1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва фаза во бременоста: Прво тримесечје

Дискусија во 'Канта' започната од D-E-L-F-I-N-A, 31 октомври 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. D-E-L-F-I-N-A

    D-E-L-F-I-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    22
    Бидејќи нема ваква тема,решив да ја отворам а и полесно ќе си помагаме меѓу себе и ќе споделуваме искуства.

    Бременоста трае 40 недели, поточно неделите се групирани во три тримесечја.
    Првото тримесечје е период од зачнување до 12 недела бременост, т.е. првите три месеци од бременоста.

    Па девојки тука може да ги споделувате сите ваши искуства и моменти од Првото тромесечје во вашата бременост :*
     
  2. D-E-L-F-I-N-A

    D-E-L-F-I-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    22
    Ајде јас да го скршам мразот :)

    Немав никакви симптоми дека сум бремена,освен што ми каснеше менструацијата.
    Купив тест и ми излезе позитивен.Не ми се веруваше.Закажав на гинеколог,гинеколот ми ја потврди бременоста.
    Сега сум во 6-та недела од мојата бременост(според последниот циклус)и сум пресреќна. :inlove:

    Незнам кај другите дали имаат некакви симптоми,јас накачив некое килце,претходно чувствував голема поспаност,но сега сон не ме фаќа,изгледа од преголема возбуда :lol:
    Немам вртоглавици,ниту повраќања,но кај секој различно.

    Следен преглед ми е закажан на крајот од месец ноември иако незнам дали треба порано да појдам,но матичната тогаш имаше термин слободен,и мислам дека на тој преглед точно ќе знам која недела сум.
     
  3. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    првото тромесечје го поминав добро.. имав намален апетит повремени гадења и повраќања... задоволна сум од првото тромесечје... baj baj :) :hai:
     
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јас сум 8 недела, и моментално немам НИКАКВИ симптоми. За 10 дена сум на гинеколог, па после сакам да закажам за скрининг. Најверојатно ќе го правам во Систина. Засега се е во ред, ме фаќа страв додека поминат овие 3 месеци, но се надевам нема да има некои нелагодности.
    Убаво што ја отворивте оваа тема, ќе може да споделуваме се сто ни треба и случува за време на првото тромесечие.
    Позз
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    епа честито идни мамички :* :* :* :* :* ( ако е офтопик ама ме израдувавте)
     
    На D-E-L-F-I-N-A му/ѝ се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Го поминав првото тромесечие и туку што влегов во второто тромесечие од мојата бременост! ;)
    Првите неколку недели единствен симптом ми беа само отечени и осетливи гради и одвреме навремен имав симптоми на добивање менструација! Дури кога веќе имаше срцева акција 6-7 недела ми започнаа они симптоми по кои сите околу тебе ќе ,,намирисаат,, дека ,,има нешто,, :!:
    Започнав да повраќам, ама мнооогу повраќав :sweat: , постојано ми беше лошо, се ми мирисаше на гадно. Не можев да пијам кафе, бев нервозна и испаничена за тоа дали се ќе биде во ред со мојата бременсот, неможев да јадам, понекогаш самата помисла на храна ме тераше да повратам! Исто така чувствував замор, лесно се уморував и ми беше несватливо како е можно толку брзо да се уморувам! Пред бременоста имав нормален притисок а во првото тромесечие на бременоста ептен низок и од тоа се осеќав поспано! За среќа така бев до 9 недела,и од тогаш наваму сум супер! Не повраќам веќе, апетитот не ми е зголемен, единстевно повеќе спијам! Супер сум, дури заборавам дека сум трудна, и се прашувам дали е нормално да се чувствувам така! :$
     
  7. D-E-L-F-I-N-A

    D-E-L-F-I-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    22

    И ти како мене без симптоми сме ние :lol: Кажи ми досега колку пати имаш појдено на контрола?Јас бев само еднаш за да ми ја потврдат бременоста,и сега имам закажано втор преглед ќе ми биде кога ќе бидам во 10-та недела.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Веќе има една општа тема - Труднички муабети, нема потреба да се отвораат нови. Си има посебни теми за испитувања, болки и слично.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.