Првиот анимиран филм за љубовта помеѓу две момчиња ќе се прикажува и во Македонија–поделени мислењa

Дискусија во 'Дете' започната од sj *O*, 17 ноември 2022.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.868
    Допаѓања:
    41.249
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека сите глумат само затоа што тебе не ти е гајле за другите луѓе, па заклучуваш дека истото мора да важи и за останати? Ако може ова да ми го објасниш.

    Имаше нешто емпатија се викаше, да бе....
     
    На Waverly Raven, sj *O*, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    63.458
    Пол:
    Женски
    Јас во мојов живот, никогаш, ама никогаш не сум сретнала лгбт луѓе што викаат дека им смета "провокаторско парадирање". Не знам стварно како се толку чести, штом сите имате по некој таков човек. Јас еве немам сретнато. Ниту па на форумов кој е 10+ години не излегло такво лице да каже, а чекајте малце, јас сум геј, ама нека не парадираат. Никогаш никој геј човек не рекол дека тие што парадираат бараат внимание.

    Фантомскиве гејови за докажување на поента одамна треба да заминат во историјата, затоа што не постојат.
     
    На GirlRose, sj *O*, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Како не, тој од Србија на тикток што секоја година пред прајд прави видео кај што плука по прајд, редовно се постира тука по темите :D истиот за било кој друг став членовите може и би го истепале на улица, ама тука си се нашле.

    На темата, ако мислите дека детето на 7-8 години само од цртанот би дознало дека постојат геј луѓе… ептен сте надвор од реалноста. Децата истражуваат, гледаат, читаат на интернет, зборуваат меѓу себе, и баш сами би нашле сексуални содржини. Затоа е многу подобро да го прифатат како нормално уште порано.
     
    На GirlRose, sj *O*, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да гуглам, обврска ми е да ги знам законите во земјите каде што живеев и живеам. Беа и се дел од образовниот процес но не за деца под 12/13 години.

    И како што кажав, љубов кон ист пол, постоела и пред нашата ера, постои и ќе постои. Ниту е нешто несекојдневно нити неприфатливо, нити пак вау. Само ете некој во 21 век одлучил да прави пари и добива моќ на овој начин.

    Многу поназад од таму каде што треба да бидеме за 21 век.

    До степен да ме стават во категорија со "вие белците цис луѓе" како само белците да се стрејт (facepalm).

    Еве го разбирањето подолу...

    И да, со коментарите ја докажавте поентата дека се што е срање од вашиот "запад" и социјални мрежи се увезува и прифаќа особено на Балкан, ретко тоа доброто. Ама битно "напредни сме".

    Лобирање, задни игри и профит има и тоа како, ама како и секогаш ќе станеме свесни најверојатно кога ќе е предоцна, ако веќе не е..

    Но форум фемина.мк не е реална представа за светот, особено не за "западот" кој вие тука целите.

    Сум била и јас на прајд парада, ама таа не беше како во Србија оваа година, напротив беше како и секој обичен протест, со точни барања од државата и што и каде да се промени, кој дел, кон член итн. И колку што знам 90% веќе добија тоа што бараа.

    И да, тие луѓе имаат право да кажат дека провоцираат бидејќи буџетот за тие паради доаѓа од нивен џеб.

    Што постигнаа во Србија со прајд парадата освен тоа што уште повеќе направија јаз?

    И за крај, не напишав НЕ за цртаниот филм, напротив напишав дека според трејлерот не е контроверзен иако знаејќи ги Дизни ќе вметнат нешто некаде, за да си ги оправдаат стејкхолдерите. Тоа е делот што мене, а и останатите реално им пречи.

    Ама тука на фемина сте махери за извртување на мислење, и за правење од мравка слон.
     
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.123
    Допаѓања:
    131.672
    Пол:
    Женски
    Западот не ги измисли хомосексуалците.
    И во антиката ги имало.Ете, ти самата кажа во мислење.
    Не се тренд.Реални луѓе се, со желби и потреби исто како нас хетеросексуалците.Разликата е само во полот кој го сакаат.
    И срамота е што во 21-век уште нема напредок на некои полиња.

    Да има напредок, нема да лобираат.
    Кој е виновникот? :D
    Не се тие.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.631
    Немам толку време вака слободен и прекрасен викендашки ден да трошам во објаснување и размислување за нешто кое никако не ме интересира и не ме засегнува да бидам искрен.
    Кој сака до утре нека си разглаба за права и либерализам. Јас не сум заинтересиран.
    Тоа што си мислам, ќе си го мислам и понатаму. Не планирам да се прилагодувам на мислењето што треба да е тренд и ин. Другите треба да си прифатат дека нема сите да мислат како нив и да не се замараат толку што друг некој има различен став. Како што бараат да се прифатени, нека прифатат и дека не на сите ни е гајле и нешто сосема поинаку мислиме. Ни ги чепкам, ни ме интересираат, ни ми е гајле.
     
    На Bitter-Sweet и manga_ им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.428
    Кажувам кои луѓе, ко тебе моментално, се навредуваат од сѐ што не е поврзано со нив на интернетот. Категоризирам, како што вие правите со геј луѓето. Ама пак, јас не сум навреден, ти си.
    Буквално ми ја докажуваш поентата со секое наредно мислење.
     
    На sj *O*, theowndemon и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Да, ги имало и ќе ги има. Но сега, лобираат за да се направат различни од останатите за да бидат во групата на различни/препознаени/малцинство кажи го како сакаш.

    За мене нема разлика, љубов кон партнер е љубов, ама ете за тебе која ги поддржуваш има.

    Офф топик, Лобирањето е за повисока цел, а тие се како и секогаш пари и моќ. Тука веќе почнаа со неоправдани барања од типот месечна помош (нешто како социјална помош во мкд ќе му дојде) само затоа што се ЛГБТ.

    Потоа имаш, мажи кои се декларираат како ЛГБТ, а се во казнено-поправна установа со мажи. Со помош на ЛГБТ ги преместуваат во женски затвор. Резултатот е 20+ жени силувани од таа личност.

    Да не набројувам и други бројни "инциденти".

    И не не се сите лоши, не се сите исти исто како и стрејт. Вакви примери има секаде нели.

    Ама кога веќе се прави закон и се засегнати сите, не се седнува со вжештени глави од нити една страна. Туку се седнува со разум кој очигледно го нема од нити една страна.

    За да ме навредиш, особено на форум и виртуелна релност ти треба многу ама многу повеќе и повторно нема да се навредам.

    Категоријата во која намерно или ненамерно ме смести покажа само колку не сакате да прифатите туѓо мислење, и дека се само вие сте во право.

    Толку од моја страна, да се докажувам на форум и да губам време нити сакам, нити имам намера.
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.123
    Допаѓања:
    131.672
    Пол:
    Женски
    Најголемиот дел од вината за сето ова е на системот дириган од стрејт мажи.Мажи кои немаат емпатија ни кон стрејт жените, ни кон ЛГБТ мажите и жените.
    Да имаа, ќе имаше еднаквост меѓу луѓето.Или за почеток барем подобри закони кои ги штитат жртвите и ги казнуваат криминалците.
     
    На theowndemon и Ketchup им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.428
    На темава можам да продолжам само со твои цитати да ти одговарам.
    Ќе генерализирате и кажувате ужасни работи за геј луѓето, без трошка емпатија и на крај кога некој ќе го направи истото кон вас, го зимате како аргумент дека некој не знае да дискутира.
    Пак ќе кажам, ова се должи на тоа што не сте навикнати да не бидете во центар на вниманието. Ќе има милион филмови со стрејт ликови и пак за еден ќе правите проблем.
     
    На sj *O*, KuklickaSk, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Хомосексуалноста е еднакво сексуална како и хетеросексуалноста, која е застапена во скоро секој познат цртан за деца, прикажувајќи симпатии и бакнежи.
    Тоа не смета на никого?
     
    На sj *O*, violetblue, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.868
    Допаѓања:
    41.249
    Пол:
    Женски
    За времето што го потроши да ги напишеш овие реченици, ќе одговореше три пати на моето многу едноставно прашање...
    Тоа што мислиш дека поддршкава што ја даваме е само заради тренд, а не зашто се работи за вистински живи луѓе, збори исклучиво за тебе, само толку ќе ти кажам. Ако не сакаш да помогнеш/поддржиш нешто кое не те засега лично и од кое немаш корист, тогаш можеби немаш искрени намери.
     
    Последна измена: 19 ноември 2022
    На sj *O*, Lella, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    63.458
    Пол:
    Женски
    Фемина е најреална претстава за Македонија, на форум можеш најдобро да го видиш менталитетот на луѓето. Не знам на која прајд парада си била ти, и не знам каква била поинаку од Србија? Дај баш да видам, не мора слика од тебе, општо од парадата сакам да видам некој чланок, статија да видам кои биле барањата и што добиле луѓето.

    И каде имаше провокации во Србија? Да не мислиш на контра прајдот, на литијата каде протестирачите се тепаа со полицијата и фрлаа со шишиња по неа, и синот на Цеца се шеташе со крстови? :D
     
    На buba4e89, sj *O*, violetblue и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.631
    Мене па преважно ми е што некои анонимни небитни ликови тука ќе мислеле за мене. Прифатете и поинаков став и едноставно не замарајте до толку.
    Ајде пријатен ден (highfive)
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Значи членката збори за лобирање од страна на страшни злобни геј чичковци што користат ЛГБТ за да добијат пари и моќ и да го преобратат светот во нивна корист. Притоа, ја вади „вујче од Америка“ картата за тоа како ние „тука на фемина“ сме слепи и глуви, ништо не знаеме, се водиме по трендови од социјални мрежи и не сме свесни за заврлзламите кои ни ги спремаат тие на високите позиции во ЛГБТ пирамидата. :D Наратив стопати виден и чуен на форумов, без никаква поента, со вртење од околу, во тема за филм која и самата се согласува дека не е проблематичен. Класика.
     
    На Waverly Raven, sj *O*, violetblue и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    А ти си кој фактор Кате па тебе да ти се докажувам јас па и некој кој има различно мислење?

    Многу дрско ти е изразувањето, навикната сум од тебе да прочитам и пцовки и вулгарности ама не и вакво дрско надмено однесување.

    А од Цеца, Карлеуша и сличните ништо не ме изненадува.

    Пречи и тоа како, Снежана, Пепелашка и сличните, секаде жената (најчесто малосетна девојка) чека да дојде некој "принц" да ја спаси, чека некаква магија... Да не должам многу жените знаат како се изборија за тоа малку што го имаат и дека борбата продолжува понатаму.

    Точно, тоа и ми беше поентата. Јас не сум на различна страна, како и што напишав предходно љубов е љубов. Единствената разлика меѓу мене и вашиот став е што поддржувам разум, и пред да се донесе некоја одлука да се разгледаат сите последици кои ќе произлезат од истата. А не само право и жустро напред...

    Бидејќи ако се продолжи вака безмозочно, тој кој ќе има најголема потреба за поддршка нема да ја добие.

    Он топпик, да почекаме да излезе цртаниот филм еве каде е 23ти, иако како што кажав немам некои очекувања од Дизни.
     
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    63.458
    Пол:
    Женски
    Никаков фактор не сум јас, него комуницираме на форум, па затоа те прашувам човечки што и каде било. Најкултурно те прашав да видам каква била парадата таа година кај што ти си била, баш за да ти заштитам идентитет ти реков само од настанот да видам што се случувало.

    Те прашувам затоа што не знам која парада ми ја збориш, а додуша по светот не ги ни следам толку. За во Србија можам одговорно да ти кажам дека си грешка, затоа што беа мои пријатели од невладина организација и од прва рака знам точно како помина.

    Викаш што постигнаа таму освен што направија јаз? Што правеа Србите, не разбирам? Што е тоа што го направи јазот?
     
    На Ketchup и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.327
    Допаѓања:
    28.137
    Ај прочитај пак какви глупости изнапиша, а пишуваш за разумно размислување?!? Озбилна си?

    На темата. Деца се убиваат на 17г зошто им е страв дома да кажат и зошто мислат дека нешто не е во ред со нив. Секако дека е подобро да видат на филм (ако веќе дома не им објасниле) дека може да имаш чуватва кон истиот пол.
     
    На sj *O* и Ketchup им се допаѓа ова.
  19. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Разумно решив да се повлечам од темава со коментари, откако моето мислење беше категорично оценето за погрешно и испревртено до степен дека сум хомофоб. Ама не може вака бе, не секој став различен од твојот се глупости. Ти овде погоре ништо супер паметно не кажа за мислењето на членката пред тебе да биде чиста глупост. Едно мислење различно ти не успеа на соодветен начин да го прифатиш, не пак на деца ќе им објаснуваш за различности и прифаќање.
     
    Последна измена: 19 ноември 2022
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.402
    Aww колку дечиња ќе имаат хомофобни родители… Cute. Денеска сте анти цртанов, за неколку години децата ќе ви излегуваат од плакарот. Good luck with that :whew:
     
    На Waverly Raven, sj *O*, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.