Го поздравувам моментов. За мене ова е знак дека медицината во нашата држава оди напред па макар станувало збор и за реконструктивна медицина. Очигледно е дека имаме кадар и услови за многу повеќе од минорни медицински зафати. Не навлагам во побудите кои го натерале човекот на ваков чекор. Секој има право да располага со своето тело онака како што сака. Немам образ да судам дали е во ред или не, утре можеби и ја би подлегнала по нож и би сменила гради или уши или нос. Мајка природа си поиграла со некои луѓе, па зошто медицината да не ја исправи нејзината грешка. Не сите се задоволни од сопственото тело и кожата во која живеат. Има нагрдени луѓе кои секој ден водат битка самите со себе кога ќе се погледнат во огледало. Ние ли сме тие кои треба да им судиме и да им кажуваме како да изгледаат или како да се чувствуваат?
Од сите членки најако е кога членки горди православни христијанки подржуваат овакви ствари. Дали знаете дека ако не се покаете вашите Господ и свети Павле ќе ве фрлат во пеколот изгубени души?
Разликите се огромни и не мора да се правиме слепи само колку да се вклопиме во новите трендови на толеранција кон секоја дегенерација. Искрено гајле ми е, али сигурно нема да се правам слеп дека е тоа нормално, затоа што не е.
Зошто сите симпатизери на вмро мора на сите теми исто да размислуваат? Може некогаш малку послободно да размислуваат за некои работи? Да ги пуштите луѓето да живеат како сакаат? Кои фактори сте вие да му судите на некој непознат? Гледајте си го вашиот живот...Средете си за себе...Оставете ги луѓето да прават што сакаат, и да живеат на свој начин.
Многу такви видов во темата. Во други теми се удараат во гради дека се христијанки и големи вернички во Бог, а тука поддржуваат травестија. Јас не осудувам ништо, библијата осудува.
Изгледа слепа сум. Ама која сум јас да се мешам во тоа што прави некој друг со своето тело? Всушност, што се трудам воопшто да ти објаснам.
Да, ама родителите неможе да предвидат дали во иднина нивното дете ќе си се сака такво какво што си се родило...
Закоравени мислења колку сакаш. Јас немам ништо против. Секој има право на среќа и да биде тоа што сака да биде. Се додека е човек во душата. Полот, расата, тежината, тетоважите не те прават помалку човек. Те прави омразата и неприфаќањето на се што е поразлично од тебе.
Читам модерните плукаат по заостанатите оти не прифаќале нечија промена на пол на сметка на државата? Таман е, луѓе плаќаат 7 просечни или 13 минимални плати отприлика за да се породат во болница со нормални (не луксузни) услови од типот чиста соба, ве-це, чаршав. Деца и возрасни болни игнорирани да не збориме...ама одиме напред со промена на пол, јеа, а јас оти поддржувам сум над усмрдените, испотени говеда што ги праќаат жените по цигари. Абе никаква средина да се нема, или овие што ги спомнав или апла принцези. Каде се нормалните луѓе? Напред наши!
Многу се израдував кога случајно слушнав вести на ТВ. Ова е еден многу мал чекор кон конечното прифаќање на ваквите луѓе како најобични членови на заедницата, но сепак е значајно. И се надевам дека уште луѓе кои се заробени во тело од спротивниот пол ќе се охрабрат да го сменат. И уште помило ми е што докторот зборуваше во женски род, а не во машки како ТВ-презентерката и доста членови на темава. На сите што не ви е нормално, слободно можете да ги гледате како уживаат во нивниот нов живот, па жалете се дека ви е ненормално колку сакате. И патем, да, заостаната држава сме, но сметам дека треба да го има ова по сајтови и по форуми и на ТВ, бидејќи како што реков значајно е, бидејќи одиме чекор напред.
Кога Брус Џенер јавно кажа дека сака да стане жена и да го промени полот, му даваа награди, цела Америка се дигна на нозе за да честита на храброста, а кај нас само фрчат навреди и заебанции. Тоа само кажува за менталитетот на народот.
На Брус му е од живеење со толку многу диваС околу себе, наречи го љубомора, наречи го восхит, желба да е како нив, наречи го како сакаш, само немој бре на таков да му се восхитуваш
Каде прочита дека му се восхитувам? Само го спомнав како пример како трансродна личност за која се дигна најмногу галама последниов период. (Не ги љубам многу Кардашијанс иначе) Муабетот ми беше дека сите го подржаа, а кај нас само да се вреѓало. Не мора ни да го знаеш, ни познаваш човекот што се решил на ваков чекор, битно нешто да се збори