Конкретно детски стоматолози само на клиника, или на Европски универзитет. Не работат тие како ПЗУ, само во јавно здравство се. За на клиника треба упат од матичен, макар што мислам дека може и директно да се оди таму. А на Европски е приватно. Од детски стоматолози ги препорачувам др. Оливера Саракинова (и на клиника и на Европски работи), др. Елизабета Георгиева, др. Мери Павлеска (вториве две на клиника се сигурно).
Детствoтo ми пoминa нa детскa стoмaтoлoгијa a и тинејџерските гoдини истo. Верoјaтнo е дo мене aмa згрaдaтa кoгa ќе јa видaм нoзете нaзaд ми се врaќaaт Не знaм дaли Филдишевски уште тaму рaбoти, дoктoрoт беше мнoгу фин. Меѓутoa тaму немaше ништo "детскo" a мaлиoв aкo имa зaби кaкo мaјкa му ќе си гo пoмине детствoтo тaму. Не декa бaрaм сегa детскa oрдинaцијa oд филмoвите меѓутoa вaжнo ми е и oкружувaњетo и пристaпoт нa дoктoрoт. Нa клиникa не мислев секaкo дa oдaм пa ќе се oбидaм вo Еврoпски, се нaдевaм декa рaбoтaт и пoплaдне. И тaкa првиoт пaт oдиме зa дa се "вoзиме" вo стoлче и дa се зaпoзнaеме сo дoктoрoт пa ќе спoделaм искуствo.
@*Лорена* Ние пред некое време имавме потреба од стоматолог и мене ми беше битно да е пријатно шаренко,фин пристап.Во државна на детска стоматологија е такво ама не се работи со едно дете нели има повеќе одеднаш.Додуша син ми е мал неможе да се објасни да се поткупи или разни приказни зошто имаше само година и некој месец,а многу се плаши од доктори мантили.Посетата во државна заврши лошо пиштење вриштење и се откажав.Од после најдов една фина млада докторка Александра Асенова ординацијата и е во н Лисиче со супер пристап.Прво се чувме ја замолив да биде без мантил за да нема одма испади и плачки па го оставивме да си потрчка таму да се опушти тек отпосле го ѕирна нормално пак поплака ама не беше страшно и се смири.Нејзин совет беше,ако треба детето да се носи често без да се работи,чисто да се запознаат да си разговараат да се сузбие стравот детето да ја гледа како пријател.Работи и со фондот не е шарено ама односот и е прекрасен.Исто имам слушано и за доктор Ниневска и таму ти е шаренко ја фалат.
Нас првата посета на стоматолог ни беше доста интересна...прво се плашеше да седне, ама кога почна столицата нагоре-надолу многу и се допадна, па имаше плачки не сакаше да слезе од столица....За уста отварање, отворивме со страв...битно забчињата се здрави.Потоа ја убедивме на друго столче да седне да се повртиме и повозиме...докторката ни надува балон од ракавица и не сакавме да си одиме...морав во раце да ја изнесам крената. Инаку многу сме плашливи.
Да, мислам дека е уште таму. Ок се луѓето што работат таму, во глобала. Ама не е шарено, тоа да. На Европски сигурно ќе му се допадне на детето, мислам дека столица диносаурус имаа ама не ме држи за збор.
Ќе видиме утре кaј др. Емилијa. Др. Oливерa рaбoтелa сaмo пoнеделник дo 3 чaсoт зoштo е прoфесoр пa имaлa предaвaњa. Oвaa дoктoркa и билa деснa рaкa т.е. зaменa.
Само најдобри зборови имам за Емилија. И јас и мајка ми ја имаме посетено, а и сум била присутна кога работела со мали дечиња на соседен стол.
И јас имам огромен проблем со син ми и стоматолог, т.е заплашен е од сите доктори, установи,аптеки и сли.што потсетува на лекар. Фобија страшна! И покрај удобноста, комодитетот, односот на стоматологот дете никако не прифаќа да соработува. вака изгледа нашата ординација.
Од година ипол го носам на преглед на забар, до сега немал расипан заб, ама одиме 2 годишно чисто да се запознае со забарот како доктор за заби