Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Светот напредува. И тоа што кажа сега дека не е напредок, е сепак напредок. Само треба малку подобро да ги разбереш зборовите во реченицата и да не цепаш по твое. Макар што никој не ти брани да купиш фолксваген комбенце и да станеш хипик, многу луѓе си живеат диво, вон цивилизација. Затоа е и убав животот денес, секој може живее како сака, ама сепак не живеат така само ради тоа што мора да кенкаат дека некој друг им го контролира живтот или дека цел свет треба да биде по нивни критериуми.

    Да кажеме дека "страното" е болест е најлесно, но треба да се обидеме да го разбереме. Да го исчистиме или промениме е невозможно.
     
    На 1209, BlackAndWhiteSwan, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Рамнодушни да, ама сепак си имаат свои резерви. На Западот, транс лица имало од 80-ти и покрај дебати, кампањи и се останто, сепак луѓето таму, како и овде имаат дистанца.
    Е сеа за природно, не се споредува шминка, вештачки трепки и протези, со менување пол, нема логика. :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.194
    Пол:
    Женски
    Душа не постои. Внатрешната состојба на човекот може да се забележи од неговото лице, поглед, однесување, движење... не е задлабочување во изгледот плиткост и површност, туку од него може да се извлечат многу нешта за личноста.

    Токму затоа, тие што спомнавте оти би се згрозиле кога отпосле би разбрале дека сте имале однос со трансродово лице, не ве разбирам. Како некој може да се ужаснува од својот сопствен избор и сопствени афинитети?
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Тотално ми ја утна поентата. Повеќе зборував за рационалната наспроти емоционалната свест.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.194
    Пол:
    Женски
    Ништо не сум ти утнала, самата грешиш.

    Cе залажуваш дека не е важен полот, или сексуалната ориентација кога се вљубуваш.
    За ништо не одлучува некаков невидлив ентитет - „душа“, туку спроти себе е потребен човек од крв и од месо и одредени хормони, за да проработат сопствените хормони. Луѓето трчаат по трофеи почесто отколку што некој мисли. Го бараат најдоброто што можат да го извлечат од убав(а)/заработува добро/интелигентен(интелигентна)/посакуван(а) од другите/талентиран(а)/рандом друг квалитет/прифатлив(а) за околината, или спој од овие работи. Речиси никој тука на темата, не би го практикувал самиот тоа што го проповеда, туку речиси сите се хетеросексуални личности кои не промениле пол, со хетеросексуални партнери кои не промениле пол, или во потрага по таков партнер. Минимум 95% население било каде во светот, не би одбрале врска со трансродово лице. Може во иднина тоа да се промени, преку модификување на свеста, така што децата од најмали нозе ќе се воспитуваат дека љубов и секс со трансродово лице е и повеќе од ОК, но, од друга страна, кога тоа не би се имплементирало и луѓето би биле оставени да се водат по природните стремежи за врска и секс (како што се водат уште од кога се знае за постоењето на човекот), минимум 95% луѓе повторно не би одбрале однос со трансродово лице, и таа е реалноста. Што не значи дека треба и понатаму да се дозволува трансџендерите и останатите сексуални малцинства да бидат понижувани и навредувани како што реагираат некои на форумов, ниту дека треба да се создава параноја и да се шират невистини околу нив. Впрочем, со текот на времето, тој процес на трансформација на полот, станува се понапреден, новите жени се повеќе наликуваат на жени, новите мажи на мажи (иако се уште не дошол денот кога разликите се потполно незабележливи)... Ама тотално е погрешно да се отфрла улогата на изгледот и половиот идентитет на личноста во остварувањето интимно партнерство.
     
    На Црна Ружа и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Сето ова болдирано е рационалната свест и размислување. Може би, ако не ги гледаш луѓето како егоистични суштества кои бараат партнер само за своите сексуални задоволства и социјални фрустрации ќе ми ја видиш поентата.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.071
    Пол:
    Женски
    Битна е душата т.е. внатрешноста на личноста, но штом некој тргнал по пат на неприродното, доволно кажува тоа за неговата душа.
     
    Последна измена: 27 октомври 2017
    На Briar Rose, Vitaly и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.194
    Пол:
    Женски
    Луѓето ги гледам онакви какви што се. Не им се тоа негативни особини, човековата природа е таква, наравот. Сексуалното задоволство е составен дел од животот, и од партнерството. Заради сексот и постојат љубовни врски in the first place. За добрина и „душа“, имам пријатели и останати луѓе кои ги ценам. За секс и романса, потребно е плус нешто друго, без него не оди, инаку, ќе се вљубувавме во секој човек со добра „душа“, ама со некои едноставно не се случува, колку и да се согласуваме убаво, нели?
     
    На Aquamarine93 и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Да, но во тешките времиња не те поддржува или сожалува нечиј полов орган или убави очи и заби, тука настапува душата на човекот која се стопува со твојата и се бара заедничко решение. Инаку би се заљубувале во сите кои можат да ни пружат секс и изгледаат по наша мерка. Ние бараме еден човек, па тоа е она битното што тој треба да го поседува - емпатија, душевен капацитет.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Глобално размислување, демократија, слобода. Јас ве разбирам вас широките и модерните.
    Но.. убедена сум дека кога реално би се соочиле со ваква ситуација, би ја решиле бегајќи од истата, па таман и да тојштобешетаа има три души.
    Не е поентата дали некој/а би ја прифатиле за пријател/ка туку дали би живееле живот со него/нејзе.
    За оној Инес, и јас го прифаќам. Толку многу колку што има км меѓу мене и него.
     
    На YoungandBeautiful, Rama, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.739
    Пол:
    Женски
    Значи според тебе, промената на полот имплицира дека едноставно тој човек не може да има добра душа и да е добра личност воопшто.
    Ете ова е трансфобија и дискриминација. За тоа дека се подолу од животни не сакам ни да коментирам, одвратно е.
    Ова е тоа што осудува и не прифаќа еден слободоумен и истовремено разумен човек, а не личниот став и избор дека не би легнале или однеле на олтар трансродово лице.
    Јасна е разликата :)
     
    На SandraPink, theowndemon, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Секогаш ''НАЈГОЛЕМИТЕ" верници НАЈМНОГУ осудуваат за непознати луѓе, обожаваат да плукаат по кого стигнат, само они се безгрешни... а убаво си има заповед: - Не суди за да не ти биде судено... Ама ете... Пуста малограѓанштина.
     
    На SandraPink, 1209, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Бог створил се, универзумот, светот. Се.
    Следствено, Бог си створил и трансродовите особи.
    Ти си против трансродовите особи.
    Значи ти си против Бог и неговата креација :devil:
     
    На theowndemon, Lella и Gosh им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.071
    Пол:
    Женски
    Не. Може да има добра душа, да се однесува добро, да прави добри дела. Тоа е за почит. Ама штом оди против божјата волја (роден со еден пол а сака да го смени и го менува во другиот) тогаш тоа става црна дамка врз него. Ти ако си сакаш такви, дај Боже и такви да си имаш во животот. :) Јас не сакам.

    @Црна Ружа Бог дава памет на луѓето. Оној другот зема. Затоа има вакви изроди.
     
    Последна измена: 27 октомври 2017
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Сакаш да кажеш пак е ѓаоло крив? Зарем ѓаоло ги створи странродовите лица? Ѓаоло е тој кој што шест дена ствараше а седмиот се одмараше?!
     
    На sjdgo и Gosh им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.634
    Зашто упорно и уопрно се подценува нашето мислење ко у смисла збориме на памет, демек у реален живот исто ко вас ќе мислиме...

    Па можеби и вие у реален живот, исто ко нас ќе мислите, сеа само си бладате.
    Друго, од кај знаете дека не сме имале допир со вакви луѓе? Демек ако не е запишано на форумов, не се десило?

    Не можете да разберете како некој не размислува како вас, али приметувам тоа само за Балканов ви важи. Знам како ви е, и ја исто не можам да разберам како некој размислува како вас...

    Само не се тешам дека сите исто мислат како мене, али длабоко у себе, само за да ги оправдам моите гледишта и ставови...
     
    Последна измена: 27 октомври 2017
    На 1209, theowndemon, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.194
    Пол:
    Женски
    Не читајте ме селективно, јас убаво напишав:

    Веднаш во очи ви падна тоа убав, никој не гледа други рандом квалитети што ги пишав, секогаш е убавината :D Овде не станува збор кој колку е убав (вкусовите се релативни на крајот, истражувањата велат дека луѓето за најпривлечни перцепираат луѓе со коскена структура на ликот слична на нивната), овде станува збор за улогата на надворешноста општо, дека не е тоа неважно кога бираш некого за себе, на пример, хетеросексуален маж бара партнерка жена, не бара друг маж. Жената ќе ја препознае по нејзината надворешност, исто и трансексуалецот или трансџендерот е препознаван според тоа што надворешно го манифестира, и така. Битен момент е што внатрешното и надворешното се преплетуваат, колку и да му е тешко за поимање тоа некому.

    А сосема е возможно да се вљубуваме во секој кој не привлекол сексуално и изгледа по наша мерка, доколку поминеме извесно време заедно и пронајдеме карактерни сличности, или сме подготвени да ги надминеме меѓусебните разлики. Ама зависи од околностите дали ќе се случи или не.
    Не сакам да се мешам во вашите религиозни убедувања, но, душа не постои. Тоа однесување се должи на хормони, инстинкти, приврзаноста меѓу партнерите се појавува поради фактор размножување и грижа за потомството (не мора парот да има деца, туку тоа човекот го носи генетски и така функционира).
     
    Последна измена: 27 октомври 2017
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Женски
    Баш убаво објасни @Papillon.Papi
    Овие луѓе кои се заљубуваат во други луѓе а притоа не им е важен полот, постојат. Не се измислени, не се мит. Впрочем во секоја ориентација може да се појават и различни отстапки. Жена која се идентификува како хетеросексуалка, има физички/ емоционални односи со хетеро мажи, може да ја привлече транс лице, може да ја привлече друга жена, од вакви или онакви причини. Сексуалната флуидност е реална, не е мит.
    Лезбејка може да се заљуби во маж.
    Постои пансексуалност (pansexuality, or omnisexuality is the sexual, romantic or emotional attraction towards people regardless of their sex or gender identity. Pansexual people may refer to themselves as gender-blind, asserting that gender and sex are not determining factors in their romantic or sexual attraction to others).
    Nico Tortorella e пансексуалец кој е (или беше) во врска со лезбејка. Различни луѓе, различни дефиниции. Не спаѓаат сите во една специфична категорија. Секоја категорија има layers, и секој човек има свои "нијанси" различни од другите.
    Not everyone's living in a certain box.
     
    Последна измена: 28 октомври 2017
    На theowndemon и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.194
    Пол:
    Женски
    И ти перцепираш селективно, и не се задлабочуваш во суштината на нештата. Сето тоа што го напиша држи за некој мал процент, повторно останува фактот дека мнозинството продолжува да се однесува онака како што јас наведов.
    Човекот стекнува вакви или онакви сексуални преференци, врз чиј развој влијаеле обично надворешни фактори, а се раѓа како маж, со машки репродуктивни органи, или жена, со женски репродуктивни органи.
     
    Последна измена: 28 октомври 2017
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Јас одбивам да верувам дека игнорантноста може да оди до олкав степен. Ја гледаш Инес, личи на жена, таа самата вели дека е жена, ама ти одлучуваш да ѝ се обраќаш со машки заменки just because. Зошто, те молам кажи ми, користиш машки заменки, да ја спуштиш на земја, да ја потсетиш „која е“? Ако не сакаш да си дозволиш да бидеш поистоветувана со „хардкор либералите“, барем води се според основното морално правило: „Не прави го она што не сакаш другите да ти го прават.“. Дали ти сакаш да те нарекуваат со машки заменки? Не? Тогаш зошто користиш машки заменки за некој кој не го сака тоа?

    Верувајте, ќе ви беше полесно да не чувавте толку нетолеранција во себе. Не знам само како можете надвор од темава да проповедате љубов, добрина, чистота, а овде токму спротивното да го покажувате.
    И не знам зошто, ама теоријата дека транс луѓето се контролирани од ѓ#волот ми е малку неверодостојна. :lol:
     
    На 1209 и theowndemon им се допаѓа ова.