Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јас не сфатив дека треба да ти угодам на темава :|
    Ако Инес има право на своја волја и свои одлуки, а ти го прифаќаш тоа, зошто е погрешно да јас имам свој став по ова прашање и по своја волја да ословувам онака како што чуствувам дека треба.
    Сега Инес може да биде женско зошто не се чуствува како машко, а јас/ние не можеме да бидеме против кога не се чуствуваме за.
    Ниту јас твоето мислење ќе го сменам, ниту ти моето.
    Смешно е да очекувате да бидат прифатени од сите овие еднаш машки па женски ликови. Побогу кај нас не се прифаќа ланзам ни "на моето го додавам неговото презиме"
    Генерациски јаз.
    Не се труди да ми објаснуваш, зошто никогаш нема да се објасниме. Твојата толеранција е насочена на глобални појави, но ете ја нема кога некој не мисли како тебе.
     
    На baba Rada, do-re-mi, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Мојата толеранција ја нема кога се работи за нетолерантни луѓе. Ја нема кон луѓе кои свесно одлучуваат да повредат некој (како ти и останатите со заменките). Кажи ми како е мојата нетолеранција кон вас слична на вашата нетолеранција кон нив.

    Прво, тие се родени такви, не е тренд, не е од гледање телевизија, не е од Сатаната, не е одлука, не е став. Второ, генерално не повредуваат никој со тоа што се транс.
    Може да ве повредат вас што би се згрозиле на помислата дека сте легнале со транс личност, но рековме, генерално си го живеат животот како сите обични луѓе. Е сега, ако нивните пропагирања за ЛГБТ права на фб вас се повредуваат, тоа би било исто како да велите дека мајките што споделуваат слики од нивните деца 24/7 ве повредуваат. Ваш проблем.

    Од друга страна пак, прво, никој не е роден како трансфоб, исто како што никој не е роден расист. Тие работи се наследуваат од општеството во текот на животот. И можат да се променат. Второ, вашето однесување повредува други луѓе, колку и да ги сметате за изроди. Кога велам однесување, не мислам на одбивање секс со транс личност, туку некористење на посакуваните заменки.

    Таа е разликата помеѓу нетолерантност кон транс луѓе и нетолерантност кон луѓе кои свесно одбираат да бидат нетолерантни кон транс луѓе.

    You call it генерациски јаз, I call it изговор да се однесуваш игнорантно.
     
    Последна измена: 29 октомври 2017
    На SandraPink, 1209, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ти дали разбираш дека можеш да вреѓаш до 101 и назад и ничие мислење нема да смениш.
    Знаеш дека ти не си мој проблем и нема да ми се изремети животот ако ме мислиш за нетолерантна.
    Јас не сум во години кога може некој да ми го сврти паметот со 30 направени операции за да изгледа како што сака. Но се ПЛАШАМ за своето дете, кое може да се заљуби во некој Боб кој всушност е Стела, а потоа сознанието да го уништи. На никој не му пишува на чело дека си купил пенис. Јас ја знам ориентацијата на моето дете, но се плашам дека може да биде заведено, излажано. Затоа што тие личности со својот изглед залажуваат. Не е така? Ако не е, ако се родил и се чуствува мажот како женско, зошто има потреба од операции кога веќе во своето тело онакво какво што е, се чуствува како жена.

    Те молам во следното твое цитирање да го разглабаш само мојот став, а не и да ми објаснуваш примери во кои ќе се послужиш со моето дете. Тоа што кажав што е причина за мојот став по ова прашање, не значи дека ќе дозволам да биде земено како примерок за анализирање.
     
    На Aquamarine93, Rama, Vitaly и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Ако од некоја причина ти утре се разбудиш со машки полов орган, дали ќе имаш потреба да го промениш?

    Патем, бесмислена е одбивноста кон транс луѓе од оваа причина, затоа што ако гледаме од тој аспект, треба да имаш одбивност кон целиот машки род, бидејќи во секој од нив се наоѓа потенцијална опасност за твојата ќерка.
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Значи те замолив нешто.
    Точка на твојата реплика хумано беше да ставиш зад зборот опасност.
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Во ред, извини.
    Всушност, напишав подолго мислење каде детално објаснив дека дури и тоа што го кажуваш да се случи, не треба да се мешаш затоа што родителите и децата се посебни личности и вашата грижа за нив треба да заврши онаму каде што започнува нивната среќа.
    Но избришав бидејќи сфаќам дека емоционално судиш кога се работи за оваа тема, па затоа дискусијата нема поента.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ајде да зборуваме за основни морални правила.

    Дали според тебе е океј личност која е родена со пенис/ вагина да направи промена на личниот опис, полот и името а потоа да го затскрие тој факт?

    Еве да речеме дека личноста се чувствува поинаку, ама што правиме со моите чувства? Не е морално да се лаже, епа оваа промена на полот е баш тоа: исфилувано ама обично и огромно лажење.

    И да, ако он е роден како Стојан, нема да го/ја нарекувам Стојна, па била и нај-хардкор либерал.
     
    На Aquamarine93, Vitaly и Rama им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ако маж посакува да биде жена, нека биде. Не е потребно одобрение од рандом луѓе во средината.

    Нешто како кога вие би имале можност, на 50, да изгледате 20-30 години помладо. Повеќето би ја искористиле.
     
    На theowndemon, Ketchup и crimson им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Не е. Исто како што не е океј некој да скрие дека има STD.

    За ова инаетливото користење погрешни заменки можам да најдам само едно објаснување: веројатно ви се допаѓа да ја имате моќта да повредите некој.
    Замисли го тоа на овој начин: некоја деловна жена, која ја среќаваш секој ден на работа, знаеш дека се вика Маја. Но, по некое време, дознаваш дека има потекло од некое мариовско село и оригиналното име, пред промената, всушност и' било Станојка. Како ќе ја викаш, Маја или Станојка?
     
    На SandraPink, 1209, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Едно е промена на име друго е промена на личен опис и пол. Со полот се раѓаме а името ни е дадено, не сме родени со него.
     
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Некогаш името е дадено уште пред полот да се утврди.
    И во едниот и во другиот случај, личноста нема можност да бира.
     
    На SandraPink, Ketchup и Gosh им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Да некому му се обраќам со таа или тој, макар се родил тој или таа... е прашање на култура, почит кон личноста,бар за мене. Со тоа што јас ќе му се обраќам со „таа“, не ќе го сменам фактот дека таа претходно била тој и дека е трансродово лице. Не би требало да се гелда истото како бришење на вистината. Ами, како обична почит кон личноста спроти вас.
    Друго е да не сакам некој да ми сервира пропаганда за јас да имам секс со трансродово лице и да затоа што јас не сакам да ме доведува до состојба да го правдам мојот став и да кажам работи кои ќе ја навредат „таа“, само бидејќи...
    Оти, на ист начин и на оние, помалку привлечните за мене, не ќе им кажам точно „оти“ јас не би со нив, а нема да кажам од проста причина што никој нема потреба да биде навреден од моето „не“,уште помалку од мојата брутална искреност. Јас бар, умеам да прифатам не. И јас не секому се допаѓам и го привлекувам, дал за секс или за повеќе.
    Човек кој инсистира на објаснување и не прифаќа „не“, за мене е безобразен и без осет. Па, ако таа безобразност и непочитување на моето обично „не“ продолжи, пак и премине во држење предавања на тема толерантност и недискриминација, ќе добие исто такво непочитување на неговиот избор да биде тој или таа.
    Јас никому не му се мешам во неговите гаѓи и спална, соодветно, и тие нека да не ми се мешаат во моите. Бар толкава автономија како возрасни личности имаме и толкаво право да никој не се смета за повеќе од нас, да ни пропагира нешто поинакво од тоа што ние бираме или би избрале, пак и на база на нашиот избор или не-избор, мене ме квалификува како нетолерантна или дискриминатор.
     
    На SandraPink, YoungandBeautiful, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300
    Немам ништо против никого, кој како сака нека си живее. Како сака ќе му се обраќам, ќе го гледам и комуницирам соодветно на тоа.
    Брак се заснова не само врз љубов, почит и разбирање, туку и доверба, искреност и темелна комуникација за различни сфери од заедничкиот живот.
    И да, пред да се стапи во врска, или во истата, се дискутира и се разменуваат ставови за религиозни, политички, здравствени и слични сфери(како поосетливи) наспроти останатите за замисла за иднина, фамилија и сл. како тоа дали ќе се живее со свекрва :D.


    Доколку пред финалниот момент во матично дотичниот сеуште не нашол поволен момент да ми каже дека извршил операција од ваков вид јас не би можела да поминал преку лагата, односно премолчување на вистината.

    Друг доколку може, ок. Јас не. Би се развела уште следниот ден.
     
    На Gosh, Yowannty и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    @zhap4e, така е. Користење соодветни заменки е покажување почит кон личноста и всушност е најмалку што може некој да направи за нив. А не е воопшто тешко, напротив, мене би ми било out of place да нарекувам некој како Инес со машки заменки, само од инаетливост.

    За другиот дел, секогаш е погрешно кога некој мисли дека е entitled за секс и мисли дека некој мора да биде привлечен од него по секоја цена, независно дали се работи за транс личност, модел на Викторијас Сикрет или комшијата. Ама види, ова важи секаде и секогаш освен за Плејбој списанија. Не можеш да отвориш плејбој списание и да велиш еј, овие очекуваат од мене да сакам да имам секс со нив, how dare they...
    Некои мажи можеби не сакаат да имаат секс со црнкиња и се згрозуваат од самата помисла. Некои мажи сакаат. Затоа, во плејбој ќе има црнкињи.
    Некои мажи можеби не сакаат да имаат секс со транс девојки и се згрозуваат од самата помисла. Некои сакаат. Затоа, ќе има транс девојки во списанието. Е сега, ако на некој му е повредена сексуалноста, без разлика дали поради црнкињи и транс девојки, можеби подобро да не отвора плејбој.

    И не е дискриминација ако некој не сака да легне со транс личност, ама е дискриминација ако некој не сака да ги гледа околу себе. Не само што е дискриминација, туку е еднакво на расизам.
     
    На SandraPink, 1209, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Е барем за овој дел од ,,проблемот“ – не хардкор, ами воопшто не мора да си некаков либерал. Едноставно треба да го испочитуваш туѓиот личен избор на еден коректен, макар и формален и практичен начин. Нема тука никакви чувства, чист инает е ова.

    И колку пати треба да се повтори дека според никој не е во ред криењето на толку важен факт од личност со која ќе стапат во интимна врска?
     
    Последна измена: 29 октомври 2017
    На SandraPink, 1209, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не може да се спореди промена на име, лик и пол со едноставна промена на име.

    Не е моќ на повредување, мое право е да знам со каква личност правам муабет. А целиот процес на менување наметнува многу прашања за тоа како околината се чувствува.

    Во ред, еве сите се согласуваме дека не е во ред да се крие таква информација. Но, кога некоја личност ке го помине процесот, покрај личностите кои се запознаени со таа промена, постојат и личности кои не располагаат со таа информација. При запознавање, тој откако постанал таа, ке се претставува со женско име. Дали и кога вистината ке биде откриена е тешко да се каже.

    Затоа и овој процес, и покрај тоа што е лично право на поединецот, отвара низа прашања. Мене не ми е соодветен делот кај што целата поддршка ја имаат трансџендерите, тие се жртви, а правата и одговорноста кон останатите е занемарена.
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R Не, за секс имаш право да знаеш, ама за обичен муабет немаш. Во обичен муабет не спаѓаат гениталии, па затоа лицето со кое зборуваш нема никаква обврска да ти објаснува детали за неговите гениталии. Ме интересира дали очекуваш луѓето да ти кажуваат работи за своите гениталии при секој муабет, како на пример, дали имаат генитален херпес или бразилска депилација.

    Што е следно, ќе побараш да се соблечат за да знаеш кои заменки да ги користиш? Жити мене, оставете ги луѓето намира, не се должни да ви го објаснуваат целото минато, кога вас тоа воопшто не ве засега.

    Отворало низа прашања за тоа како околината се чувствува. Знаеш што друго отвора прашања за тоа како околината се чувствува? Девојки бремени на 14, абортуси, парови што немаат деца, луѓе кои живеат со родителите на 30 години итн., генерално луѓе со свои животи и одлуки, во кои околината нема право да се меша.

    Нема како ти да се чувствуваш за нечија приватна работа. Не ти влијае тебе нивната промена на пол на никаков начин. Не разбирам зошто поширокото население се осеќа увреџено и повреџено зашто некој таму сменил пол.
     
    На 1209, theowndemon, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    @Lella, трансродовите лица не се толку шриоко прифатени ко fuckable object нити од геј и лез популацијата, оти пак сега да водиме некаква кампања за,као, да и ги прошириме видиците на стрејт популацијава и „да им го корегираме“ погледот кон она што е fuckable или не за нив..небаре е лошо тоа што они за fuckable ги мислат само жените родени со женски полов орган. :)
    Лошо ли е да некој посакува да си го дрка, да има секс или биде во врска исклучиво со жена - родена ко жена, со женски полов орган? Оти во таков случај, таквиот, има проблем и со мене. Има проблем и со лез и геј лицата кои во трансродовите лица... не гледаат некаков си fucкable object. :)
    На некои од нас, а сме многу, не ни е доволно пластична вагина или пластичен пенис, за да доживееме... sexual arousal и за политичката коректност во однос на she/he ни го избрише од меморија фактот дека, таму долу некогаш имало друг орган.

    Оти го прифаќаме со таква отвореност и разбирање... психолошкиот проблем -односот кон своето тело и полов орган на Инес, кој ете, не тангира никој друг нели (и тука кога дискутиравме за првата операција сите тоа го зборувавме дека е нејзино тело), и психолошкиот проблем сме дозволиле како општество да биде третиран со ништо повеќе од естетска хирургија (што е ок,ајде, мада во многу други ситуации е out of mind да психолошки проблем се третира така и кое,ако ме прашуваш не е баш getting to the root of the problem,нели) и сега, од строго личен избор и проблем на трансродовата личност, ние како општество, ја наметнуваме на целиот колектив - нејзината fuckableness (која е повторно личен проблем) и ја издигаме на ниво на општествен проблем со кој „бу!“ им правиме само на стрејт популацијата и доброволно прифаќаме да преку пропаганда работиме на психолошкиот проблем/кочница: "girl with a dicк?!

    Ако односот на Инес во врска со нејзината сексуалност и тело бил личен проблем, и го третираме како таков, тогаш, личен проблем треба да е и fuckableness-от на сите трансродови лица. Исто ко што е личен проблем на оној кој, како што потенциравте, кујзнае колку пати... си го издркал на Инес па откако сфатил дека е man with a dick се згрозил од самиот себе.

    Ама,чим некој мисли дека треба да го издигаме прашањето за fuckableness-от на трансрдовоите лица на ниво на проблем на целата заедница, во тој случај, сосема нормално би било и да почнеме да ги преиспитуваме нашите одлуки како општество, да им се дозволуваат операции за промена на пол и истите да престанат да се третираат како личен избор :) оти, реално, ако одиме во насока да нивната одлука влијае врз самите нас, и нашите животи (сексот, побогу)......нема ништо лично во изборот да некој си го промени полот. :)

    За црнците... па и ден денес, и покрај сето прифаќање на црнечката заедница, има луѓе кои не гледаат кон црнците ко fuckable object...и покрај тоа што, дел од истите, и немаат никаков проблем со нив како луѓе, личности. Нема тука никаква дискриминација. Има врска со преференции, привлечност.

    Патем, и мене да ми се сервираат истите работи и јас ќе реагирам. Не оти ќе очекувам Плејбој да ми се извини во следен број од Плејбој, или Инес да излезе да се извини што ме замајува со своите заносни облини, демек цц...ами, кога веќе се нафрлаат тука и насекаде секакви примерчиња, за да си ги оправдаме ставовите... иста реакција ќе добиеш и кога на вегетаријанци, во „нивно“ списание ќе објавиш на насловна страна..слика од јагнешки котлети од младо јагненце и/или некој сочен дабл бургер обвиен со тазе сланинка, свежо обрана... пак и наслов уште стави им Celebrating life. :) Е, ок, нека ја прескокнат насловната...нека прескокнат и страницата каде е јагненцето,, гудето и говедцето се спржени на маслиново масло и брцнати во сос од лукче и павлака, мљац.

    Плејбој, реално и искрено е страшно небитен, се до оној момент кога ваквиот стил на „еве ти га на“ кон Трамп или било кој иден Трамп, кој ќе носи озбилно дискриминирачки закони и одлуки со кои се кршат основни човекови права на ЛГБТ лицата... ќе стане норма,тренд. Оти, во ова радикализирање на леви и десни, жути и бели, разумноста страда, страдаат генерации луѓе кои испаѓаат ништо повеќе од експериментални глувчиња на нечии политики и одлуки. И, обично, треба децении за да некои други генерации разберат.... колку тоа било лошо и какви се последици имало врз колективот и поединецот.
     
    На Rama и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Пак ќе кажам, сосема различно е промена на име од промена на личен опис и пол. Како што јас неможам и не сакам да ве убедам дека тоа не е природно ниту добро така вие би било добро да престанете упорно да пробувате да не разубедувате дека само вашите ставови се оние вистинските. Да сакав да ви се допаѓам едноставно ќе бев како вас. Јас против Бог (природата) неможам да одам и ќе ги нарекувам луѓето соодветно како се створени а не како тие сакаат. И јас сакам Фирер да ме викаат ама другите не сакаат така па Витали ме викаат, треба ли да го сфатам како навреда тоа? :)
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Можеш да си го смениш името, ептен е лесна процедурата за тоа :yawn: