Првиот анимиран филм за љубовта помеѓу две момчиња ќе се прикажува и во Македонија–поделени мислењa

Дискусија во 'Дете' започната од sj *O*, 17 ноември 2022.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.957
    Пол:
    Женски
    :D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D

    Мене најјако ми е дека мислат луѓево оти на децата прв контакт ова со хомосексуалност ќе им биде. Демек готово, погледнаа тука и толку беше, меурот пукна.

    Златни трипати w, точка порхаб точка ком имаат посетено којзнае колку пати. Како си замислувате дека децата егзистираат? Во свет кај што и од дигитрон можеш на интернет да се пуштиш што мислите дека прават во слободно време? :D
     
    На sweet-cherry, MilaSs12, Srckata28 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Офтопик ќе сум, ама кој е паметен ќе сфати. Место да пробувате да си ги ,,чувате” децата од ЛГБТ пропаганда, работете малце на нивното воспитување. Ова веќе 1000ти пат го кажувам.
    https://sitel.com.mk/maloletnik-so-...onr1GjGA2uxemoo5ejG1w0lqW7GsU&mibextid=Zxz2cZ
    на крај ќе треба ние да се штитиме од нив, а не ние децата да ги штитиме.
    Се потресувате шо ќе гледале вакви филмови, а они договараат тепачки 150 на 150, се тепаат по автобуси ко крвници, се шетаат со ладни оружја, со огнени оружја, дуваат, се дрогираат, у ЖДМ секој втор ден некоја мајка се жали како детето ѝ трпи булинг у школо пошо било сиромашно или немало телефон, и на вас ви дојде до ова?
    Него на вас ви смета ЛГБТ заедницата, па сеа као децата ќе си ги штитиме. Кого лажете бе? Да ви беше гајле за децата, немаше од 2000та навака да ме извините идиоти од деца да постојат.
    загреота
     
    На MilaSs12 и nena2010 им се допаѓа ова.
  3. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Децата со самото раѓање не знаат за вашето нормално. Вие ги учите на тоа.

    Тоа е и поентата, уште од најмала возраст да бидат опкружени со цртани/филмови во кои нема да има љубов и бакнежи само меѓу маж и жена, туку и меѓу двајца мажи или две жени. Така ќе знае дека љубов е кога две личности се сакаат, а не дека кога маж и жена се сакаат. Така тоа ќе биде неговото нормално и ќе знае дека љубов е љубов.
    И така кога ќе порасне нема да има потреба да прашува зошто чичкото бакнува друг чичко и да објаснувате дека се сакаат исто како мама и тато.
     
    На Anomys, sweet-cherry, Srckata28 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Зошто мислите дека дете од пет години баш ќе се фокусира на бакнувањето меѓу машко и машко,а нема да се фокусира на другите делови од цртаниот филм, на боите, на кучето, на содржината можеби. Не знам зошто веднаш штом ќе чуете ЛГБТ скокате, не е нормално бла бла. А да имаше булинг ќе викавте “ Леле колку убав цртан филм,се ни се допадна” и воопшто немаше да го забележите булингот. До вас е,едноставно.


    Па да, пореметени умови се токму оние кои им кажуваат на другите да седат дома и да си пласираат што сакаат,а надвор ненормалното да не го прават нормално. Имаш право!|(
    Епа ај почни да седиш дома и пласирај му прости приказни на детето, прај што сакаш само надвор не изводи бесни глисти. 8)

    Кога ќе прифатите дека се смени светот, дека сите луѓе не се исти и дека вашето опкружување лажно ве тапша по рамо тогаш можеме да зборуваме како што доликува. :)
     
    На Angie1432, sj *O*, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    вакви "напредни" амерички лајв стајл веќе се прикажува а сеуште е табу тема да се разговара отворено за семејното насилство и тоа колку трпи жената. Дизни се напред 1000 години ние сме заостанати во свемирот.

    Инаку според мене ова не е цртан за деца каде што ваква работа е "нормална за 21ви век". Да додадам дека се запрепастив во 1ва год гимназија кога едно девојче ни кажа дека на школо учеле дека на бебињата ко ќе се родат и запознаваат себеси да не им се кажувало дали се машки или женски туку тие кога ќе пораснеле ќе си одлучеле за тоа какви се (facepalm)
     
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Драга, хомосексуалноста најпрво почнала да се смета како нормална појава во Европа, Франција ако не се лажам.
    Во Америка сѐ уште владее поголема хомофобија, отколку во Европа. Единствено во Америка е најголемата филмска индустрија, иначе не можеш да кажеш дека од таму потекнуваат работиве.
     
    На Dumbledore, Srckata28, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Според законот од 2003 во УСА се прифати истополов брак, а во 2015 тој закон се прифати на национално ниво во сите 50 сојузни држави + Порторико и Доминиканска република.

    Како некој кој живеел и живее во средина каде се прифатени LGBTQ и тоа долго пред мене можам слободно да кажам дека тие што се припадници на оваа заедница нема ни да ги забележите со исклучок ако не сте многу блиски со нив.

    Буквално се исти како и сите останати луѓе, до степен да помислите дека се другари/другарки, цимери/цимерки.

    Имам близок пријател и пријателка припадници на оваа заедница и самите кажуваат дека им смета сето тоа според нив "провокаторско парадирање" кое го прават лицата кои се жедни за внимание.

    Факт е дека од секогаш постоеле и ќе постојат меѓу нас, но денес имаат силно лоби кое влече моќ, пари и recognition.

    А ако нешто знам за новите генерации (меѓу кои сум и јас) целат кон внимание и различност, некаква посебност до степен да се изгубат себеси. А тоа се гледа по социјалните мрежи.

    Во однос на цртанот, од трејлерот нема ништо контроверзно, но за деца под 12/13 години не би требало да се прави содржина во која се сексуализира нешто. Напротив, би целела кон запознавање со природа, наука и слична научна тематика. Колку подолго ги оставиме децата да бидат деца толку подобро за нив. Секако од 18 до крај на живот ќе бидат возрасни.
     
    На marchi-cool, Yowannty, nena2010 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    А да го изгледаме прво цртанов, па да коментираме? На трејлерот нема ништо контроверзно, а не па ли неприфатливо.
     
    На sj *O*, elimkd, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Го знаеме ова, сите имате другари геј што не поддржуваат прајд.
    Во случај да мислеше дека си прва со аргументов.
    Јас пак ќе кажам, тоа што хомосексуалноста ја доживувате како сексуализирање, кажува доволно за вас.
     
    На sj *O*, Dumbledore, MilaSs12 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.666
    Пол:
    Женски
    Јакото сексуализирање во цртанот. :D
    Судење на негледано, nice...
    Ај, тогаш и хетеро парови да не се бакнуваат во цртани.
    И ај по 100-ти пат, децата не гледаат сексуален аспект, туку возрасните.Децата ќе бидат привлечени од боите на планетата, не од друго.
     
    Последна измена: 19 ноември 2022
    На Waverly Raven, sj *O*, Beautiful Dreams и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.126
    Пол:
    Женски
    Добро е што го кажа овој податок, инаку ќе си мислев дека имаат перја и се маваат со камшици по улица. :D:D

    Мислам извини вака што ти реплицирам ама многу смешно ми дојде, па се подразбира дека изгледаат "нормално", не се вонземјани. :D
     
    На Waverly Raven, crimson, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Мора прво да sugarcoat-неш некако, па да кажеш дека не го сметаш за нормално. :D
     
    На sj *O*, crimson, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Што кажува? Дека треба децата да ги оставиме да бидат деца?

    Ако нешто мразам вака од околу кажано ама недокажано "вие прости се јас најпаметени, најин и најтреди".

    Од прочитаното разбирам дека си припадник, и немам ништо против, ама лобирање со цел наметнување насекаде е непотребно и претерано. И затоа е и револтот и во развиените земји, бидејќи лобираат до степен на злоупотреба.

    Моето нормално и твоето нормално, и секое друго нормално се и ќе бидат различно нормално.

    Но, она што е универзално нормално е дека тоа што се случува во мојата, твојата, и било која друга спална соба треба да остане таму, меѓу партнерите и не треба да биде предмет на нечиј интерес.

    Како што не ми е пријатно да гледам драпање и лапање во јавност меѓу маж и жена така нема да ми биде пријатно и за истополов.

    И да ако излезат на парада еве конкретно во земјите каде што сеуште не им се прифатени со закон, да испарадираат без реквизити, со камшици и непотребни провокации (како што беше примерот со Србија), туку ете на еден мирен протест, верувам и знаам дека ќе добијат поддршка најнапред од сите останати LGBT, а потоа и од останатите.

    Нејсе, имам впечаток дека на форумов, (а и општо на Балканот) се реплицира само да се биде во тренд со "западот", без да се седне и размисли за причина и последица на тоа лобирање, без да се има свој став. Битно да бидеме во "напредни".
     
    На manga_ и Radler им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.126
    Пол:
    Женски
    Шо? Ај препрочитај што напишав зашто нешто ме немаш разбрано.
    Ти се изнасмеав чисто за делот кај што објаснуваш како лгбт изгледале нормално како другите луѓе, ништо од другиве работи не спомнав, џабе филозофии непотребни.
     
    Последна измена: 19 ноември 2022
    На nextredstyle и Ketchup им се допаѓа ова.
  15. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.631
    Поточно здравје. Не дека многу им е гајле на луѓето за другите, но ајде да глумиме нешто многу напредни и паметни, особено вака на социјални мрежи најлесно е. :D Си приметила дека едни исти секогаш глумат борци за се? Кој има корист од тоа материјално по организации, да се глуми нешто дека си во тренд итн. Голем број навистина не се ни замараме, не ме ни засега другите што прават во кревет, само нека не замараат толку.
    Почитувам луѓе со свој став, што не се трудат да се ко толпата за некоја глума.
     
    Последна измена: 19 ноември 2022
    На nena2010 и manga_ им се допаѓа ова.
  16. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    За последен пат ќе си дозволам да те цитирам бидејќи ти си тој кој најнапред си директно засегнат од темата, а потоа сите останати вклучително и овие кои тука ти глумат дрвени адвокати, а немаат сопствено критичко размислување.

    Што за тебе е нормално? И ако веќе толку си отворен кон прифаќање на различности како што се декларираш зошто моето нормално, а и останатите кои имаат спротивно мислење ги исмеваш, со вакви непотребни коментари и реплицирања?

    Не ти доликува, а сметам дека тука некаде сме се години.
     
    На A94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.269
    Допаѓања:
    189.653
    Исто како што нема да ги забележиш ни хетеросексуалците во секојдневен живот, јер побогу, никој не се лапа по улици. Бар јас не забележувам.
    Ама...ќе скокнат сега. Нема ама.
    Во Скопје живеев пред 20 години во прилично разновидно сексуално ориентирано друштво и ниту рогови имале ниту ми пречеле ниту ќе ми пречат. Дали се поприфатени денес, не знам, не верувам.
    И дотолку повеќе, ми се чини повеќе разбирање имавме еден кон друг, да немаше никаков проблем, религиозна особа и геј особа бидат другари. До кај сте денес по тоа прашање?
    А што се случува во мозокот на децата не знам. Само сум сигурна дека со причина во основно ја учевме Хајди, а во средно Смрт во Венеција.
    За Дизни немам коментар. Денес на Дизни2-Кардашијанс:drunk:.
     
    На La Stilla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    @Kanya, да ги прочиташе убаво мислењата, низ целата тема, ќе сфатеше за што правиме муабет и дека ништо не е оставено недокажано. Не знам што да кажам? Дека најде информација на гугл за тоа кога се легализирани истополовите бракови во Америка и тоа ми го посочи ко аргумент дека работиве потекнуваат од таму?
    Драга, јас не правам quick research пред да пишам во некоја тема, моето знаење е базирано на години своеволен интерес за култура и животот во 20ти век.

    Тоа што ти ја доживуваш сексуалната ориентација како тренд, е поради фактот што на социјалните мрежи гледате како секоја "поинаква" група на луѓе добива поголема поддршка од луѓе исти ко нив, нешто што белите, стрејт, цис луѓе, нема да го направат за себе, затоа и чувствувате потреба да се декларирате на понаков начин, за свој бенефит.
     
    На theowndemon, nextredstyle и Lella им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    @Kanya Проблемот кај тебе и другите на темава е што секогаш, ама баш секогаш кога ќе се спомне нешто што има дури и најмала допирна точка со хомосексуалност, вие одма зборите за паради скроз непотребно. И исто така скроз непотребно се воведуваат сексови во муабетот. Како едвај да се чека на форумов да се спомне нешто што има дури и трет степен на поврзаност со хомосексуалност за да се изнапише сè што се слушнало и видело, а што врска нема со темата.

    Што е целта на ова? Постои ли нормален човек што мисли дека деца треба да гледаат нешто со сексуална содржина? Самиот факт што се спомнуваат сексови на место каде што се подразбира дека ги нема, укажува дека во генералната популација истополова љубов од секаков тип (дури и најневина) се изедначува со перверзност. И да напоменам, од страна на хетеросексуалци. Баш родителите хетеросексуалци го создаваат тој канал од истополова љубов до камшици, со тоа што упорно го прават тоа поврзување. Ако некој ги сексуализира содржините за деца тоа се токму тие.

    Филм во кој има симпатии меѓу тинејџери од ист пол не е лобирање туку едноставно слика од реалноста, од секојдневниот живот. Децата неизбежно ќе се сретнат со таа реалност во некоја точка во животот, а целата ука бука е направена од родители кои сакаат колку што може подолго да ги изолираат децата од реалниот свет, зашто реалниот свет не им се совпаѓа со каприците. Тоа е сè.
     
    На Waverly Raven, sj *O*, Ambitious и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    За каков кревет зборате луѓе, во цртан?
    Убавината е во очите на тој шо гледа. Ако гледате со предрасуди нормално дека само на делот кревет ќе мислите.

    Мислам дека прв пат видов геј пар во Modern family, а бев помала и никогаш не ми текна дека се различни, напротив се гледаше само љубов, милина да ти е на душата.
    Се' до моментот кога роднина не искоментира "ау шо е ова педери на телевизија" (извинете за речникот).

    А децата не можи во стаклено ѕвоно засекогаш, посебно сега генерациите, ако не видат на 5 години, ќе видат на 10.
    Поарно филмот отколку Македонски Народни Приказни.
     
    На Waverly Raven, sj *O*, Lella и 6 други им се допаѓа ова.