Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial Ако си ги прочитала добро моите коментари, ќе сфатиш дека повеќе алудирам на здравствените последици од зафатот, пред и над се. Чисто од медицински аспект.
    Од друга страна, кај нас во мкд, нема многу трансродови лица, па не се расфрлаат со тужби. Пребарај на нет, да видиш какви се потресителни документарци се прават. Мене ако некој искрено ме праша, таму малку подзабегала работата. Јер, никој не ги дискриминира, туку тие го користат нападот како најдобра одбрана. Ама тоа е за друга тема, баш како што спомна.

    Од друга страна, не коментирам на темава, чисто со читање на википедија или пар видеа на ју туб.
    Ја знам коплексноста на проблемот и поради тоа стојам на ставот дека, најпрво, станува збор за лица кои не сакаат да се прифатат сами себе. За мене, проблемот е поврзанот со немање идентитет и барање погрешен начин да се стекне истиот. Психологијата, наместо хирургијата, првенствено би требало да избара начин да им помогне. Се разбира, ова е мое мислење и немам намера да го пласирам како единствена вистина. Но, исто така, се почуствував на некој начин повикана да го искажам истото.

    @EarthFire Познат ми е случај со момче кое го смени полот. Мои познаници го познаваат лично, јас индиректно ја знам сторијата.
    По завршувањето на процедурата, се одаде на проституција. По неколку години од оперцијата, не изгледа ниту на маж, ниту на жена. Веројатно, дојдено е до некој хормонален дизбаланс. Затоа пишав, овие работи не се играчка.
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
    На christinnn, Someonespecial, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Содома и Гомора доаѓа со брзина на светлината,или мене така ми изгледа8-|
    И,најжално од се ми е кога гледам 15-16 годишни деца како се чукаат во гради и ја пропагираат својата либералност,а потоа не има нас,оние од другата страна(малку поуназадените де :D) и крај краева никој нема право да суди некому(а сите судиме,кој помалку,кој повеќе)најмалку ние верниците треба да судиме,океј:?: ама исто и вие либералите не треба да претерувате со давање громогласна поддршка и аплаузи на нешто што се пркоси со здравиот и морален кодекс на еден човек,човек кој некој таму горе го измислил тоа дека мажот е маж,жената жена и никако поинаку.
    И ќе се сложам со @Aquamarine93 дека со ваквите луѓе требаше да поработат стручни психолошки лица,не естетски хирурзи да им удоволуваат болни каприци(велам требаше,место треба,оти сега некако е касно,половина свет веќе тргнал кај што не треба и нема враќање назад:x).
     
    На carangigia, Selest, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Едниве загрижени за чувствата на стрејт мажите, другиве пак за хормоналниот дисбаланс на транс лицата. А да ги оставевте дркаџиите сами да си ги решат проблемите? :D

    Она со нарушувањето на правото на заедницата ми е мех... Ме потсетува на белци кои кажуваат работи од типот ,,што е со нашиот расизам?".

    Трагичноста на лажењето кај сексуалните или романтичните партнери е индивидуална. На некој можеби ќе му се згади животот ако дознае дека девојката со која имал секс имала силикони, океј е, жената била неискрена, ама проблемот сепак лежи кај оној што се гади и тој самиот треба да се справува со тоа.

    А да се натера секоја транс личност да каже дека е транс на првиот дејт е невозможно исто како што е невозможно да се натера личност да каже дека има силикони на првиот дејт.
    Пред пак сите да кажете дека силикони и полов орган не се споредува, зборуваме нели од правен аспект, правото на заедницата што се ускратува.

    Малку покомплексна споредба:
    По логикава партнерот мора одма да знае и ако личноста е стерилна, за децата во иднина, нели. Се согласувам, супер ако каже уште на почеток, супер и транс личност ако каже уште на почеток, ама зошто вие барате по секоја цена од транс лицата ова да го кажат веднаш, а би поминале преку тоа стерилна личност да не каже веднаш?
     
  4. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Човек може да се гади /плаши само од она што му е непознато.

    ЛГБТ светот денес е популарно движење во кое оние кои страдаат од низа несвесни или свесни, психолошки проблеми, наоѓаат спас за себе. Исто како што таму има и луѓе кои се многу сигурни и ок со тоа што се.
    Како и да е, пробувале психијатри да лечат хомосексуалност - со трагични последици.
    Правиме муабет за многу многу комплексни ствари.
    Лесно е да се зезаме, еј оној не се прифаќа себеси, има ниска самодоверба, каков идиот сега му текнало да стане геј или лезбејка или да го промени полот.
    Се што можеме ние да направиме е да почитуваме дека секој има право да живее онака како што сака - се додека не повредува некој друг со тоа.
    Мене не ми пречи на насловна да видам транс - жена. Таа жена постои, и што сега, треба да се правиме дека е невидлива? Кому тоа му помага?

    Пред едно 20 години, пред ЛГБТ движењето да биде воопшто популарно тука, познавав еден маж. Се движеше како маж, зборуваше како маж, размислуваше како маж, изгледаше како маж. Често пати, јас и пријателите, ќе му се обратевме во машки род, па се сепнувавме, па продужувавме во женски, па пак ќе се збуниме........ Беше срце од човек, злато од пријател и голем ум. А всушност, беше роден како жена ( иако никој тоа не го приметуваше). Трагично е сознанието да се чувствуваш дека си во тело кое не го чувствуваш како свое. На почетокот, ембрионот има само ХХ хромозоми, т.е. женски хромозоми. Во 5-6 недела, се активира Y хромозомот, и понатака си се формира машко дете. Источњаците подобро од нас ја истражуваат душата и телото, и како тие две се спојуваат. Дали во овој процес, нешто се случува што прави душата да носи една информација во себе, а телото физички да се развива со различна информација, не знам. Битно, мојов пријател одамна си отиде од земјава, и после години, и оддалеку, првпат ми се отвори за себеси и за тоа кој е. Тогаш веќе беше со помината операција, успешна, и некако си ја најде среќата за себе :)
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
    На Yowannty, theowndemon, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Абе какво преминување... без разлика дали е tranny или не, пожелно е тоа да се каже во врска. Знам за случај in rl каде тајната се откри после цели 15 години брак. Разводот беше неминовен.

    Ако правиме муабет за one night stand без размена на контакти, нема потреба. Зошто...? Рецимо си ја запознал Инес во Закинтос, легнувате една вечер и повеќе очите не си ги гледате. Сулудо е она да ве бара после една година за да ви каже „еј абе слушај, не знам дали ме памтиш легнавме еднаш у Грчка ама чувствувам морална должност да ти кажам дека имав патлак на времето“. (facepalm)

    Лично, мене не би ме засегнало отпосле било каква информација за тоа лице. Не гледам причина зошто. Нели е тоа целата поента на сексот за една вечер... колку помалку информации толку подобро?

    Bilo je lijepo dok e trajalo...:D

    И аман, не мешајте религии и тука.
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
    На Gosh, blonde_supergirl, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Во целост се сложувам! Пред една година ми се чини имав дискусија со транс личност, дека секоја личност израсната во хетеро заедница е хомофоб односно трансфоб. И јас тука бев обвинета за трансфоб и хомофоб со самото тоа што поставив контрааргумент на неговиот, иако не ни спомнав за мојата сексуална ориентација во дискусијата, а не сум ни спомнувала за тоа во јавност (независно хетеро, би или хомо, не мислам дека тоа е нешто што секој е должен да го знае, исто како и полот на личноста).

    А, познавам и друга транс личност која е многу избувлива по природа ако не иде по нејзин мерак или не ѝ се обрнува доволно внимание.

    Сепак, таа карактеристика не ги прави трансродовите лица негативци во ситуацијава, никој не е негативец освен стравот, т.е. нетолеранцијата во оваа ситуација. И проблемот е што ја има во двете страни (цис и транс луѓето). А, најголем проблем е што секој мора да се идентификува како нешто, што ја создава оваа нетолеранција помеѓу определбите. :)
     
    На theowndemon, Bender Rodriguez, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.016
    Допаѓања:
    51.996
    Пол:
    Женски
    Нормално дека партнерот треба да го знае полот со кој љубениот му се родил.

    Исто ко што треба да знае за негови хронични болести, психичко здравје, финансиска состојба итн. ама не гледам дека сите на први дејтови се расфрлаат со овие информации.

    А да си кажам за мене, не верувам дека би била во врска со транс лице. Не верувам, ама којзнае што може да донесе животот.
    Само што постојат луѓе на кои не им пречи тоа, очигледно, бидејќи не сите луѓе што смениле пол се сега сингл.
     
    На YoungandBeautiful, Annath, Nigredo Odor и 8 други им се допаѓа ова.
  8. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    3.326
    Пол:
    Женски
    Ги прифаќам транс луѓето со љубов, толеранција, разбирање, а не со либерална пропаганда. Како што му доликува на едно достојно човечко суштество да прифати друго човечко суштество. Сум кажала и пак ќе кажам, не прифаќам нечовечност, тоа е сѐ.
    Секој заслужува да живее онака како што чувствува и мисли дека треба да живее.
    Не бев доволно информирана порано и не ја сфаќав екстремноста на оние кои менуваат пол затоа што "внатрешноста не се совпаѓа со надворешноста." Но со едукација, со информации за целата таа процедура која воопшто не е едноставна, лесна, моето разбирање е на поинакво ниво од тогаш. Сепак и тогаш не осудував или размислував за тие лица со гадење и сл. Како би можела. Тие се луѓе. Сите сме. Но многумина, кога се работи за вакви табу теми пристапуваат со негативни ставови, which is the sad part.
    Open mind се развива од ден на ден. Не се раѓаме со "либерални" или "конзервативни" сфаќања. Ставот се формира во одредена ситуација, кон одредена личност. Умот секогаш можеме да го едуцираме, ама едукација за душата нема, за жал.
    Пораснав во хетеро нормативна заедница, со конзервативни и религиозни родители. Но ете нивните конзервативни ставови не влијаеле на мене. Малку офтопик: паметам дека кога бев мало девојче од 5, 6 години за прв пат видов геј пар на тв и паметам дека се насмевнав и не се огадив или изненадив. Не помислив дека се двајца изроди, туку двајца луѓе кои си се допаѓаат/ се сакаат.
    Толеранцијата доаѓа од срцето а не од умот. Или си или не си толерантен кон различностите. Единствено што можете да контролирате во такви ситуации е вашето однесување. Доколку не прифаќате транс лица, барем не навредувајте, не повредувајте на било каков начин. Сфаќам дека не може секој, нема капацитет, да прифати нешто тотално непознато. Но тоа не е причина за дискриминација, гадење и сл.
    Мене лично нема да ми се згади ако дознаам дека сум легнала со транс личност, но искрено би ми се згадило ако легнам со педофил, зоофил, силувач.. but that's just me.
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
    На Annath, Lella, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Не е вooпштo цвилење и немa врскa сo мрaзење нa мaшкиoт рoд тoa штo мислaм декa е глупo и смешнo стрејт мaж дa се чувствувa зaгрoзенo и увреденo пoрaди тoa штo Playboy стaa трaнс женa вo свoетo списaние.
     
    На Lella, Ketchup, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @zhap4e зарем толку ти падна криво што плејбој ќе изгуби од публиката? :worried: Или жал ти падна за стрејт мажите? :?: не ја сфаќам баш поентата на дискусијата. Плејбој има право што сака да си става на насловна.
    Во ред било кога го ставиле Доналд Трамп на насловна? Замисли ако на некое машко му се дигнал на Трамп :x Уште пострашно :x
     
    На Lella, Ketchup, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Имам онлајн пријателка транс жена, која е во повеќегодишна врска со друга жена. Никогаш не се срамела да каже дека е всушност транс, сака да е искрена, силна е, храбра, а кој може да се носи со неа во ред, кој не - пак во ред, никој не пати. Она си знае низ што се не поминала во животот. Сатанист е по на Леви библијата и верува дека секој човек треба да си е сам свој Бог. Што да кажам, интересна девојка. Јас сум скрос друга од нејзе, но муабетот, било да беше за животот или за кино, опера, музика, беше фантастичен.
    Поштувам тоа што не се крие која е и што е, а како што има само еден живот (впрочем, како сите нас) има право да прави што сака со него.
    Друго лице од модната индустрија, Андреја Пејич. 387209-500w.jpg andreja_pejic_vogue_australia_07.jpg model-andreja-pejic-tells-us-her-entire-beauty-regimen-and-so-much-more-219583-fb.1200x627uc.jpg
    Многу повеќе жена од многу женски личности што ги знам.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски

    Drag queen која е многу секси :)
     
    На Nigredo Odor, Papillon.Papi и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Моето долгогодишно искуство во комуникација на темава ме довело до заклучок дека баш токму тие што се сметаат за „либерални“ и „толерантни“ (промоторите на ЛГБТИ пропагандата) се најнетолерантните луѓе што ги знам кон различностите. Тие не прифаќаат и не толерираат луѓе со различни ставови и убедувања од нивните. Напротив, веднаш ги напаѓаат, критикуваат и ги нарекуваат „хомофоби“ сите оние кои не се сложуваат со нив. Човек што макар еднаш се вклучил во таква дебата се уверил во тоа.
     
    На Vitaly, Rama, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  14. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Андреја посебно на првата слика ми е типичен маж со женска лепота. Вилицата, брадата долниот дел од лицето...машки црти.

    @blonde_supergirl Како може овој од клипот да ти е секси? Што има секси тука...грозно е :^).
     
    На YoungandBeautiful, Selest, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  15. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Ама убава е Андреја нели? Мислам и претходно имаше женствена убавина, па сега подобро се вклопува во женските од многу други трансродови луѓе што имаат типично машка убавина а преминале во жени.
    Ааах, дланките, профилот. Не мислам додека изведува, туку да го видиш како маж. Преубав е, а и вака му се забележува деликатната убавина.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Лела, чек да ти помогнам.....а кога точно машкото треба да и каже на девојката дека има мало куре, а? Не и кажува, така? Остава сама да разбере... кога ќе имаат секс и да реагира, соодветно, како љуби и милува. Е,па, оти уопште трансродово лице да каже, бе? М? :D

    Па и ти се осеќаш увредено кога ќе престанат да ти го увезуваат омилениот сладолед. Се осеќаш безвезе кога ќе ти го затворат омилениот кафич. Ќе искоментираш;можда и не. Ама ќе ти мине, нели? Никому ништо. Така и со дркаџииве. Така и со мојот коментар на темава.:D Така и со вашиве:D

    Ме усрами сега, ептем. Има цела недела да се бичувам, да ми мине,мајќе ми .:D
    Туку, и Трамп ли бил? Па шо ќутиш. Знаејќи го ова...ок е и Инес да е.
    What do i care? Оти ме цитирате и повикувате, оти ја насочувате дискусијата како ви одговара... оти, правите бед гај од мене. :D Дал тебе ќе ти е по ок, ако ти речам, еве, одам да изгушкам едно 10 транс родови лица и да им кажам колку ги обичам? Ќе се осеќаш ли подобро, како некој кој позитивно влијаел врз некој како мене?

    Ако либералноста се сведува на наметнување на „правата и слободите“ на една група врз друга група:D и почитување на емоциите на едни, и негирање на емоциите на други...шта речи а не заплакати:D Тоа е уствари, едино интересно во цело вртење на темава. Либералноста и толерантноста на либералните луѓе.:D
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
    На Selest и Rama им се допаѓа ова.
  17. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Баш така, не се воопшто спремни да прочитаат мислење различно од нивното.
    Само ете, тој масовен brain washing не успева кај сите како што гледам по форумов.
     
    На YoungandBeautiful, Selest, Bitter-Sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И Стив Мартин, и Бруно Марс, и оној од Кис, и оној од јајцеглавите, и тоа вака со главата како јајце на насловна, и Лесли Нилсен (мислам, не ме држи за збор)
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Јас сум за еднакви права, но почитувам мислења и на други луѓе кои не се сложуваат со мене. Право на мислење и еднаквост е кон сите, па и кон тие што мислат различно од нас. Ама многу луѓе се возбудуваат безвезе.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Лелеее,а јас знам само за првата трансродова особа во Плејбој. My mind is blown. :D