Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Па не знам, не видов баш возбуди, ниту пак напади таргетирани кон лгбт. :D
    Се изнапишаа луѓе есеи за толеранции и ствари, без потреба. Напад и увреди немаше.
     
    На Selest, Rama, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Не овде, зборам по социјалните мрежи, има многу тензија.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Нели. Испадна... треба да застанеш и речеш, јас Жаба / јас Акуа, не сме трансфоби и немаме мали куриња, и не сакаме да трансродовите лица живеат изолирано и да бидат тепани по улици и...најбитно, заслужуваат љубов. :D

    @DAngel, а гол ли е сликан Трамп-зајачица? :bandit: Да знам, да го барам бројот. Ако имаш - прати. Љубов ми е:bandit:

    #она.кога.ти.иде.да.застанеш.во.спротивен.табор.па.да.им.помогнеш.со.аргументи.у.дискусија.
     
    На Selest, Rama, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да постојат само дневни весници со содржина која ми се допаѓа во целост, не сакам на задните страници да читам жута штампа, фолк-естрада и сл., ама ете, нема, па или не купувам, или го прескокнувам тоа што не ми е по ќеиф. Можеби ако основам свој весник еден ден, или финансирам, ќе го уредувам според моите интересирања :) Кој ја нејќе Инес, нека прерипа страница, или нека не го купува бројот на Плејбој воопшто. Се извинувам ако повторувам некого, не ги прочитав сите мислења последните страни.
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
    На theowndemon, Gosh, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Жапче, нека се веат виножитцата. :D
    https://media.giphy.com/media/lXiRH1QLEIocarBK0/giphy.gif
     
    На Rama и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    3.326
    Пол:
    Женски
    Луѓе кои напаѓаат и критикуваат го прават тоа без оглед на нивната либералност или конзервативност.
     
    На Papillon.Papi, Someonespecial и Gosh им се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Готови сме, ќе поцркаме, ќе липсаме, дај да го вратиме гљујо на власт да не спаси од оваа наезда на гејеви, транши, соросоиди и мигранти...
     
    На Nigredo Odor, Someonespecial и Gosh им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Аман бе Ружо,уште со муабетиве дека Грујо е крив за се?
    До кога,до кога кутриот човек не ќе го вадите од уста :D

    П.с едно време нели Цацко беше крив за се:P
    Патем,си кажав само свој став,според правото што го имам како член,ако не ти се допаѓа моето мислење,не мора да ме цитираш со без врска реплика:hai:
     
    На carangigia, ninavila, Selest и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Клин со клин се избива. ''Либералистите'' против расизмот со расизам се борат... Многу чудна појава е ова.
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.471
    Пол:
    Женски
    Па не е прелажување на машки пол ако има транс лице на страна на Плејбој. Крај краева еден маж визуелизира жена, женско тело, коса, гради, облини. Не е важно дали таа била претходно маж. Ако правиме таква селекција нека се грижи и за личноста на тие девојки кои се во списанијата, ама на никој не им е гајле подлабоко од тоа што го гледаат, така? Машката сексуалност не е изневерена зошто пред се, дури и девојката да била маж претходно, сега личи на жена. Да би се работело за врска, можеби приказната би била поинаква, ама чинам не беше темата за тоа.
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    За мене, аргументи како „Како некој би постапил во хипотетичка ситуација?“ или муабети од типот „Што би било кога би било?“ се целосно ирелевантни во оваа, па и во која било друга дискусија. Лесно е да се чукаме во гради и да се расфрламе со тврдења (особено на анонимен форум), само со цел да ја докажеме поентата која ја застапуваме, иако никогаш самите не сме биле во ситуацијата за која дискутираме.

    За мене мислења од типот „Ја никад не би абортирала, дури и да се работи за плод на силување“ или „Да имам геј дете, има да го избркам од дома“ и други детерминистички искажани ставови за хипотетички ситуации не се никакви показатели за издржаноста на нечии ставови, туку едноставно одраз на нечија неимагинативност и површно размислување.

    Па така и за оваа работа.

    „Што би направиле кога би дознале дека вашиот партнер е трансџендер?“ не е ниту некаков аргумент „за“ или „против“, ниту па нашите хипотетизирања ќе имаат некаква тежина во дискусијава. И секој кој ќе одговори со било што освен со „Не знам“ намерно или ненамерно се лаже – од проста причина што најголемиот дел од нас никогаш нема да се најде во таква ситуација. Многу луѓе велат дека никогаш не би простиле и многу повообичаена ствар како неверство, сѐ додека и самите не се најдат во таква ситуација.

    Така да, за сите кои се служат со фразата „Ја никад не би...“, запамтете дека рачуницата дома и на пазар не е иста – додека и самите не се најдете во конкретна ситуација, не можете со сигурност да тврдите како би реагирале во истата.

    У однос на толеранцијата и дискриминацијата на трансродовите луѓе - толеранција не значи дека секој по автоматизам треба да има врска или секс со трансџендер особа, исто како што фрази од типот „одвратно“, „грозно“, „девијантно“ не се обично искажување на личен став, туку еден облик на дискриминација.

    Од друга страна па, не треба да се претерува. Читам дека некои трансџендери се жалеле на дискриминација само затоа што одредени стрејт луѓе не сакале да имаат ништо (нешто?) со нив. Well, tough shit. Ако некој мислел дека сѐ што треба да направи за да си најде партнер е да го смени полот, тогаш живеел во голема заблуда.

    Не сите стрејт мажи се автоматски привлечени кон сите жени, не сите стрејт жени се привлечени кон сите мажи, не сите геј мажи се привлечени од сите други мажи, или обратно. Наоѓањето на партнер е проблем кој го „измачува“ човештвото, уште од моментот кога имањето партнер станало a thing – затоа што некој не одговара на нашите критериуми за партнер или па, затоа што ние не одговараме на нечии критериуми за партнер.

    Имањето сопствени критериуми при избор на партнер не е еднакво на дискриминација и смешно е некој да се труди да го прикаже како такво. Трансџендер луѓето едноставно ќе мора да се потрудат како и сите ние (хетеросексуалци, хомосексуалци, бисексуалци, трансвестити, фетишисти, итн.) да си најдат партнер кој ќе ги прифати и сака такви какви што се. Затоа што наоѓањето на партнер е личен, а не општествен проблем.
     
    На Victorian, DAngel, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    А, кога навистина некој љубиш, зар се љуби половиот орган или сексуалната ориентација? Или се љуби личноста онаква каква што е? Немојте да ми кажете дека ви е поважен карактерот од изгледот уште поголеми хипокрити ќе испаднете. "Душата" на човекот нема пол и сексуална ориентација, ниту пак прибира за тоа. И не ви треба либерализам за ова, само подлабок ум, и површност на минимум.
     
    На citiesinflames, Victorian, BlackAndWhiteSwan и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Ова е најпаметното нешто што досега сум го прочитала на форумов.
     
    На Victorian, BlackAndWhiteSwan, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не се работи за изглед туку тоа е неприродно и е против законите на природата. :)
     
    На carangigia, Bitter-Sweet и Rama им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Против законите на природата отидоа многу работи со напредокот на човештвото. Ама постојат, така да помири се со тоа, и прифати ги луѓето како луѓе. Тоа што се гадиш од нив ништо нема да промени, а најмалку па ќе направи ти да се чувствуваш добро.

    И не ти викам да се сложуваш со нивните мислења, ни јас не се сложувам како многумина од нив размислуваат и сум дебатирала со истите. Само ти викам, никогаш не кажувај никогаш, зашто дури и твојата душа нема да разликува пол и сексуална ориентација.
     
    Последна измена: 25 октомври 2017
    На Victorian, Bender Rodriguez, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тоа не е напредок туку тоа не води до пропаст...Уништувајќи ја природата и кршејќи ги нејзините правила се уништуваме себеси а не одиме кон напредок. Само анализирајги работите кои мислиш дека се напредок.. ГМО храна, радијација, болести, манипулирање со времето, модификација на телото како што е вградување на чипови или промена на пол и така натаму.. Ова ли мислиш дека е напредок на човештвото? Само прашувам не те разубедувам да мислиш како мене. Никогаш нема да се помирам со тоа... Таквите суштества никогаш нема да ги прифатам како луѓе бидејќи се само на штета на човештвото, дури и животните ги ценам повеќе. Јас не се одкажувам и ќе го променам тоа во зависност од мојата моќ и влијателност врз другите, барем на ниво на моето блиско опкружување засега. И мојата душа нема да засака такво нешто ниту таква ќе стане уверен сум во тоа.. Кога би имал избор смртта би ја избрал и посреќен би бил.
    Да не постоеја медиуми, интернет, телевизија мислам дека на друг начин ќе размислувавме а не само како што налага западниот свет да ги следемие нивните трендови само за да бидеме кул..
     
    На Rama, carangigia, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Сигурно е многу кул децата на комшиите да те сметаат подолу од животно.
     
    На theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Трансексуалците не се прифатени никаде во светот, за мкд немора да зборуваме, во толку мала држава и нивниот процент е премал. Но, за остатокот од светот можеме да зборуваме дека инциденти се случаите кога стрејт маж, ќе се “затреска“ во транс. Нема вреѓање тука, обична биологија е во прашање.
    Во Америка на пример, кога некоја жена ја сметаат за неженствена ја нарекуваат tranny.

    Сум против секакви форми на насилство, нека менуваат и имиња, лични документи и се што им е потребно. Едноставно, не можат со сила да го натераат локалното население да ги прифати, во смисла да се социјализира со нив и слично. Без разлика на пропаганди кои се шират, работа на невладини, сепак за 90% од населението, ваквата трансформација е неприродна и нема никаква врска со застарени погледи.

    Исто така, ако сакаме веќе да бидеме прозападни во ставовите, да си признаеме дека таму најчесто се етикетирани како сексуални работници. И реално, најголемиот дел од нив не сакаат друго да работат.
     
    На Rama и oblace1 им се допаѓа ова.
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    И кaј нaс се кoристи oвa.
    Пaтем, не е декa не се прифaтени, тaкoв е ментaлитетoт вo другите држaви, кo не им е гaјле кoј штo прaви. Еднoстaвнo рaмнoдушни се. А aкo гледaме штo е прирoднo, a штo не е... Или зaвиси кaкo ни oдгoвaрa.
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    177.289
    Пол:
    Женски
    Се трудам да ги прифатам сите како што самите се чувствуваат најсреќно.
    Немам ништо против геј, лез, транс... Ама исто сметам дека и јас треба да знам дали некое е транс лице, доколку со него/неа поминувам време. Не битно дали пријателски или романтично. Тоа е мое право. Како јас би реагирала или не би реагирала отом потом, ама правото да знам за ситуацијата ми припаѓа на мене.
    Веројатно да дознаам дека оној со кој делам постела не е она што сум мислела дека е, ќе биде шок, а како би реагирала понатака не знам... и не би да претпоставувам.

    Не сметам дека ако на машко му се дигне на Инес, има проблем со својата сексуалност. И дека тоа е предрасуда е, ама исто почитувам и ако некој сака исклучиво жени, баш такви какви што природно излегле од на мајка им пи*ката. И тие, трансродовите мора да го почитуваат истото. Како што некои сакаат и се палат на плавуши, или девојки кои се палат на билдери (уат да фак?!) може да ми звучи смешно и погрешно, ама секој има право на свој избор. Како што има луѓе кои се палат на шимејлс, и трансродови. Секој како што е најсреќен.

    Јас немам проблем со трансродовите. Ако некој маж се чувствува како жена и обратно, нивно право да бидат она во што ќе се чувствуваат свои.

    Ама очигледно тие луѓе имаат многу поголем проблем со нас, отколку ние со нив. Односно, имаат проблем со нив самите. Зошто очигледно нашето прифаќање не им е доволно, па следуваат шаради и паради, кои ни создаваат нам притисок да ги прифатиме онакви какви што се, иако ние веќе сме ги прифатиле. Процесот на прифаќање треба да почне од самите себе. Не велам дека не постојат заедници кои ги негираат и не ги прифаќаат, но денеска бар се прифатени во најголем дел од светов.

    Тие мислат ќе сменат пол и сите треба да им се клањаме.. и забораат дека во тој процес се сеуште еднакви со нас останатите и само затоа што смениле пол, не ги прави ништо ниту повеќе, ниту помалку од нас.. така некако му иде. Дека ако некој дечко стане жена, треба одма да си најде дечко, што тоа дури и на нас обичните смртници некогаш не ни оди баш најдобро, ама тоа не е битно, зошто тие мора секогаш да се на пиедестал. И да, зборот дискриминација често пати е злоупотребуван од нивна страна. Па така ние сме криви што не можат да си фатат дечко/девојка.

    И секогаш ние сме им криви. Епа не може бе сестро да те прифатам и да бидам ок со тебе, а ти да ме убедуваш дека не е така и дека не е доволно.

    Доволно е што не те дискриминирам, што си ми еднаква личност во општествово без разлика дали имаш патлак или патка таму доле на јужен фронт, без разлика што си имал/а претходно, ама убедувањето дека треба да спијам со тебе за да докажам колку не те дискриминирам ми е ту мач. А не за друго, секој ќе си најде некој, ама како што јас ги оставам ним на мира, сакам и тие мене.
    Ниту дискриминирам, ниту понижувам, ниту непризнавам, ниту имам проблем да се дружам со такво лице, ама сериозно претераа со сите шаради и паради, и изигравање жртви на дискриминација.

    Од здравствени причини нема што да се дискутира. Ако тој некој се нафатил да го резне патлакот и да вгради патка, или обратно, негов проблем. Само тие си ги сносуваат последиците од истото, а не јас, ти, Петко и Стамена.
     
    На christinnn, Tan4ence, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.