Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Имаш поголема приватност, стекнуваш повеќе искуство можеби? Јас не сакам да продолжам да живеам со моите вака сам, не па со жена и деца. Лудница.
    Сакам да имам свое место кое што ќе си го направам јас како што сакам, ќе чистам, ќе излегувам, ќе готвам јас кога сакам без никој од страна да ти виси на глава и да ти води евиденција што и како правиш.
     
    На Annath, Bender Rodriguez, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.532
    Пол:
    Женски
    Ако промена на пол е грев, тогаш и пластични операции, вештачкото оплодување и многу други работи се грев.
    Оти нели треба да прифатиш како те створил Бог.
     
    На SandraPink, Annath, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  3. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Тоа не е нешто што треба да го "сакаш". Јас сакам само да ми се живи и здрави, останатото е незначајно. Само знам дека не би била родител кој ќе си го притиска детето, и насила ќе го "истерува на прав пат".
     
    На Annath, Lella, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Anna-marija.

    Anna-marija. Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Темава - "оде воз у кукуруз" - ова да бидам модерна со србизмиве, не за друго уште и ********* да додадев и еех ееех.. :rofl: :rofl:

    Не стварно, забега темава у офф-топик :/
     
    На Lella, Ketchup, IronLady и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Што правиме со тие семејства коишто имаат огромни куќи, дворови, паркинг места, убава околина? Еве јас имам голема куќа со голем двор. Зошто да ја напуштам таа убавина и мир и да одам да живеам во џунгла наречена зграда? Што тоа толку моите родители ми сметаат за да немам приватност? Што е по тебе приватност? Не можеш од татко ти да гледаш порно или да доведеш женска дома? Има многу семејства коишто живеат на мал простор и тоа е ок, ама да напуштам преубава куќа со сите убави услови за живот колку само да бидам во тренд не ми паѓа воопшто на памет.
     
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.532
    Пол:
    Женски
    Темава куќи и дворови е или промена на пол? Ништо не ми е јасно :drunk:
     
    На Annath, Lella, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Секогаш останува простор за релативизирање, ама некои работи ги детерминира природата. Не само Раџив од Калкута, туку и рандом геј маж може да се ожени и да направи 12 деца, така и било до пред 100 години. Само, доволно е кратко да го набљудуваш и да сфатиш дека е хомосексуалец. Он може и да скрие интерес кон мажи, ама природа е тоа, го издава (јес да некои не знаат да ги читаат луѓето, доказ се купови жени кои се ложеа на Рики Мартин)
     
  8. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Keco
    Ти очигледно сеуште не си се освестил од преголемата радост што ви го укинаа екстерното па затоа прашуваш што беше тоа Нормален хаха секако дека ќе научеш има време ;)
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    113.098
    Пол:
    Женски
    Жaлнa мoјa земјo... Кaкo знaете декa нештo не чини? Кoгa ќе видите мaјстoр декa грaди куќa oд крoв, a не oд темели. Ние немaме бoлници немa кревети тaму немa oпремa немa реaгенси вo лaбoрaтoриите немa тoплa вoдa (вo 21век дa) еден тoaлет нa спрaт зa 30 лежечки пaциенти кoј се тaму без свoјa вoљa aмa еве нa бaткaтa/женскaтa и те кaкo му јa/и јa испoлнaвме желбичкaтa зa прoменa нa пoл. Пред дa aплaудирaме нa oвaa oперaцијa требa зa другoвo дa пoплaчиме мaлку нели? Не декa не е успех зa дoктoрите aмa требa приoритет вo нешaтaтa.. ЛИЦЕТO кoе гo прoменaлo пoлoт немa дa гo кoментирaм сaмo ќе пoсaкaм нa сите дa ни е Гoспoд нa пoмoш.(facepalm)
     
    На Nalutena1, Rama и Sesil им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас тебе многу убаво те разбирам што сакаш да кажеш, но и покрај тоа, моето мислење останува исто. Го разбирам твојот став, но изгледа ти не сакаш да го разбереш она што јас го објаснувам.

    Живееме во свет каде што, сакале да го признаеме тоа или не. луѓето сакаат да го искористат моментот. Еве да речеме, фондот да покрие операција и третман за најсериозните случаи. Не мислиш дека после тоа сите кои што сакаат естетска корекција на некој дел од телото ќе бидат со "тешка здравствена состојба"? А постои и опцијата "кога може тој/таа, можам и јас".

    Конкретно во нашата држава, здравството е на очајно ниво, нема пристојни кревети, топла вода, лекови, инфузии, а некогаш и игра и шприц, фондот не покрива лекување на деца, нема лекови за деца со сериозни здравствени проблеми итн. А да не зборувам за позитивна листа на лекови, до 15ти во месецот сите квоти се исполнети, па на крај на месец доколку ти треба лек, ќе го платиш приватно. Јас, лично, проблемот со неприфаќање на телото не го сфаќам сериозно до тој степен, од причина што сериозните психички состојби можат да бидат испровоцирани од икс други фактори, па таа желба за менување не ја гледам како нешто неопходно.

    Не се обидувај да ми ги превртуваш зборовите и да велиш дека сум пишала нешто, а јас никаде ништо такво не сум пишала.

    Психички пореметени личности вршат самоубиство, а често и прават обиди за самоубиство, за да привлечат внимание. Личностите кои се соочуваат со психички проблем можат да го решат проблемот со посета на психијатри и психолози. Значи целиот проблем е во нивниот ум. Дали може грипот или ракот да ги излечиш со позитивна мисла?
     
  11. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека депресијата се лечи со "позитивни мисли", и дека прават обиди за самоубиство ЗА ДА ПРИВЛЕЧАТ ВНИМАНИЕ (озбилно?), немаш никакво познавање од медицина. Со тоа, не си компетентна да кажуваш на кого каква помош му треба, и дали треба да ја плати фондот. Многу е лошо кога немаш знаење на одредена тема, а упорно пробуваш да убедиш некого дека знаеш.
    И кои зборови се "превртени"?
     
    На SandraPink, Annath и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Имам познавање од медицина. И да, одредени обиди за самоубиство се повик за помош, обид да се привлече внимание и околината да зебележи дека личноста има проблем. Во спротивно сите обиди за самобиство би биле успешни.

    Ајде еве ти обиди се да ми објасниш, како што тоа го прави Lella. Озбилно и сериозно ги имам и јас во речникот. Штом сум пишала во сериозна тема и дискутирам, очигледно е дека сум СЕРИОЗНА и ОЗБИЛНА.
     
  13. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Господ нека ти е на помош што се ставаш во прво лице кај "овозможивме". Единствено што ти овозможуваш во моментов, е мислење на форум. Ниту имаш придонес, ниту зијан, а сето тоа што го наброја е кривица на министерството, а не на човекот што се оперирал.
     
    На Annath и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  14. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам зошто толку ги потценуваш психичките болести. Да, некои болести/состојби се лечат на психијатар/психолог, а некои не. Верувај, во однос на третманот, многу се потешки и покомплицирани психичките болести, во споредба со физичките, и сама кажа дека се многу комплексни. Треба да сфатиш дека не се лечи сè со "позитивни мисли", понекогаш се потребни коренити промени во животот на одредена личност. И уште еднаш за фондот, зошто оваа личност да плаќа здравствено осигурување, ако не му се овозможува потребната интервенција? Секој заслужува да добие нешто, од она во кое инвестира. Кога имаш мака, сигурно првенствено ќе гледаш да си ја решиш, нема тогаш да гледаш за другите дали има или не, сакаш да го добиеш тоа што си го плаќал и ти следува.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    113.098
    Пол:
    Женски
    И дa ми пoмoгни дa ги пoврзaм мoетo мислење сo твoјoт цитaт нa истoтo (facepalm):puke:
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Не би рекла баш дека не е страшна сума или дека чини колку едно породување во Систина.
    Никаде во светот фонд не покрива sex change операции, кај мене чинат од $150.000 па нагоре а се е покриено од фондот, во Америка околу $ 100.000 затоа повеќето трансџендери си го ризикуваат животот и одат на операција во Тајланд, каде операцијата чини околу $30.000.
    Ако е во Мк колку едно породување очекувајте да се развие sex change tourism.

    Првата операвија за промена на полот е направена во 1930 година, зависи од тоа колку години имаш ќе да е од времето и на баба и на прабаба ти.:)

    Јас потполно ја сфаќам што сака да каже @Rebecca_R очигледно не си имала некој близок да чека со сериозна состојба од фондот и затоа вака размислуваш.
    На татко ми роднина има син со ЦФ ( цистична фиброза) животозагрозувачка болест, во Виена му наоѓаат перфектен донор за трансплатација на бели дробови, фондот ги одбива два пати, детево 17 години, не може да дише, од внатре се дави битно фондот нема пари а истата операција не се врши во Мк, си ја продадоа куќата за да соберат 100.000 евра да им живее детето инаку беше на смртна постела, му се бројеа не деновите туку саатите,. Поради вакви и многу други случаеви ќе се бунат луѓето а не баш ради што гу заболе дали некој променил пол или не.

    Немам против промената на пол има стручни лица кој одредиле дека тоа лице е вистина маж/жена во тело од жена/маж, не мислам дека тоа некој го прави од хир, беснило, освен очувот на Кардашијанките, тој убедена сум дека измисли нешто колку да биде во центар на вниманието.
    Има дете во училиштето каде учи син ми кој се идентификува како женско иако е машко и му е дозволено да се облекува како женско, никој не се замара со детето, не ја закачаат, не јаде ќотек, ја прифатија како таква и верувам дека кога ќе има доволно години ќе се подлегне на операција за промена на пол зошто од најмала возраст се идентификува како женско, никој не ја научил, перел мозок едноставно таков е роден.
     
    На Annath, Lella, MilaP и 11 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Докторот од Систина беше изјавил дека е доста евтина кај нас операцијата и чини $3000-$5000. Не си го извадив тврдењето дека не е скапа од ракав. Во изјавата на докторот пишуваше дека има 16 луѓе од Македонија кои сакаат да се оперираат и вкупно што треба сите 16 да платат е околу $50000.
     
    На theowndemon, Gosh, Anna-marija. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Разбирам, ама секој чека пари, и на секој му е важно своето. Не е хумано и морално да одлучуваме која операција е поважна од другата. Еве, на пример, фондот нема пари за да покрие поскапа операција, па зошто тие пари што ги има, а не се доволни, да не се искористат за неколку други операции? И таму има комисија што одлучува, колку е праведна нема да коментирам, ама имаат некои критериуми веројатно. Ако секогаш се дава предност на потешките случаи, а секој ден има нови такви случаи, и тие што се со полесна(?) дијагноза ќе умрат чекајќи.
     
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не ги потценувам психичките болести. Многу добро сум запознаена со комплексноста бидејќи во блиска фамилија имам возрасни личности со депресија, асоцијални личности, деца на познаници се асоцијални, страдаат од депресија итн. Нивното лекување дел го покрива фондот, а дел родителите купуваат од свој џеб. Сумата која треба да ја покрие фондот за да некој смени несоодветен орган е превисока и јас не ја оправдувам. Предност во мои очи имаат сите останати болести кои психолог не може да ги третира. Рак, пресадување на витален орган, терапии за деца со генетски мутации, ретки болести итн. За сите овие состојби умот не може ништо да направи, фондот може.

    Ете, цената е откриена, 50,000 за 16 личности кои не се чувствуваат пријатно во своја кожа значи реновирање на еден оддел каде што лазат лебарки и нема чист чаршав. Само можам да заклучам дека ти или некоја личност која ти значи повеќе од се', никогаш не сте имале прилика во болница да слушнете: има крв на тој дел од чаршавот, стави го долу кај нозете.

    Ете, @bittersweet ти објаснила убаво како стојат работите.
     
    На MilaP и bittersweet им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Sex reassignment surgery секаде во светот е elective surgery, никаде не се води како животозагрозувачка состојба, колку и да рипате со самоубиство и незнамтишто.

    Еве и да покрива фондот да речеме 5000 евра како што напиша форумџиката погоре дека чинела операцијата мада не верувам дека толку ефтина е, знаеш колку деца има во Мк со ЦФ и да сите се деца, во западниот свет животниот век им е околу 40 години во Мк им е 12 години, се над тоа е благодарение на длабочината на џебот на родителите, колку имаат финансии да си го одржуваат детето во живот затоа што нели и лековите 90% од времето ги нема на позитивна листа. Е сега кој е во понезавидна положба тој/таа што сака да си го промени полот а не се умира никако од тоа или децава со ЦФ, еве јас пре би ги дала тие 5000 евра на децата него на тој/таа што сака да го промени полот и тој/таа нека си соберат пари и нека се оперираат исто како и родителите што купуваат лекови за да не им умрат децата зошто ги нема на позитивна листа, нема што да чекаат од фондот.

    Секаде тие што се на листа на чекање за било што, се води според сериозноста на случајот, може да си чекал/а 2 години за трансплатација на бубрег ама си понезагрозен од друг некој кој во моментот му откажале бубрезите и нема начин освен трансплатација да се спаси ќе го добие бубрегот пред тебе зошто ти сеуште функционираш и на дијализа.
     
    На Annath, Nausicaa, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.