Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    А ти што мислиш?:rofl: Луѓето што си менуваат пол за други да не го праат? (facepalm)
     
    На crimson, Gosh, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R Тоа ти викам, не сакаш да прифатиш дека неприфаќањето на сопственото тело и тоа како може да биде здравствен проблем. Ако на некоја толку и' пречат градите што сака да се самоубие (патем, ова е екстремност и многу поразлично од менување пол), тогаш да, треба да се интервенира за да се спаси личноста. Бидејќи утре кога ќе ја најдат мртва ќе викаат штета, толку млада девојка, да можевме да помогнеме порано... И за вас баналниот проблем пак завршува со смрт. И ова се има случувано и се случува. За инает нема да им ги финансираме операциите на транс лицата со смртно сериозно психичко нарушување, само бидејќи проблемот им е во психата.
    Реалност е луѓе, не е хипотетичка ситуација, умираат луѓе.

    @Jacques Во дилема сум дали да се трудам понатаму да ти објаснувам. Јас ти споредувам црнци со транс во надеж дека ќе почувствуваш емпатија кон транс луѓето како кон црнците ама испадна дека си расист.
    Не очекувам од таква личност да се издигне на ниво да сфати зошто транс луѓе заслужуваат да имаат нормален живот, затоа нема да трошам веќе зборови на тебе. Имаш некои фрустрации и најдобронамерно те советувам да преземеш нешто во врска со нив.
     
    На Annath, blackwave, LUCI 99 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здравјето е релативно широк поим, и јас сметам дека психичките проблеми се сериозен проблем и потреба е соодветна медицинска грижа. Но, психичките проблем се толку комплескни и практично е невозможно сите трошоци кои се јавуваат од депресиите и психичките незадоволства да ги покрие фондот.

    Јас лично немам емпатија кон личности кои едноставно "не се чувствуваат пријатно во своја кожа" и бараат фондот да покрие трошок за менување на телото.
    Од моја гледна точка, секакво менување на телото е хир и личноста треба сама да го финансира.

    Еве да речеме некоја жена се развела оти мажот ја варал, и сега е во депресија и се заканува со самоубиство. Треба фондот да покрие ол-инклузив 10 дена во ресорт во Дубаи, поради стресот кој таа го доживеала?
    Или некоја ниска девојка едноставно се чувствува дека е прениска и сака операција за подигнувања на колената, фондот повторно треба да покрие?

    Има многу ситуации, многу примери, секој засебно е сериозен и да, потребна е стручна помош, но јас не оддобрувам одење во крајности.

    На крајот на краиштата, фондот не покрива лекување, операции, третмани на болни деца во странство.
     
    На Rama и manja666 им се допаѓа ова.
  4. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Зборуваме за менување на полот, неговото тело да се израмне со психата, да се чувствува мирно во своја кожа а не за колена или незнам ти што таму. Ама се предавам :rofl: Џабе објаснуваме овде, терајте си со својот ум.
     
    На andromedae, LollySky и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ова го кажуваш зошто?
    Па ете и ниската девојка се чувствува како висока и за да телото и умот и се "израмнат" и треба операција за подигање на колената.
    По ваша логика фондот треба да го финансира тоа. По моја не.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Искрено, муабетов е навреда за секој психолог и психијатар.
    Не е толку просто колку што си замислувате. Не одите кај докторот да му речете "ама јас сум депресивна" и оп, он ви верува.
    Многу е посложено.

    Жените кои имаат масектомија направено, заслужуваат или не силикони?

    Ребека, цицки, колена и идентитет... Не се споредува :)
    А ФЗО секако не е репер за како треба да изгледа еден фонд со такво значење.
     
    На Annath, blackwave, andromedae и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Значи по твоја логика девојката што се чувствува ниска има проблеми со прифаќањето на својот пол, , прифаќање дека психата не и се ‘‘софпаѓа‘‘ со телото, финансии за купување на тестостерон таблети итн.


    Се разбравме :D

     
    На Anna-marija. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Ај вака сеа, пошо глеам дека има или неписмени или неразбрани особи овде.
    Јас како личност НЕ СЕ СЛАГАМ СО МЕНУВАЊЕТО ПОЛ во никој случај.Сметам дека човекот треба да живее како што е од Бога даден, јас не сум родена совршена верувајте.Сум била клечка, ушле и со криви заби.Буквално грдото пајче.Ме ругале ме ругале сум го надминала тоа знаете колку ми е гајле за туѓото мислење?ИЧ.И не верувам дека си го мењаат полот бидејќи живее туѓо тело во нив.Најдете ми стварно вистински таков пример и ќе кажам јавно ,,да имало и такви извинете''.Второ многу почнавме да мешаме глупости у темава реално, ја спомнав дека радо би дала пари за болно детенце него за мењање пол, можда е сурово и лошо од моја страна ама мислењето ми е тоа плус секој сам си одлучува кај ке идат неговите финансии.Мене никој не ме прашува дали ми смета тоа или не, реков браво за храброста ама не се сложувам од неколку причини.И не знам шо толку реков за да го т****е стварно не сте ми јасни.Не се слагате со мене?Океј гајле ми е не ми е битно шо другите ќе ми одвратат некад океј?Пошо стварно некој член знае да претера овде со мудрување и изигравање Господ, и ме тера да си ја надминувам границата и на вулгарност и све.А секој коа ќе се изнервира може да каже све и свашта.Си стојам позади секој збор пишан у темава ако вие СИТЕ не се слагате ич не ме боли, мртва ладна ви кажувам.До моето срце и мојот мозок не допира ништо ако сум рекла нешо шо не треба жалам ј***ш га.
    Плус не сте појаки ако ми се фрлите и `ржите на мене овде како да сум куче скитник верујте..многу ниско паѓате.Мили сте ми сите сите баш ама јеботе ако некој не се слага со вас немора со дрва и камења по него.Едноставно има ствари шо ги поддржавам и ствари шо не ги поддржавам, никој од вас ЛИЧНО не навредив за да ми `ржите тука.Големо чудо ако сум рекла дека не прифаќам такво нешто,или гејови/лезбејки.Мислиш поединечно не дај Боже фамилија сум ви убила.Бог да чува ако ви е толку досадно или немате шо да праите лечете си комплекси и тепајте досада на друг не на мене и со мене овде.
    После мислењево можда ќе јадам и бан гајле ми е, реков стојам позади све шо сум кажала од моето доаѓање на темава и форумов уопште.
    Не сум особа, што ќе преќути ако е незадоволна.Таквиот период ми пројде, ве сака Феминка.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не, никаде не реков такво нешто, не измислувај дека сум пишала нешто што не сум.

    Ниската девојка има потреба од прифаќање на своето тело. Личност која менува пол, исто така, има потреба од прифаќање на своето тело. Небитно колкава е промената, и едната и другата личност не го прифаќа своето тело.
    Најпросто кажано жена во машко тело сака да го острани пенисот и да има вагина и гради, маж во женско тело сака пенис и не сака гради. Така? Ако е да, зборуваме за менување на телото.
    Значи личност која сака да менува вагина со пенис или обратно нема дилема околу својот пол, знае таа како се чувствува, таа личност има проблем со телото или поточно половиот орган.
     
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R Добро, зошто барем малку не се обидеш да разбереш?
    Оди ти прифаќај си го телото ако утре се разбудиш со машки полов орган.
     
    На Annath, blackwave, LUCI 99 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    За прифаќање на некоја личност како човек јас се водам според два критериума.
    1.Таа личност да не повредува и сл. друга личност.
    2.Таа личност да не ја повредува и уништува околината во која живее.

    Овие личности , не повредуваат никого , не ја уништуваат околината , не се чудовишта како што ги нарекуваат, него обични луѓе кои сакаат да направат некоја драстична промена на своето тело. Јас немам ништо против нив и би ги прифатил како дел од нашето општество. Ме интересира за овие загрижениве.
    Како тоа нечие менување на пол ќе делува врз вашиот живот јас не знам. Ќе ослепете, ќе умрете ако некој си го смени полот? ќе се промени нешто што нема да можете да живеете понатаму ако некој рандом човек стане геј , смени пол или било што?

    За фондот, би сакал да знам каде и дали се точни тие информации дека финансирал, но еве да кажеме дека се точни , од каде знаете дека парите наместо да бидат дадени на некој болен од рак , биле дадени на човеков, Имате ли некоја стабилна информација каде пишува , занемаривме болен човек и ги дадовме за операцијава? или се све шпекулации?
    Ако имате точни информации и не се све шпекулации тогаш би дебатирале и осудувале.

    Ах и сепак во нашава Македонска црна дупка општо е прифатено да се верува во нешто што никој не го ни видел или пак доживеал и го пишува во книга стара 2 и кусур илјади години , ама човек да си смени пол или да прави нешто со својот живот што ќе го направи него среќен .... нееее , чума , бегај , мислиш тие за доручек луѓе јадат , па уште криза за човечкиот род, не трети светски војни или метеори или тоа што вселената може да не е*е во секој момент , човек што го менува својот пол е почеток на крајот за човештвото.
    А не ме чуди тоа што вмров....гмгхгм.... групата луѓе што се водат според тезата "краде ама гради" во политичките теми ќе пропагира и глупости тука .....
    Па уште се загрижиле адоки и џакуес , двајцана лажговци што пропагираат лажни информации во политичките теми (од едниот уште чекаме викилис линкот) со бугарски и другион со хрватски пасош ќе ми трескаат глупости бре бре... Губам мозочни клетки читајќи ги постовиве ваши.

    За крај го поздравувам напредокот кој ја мрдна Македонија од 1870 год и дојде во 1920 год.. Ама долг е патот до 2017 год да стигнеме
     
    На Annath, Gosh, blueeparadise и 14 други им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Божее какви заостанати мислења има во 21 век:|

    Браво за Систина, редно беше и кај нас да им се овозможи на луѓето вакво нешто. Јас немам ништо против, има луѓе кои едноставно се чувствуваат дека не припаѓаат во тој пол, и не гледам ништо лошо во тоа да си го сменат полот. Ако така ќе се чувствуваат убаво во сопственото тело тогаш зошто да не?:)

    Јас имам запознаено ваква личност, од машко се претвори во женско, и се чувствува пресреќно сега, а пред тоа се бореше со депресија и суицидност затоа што не можеше да се прифати себеси како машко.
     
    На blackwave, LUCI 99, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Jas znam nekolku vakvi lichnosti , seushte ne go smenile polot, tie si znaat kako im e :worried::(
     
    На CameliaMiller и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    До сега, на темава видов како се вртат два аргументи: фондот и Бог.

    Оние мислења кои не се засновани на ништо конкретно, туку се само лични ставови на згрозеност и несогласување не ги рачунам, пошто тоа не се аргументи.

    Во однос на првиот аргумент, неколку страни наназад беше побарано да се постави извор за тоа дека операцијата е финансирана од фондот, ама тоа не се случи. А сепак, за истото се дискутира како да е факт.

    Дајте, нека постира некој линк, да видиме дали е стварно така или не. Во спротивно, секоја дискусија во оваа насока е од типот "што би било кога би било", да не речам, млатење празна слама.

    Вториот аргумент може да се расчлени на два - едниот е "тоа е неприродно", вториот е "тоа е спротивно на Божјата волја".

    Всушност, речиси се' што прави човекот е спротивно на природата. Секој човек кој посетил лекар, испил апче, примал терапија или имал операција, направил нешто со што и' пркоси на природата.

    Разликата е во тоа што во случајот кога се работи за вас лично, тогаш тука нема ништо неприродно, а кога се работи за други, со поинакви проблеми од вашите, тогаш не е океј.

    Во однос на Божјата волја, Бог всушност не е никаков проблем во дискусијава, проблем се сите оние кои се ставаат на негово место за да осудуваат други.

    Промената на полот можеби и не е во согласност со волјата на Бог, но за тоа тој треба да им суди, а не вие.

    Во Библијата има десетици цитати во кои е кажано дека не треба да се осудува и не треба да им се суди на другите, ама очигледно некој не стигнал подалеку од делот во кој Бог ги создава мажот и жената.

    Верувајте во што сакате, живејте си го животот онака како што мислите дека треба, ама оставете ги и другите да го прават истото.
     
    На Annath, Buttterfly, Gosh и 27 други им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Дечки ај ве молам, тргнете се Бендер да помине. Е така, полекце .:)
    Бравоууууууууууууууууууууууууууу8)
     
    На Annath, Gosh, Antolinaa и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Ова веројатно не мене мислиш, затоа што јас сум таа што спомна за мажот и жената. :) Драги Бендер, има разлика од неодобрување до осуда. :)

    Едит: На порталите го пишува ова - Пред неколку години, лекарите кои работат на промена на пол, психијатрите, ендокринолозите, хирурзите, формирале група заедно со пациенти од Србија и почнале еден вид борба како да им се помогне на пациентите тие операции да се покријат од Државниот фонд за здравствена заштита.
    Некој разбрал дека фондот го финансирал овој случај.
     
    Последна измена: 5 јуни 2017
    На Rama, Bender Rodriguez и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Многу се оптеретувате со нешто што е прашање на личен избор.

    Некои од вас едвај чекаат да се отвори тема за педери, лезбејки и сексуалност in general, за да може да дрвите за "моралот". Повеќето од вас да праша човек дали бар еднаш сте донирале во категоријата хуманитарна помош ќе се правите наудрени. Зошто нели, побитен е некој што пенисот го заменил за вагина од болните со леукемија.

    Секој нека го живее животот како сака. Ако му е некој по ќејф и пет полови органи нека стави. Ако за него тоа претставува предуслов за среќа не гледам како мене тоа би ми влијаело, ниту на вас.
     
    Последна измена: 5 јуни 2017
    На crimson, Gosh, blackwave и 8 други им се допаѓа ова.
  18. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Бог е против овие работи. Тој не сака сите но многу го натажувате со ова што го правите и поддржувате. Тој сака сите да се спасиме, но на крајот нема да може да ги спаси луѓето како вас.
     
    На Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Абе ние ни луѓе не сме.|(
     
    На Annath, crimson, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас немам таков проблем, не знам што би било и како би се чувствувала доколку некој ден се разбудам со машки полов орган.

    Пак ќе кажам, јас разбирам дека они сакаат промена, ама и тие личности треба да разберат дека неприфаќањето на нивниот полов орган е проблем во нивната глава, а не здравствен проблем.
    Да, тие имаат здравствен проблем, но кога е психички проблем во прашање, истиот е комплексен и не е баш лесно да се утврди како точно се чувствува таа личност.

    Мислам дека не ми одговори на прашањето дали фондот би требало да финансира и ставање силикони, вадење ребра, подигање колена и ред други операции за да може личноста да се чувствува пријатно во своја кожа и да се разбуди среќна?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.