Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Па реално да почнам да работам 98% од платата боље на болни дечиња да иде кои се борат за живот него за некои што немаат попаметна работа у животот па си го менуваат телото.Со тоа покажувате дека немате поштовање према себе а барате другите да ве поштуваат?
    А шо праиме ако се покае хм?Да се убие треба?Или ај нека иде нека си вади матка ваму таму па ако се премисли голем т***ак? Конкретен пример
    http://telegraf.mk/zabava/getset/ns...meni-izgledot-sega-saka-da-bide-maz-foto.nspx
    и сеа шу праиме?
     
    На sj *O*, MilaP, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Аџибадем. Ова со ЛГБТ лицата е одамна тешка политика, нека не те изненадува воопшто. Ако не е доволно сомнителен тајмингот, сомнителна е сета ангажираност по интернетов. Веста можеше лесно да помине како само уште една во информативниот блок на ТВ, ама не...
     
    На zhap4e и Victorian им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Ај прво да те прашам, дали твојата плата, кога ќе добиваш, ќе оди автоматски на сметка на транс луѓето, па да викаш подобро на деца да ги дадам парите отколку на нив? Што, ти да не си ја финасирала оваа за нејзината операција?
    Не? Тогаш не е твоја работа да се мешаш кој каде ќе ги даде сопствените пари. Ајде ти ако се случи добиеш воспаление на слепо црево, дај ги парите на дете болно од рак, бидејќи повеќе му требаат нему.
    Така бива?

    Да, за една транс-личност од животно значење е да трансформира. Иако јас не го разбирам тоа бидејќи не минувам низ тоа, само тие знаат како им е, а не ни треба да ви даваат вам објаснување колку оправдано ги трошат своите пари.
    Ако се покае, нејзина работа, нејзин проблем, не е твој, па не гледам од каде толкава загриженост.
     
    На sj *O*, 1209, Victorian и 11 други им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    52.029
    Пол:
    Женски
    Ама негов проблем, шо сака нека прави ако се покае.

    Почни ти да работиш, па ќе видиш дали со 98 посто од платата ќе храниш болни деца.
     
    На sj *O*, 1209, Avery и 10 други им се допаѓа ова.
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.537
    Пол:
    Женски
    Абе ќе ужива ли во сексот како нас жениве, ќе може ли да доживее оргазам и слично???
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Види златна, очигледно не си ми го сфатила мислењето така да не цитирај колку да се собере некое лајкче океј?Јас зборам за МОИТЕ пари, кои ЌЕ ги имам во иднина.За другите не ме интересира, не сфаќаш ли?Моето мислење е тоа.Пошо тоа е идење против природата и Господ.Реално, да пливам во пари не би напраила такво нешто, првин не ми е сфатливо која е фората да мењам нешто што е дадено од Бога?Нема лица родени со ивалидитет? Има, тие неќат ли да имаат подруг живот?Или одма мора да рипате ко кучиња на лопов?Второ, задоволна сум си и со телото и со све, кој ме прифаќа ме прифаќа кој не чао пријатно.Фала Богу ојачана ми е самодовербата а и психички стојам супер.
    А тебе ако не ти одговара моето мислење и не се согласуваш не ме читај.
    Не се секирај ти, испланирано ми е мене се.Затоа и го реков тоа. Плус ако можам да ги хранам и лечам зашто да не?Мене ме боли душата за таквите дечиња, зашто да не помогнам?Не дај Боже можда моето дете ќе е такво или внуче било што.Круг се окрече никад се не зна.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    52.029
    Пол:
    Женски
    Смири се малку, никој не те напаѓа.

    Не се реални работите што ги пишуваш, плус мешаш неповрзани работи.
    И јас никогаш не би сменила пол, ама баш ми е гајле дали некој друг сменил.
     
    На sj *O*, 1209, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам да се направеше успешна трансплантaција на срце или друг орган за опстанок,
    ќе бев пресреќна. Волку фама за менување пол?!?!
    Го прочитав на ФБ постов,
    Во Систина:
    -Дечкооо!!
    -Не сум дечко, девојка сум.
    Што да кажам освен дека исчезнува се она што е нормално, а се наметнува она ненормалното(бар за мене. На некој мене што ми е нормално,нему му е ненормално и тако даље).
    Си правам филм сега...еве фаќам дечко. Леоптан, фин, мил, најдобар итн.. Тој да ти бил женска до вчера. Фујјјј! Ишшш!
    Не ми штима некако и нема да го птифатам, а ниту се мешам во нечиј избор, но јас како идна мајка не би го одобрла никогаш на свое дете. Бог не создал она што треба да бидеме, а не она што општеството лукаво ни го подметнува.
    Вауууу, сменил пол! Животно достигнување.
     
    Последна измена: 4 јуни 2017
    На Rama, realGirl, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да, ако нема компликации, не само што ќе може да доживее оргазам, туку и ќе се влажни и ќе мириса како нормален женски полов орган. Истата кожа и нерви кои преходно го граделе пенисот ги користат за да ја изградат новата вагина.
    Кај женско во машко ситуацијата е малку поразлична... ме мрзи да објаснувам, а и јас не сум нешто премногу запознаена...
     
    На theowndemon, blackwave и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    1. Распрашај се наоколу колкав процент од платата луѓето даваат на транс луѓе за нивните трансформации? Ни денар. Што е работата сега? Зборот со платите ми беше дека велите дека подобро на болни деца да ги потрошел овој парите. Ако е така, зошто вие ги трошите на кафиња, шминки и сл.?
    2. Секако дека не ти е сфатливо бидејќи ти не си транс. Ним им е сфатливо.
    3. Сериозно мислиш дека инвалидите да имаа можност ќе седеа и ќе викаа ааа не, така ме создал Бог, така ќе си останам? Кога имаш можност да ги поправиш грешките на природата (еве, Бог) зошто да не?
    4. Ти ме цитираш мене, па ми викаш што те цитирам и што те читам. :D
     
    На sj *O*, 1209, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Девојче ме читаш ли бе ти мене уопште?Каков транс какви глупости?Кој ги спомна нив?Зборам за луѓе шо не знаат шо со себе и парите и БОЛНИ ДЕЦА,не ми ги извртувај зборовите.
    Ти пари не трошиш на ништо?Кафе не пиеш, шминка не користиш ништо не праиш на воздух си цел живот така?Не ми проповедај нема безгрешен.Од кај знаеш дека на сметка можда немам пари и дека пола од нив уште од сега ги чувам за некој кому стварно му се потребни него ја да си купам некое ново парталче?Мрзам коа ми судите шо како.Јасна си бев.Топ имал храброст ама мене не ми е сфатливо никад не сум поддржавала такво нешо нити ќе поддржам макар ме тепале до смрт.Ако не се согласувам со вас не значи дека сум назадна, него дека размислувам поразлично.Тоа 3тото го изнатресе фала богу пошо не си ме сфатила..
     
    На Rama, Abeja и Petra777 им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Па ти ги мешаш болните деца упорно, додека темата е за транс луѓе. Ти твоите пари давај ги на болни деца, ама не очекувај од другите да ги ставаат милионите болни деца пред своите приоритети. Јас немам свои пари, а да имам и да ми треба ваква операција секако дека ќе ги дадам за операција, а не за болни деца.
    Јас апсолутно воопшто не му судам на никој што не дава пари на болни деца.

    И ај те молам објасни ми што ти беше финтата со инвалидите, бидејќи нивното замешување на темава само на тоа имплицира.
     
    На sj *O*, theowndemon, Anna-marija. и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Значи за тие што го напаѓате овие што си го менуваат полот, да знаете и тие не сакаат да им се случува тоа , дали имате слушнато за женски дух заробено во машко тело или обратно , тоа не е со сакање или ете ги фатил бесот па ке го менуваат полот , тоа е тежок проблем да си заробен во сопственото тело , тие најдобро си знаат како им е, но не ги осудувајте затоа што тој што поминува низ тој проблем знае најдобро низ што поминува.
     
    На sj *O*, Nigredo Odor, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    52.029
    Пол:
    Женски
    Па темава е за транс луѓе, не е за болни деца.
     
    На sj *O*, theowndemon, Anna-marija. и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ако човеков сам си ја финансирал операцијата, беспредметно е ние да коментираме што и како требал да направи со сопствените пари. Негов живот, негово право, негова одлука.

    А дури и операцијата да била финансирана од фондот, да ви посочам дека сите кои се буните против тоа и викате дека парите можеле да се искористат за лечење на некој тешко болен, сте лицемери.

    Ако сте толку загрижени за тоа како нелогично се трошат пари од дефицитарниот здравствен фонд, тогаш откажете се вие од парите кои ги трошите од фондот за баналности.

    Што е побитно - да се оперира некој болен од рак или вас да ви се покрие лекарскиот преглед и антибиотиците кога имате обична настинка?

    Всушност, најголемиот дел од парите од фондот се трошат баш на такви баналности, а не на операции за промена на полот.

    Сте помислиле на ова? Секако дека не.

    Ама, битно си кажавте дека едната операција за промена на полот направена во државава ви засмета.

    Невидени хуманитарци сте, нема што.
     
    На sj *O*, Annath, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Глеј, поентата беше дека има луѓе кои би дале се за да не во состојбата во која се додека има некој што не е задоволен од ништо, мислам не знам шо има тука нејасно.Нели си толку паметна читаш книги блабла епа читај меѓу редови малце.
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Мразам кога некој пишува во загатки, ама колку што сфатив инвалидите и болните деца сè би дале да не се во таа состојба, а трансџендерите из чиста мира си прават операции.
    Па и тие сè би дале да излезат од затворот во кој се наоѓаат и да се чувствуваат нормално во своето тело. Тебе ти е несфатливо, ама тие минуваат низ пекол. Замисли ти, женско, да мораш да живееш во тело на маж? Само замисли.
     
    На sj *O*, theowndemon, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    @Bender Rodriguez Не е лицемерност колку што е неинформираност. Еве јас не знаев дека прегледите за настинка , антибиотиците, сирупите за кашлица и слично (лекови за кои јас порано сум плаќала најчесто од џеб оти ги нема на фонд) се тие што го цицаат фондот и нема пари посериозни болести да се третираат.
    И не секој го спомнува фондот оти е хуманитарец во душа, туку ете според свое мислење и знаење распределил приоритети.
     
    На MilaP, Rama, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Е мило ми е што најпосле ми ја сфати поентата на муабетот.Не морам јас ништо.Не сум таква особа.Има разлика меѓу тоа да си роден таков *шо не верувам ретки се случаевите и да ти текне да си смениш пол као Конџита Вурст на пример кој/а сега се кае за тоа..хх
     
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Ама јас прашав стварно информативно и сериозно за информацијата. Еве дајте некој линк, скриншот од вест во која пишува дека операцијата е финансирана од државата, па можда и ќе добие некаква смисла таа насока во која ја свртевте дискусијата.

    А толкава фама со воодушевување јас исто не видов, ја имаше веста на телевизија, портали и тоа е тоа. Веќе наредниот ден еве само твитерџиите уште како и секогаш се закачуваат за една тема и баш и они ругаат и се прават интересни. Негативните реакции се баш поинтензивни, поизразени и во таа смисла се прави фама.

    Иначе имате инкогнито "поздрав" од мој познаник што како 22-годишен академски граѓанин се смее на Благодушка и ја шернува Сузе Турунџиева, нему му е ова mn strasno :worried: Да знаете вие најужаснатите и најзакоравените против ова, со кого делите ментален склоп :D
    А бе, ни Макрон, ни Трудо тука да дојдат на власт, народов не можат да го влезат асално во 21 век... Тоа е.
     
    На Annath, Avery, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.