Првиот анимиран филм за љубовта помеѓу две момчиња ќе се прикажува и во Македонија–поделени мислењa

Дискусија во 'Дете' започната од sj *O*, 17 ноември 2022.

  1. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.631

    Се караа за девојка, не е така како што сакаш да прикажеш дека намерно тоа го правеле и таков пар прикажувале. За да го тргне од девојката. Еве јас го паметам Том како трча по оваа мачка, не како бисексуалец. Тоа ми се гледало нормално во тоа време, пар машко женско и тоа ми останало во меморија.
     
    На Beautiful Dreams, NewMama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Им давате на децата да гледаат Снежана и седумте џуџиња, каде што Снежана е 14 години, а принцот 31. И да, тоа според вас е сосема нормално, оти е врска помеѓу 31 годишен маж и 14 годишно девојче. Океј.
     
    На Waverly Raven, MissChievous, Beautiful Dreams и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Нормалност е она на кое си навикнат.
    Ако не се прикажувала хетеросексуална љубов во филмови кујзнае дали и тоа ќе било нормално.
    Едно време било ненормално да има цртани и филмови кај што црнците нема да се робови и тн.
    А кога сме кај нормалноста, во природата прилично застапена е хомосексуалноста.

    kisses-tom-and-jerry.gif
     
    На sj *O*, Anomys и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.126
    Пол:
    Женски
    А зошто уствари никогаш не би им дозволиле на децата да го гледаат цртанов? Се плашите дека ќе станат геј зашто ќе видат една сцена кај што две машки се бацуваат?

    Ех вака да бевте загрижени за други многу побитни и посуштински работи за развојот на вашите (не)родени деца, ќе цветавме....
     
    На Waverly Raven, Beautiful Dreams, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Кажав и во темата за Ариел, ќе кажам и тука. Пинокио кој е намемет за сите возрасти, има сцени каде што е киднапиран и присилен да глуми во театарот. Исто така, пие, пуши и на крај халуцинира. Баш убаво ги памтам ко страшни сцени тие.

    Денешниве филмови на Дизни се шербет. Толку се направени по сите стандарди, да нема ништо несоодветно во нив, еве не знам.
    Кој знае дали ќе има и бакнеж во цртанов, или ќе стои само ко факт дека ликот е геј. По трејлерите не видов ништо.
     
    На Beautiful Dreams, Lella, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    124.444
    Пол:
    Женски
    Тогаш да почнеме со тоа да ги научиме да прифатат дека се различни по финансиски статус, дека детето што носи исти фармерки цело време не е за потсмев, дека не се сите слаби има и дебели деца, дека некое дете ќе има лице полно акни.. Да ги научиме да ги прифаќаат тие различности, а не дали некој е геј, би, стрејт и што ли не.. Тоа ќе си дојде кога ќе почнат сексуално да созреваат, а не во инфантилна возраст. Мене повеќе ме плашат колку се сурови децата кон оние кои се различни по други основи а не по сексуална определба.
     
    На elenaklasik, Fraxinus, A94 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Не сум видел 40 годишен човек да се смее на друг човек за облека и физички недостатоци или да биде суров кон нив, реткост е.

    Додека огромен број на возрасни луѓе се прилично сурови кон оние со поинаква сексуална ориентација.

    Каде е грешката?
     
    На Waverly Raven, Lella, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    124.444
    Пол:
    Женски
    Можеби затоа што се латентни хомосексуалци кои го потискале својот нагон за да исполнат нечии норми, и им е криво дека некој се осудил да живее онака како сака..
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.670
    Пол:
    Женски
    И ова со тие.Не треба да се чека.
    Колку порано, толку подобро.
     
    На nena2010 и Ketchup им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.187
    Допаѓања:
    175.668
    Пол:
    Женски
    Bestie ти кажаа кај е грешката. Исклучват грижа за то на сметка за нешто друго. Не сме биле ко луѓе способни за поќе работи да ни е грижа. :D Или едно, или друго. Скраја да е за две работи да се залагаме.
     
    На Ajronmen, Ketchup и nena2010 им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    124.444
    Пол:
    Женски
    @Ketchup Поентата на цитатот?
     
  13. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Зошто мора да се исклучи едно за да се фокусираш на друго?
    Децата треба да се едуцираат на работите кои ги спомна, но вклучувајќи го и фактот дека е нормално да си геј или би.
     
  14. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Цело време ми е поентата дека нема потреба да се исклучуваат работи. Само за сексуални ориентации може во подоцнежна фаза да се едуцираат децата.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    124.444
    Пол:
    Женски
    Абе никој не вели дека не е нормално, ама си има кога детето тоа да го сфати и да научи.. Доволно е дома кога ќе праша мама и тато зошто тетките или чичковците на филмот се бакнуват, родителите да немаат осуда, туку да му објаснат дека како што мама и тато се сакаат така и тие. Како ќе се однесува детето зависи од тоа дома како е. Ако се расфрлат дома со погрдни зборови за било каква различност па и сексуална и детето ќе биде такво. А па ако е по некој случај родено геј е тогаш расте фрустриран човек.

    И 90% од овде што се прават напредни, потајно си викаат: Што сака нека прават само дома да не ми е.
     
    На La-loca и Kaja991 им се допаѓа ова.
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Е па тоа е поентата со филмот. Кој ќе земе да објаснува сексуална ориентација на дете? Детето не знае дека ако се бакнат маж и жена е хетеро ориентација, знае само дека се бакнале затоа што се сакаат. Исто би било и за две машки и две женски. Идејата е да не му е чудно утре кога ќе види такви луѓе и со тоа да не мисли дека има нешто лошо во тоа.
     
    На Waverly Raven, sj *O*, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    124.444
    Пол:
    Женски
    Бидејки на таа возраст копираат што ќе видат. И кога утре нечие синче или ќеркичка ќе бакне момче или девојче зашто нели на цртаниот виделе ( monkey see, monkey do), ќе видиш каква реакција ќе има. Свестете се дека живееме во Македонија!! Овде се осудуваат бракови од мешана религија а бе па различна сексуална ориентација. Филмов не е за кај нас.
     
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Океј, те разбирам, меѓутоа како да ја смениме Македонија без изложеност, ако постојано го правиме истото што се правело со години? Никој нема да се разбуди еден ден и да смени мислење од ништо, туку менува при изложеност на различни идеи. Е сега, тие првите ќе се жртвеното јагне, да, ама еве не знам друг начин...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    124.444
    Пол:
    Женски
    Верувај, денешните деца ќе си се најдат самите кога ќе дојдат на таа возраст и нема да им е гајле кој со кого е во врска. Фала богу сега се се понапредни младите генерации.
     
    На sj *O*, A94 и pdb123 им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.187
    Допаѓања:
    175.668
    Пол:
    Женски
    20221118_204517.jpg
     
    На Waverly Raven, Angie1432, Lella и 9 други им се допаѓа ова.