Вака,се запишав во средно,се супер,ама кога ќе помислам на првиот ден....хаос! Може некој да ми каже како е,како да ги запознаам другите,или како вие сте ги запознале... Инаку јас сум од оние срамежливите...Фала однапред
хаха...кога го прочитав насловот на темата веднаш се сетив на мене на првиот ден како ми беше...бев како уплашен германец немој да се плашеш тоа е најважно сепак и тие што ке ги запознаеш ке ти станат пријатели добро е кога ке стекнеш нови пријатели...почни од обичен разговор за запознавање како биле во основно ....и слично....и немој да се срамеш како ке се покажеш на почетокот е многу важно...сите го ценат тоа па дури и професорите....инаку што се запиша....се надевам дека добро ке поминеш сега уживај во летото а до првиот ден во средно има време... позз
Опа , и јас бев таква, јас додуша ја поминав таја прва година , и напочеток бев како мува без глава и сите ми беа непознати ( и јас сум една од ептен страмежливите, барем бев тогаш ), али не се секирај воопшто првиот ден ке отидеш , може ке има некој познат од школото од основно, другар и слично, ке се задружиш малце повеќе со него, и оние девојчина што не се срамат тие ке те чачкаат ке се запознаеш, и поминуваат деновите , верувај ми , прва година во средно школо е најубавата година во средно!! поздрав
Темава не треба да биде префрлена во образование? Инаку ти препорачувам првиот ден да бидеш опуштена , се ќе се одвива спонтано. Без да се срамиш, само опушти се и ако ти е незгодно да започнеш разговор , не се секирај друг ќе започне, само не би ти препорачала да седиш сама во некој кош, зошто не делува баш убаво , а и ќе се чувствуваш отфрлено. Сигурно ќе најдеш некој другар/ка што ја познаваш ,а секако ќе запознаеш и други деца кои ќе бидат твои соученици. Само биди своја и нема да згрешиш.
Е првиот ден во средно. Отидов на училиште и што да видам, скоро сите од основно се запишале во истото средно како и јас. И немав време да се изназборувам со нив. А пак во мојот клас само јас, никој друг на познавав. А како што сум од оние кои не можат уста да затворат, со сите се запознав (ако бевме само еден час првиот ден) и супер. Тебе би те советувала да започнеш со едно здраво, а потоа се ќе си тргне по најдобар можен ред. Само не стоj сама. И не се секирај, се ќе биде ок.
И јас сега почнувам средно, ама јас ги знам пола од децата што се запишаа во Георги, така да немам некој голем проблем, ама сепак мене ми е какви ќе бидат останатите спрема мене.
Многу ми е глупо што првиот месец-два сите добри беа . Еј ако ти треба нешто тука сум , ако сакаш ќе шетнеме ова она . А тек после си ги покажуваат правите лица . Никогаш не кажувајте се пред нив одма само затоа што имале фин пристап ко вас.. запознајте се убаво и се па дури тогаш . Полека , затоа што не знаете што всушност се крие позади сите тие наизглед фини лица . Не дека се сите лоши , ама никогаш не се знае . Инаку и мене срам ми беше ама полека се здружив .
Да се надоврзам на постот над мене. Сите беа ок, демек ај срце ова она. Ама после навистина си ги покажаат вистинските лица. Кон крајот на септември не однесоа на екскурзија и две три госпојци почнаа да му се упикуваат на машките. Па и една вели -леле колку убо си поминавме онаму горе со машките. И тогаш јас и реков е да бе преубо вие одевте по нив ,а тие гледаа шо побрзо да ја завршаат "работата" и да ви ги удрат клоците. И од тој ден свативме кои какви се и такви си останаа . Јас искрено со оние со кои мислев дека најмалку ќе живеам сега тие ми се the best friends. Сепак првиот ден запознај се, а за помнатаму како што заслужуваат, така однесувај се со нив.
Првиот ден во средно се чувствував чудно. Не ми се веруваше дека завршив основно и дека ќе учам со други деца. Ми недостигаше класот од основно. Од тие што се паднаа да учат во мојот клас, се знаев само со едно девојче со кое што учев од 1 до 4 одд. Со другите се запознавав постепено. Аххххххххх, се вратив на времето од пред 8 години. Сакам пак да се вратам во средно. Не бевме сложен клас, меѓутоа беше многу интересно на часови.
И кај мене беше исто. Со тие што почнав да дружам на почетокот беа ептен лицемерни. Ми направиа триста проблеми и ме намиестиа за некои работи што всушност не ни знаев дека постојат. Секогаш бев јас таа виновната, но конечно се се реши. Сите си ги покажаа своите вистински лица.
Баш првиот и не го помнам толку добро ама затоа кога се префрлив во втора година беше комедии (јес да можеше да заврши и трагично). Откога ме претстави класната пред класот и ме сместија во прва клупа не ми требаше многу да на следниот час ме најде како седам во последна. Во класот имав многу луѓе (сите машки!!!) што ги знаев од претходно и одма ме прифатија. Секако одма почнаа да фрчат муабети која сум, од кај сум. Па така скоро на сите девојчиња првото мислење за мене им беше ептен негативно. После некое време се се поправи ама и ден денес се смееме со другарките на тие ситуации и колку само сакале одма да ме пратат назад во старото средно !!
Ехх... беше тоа пред 4 години. Носев зелени сукњичка и маичка и бели балетанки и палтенце Мојата најдобра другарка заедно со мене во ист клас (добро, ургирав тоа така да биде ) и уште половина од класот од моето училиште. Од останатите некои ги знаев, некои не. Супер беше, дечките се покажаа како комуникативни и такви и останавме Убави спомени ми буди
Ау не сакам да помислам на него Хаос. Сакавме сите другарки од средно да учиме заедно во еден клас,и така демек се местевме ќе фаќавме врски што ти јас знам...и дојде тој ден 1 септември кога требаше да не прозиваат,кој во кој клас ќе се падне. Сите се разотидоа настрана,јас се паднав во клас кај што немав ниеден познат,+ девојчињата што ги мразев од основно таму беа некако ми беше безвеза,и дома си идам и си почнав да си плачам...мислев дека светот ми се сруши па ајде некако ја наредивме и отидов во класот кај што сакав,таму имав и другари и другарки што сум се знаела од основно. Можев тоа да го сторам,т.е. да се преместам без многу галама ама јас драматизирам секогаш...но добро не згрешив што се преместив,имав супер спомени,супер класен,па во трета дојде ред пак да не делат по подрачја,но тогаш беше подруго. Ех,би се вратила во средно само за дружбата...на факултет сум раат од ненадејни испитувања и професори што „те мразат“
ех првиот ден супер беше ама затоа наредните не беа нешто посебни... Немав ни еден познат во класот, се запознав со повеќето и ми изгледаа како супер личности ама еве 3-4 години подоцна им го видов вистинското лице... Сите помалку или поивеќе се грижат за тоа како ќе се вклопат во новата средина ама немај гајле се ќе се среди
Леле јас бев изгубен германец . Имав некои деца од генерација ама не се дружев ја со нив, баш од мојот клас немав никој а тие што ми беа најдобри другарки беа во друг клас.. и ја си влегов, си седнав и одма ми фати око еден . И многу ми изгледаше глуп класот хаха, после со овие што го знаев малку се дружевме, па се запознавме со другите ее што праиш како си, јас сум таа и таа.. и така. И сега класот ми е супер, не би го менувала за ништо на светов. Тоа што мислев дека е глуп биле само први ГРЕШНИ впечатоци. Поздрав и пишини после како ти било
1 ден беше супер се знаев со 1 дете кое учеше со мене од 1 до 8 и после почнаа и останатите им бев интересна дека од друг град но потоа потоа се нештимаше шо би рекла јас сега ке одам 4 год и најмногу си го мразам класот едвај чекам да завршиме да се куртулам од нив мнм се грозни и само врегаат а себе не си се погледнуваат мн ме нервираат такви суштества(тие за мене не се луге
Ден што нема никогаш да го заборавам. Како и класот од средно, и прекрасните мигови поминати со тие супер дечки. Кога се запишав знаев само 5 деца од претходно, а со другите веднаш се здруживме и прилично бевме добар клас, каде што сите бевме блиски и несебично си помагавме (со некои исклучоци). Нема ништо страшно, со тек на време ќе се здружите и гледај да не стекнуваш непријатели затоа што со тие луѓе ќе ги гледаш секој ден во рок од четири години. Мене многу ми недостасува класот од средно. Бевме како едно големо семејство
Кога некој ќе ми спомне за првиот ден во средно мислам дека можам да коментирам со денови. Сепак не сум толку срамежлива...Опуштено ми беше...можеби малку била присутна трема..што е многу нормално, но како и да е се познавав со 5-6 деца што се паднаа со мене во клас.....Таква се поздравувам со нив.и сите ме гледаат онака чудно...Се прашував што им е..али сигурна бев дека и повеќето сакаа да имаат некој што го познаваат како јас... истиот ден се запознав со тие што седеа околу мене, и се чуствував ко Забавувач пошо бев единствната која праеше муабет а другите ме гледаа ко теле у шарена врата. На друго не ми текнува...а да, и сакам да кажам дека со тие 5-6 деца што се знаев унапред, многу помалце се дружам одколку со другите.....+ интересно ми е што коа едни со други си кажувавме први впечатоци за мене повеќето кажале (тешка шмизла) -ЛОл а трагично е ...немам ни Ш од шмизла.....
Првиот ден, Иако веше пред 3 години ,јас сеуште го чувствувам како вчера. Значи со една другарка од англиски, не се знаевме,и се запознавме кај ќе учиш,еј во истото школо,и така почнавме да се дружиме. Потоа увидовме дека сме паднале заедно во клас. 1 септ. Се симнувам ја од автобус и идам накај школото, и одма вртам на другарками Се видовме со неа што се видовме, и со неа беа уште едно 3/4 девојчиња, со сите се запознав, бев онака најопуштена како да ги знам цел живот. Потоа, кога цел клас се собравме пред нашата врата видов дека уствари и во мојот клас има деца од моето училиште кај што завршив. Иако не се дружев со нив многу многу, сепак се поздравив и влегов. Во клупа ме стаија со девојче кое прв пат го гледав и за прв пат напраивме еден тон муабети, Од кое школо доаѓаш,каде живееш, еј го знаеш тој/ го знаеш овој, по цели часови ние само мрморевме Потоа,со тек на време се здружив со сите, иако имав ептен друго мислење за сите, тоа мислење ми се смени во рок од 3-4 месеци. 2ра веќе како свое семејство ги чувствував