1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Anna-marija.

    Anna-marija. Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Конечно, исчекав вакво нешто во Македонија.
    Фала Ви од срце на сите што имате позитивно мислење по ова прашање, имало луѓе сепак, а и надеж дека еден ден ќе биде подобро за таквите како нас! :hug: :hug:
    Се надевам и дека во иднина ќе се зборува уште повеќе јавно и јасно и гласно на оваа тема. Јас сум трансжена (жена заробена во машко тело), се надевам дека ќе дојдат и "моите пет минути", кога ќе е во прашање операција...
    Инаку, за сите Вас кои не осудувате, јас ќе Ви кажам само една работа, дека ова не е никаков хир или некоја будалаштина умислена во нашата глава... па ајде сега мене ми текнало оп пол ќе сум мењала, немам попаметна работа, циркузанти сме биле или не знам што... само јас си знам, секако и другите како мене, колку е само тешко да живеете во такви околности и услови, јас да не навлегувам ама уште од кога знам за себе се осеќам како женско и не, не е никаква илузија или измислица! така и се однесувам, говорам за себе во женски род, ме интересираат исклучиво женски работи... Само јас знам како стигнав до еве 21 година, колку бев малтретирана, плукана, навредувана, отфрлана, дискриминирана... едвај завршив основно и средно, од факултетот се откажав секако, не можев да издржам мислев ќе пукнам и се отпишав, за работа се снаоѓам исто едвај, секако на голем дел им сметам/в... колку само обиди за самоубиство сум имала до сега, среќа што сум жива сепак и што не ми успеаа... Јас ни на душман, не му посакувам овакво нешто, ова не е играчка - затоа Ве молам пред да кажете нешто, добро размислете!!!
     
    На SandraPink, sj *O*, Црна Ружа и 16 други им се допаѓа ова.
  2. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Епа со здравје да си ја носи.(hollest)
    Негово тело - негов избор.:hai:
     
    На SandraPink и blackwave им се допаѓа ова.
  3. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал. Се надевам дека еден ден ќе успееме да го направиме светот подобро место за живеење, како за сите, така и за вас. Страшно е да помислуваш на самоубиство, да се откажуваш од животниот сон, да не можеш да најдеш работа, само затоа што си поинаква. Те гушкам, ќе биде подобро!
     
    На SandraPink, sj *O*, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.985
    Допаѓања:
    233.282
    Бриџи, Миа ли ја читаше?
    Мене ми боде во очи што Фондот покрива ваква операција, а болни деца и возрасни чекаат и собрираат донации.
     
    На sj *O*, MilaP, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Менување пол сигурно нема никаков проблем со христијанството. Осудата на другиот има.
     
    На sj *O*, Salome, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Anna-marija.

    Anna-marija. Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Дај Боже мила, знам дека е страшно да се помисли на самоубиство ама кога едноставно си притиснат до ѕид буквално за жал ти изгледа дека немаш друг избор... Те гушкам и јас, да си ми жива и здрава!
     
    На SandraPink, sj *O*, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Браво! Чекори си гордо напред, заборави на минатото и докажи дека си добра личност.
    Многу ме гневат потсмевањата и неприфаќањето од околината. Секој има право на среќа и добар живот. Кои се тие да газат други луѓе, само поради тоа што се различни од нив...
     
    На MagsDestiny, blackwave и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    А-хам, сигурно.
    Библијата е четиво кое изобилува со осуди. Христијанството е хомофобично, впрочем дискриминирачко по разни основи. Тоа што се прават обиди за релативизација, со цел да се одржи и таа бесмислена религија во денешниот либерален свет, не ги менува фактите.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам. :) Викаш дека менувањето пол нема никаков проблем со христијанството. Како нема никаков проблем кога тоа е спротивставување на божјата волја? :) Мене Бог ме дал женско, јас ако направам операција и станам машко, тоа е погазување на Неговата волја и има и тоа каква врска со христијанството. :) Овде се` некои модерни христијани, ем веруваат во Бога, ем прифаќаат некои извртени, неприродни работи. :D Точно е дека и осудувањето на другот има врска со христијанството и не е добро. Но има разлика меѓу осуда и неприфаќање. Она што Библијата не го дозволува, не го сакаме и не го прифаќаме ниту ние верниците. Тоа не значи дека осудуваме. :)
     
    На Rama и shz им се допаѓа ова.
  10. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Далеку е од бесмислена. Јас на христијанството гледам како на безизмерна љубов, Исус Христос е бескрајна љубов, себеспознавање и соочување со реалноста за конелноста за материјалниот свет. Но, така јас ја лувстувам, може ти гледаш со други очи и може не пишува така во библијата. Јас сум верник од што сам одлучив да верувам во Бог, не затоа што така пишиувало негде или некој ме принудил. И искрено, не знам ништо од библијата.
     
  11. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Ти мислам дека повеќе збориш за стариот завет, кога Господ Бог барал разни жртви од човекот. Во новиот завет ние сме слободни суштества и можеме да правиме што сакаме додека сме на земјата. Кога ќе дојде судниот ден, Бог ќе ни суди, дали сме биле грешни или не. Не е наше да судиме.
     
    На theowndemon и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Вас не ве сфаќам. Место да се браните дека некои работи во Библијата се outdated и да се повикувате на љубов и себепронаѓање, вие уште толку.
    Наоколу гледам дека повеќето христијани се приспособуваат кон новите гледишта на општеството и тоа мене ми е сосем океј, иако е оправдување. Сметам дека е во ред, и време е да се направи едно ново ,,толкување" на Библијата кое ќе вели дека е против хомофобија и трансфобија и дека треба да се шири љубов, независно во која форма.
    Иако според мене, тоа сè уште е bullshit бидејќи низ годиниве илјадници луѓе си ја извртуваат Библијата и не постои една конкретна, висинска верзија.

    Ама како што реков, задоволна сум со тоа, бидејќи на тој начин можеби милијардите тврдокорни христијани во светот конечно ќе се оттргнат од стегите на минатите учења, и ќе тргнат по тоа учење на Библијата.
    Зборот ми е, морате да се прилагодите ако сакате да опстанете или со други зборови, подобро за вас е да си ја апдејтирате Библијата.
     
    На Annath, 1209, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Ако треба нека ја апдејтира некој, засега мое е да ја прифатам таква каква што е. :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Ако треба да оставиш така како што Бог те создал, тогаш не треба ни да ги депилираш влакната од телото или да ја фарбаш косата.

    Според мене, секој има право да биде тоа што сака. Реално, додека не се осеќаш подеднакво исто, никогаш нема да можеш целосно да ја разбереш перпективата на тие кои сакаат да го променат полот. Како можеш да осудиш нешто што не разбираш?
    Пробај замисли. Пример: жена си. Размисли што те прави жена, убаво осети ја женственоста во тебе. И оп, погледни надоле: машко тело. Не знам како е, но замислувам дека е така. Зошто во тој случај да не го промени полот? Природата не прави грешки? Луѓе се раѓаат со секакви физички деформации и луѓе им помагаат, ги лечат, ги оперираат, ги менуваат. Ја исправаат грешката на природата.
     
    На sj *O*, 1209, P.S.love и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    А ако ја сменат, ќе си ги смениш ли ставовите?
     
    На 1209, Avery, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
  17. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Библијата не е закон па да се менува. Колку што знам, сведоштва се.
     
    На Tinushka и Rama им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    И тоа како се менува. Библијата е расипан телефон, јас верувам дека авторите не би можеле да си ја препознаат денес.
    А има големо влијание, како што гледаме, па тогаш зошто да не ја приспособиме кон денешните општествени сфаќања?
     
    На Gosh и Victorian им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Е браво за тебе.

    @Lella, зарем оправдуваш нови фалсификати и фабрикации преку кои црквата ќе продолжи да манипулира и да профитира од илузиите на огромни маси народ?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Вистината е една и не се менува. :) Но да не забегуваме од темава, поентата ми беше да се коментира конкретно за еден ваков нов чекор за државава, конкретно за еден ваков хируршки зафат како новина а не да толкуваме нечија психологија.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.