Ако тоа е потребно, тогаш да. Секако дека подобра опција е да се остават во минатото тие свети книги веќе и луѓето да ги одредуваат своите ставови според сопствениот разум, ама за жал, тоа не е изводливо, како што гледаме. Тогаш, барем да ги смениме светите книги и да ги поштедиме загрозените групи луѓе.
Не верувам дека има преостанати сведоци за животот на Господ Исус Христос, така да тешко дека има некој нешто да каже. А, за апдејтирани верзии има колку сакаш.
Баш имаше ваков случај пред неколку години во Србија. Дечкото бил и во затвор затоа што правеле нешто ко протести против геј правата. Откако отишол во затвор таму уствари сфатил дека и самиот он е транс, па после ќе правеше операција ама не знам што се случи понатаму.
Уште малку па ке излезе дека операцијата е голем чекор за човештвото, а посебно за граѓаните на РМ.... Нити сум воодушевена, нити ми пак смета што некој направил таква операција. Само знам дека не е за возвишување, ниту за глорифицирање случајов.
Па има логика, цело време си хомофоб затоа што се плашиш дека ќе те етикетираат како педер, збунет си затоа што не разбираш како може баш на тебе да ти се случува тоа, па се прашуваш кај си згрешил во животот. Твојата внатрешна борба станува борба против сите што се како тебе. Тешки филозофии терам
Ако некој/а не може да се прифати и да има нормален живот со својот полов идентитет, и ако е здрава психички личноста без можност да се покае подоцна во животот, зошто да не. Затоа и се прави психичка проценка претходно. Како велат, секој со своето, мене ни ќе ми смени нешто во животот, ни е битно што мислам за тој човек, па да судам и расправам за постапката.
Новата влада само 3 дена постои,а веќе тргнавме напред кон Европа Рекоја дека ќе се залагаат за повеќе права на ЛГБТ заедницата и оп ете со лесно конвертираја маж во жена,јупиии и ние треба да сме со отворен ум и да ракоплескаме зошто ако е поинаку заостанати ќе не прават,пу пу
И ние во мк модерни сме станале, операции за промена на пол правиме. Браво за нас Што да речам, освен со лесно нека му/и е опоравувањето, сигурно не е лесна операција, и следи тежок период на опоравување. Како православна христијанка сметам дека треба да се сакаш каков што те дал Бог, ама пак, не сметам дека е некој грев. Мислам, се додека не му наштетуваш на друг, нема ништо лошо во донесување такви одлуки. Само се надевам нема да се покае во иднина, па пак да му го враќаат во систина
Јас не би менувала пол во никој случај.Кој што сака нека праи, ќе живеам како што ме дал Господ.Како ме дал така ќе живеам задоволна сум од себе немам што да кријам немам ни плус ни минус..не би ја напраила операцијата од страв дека ако се покајам нема назад. Не гледам нешто за воодушевување во постапкава и не ја оправдувам баш.
Ne znam kako se osuduvat na takov cekor treba mnogu cvrs karakter da se resis na toj cekor maz mi odamna se oblekuva kako devojka vo noknici i fustani stikli i se drugo ama zatoa znam samo jas i ne se osuduva toj za ponatamu zaradi decata pred se a da se odlucis na promena na pol treba da si mnogu odlucen vo toa
Какво време иде, утре нема да се знае кој кого/што ебе. А му стаиле важајн? А репродуктивни органи? Барем кога го ебат нека раѓа, да види што е болка а не само уживање додека се трти. Ако сака модерен да биде, нека биде жена со сите салтанати, нека има менструација и менструални болки, а не да се шета со штикли и кило шминка. Ах беее златен багер. Тие пари за такви операции нека ги донираат за болни деца или за сексуално воспитување во образованието за да кога ќе пораснат не би им текнувале вакви сулудничави идеи. Мое мислење, ноу хард филингс
Во темава прочитав компарација на промената на пол со ставање силикони и некако имам чувство дека луѓето многу едноставно си го сфаќаат тоа, како да е само еден хируршки зафат, малтене сечење непце на умник. Прво, барем во случајот со кој јас сум запознаена, лицето поминало низ еден куп хормонски терапии, секакви медицински интервенции, операции, за после навистина подолг период полот целосно да биде променет. Не е тоа нималку лесна процедура, ниту од физички, ниту од психички, ниту од емоционален аспект. Да не зборуваме за тоа колку голем ризик се презема. Силиконите на гради се ставаат за саат-два, крај краева ако сакаш после можеш и да ги извадиш. Друг многу битен момент за кој гледам дека никој не зборува е правната несигурност што сега ќе ја има ова лице, затоа што Македонија нема закон кој го регулира ова и државата нема да го признае како жена. Може да смени име, ама во лични документи нема да му сменат пол, уште помалку матичен број. Лица кои веќе го промениле полот, борба водат со нашиве институции, се влечкаат со судски спорови, работата дури и пред Стразбур ја доведуваат, ама дали во догледно време ќе има резултат во нивна корист - стварно не знам.
На коментариве дека "новата влада е одговорна за ова" и дека промената на пол е "налудничава идеја", не знам дали да се смеам, или да плачам.
@blackwave Ова за новата влада го спомнав јас,и патем бев малку саркастична,но исто така сакав да наговестам дека таа нова влада се залага во иднина да има се повеќе вакви конвертирања. Е па нека ни е на здравје
Сега баш со мајка ми коментиравме, легенда ми е. Ставот и е како на @Abeja , вика: Сака жена да биде а не сака да раѓа, само да се.. кхм. Глупости бе, глупости.
Мислам дека ја утна темата...Да не сакаше да пишеш во темине за педофили, силувачи, Доналд Трамп? Не,а? Ок...