Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    @blackwave Ne e nesto sto treba da go" sakas" apsolutno sosema sprotivnoto nikoj ne bi posakuval, ili po blago kazano ne bI mu bilo milo deteto da mu soopsti deka e gej ili trans. Sakale prznaeme sakale ne toa bi bilo Shook shook, iako bi go prifatile takov kakov sto e, Sepak vo donto na dusata ke ima "nesto" zasto site "sakame" decata da ni se normalni, toa e poveke od fakt.
    I iii dolznost na roditelot e deteto da go isteruva na prav pat, samo sto ete za zal ima nekoi sto od raganje go imaat toj instikt li kako da kazam, da ne se custvuvaat ok vo svojata koza I da go promenart polot.
    I pak ZA ZAL tuka ne bila vinata na roditelot zasto ne go "isteral" na prav pat. Tuku samo to dete, sto takvo si e rodeno.

    Imas pravo bolnicite se haos vo mk. Jas Ednas lezev so deteto I 3 dena oko ne zatvoriv od bubacki, lebarki i bubasvabi.....katasttofa nevidena, a ni so prst ne mrdat da storat nesto.
     
    Последна измена од модератор: 6 јуни 2017
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Битер те цитирам само да кажам дека терапијата за цф не постои во мк.
    Сето тоа е само манипулација на народот и странство ете ние во Мк се имаме.
    Со години јас веќе 4год сум родител на дете болно и замисли ние немаме антибиотици од типот фусидин, рифампицин, теикопланин, линезолид.
    Тоа што ние го зимаме од фондот се колистин и тобрамицин и не убедуваат дека спаѓале во групата на лекови сираци .
    Ти како медицинско лице знаеш дека тоа не е вистина.
    Немаме ни основни лекови за симптоматолошка терапија ни лекови сираци а пак за лекот сирак, Оркамби велат дека нема потреба.
    Ако не сте знаеле во Мк лицата над 26 год со цф плаќаат партиципација за сите испитувања.Плаќаат за креонот,урсофалкот,вентолин и сите останати антибиотици.
    Нормално,ако се успее со нашата "напредна" медицина да достигнат да живеат 26год
    Да не даде Господ на ни еден од вас ваква судбина,да се плашите и да живеете деноноќно со фактот дека можно е да го надживеете вашето дете,да го гледате како се маче и дневно терапиите да му одземаат по 5ч од времето за да живее па ќе ве видам дали ќе зборете дека ако нема пари за нив нека се дадат за некој да си го смене полот,да биде среќен затоа што може да се самоубие.
    Се гледа дека сте информирани само за болестите како рак што се добиваат во текот на животот а не знаете како е да се живее со генетска животозагрозувачка болест.
    Мојот син од 5год мора да посетува стручно лице за да се научи да живее со болеста,дека ќе има и луѓе што ќе бегаат од него како да има сида.А има уште сега такви луѓе и покрај интернетот и објаснувањето дека ЦФ не е пренослива болест.
    Сега едно дете се испраќа на трансплатација,треба да замине понеделник и кошта 120 000 е во Виена.
    Беше на листата за чекање 2год и на крај по мистериозен пат тргнато.
    И после имало правда кажи ми.

    Јас искрено му посакувам на тој човек што го сменил полот да биде среќен,се надевам ќе ја најде среќата што му недостасувала.
    Немам ништо против кој што сака да прави со своето тело,негов личен избор.

    На темата навистина ми смета што сметате дека фондот треба да ги покрие овие трошоци а нема пари да покрие основни проблеми за ретките болести.
    И не сметам дека тој има повеќе или еднакви права со мојот син.
    Па колку сакате плукате.Кога ќе имате,а се надевам никогаш нема да дознаете за оваа мака дојдете и реплицирајте ми.
     
    На SandraPink, Annath, Rama и 18 други им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Прво, безброј пати се имам изјаснето за мојата поддршка спрема ЛГБТ лицата. Поддржувам секој кој што сака да смени пол или било што на себе ако тоа го прави посреќен.
    Се водам според правилото дека секој човек треба да си го живее животот онака како што сака, а притоа сите ние од страна немаме право да судиме за неговите одлуки, се што не не интересира нас лично и не ни прави промени во нашиот личен живот не треба да не засега.

    Јас сум запрепастена колкава фама се дигна околу ова, а секаде во светот е најнормално, транс лицата поминуваат прво низ транзиција па менување на пол, и за мене е сосема прифатливо и се надевам дека така ке станат посреќни и ке го живеат посакуваниот живот.

    Едно е поддршката, друго е трошоците за овие операции да бидат покриени од фондот. Дури срамно. Не затоа што сметам дека е срамота самиот чин или нешто слично, туку затоа што во море на болни луѓе и деца кои што чекаат операции од кои им зависи живот, греота е да бидат оставени на страна за да некој прави операција од која физички ке биде позадоволен.
    И јас сакам поголем задник и сум незадоволна од тоа, па ајде нека умираат луѓе а мене нека ми покријат трошоци за операција оти во спротивно може толку да се исфрустрирам и да се самоубијам.

    Во некои многу поразвиени држави, со поголем стандард, со регулирано здравство, можеби ќе оправдам, ама овде на балканот не.

    Мојата поддршка оди за нив, и сакам да има што повеќе вакви луѓе кои што ке се осмелат да го направат тој чекор и да се чувствуваат удобно во своето тело. Но, државата да финансира вакви операции, категорично не.
     
    Последна измена: 6 јуни 2017
    На Annath, fana, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    @Jacques, мене лично поубаво ми е да живеам во стан. И не знам што толку лично го сфати ова. Јас ја прашав Феминка на еден покултурен начин за тоа што она го имаше пишано. Ако тебе ти е поубаво со твоите да живееш, нема јас што да те убедувам.

    И ајде да не ја полниме темава со оф топици.
     
    Последна измена: 6 јуни 2017
    На theowndemon и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Знам дека се е мафтосување на народот и со новиот оддел во Козле, татко ми постојано му помага на роднината со лекови, финансии, затоа пишав дека само благодарение на длабочината на џебот на родителот е дали ќе живее дете со ЦФ или не, мислам дека роднината на татко ми лекарствата за детето му беа околу 200 евра месечно. А и сега после операцијата пошто сега е здраво детето (facepalm)пак не му следуваат лекарства а и тие се да не го одбие органот и мора да ги прима и се исто околу 200 евра месечно, плус редовните лекарства, они си знаат како се снаоѓаат да го преживеат месецот.

    Еве кај мене е регулирано здравство, бесплатно е за сите државјани на Австралија ама вакви изборни операции се плаќаат од џебот, затоа е нонсенс во држава како Мк фондот да покрива ваква операција.
     
    На Annath, Feminka22, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Од прилика 500е месечно.Некогаш помалку,некогаш и повеќе.
    Плус има уште многу скриени трошоци како храна,ензими,венска терапија,електричен појас,справи затоа што мора да е физички активно заради секретот.
    Многу пари се.
    Во козле е подобро,во детска лежевме со дете болно од мрса,немаше слободни соби, па на крај одвај го спасивме син ми во Белград.
    До толку се совесни нашите доктори.
    И не е само цф,има и многу други болести.
    Ама ајде да не одам офтопик сепак е ова тема за промена на полот.
     
  7. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Ако со ова "дека некои луѓе слушнале само за рак" алудираше на мене, би ти кажала дека студирам дефектологија, и сум многу поинформирана за генетските болести, од повеќето што пишуваат во темата. И целта на мислењето погоре ми беше: дали ако фондот нема пари за одредено лекување на една личност, треба да се чека да се соберат тие пари, а некои што немаат потреба од толкави средства сепак треба да чекаат? Жал ми е за твоето дете, ама коренот на сè ова треба да се бара на друго место, а не во операцијата за промена на полот. Сите се нафрлија за тоа дека е платено од фондот, пишуваа како деца чекале операции, а за најмала настинка трошат пари од фондот, и доаѓаат овде да глумат Мајка Тереза. И да не се работи за операција на промена на пол, да се работи за некоја не толку финансиски захтевна операција, дали тоа лице треба да чека да се соберат прво пари за некое лице кое чека поскапа операција?
    Сите плаќаат здравствено, и на секој му е своето најмило. А тоа што фондот не покрива основни средства за ретките болести, и што основни лекови (па дури ни за толку честиот дијабет) ги нема кај нас, е друга проблематика, а тука најмалку има удел операцијата на човекот што го променил полот.
     
    На Gosh, Ketchup, Anna-marija. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Абре луѓе не е платено од фондот. Ај доста...
     
    На theowndemon, Ketchup, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Јас во ниту едно мислење не реков дека, сите лица кои сакаат да го променат полот, се на раб на самоубиство, затоа и си постои некој ред во фондот околу тоа кој има предност. Кажав само дека овие личности заслужуваат да им биде операцијата покриена од фондот, како што и други естетски корекции се покриени (корекции на нос, уши, и сл.), бидејќи си плаќаат здравствено. И нормално, АКО некое од овие лица има тешка неизлечлива психичка состојба со суицидни мисли, која може да се среди само со операцијата, зошто да не се класифицира како животозагрозувачка состојба? Никаде не спомнав дека сите лица кои сакаат да го променат полот спаѓаат тука, цело време пишувам за т.н "одредено лице".
     
    Последна измена: 6 јуни 2017
    На Gosh, Ketchup, Anna-marija. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R Во ред е, let's agree to disagree. Сметаш дека парите од Фондот попрво треба да одат на сите физички болести, а психичките да се третираат со терапија. Јас не се согласувам, тоа е. Сметам дека треба да ја мериме само сериозноста на болеста, а ти што сметаш дека сериозност на психичка болест не може да биде иста како физичка е веќе друго. :) Предлагам да ја завршиме дискусијата тука бидејќи сè понатамошно што ќе напишеме е само повторување.

    Патем, за сите што викате дека операцијава не била платена од Фондот, знаеме сите за тоа. :D Работава беше, ако бевме држава со подобро здравство како Австралија еве, дали да се финансираат или не. Чисто хипотетички. Патем, јас да видам не верувам дека државава некогаш ќе направи нешто за помош на транс-лице, бидејќи како што видовме, ни за болни деца немаат мислост.

    И да, за луѓето што им рипнаа на докторите што ја извршиле конкретнава операција, а наместо тоа не инвестирале во подобрување на условите во државните установи, операцијата е извршена во Систина, која нема должност да менува чаршафи во државно. :hai:
     
    Последна измена: 6 јуни 2017
    На Gosh, Bender Rodriguez, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас сум за задолжителен матичен психолог за секого. И задолжителна осета барем на секои 3 месеци.
     
    На Gosh, Nalutena1, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не може хомосексуалец да направи 12 деца чунки не би бил хомо туку бисексуалец во тој случај.
    За да хомосексуалец направи многу деца треба да доживува редовна ерекција на својата партнерка и да има редовен секс пошто толку деци не се прават сами. Па и емотивна веза пошто се години во прашање.
    Имаш познати гејеви како Оскар Валјд или Ноел Кауард тие немале деца и си фурале по свое.

    За да има алфа мажјак треба раја да живее во чопори од по 20-50 единки како волците и таму доминира еден и пари наоколу женки. Не живее човекот така него живее во семејство кое е основна клетка на општеството.
    Кај животињето алфата пари и прави деца. Ако беше така кај раја тогаш тие алфите ќе имаа по 17 деца а останатите 2,1 или 0, а како што споменавме, најмногу деца прават сиромашни, антихаризматични и интелектуално...сомнителни ликови (Индија, Бангладеш, супсахарска Африка итн.)

    Е сега работата во вакви случаи се што трансексуалецот е стрејт но не може да оствари секс со супротен пол ради технички причини...
     
    На Anna-marija. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Неколку пати се спомнаа естетски операции на уши и нос покриени од фондот. Не се. Ако се чисто естетски, фондот не ги покрива. Ако има девијација на нос која го попречува дишењето, само тогаш интервенцијата е покриена од фондот затоа што станува збор за здравствен, а не исклучиво естетски проблем.

    Инаку, секоја чест за докторите, и со среќа на жената што си го сменила животот. Се надевам сега е среќна.

    Околу дискусијата дека би било оправдано вакви интервенции да ги покрива Фондот, за мене е бесмислена дури и ко хипотетички случај. Ќе се воздржам тука.

    Друго нешто ме интересира: каков партнер си бараат овие лица откако ќе го променат полот?
    Или на друг начин прашањето - дали вие би биле со лице кое го променило полот? Мажите - со жена која порано била маж, иако не се чувствувала така, а жените обратно?
    Не се однесува прашањево на тие што воопшто не одобрија вакви операции на темава, туку на тие што поддржаа.

    Јас, што знам, тука би поставила некоја граница. Ги прифаќам, поддржувам, ама не до толку. :D
     
    На Annath, kravce, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  14. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Се. Кажав за "цимерката" од болница, направи операција за САМО естетска корекција на носот, на товар на фондот, и плати само 3-4 илјади. Девојката немаше проблем со септумот, туку со надворешниот изглед на коската, имаше огромна "грбка". Дента кога дојдов си отиде една девојка, и неа и беше платена истата операција. И пред да излезам од болница, дојде девојче за корекција на клемпави уши, исто така поголем дел покриено од фондот. Нормално дека се плаќа партиципација, тоа се тие 3-4 илјади што ги спомнав, како и јас што платив околу 2700 за вадење крајници. За обична крвна слика или ехо има партиципација 80 денари, нормално е за операција да е поголема, со тоа што најголем дел оди за престојот во болницата, а не за самиот зафат.

    Инаку, јас повеќе ја вреднувам емотивната поврзаност, но сепак сексуално ме привлекуваат лица од спротивниот пол. Не знам што ми носи животот, можеби ќе се заљубам во транс маж, но би ми значело да ми каже за минатото. Сепак, и покрај тоа што апсолутно ги поддржувам, желба ми е да забременам на "традиционален" начин, и би преферирала маж кој може да ми го овозможи тоа, но кога би се заљубила во транс маж, не верувам дека би го оставила баш поради тоа.
     
    Последна измена: 6 јуни 2017
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Од закон за здравствено осигурување:
    Член 10
    Со задолжителното здравствено осигурување не се опфатени здравствените услуги извршени во здравствени установи кои се надвор од мрежата на здравствени установи, во која се врши здравствената дејност, како и: 1) естетски операции кои не се медицински индицирани;
     
    На Rebecca_R, MilaP и fana им се допаѓа ова.
  16. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Јас не го читам законот, ти кажувам вистински случаи. Не навлегувам во тоа како овие девојки дошле до операција платена од фондот, само кажувам дека немаа здравствен проблем кој потекнува од "деформацијата".
     
  17. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Не се однесуваше само на тебе туку на сите што подржувате фондот да покрива ваков тип на операции
    Ако фондот нема пари за толку скапи операции нема потреба да се трошат тие пари за вакви личности кога во Мк нема основни терапии за овозможување на живот,не мора за цф има и други болести кои верувам не се толку скапи како операцијата за промена на пол.
    Доколку кај нас здраството цвета и не ни недостасува ништо слободно фондот нека покрива што сака,до тогаш нема право.
    И верувам дека ова со фондот е дезинформација па не би ни дискутирала подлабоко .
     
    На Annath, bittersweet и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Ако навистина немале здравствен проблем, мора да имале врски за докторот да го препорача нивниот случај како таков. Или те излажале дека не платиле приватно, не знам што друго да ти кажам. Инаку, фондот не покрива чисто естетски операции. Тоа е факт.

    Eдит, околу тоа дека те привлекуваат лица од спротивен пол. Епа, од спротивен пол ќе биде и ова лице. Самата таа забелешка покажува дека не ги прифаќаш 100% како најнормални мажи ако поминале низ ваква операција.
     
    Последна измена: 6 јуни 2017
    На Rebecca_R, Someonespecial, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Ливинг на твоето прашање јас го подржувам секој човек било што сака да направи со своето тело се додека негови правила и принципи не наметнува на мене.
    Во врска со таква личност не би била во ни еден случај,никакви се шансите значи и да се заљубам.
    Доколку син ми една ден реши да стане геј јас би го подржила,сепак најважна ми е неговата среќа.

    Јас се молам човекот да закрепни побрзо и да си оди надвор од државата.
    Ние сме таков менталитет што набргу може да испаднат и слики од него-неа,па осудување,навреди..
    Мислете кога ќе се врати на работа ќе му биде лесно,на секаде погледи,озборувања,прашања .
    Јас се надевам дека е психички цврст и ќе издржи се,искрено се надевам дека и ќе има помош и подршка од неговата блиска околина.
     
    На Ketchup, kravce, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Да ја цитирам Тереза Меј (бррр): there is no magic money tree! ц

    Иначе, не, не би била во врска со таква личност. И слободно, нека ме тужи утре за дискриминација. 8-| ц