И плус мило ми е што Македонија напреднува во однос на здравството и напредната медицина. Но прочитав дека операцијата е финансирана од фондот, и дека е прилично скапа интервенција (плус и година време претходно хормонски терапии и сл). Не сфаќам како може да се даваат пари за вакви нешта (од здрав прав му текнало нешто), а не одобруваат за болни лица кои се борат за живот. Ах моја чудесна земјо...
И мене ми текнува на еден случај за кој слушав кога бев мала, па операцијава да не е прва во Систина, а не во земјава општо Којзнае како беше.
Поддржувам право на избор и избор да се бори за своето право секој! Доста емисии сум гледала на ова поле и далеку е од Botched, што спомнал некој погоре. Има цел серијал, sex change чинам ,беше на TLC
Тешко на човекот. КОј знае дали ќе го прифатат во негова близина сега со нов пол. Во современи и развиени држави секој ден се случуваат вакви операции, ама овде дури денес се случило вакво нешто...Па цела јавност е информирана...Па посебни теми му се отвораат...Па секој ќе плука по него. Во кој век сме? Не знаеме како му е во кожа на човекот. Мислите лесен чекор е да се одлучи за ова? Кој знае низ што помнувал и колку размсилувал. На докторите им плаќаш и мора да работат, зошто да им е чудно и нечовечно? И јас го имам гледано The Danish girl, исто го препорачувам. Актерот на феноменален начин ќе се обиде да ве стави во кожа на тие луѓе. Барем малку во тие минути додека го гледате филмот, ќе осетите низ што поминуваат. Не им е лесно верувајте....Психа е тоа....Не може да се контролира, па треба храброст да собереш и да се отвориш на некој....Па 300 осуди и реакции....А тој се распаѓа внатре. Човеков сигурно бил несреќен ко маж, па може конечно сега ќе си го пронајде мирот како жена.
Може на друго место ја извеле. Не ми текнува. Ама, баш ми текнува на ликот и фризурата Беше емисија на Анета Кочишки мислам
Јас како да гледав посебен документарец, мислам на МТВ, не ќе да беше кај Кочишки. Ама во секој случај, имаше нешто, еве и ти си сведок
Доколку човекот се чувствува и се пронаоѓа како женско, се облекува како женско и си се допаѓа така, тогаш оваа операција е логично продолжение за да си биде тоа што е. Секој транвестит штом веќе решил да се облекува како жена, се разбира доколку има средства треба да си ја направи оваа операција.
Негов живот негово право. Воопшто не се замарам сигурно не се чуствувал убаво како машко, му е било тешко. На секој човек нешто што му предизвикува тешко и го прави да се чувствува несреќно и ред други работи прави да ги отстрани тие работи за да биде среќен така и тој направил си го сменил полот.
Гледајте во вестите на канал5 Заспа како маж, се разбуди како жена Филмови еј...па операцијата во живо беше снимена, и луѓе на видео бим гледаат Што ќе гледаат? Да се збогуваат со пенисот? Ех земјо моја заостаната со векови наназад.
Пред некој ден гледав едно видео кај што еден човек решил вонземјанин да стане и наскоро ќе правел операција, а кај нас на велико се збори за првиот случај со менување на пол. Кај живееме? И така барав филм за гледање, баш после ќе го гледам The Danish girl.