Ајде и јас да ви раскажам за мојот прв ден во средно кој беше пред 1 година.Значи првиот ден беше ужасен,катастрофа Пред тоа ни ги истакнаа списоците и веке се знаеше кој со кого е.Скоро сите беа местени а јас не бев но сепак се паднав со моите најдобри другарки и тоа ми беше единствената утеха.Во класот имавме машки но сите беа од села и не ги знаев и беа не убава ај да не речам грозни Од градот имаш 2,3 симпатични што веке ги знаев но и тие се преместија...и не се знаеше кој останува кој си оди,значи беше хаос(не само во нашиот клас ами во сите 5 класа беше хаос).Сите трчаа, се молаеа за преместување а мене беснило ме фати дека немам убави машки во класот Дома си одев цела изнервирана и ми доагаше да се репкам од земја а мајка ми ме тешеше дека во класот ке ми биде супер и дека оние лигутежите од кремскиот клас полошо ке поминат.И да луге мајка ми беше во право.Сега во класот ми е супер.Машките не се убави но сите се фини и супер се согласуваме и мака ми е што лани ова време сум си ги кинела нервите за глупости А класната ми е супер многу е млада и не разбира и да не речам ама како другарка ни е И на кратко да ви раскажам за вчера.Се успав но битно стигнав до училиштето и затрчена влегувам во училницата и гледам сите седнати класната стои и зборува и влегувам јас и нели добро утро ова она и класната ми вели што "Хај" неможевте училницата да ја најдете(бидејки не разместија, инаку другарка ми беше позади мене и благодарение на неа отидов на училиште )И мене не ми се зборуваше бидејки уште не можев да се свестам и велам не е тоа друго е а некој пак ми рече што пасошите да не си ги заборавивте и така понатаму пак беше хаус но денес се се среди...
ух, беше многу многу оддамна Hо, наравно дека сите ме заприметија од прв ден, зашто одев од клипа на клупа да се запознаам сп љуѓето им подавав рака, здраво јас сум таа и таа! да ги опуштам малце де, не за друго сите беа стегнати, сите ме гледаа со прашалник фацка, ама тоа сум јас, дрдор невиден, без срам, и така се запознав со сите, и не дека се фалам ама бев една од поомилените во класот, зашто секогаш ги засмејував сите во класот во глобала со сите си го имав муабетот, дури и со оние така наречени бубатори, што беа нели изолирани од класот, ајде ајде, и со нив си наоѓав по некоја тема на муабет!
Леле кога беше мој прв ден во средно... Отидов цела таква исплашена ко на колење да ме носеа ххх Знам дека закснив многу и влегов последна и сите така ме гледаа чудно и си велев со себе: Излагај од просторија, влагај у друг клас, овие ќе те изедат.. ама сепак не беше толку страшно... се запознав со некои и така си почнав да си се дружам со сите... Се на се, убаво ми беше...
Првиот ден во средно,онај вчера? Утрото имав многу трема,буквално рацете ми се тресеја од трема и срам секако,неможев коланот да си го наместам И и закаснав да де ме чекаја надвор а јас не бев спремна и,отидовме заедно со комшивката и една друга другарка да ги видиме класовите и се паднав во ист со комшивката а другата другарка во другиот клас.И така малце поопуштена влегов во училиште иако умирав од срам од поголемите калсови бидејки повекето ме занеја,ама затоа од мојот клас никој не познавав.И влегов во училница онака збунета ко од друга планета и си седнав на прва се разбира,и онака усрамено ги гледав непознатите фаци,сите различни,едни пуфли,други бубалици,рокерки,и што уште не и секако во тие моменити ми идеја секакви мисли негатвни во глава дека нема да се фклопам,дека нема да се запознам со никој,бидејки сите беа поделени на 2 дружтва од две различни училишта а нас малцинствата не не фермат И потоа влезе нашата класна искулирана,пицната онака направи атмосфера а јас само се молев на Бог побргу да заврши и да си одиме дома,но не излезе по планот и отидовме после часови да прошетаме и свешиот воздух добро ми дојде онака да си ги средам мислите. И така помина и тој фамозен прв ден во средно Спојлер И можам да се пофалам дека денес беше многу подобро,се запознавме скоро сите и се надевам дека како што поминуваат деновите ке биди се подобро И со среќа на сите што сте прва година
Ех првиот ден не ми беше ништо посебно. Онака влагам во училница и сите ќутат и толку. Не се ни паднав со другарка ми , па побарав да ме преместат. Денес исто, сите ќутат. Среќа дојде директороти ми кажа да се преместам кај неа. Заврши часот и за разлика од стариот клас, уште од одма ми дојдоа едно 7/8 девојчиња и со сите се испозапознавме и во Пон, после школо на кафе ќе одиме. Значи може ќе го биде класов Дури и ми се оди сега во школо за повеќе да ги запознаам, ејјј, не ми се верува. Ама сега дека ниш не учиме кога ќе почнеме нема баш да ми се оди
хахааха .... првиот ден во средно полош не можеше да биде Јас закаснав и одам и веке ги прочитале првите класови и јас чекам да ме прочитаат ама ме немаше и после тоа кога завршиа со читањето јас и уште 6 деца отидовме со еден наставник и сите 6 се паднавме во истиоот клас и влеговме и сите други седееа и беше тишина и ни кажа класната каде да седнеме и не намести по азбучен ред и јас се падна да седнам со едно девојче што го познававв од порано јас скоро сите ги познавав ама моментот беше кога го видов симпатијата седи пред мене и јас само хахаха и супер ми е во новото одд иако не се паднав со една другарка амаа ајде и вака ми е супер
Нервози, тага, радост, збунетост.. Буквално како изгубен германец се чувствував. Сите велеа дека ништо не е во ред, а мене се' ми се чинеше океј. Се паднав со две другарки ( се местевме ), со повеќе деца од друго школо, а останатите од селата. Мислев да си се запознавам, да се дружам... но ! Другаркиве ме оставија. Се префрлија во друг клас, а зошто? Децата биле од села!!! Толку ме изнервираа што главата ми пуцаше цела вечер. Утредента, додека тие се шетаа по канцеларии, за да побараат одобрение за замената, јас си се запознав скоро со сите, сфатив дека децата се многу фини, солидни ученици и дека 60% сум ги знаела од порано! Имам најдобар класен, имам другари и другарки во клас, не сум сама... СУПЕР МИ Е! Буквално, се гледам со нив и после 4 години. Учат сите и има многу одлични, но сепак се истакнувам кај професорите бидејќи немам срам и страв од нив и веднаш научив да комуницирам со нив. Ова нека биде некаков совет на тие што се 1ва година, а и на осмооделенците. Не е страшно!! Ни првиот ден, ни вториот ден. Не се опуштајте ако сте ја добиле првата петка и што е најважно! Не се правете големи! Другарка ми што се префрли во друг клас, нека се засрами што ме остави. Ама тоа не е толку битно. Таа секој ден провоцира, се смее во лице на децата од села, оговара.. Го чекам денот кога ќе изеде ќотек од постарите генерации. Тоа е од мене, битно ќе си имам убави спомени од првите денови во средно.
Премногу грижи за 1ви септември. Прво нешто што ми се моташе низ глава е дека ќе залутам и можеби ќе влезам во Георги. Второ мислев нема да слушнам кога ќе ме прочитаат и ќе се загубам во училиштето, а уствари само не повикаа како клас. Ќе почнам со тоа патот до училиште. Облечена, средена, со онака повеќе трема се качив во кола и ми текна дека си заборавив тефтерче. По пат се тресев исто ко да треба на забар да одам, а одевме по патот по кој одев за на забар. Стигнавме прилично рано, но имаше ученици од трета. Стигнаа и школските од основно, но не бев со нив во клас. Влеговме внатре. Директорката се обиде да зборува, но не можеше. Сите збореа, поточно беа прегласни. Не повикаа и класниот ни го покажа кабинетот, за веќе утредента да не знам во кој кабинет требаше да влезам. Си седнавме, ни го прочита распоредот, ни се претстави, прочита куќен ред, се претставивме и толку беше. Сега вака гледано, па и не беше толку страшно колку што очекував да биде. Она најобичен школски ден. Сепак во предност си колку толку, ако знаеш некој од твојот клас.
Од толку трема, потресувања, мислења дека ќе се случи којзнае што кога ќе се вратам назад сега по неколку недели сфаќам дека воопшто не биле вредни сите тие нервози Епа да почнам. Си станав најнормално беше еден обичен ден којшто веќе одамна беше почнал да тече, само што мене не ми изгледаше ни малку обичен, за мене тоа беше најужасниот ден во мојот живот (иако станав пред само 5 минути) Цела таква потресена се облеков, се измив напраив шо напраив и дојде судниот час Патот ми изгледаше страшно долг, беше како да одам во судница не на школо И така си стигнав јас, излегувам од колата и само во еден момент сакав да влезам пак и да викнам: Тато вози! Ама ајде некако собрав храбрости отидов накај школото (прво дремевме надвор цел саат ) и не повикаа по класови, отидовме во училницата имаше двајца што ми беа во генерација (во основно) ама првиот ден не ни прозборев со нив Си седнав јас, помина одма часот и сфатив дека не е воопшто така како што си замислував. Сите беа мирни, нели и за нив ова беше ново искуство. Наредните денови полека почнавме да се запознаваме да си го средуваме животот и еве веќе сите ги знам и си се дружам со нив како што се дружев со тие од основно. Па така за сите што ќе почнат од наредната година средно, нека не се плашат се ќе среди и нормално нема првиот ден да биде совршено, а и фала богу неможе да биде (тоа е невозможна мисија), ама полека, полека ќе почнете да се запознавате, дружите итн итн.. So please Don't worry Be happy!
Еј привиот ден во средно сега брзо беше.... 01.09.2011 година.Убав ден. Станав од сабајле се спремав и правец на училиште,по пат дур одев цело време ми се вртеше во глава да ми се погоди некој добар класен\класна,исто и класот,да има деца што ги познавам.Али додека одев по патот целата се тресев.Кога веќе влегов во дворот на гимназијата,кога видов што ќе видам,река полна со деца,немаше место да се узминиме.И оп однекаде ја здогледав симпатијата кај што се брка со другар му .И си викам самата со себе,иии јас како сум стресена овој галје си нема.И добро,излегоа класните раководители не собраа сите ученици на едно место.И прво почна да чита мојот класен.И ги чита со ред децава по список,а од тие што прочита никого не познавав,и дојде прочита едно девојче кое што го знаев учевме во исто училиште,после ме прочита мене,во тој момент помислив не сум сама има уште некој со мене,и само што завлегов во вратата го прочитаа името на мојата симпатија не ми се веруваше Целата се здрвив уште толку.Беше интересно,иако не ги познавав сите мои соученици.Бев најсреќна.Чуството неописливо.Засега сум премногу задоволна од мојот клас,а и од класниот.А како ќе биде понатака ќе видиме,времето ќе покажи
Јас го поминав тој ден... Иако на почетокот воопшто не ми се допаѓаше класот со текот на времето го засакав . Но ме интересира каков е првиот ден на факултет.. Се ежам од помисла дека веќе времето си поминува и за 1 година ќе треба да се запишам на факултет.
Не беше толку страшно, иако повеќето од класот не ги познавав. Нова средина, нови соученици, нови професори, нови правила, но за брзо време се навикнав и почнав да ширам познанства. Потежок ми беше првиот ден на факултет отколку во средно, најмногу затоа што се разделив од моите три најдобри другарки со кои учев и во основно и во средно. За среќа сеуште интензивно се дружиме. На сите нови средношколци би им препорачала да не се грижат и да паничат, затоа што средношколството е дефинитивно најубав период!
Па искрено, и не ми беше нешто. х) Од сабајлето, си станав 2 саати порано, дека знаев, дека од трема ќе ме фркне стомак.. И да има време за да ми помине.. Со другарка ми отидовме заедно.. (се паднавме во ист клас) Ама срце во петици. И само што стигнавме.. Ооп ги гледам сите од основно, се собрале на помало купче.. И така малце си разбив трема.. Влеговме во холот, ходник ли како и да се вика.. И ги гледаме сите професори. И си викаме: Леле, оваа ми е? Леле нејќам. Уф добро е, не ни била таа. Еј изгледа ипак таа била. Ааа не, ене ја нашата. И така, додека се разбравме која ни е класна, кај треба да одиме.. Влеговме во училна. И класната цело време само ни збореше, ни читаше за ова за она. А мене, место не ме држи. Пука од досада. Башка па, некако терсене беа наместени клупите, во круг. И јас сум земала малце покуса маичка. И цело време, од позади ја спуштав. И си реков: Елена, од утре подугачка блуза, а не цело време да ја тегнеш од позади. И кога конееееечно прекина да збори класната ( ) си излеговме, фино лепо. И првиот ден, не се запознав со никој од мојот клас. Не уствари, само со едно девојче. Повеќето се запознав од другите класови. После ни дадоа слободна, ама јас глупа, се симнав 3 станици порано, и си идев пешки во најтоплото. Иако кога ќе видиш, 3 станици не се многу, ама јас бев џоа печен пипер на ќумбе. И поцрвенета, и цела мокра, и спурена. И веќе, наредните денови, ми беше се поинтересно, и поинтересно.
Еееее, го паметам како вчера да беше. Само што сум стигнала со бусот од Романија во 6 сабајле, отидов директ нашкола во 7. (инаку од на играорна бевме Романија, па сум ги пукнала на шоферите побрзо побрзо за да стигнам навреме, да не влегувам на сред час пошо прв пат) Учев Охрид и не ни знаев кај се наоѓа школото пошто други ме запишаа. И ајде го најдов, сама, никој не познавав, чекав да видам кога ке влезе мојот клас (се распрашав кој се како се). И влеговме си седнав, па седна едно девојче до мене и почнаа муабети, запознавање со другите и тоа. И така станавме еден сложен супер клас, и така си поминаа најубавите 4 години во животот, време незаборавно. Факултет ама ич не може да се спореди со школската убајна, седење на клупите, шептење, опомени, правење глупости...ах Не ми се верува дека ми поминаа тинејџерските години, а паметам дека едвај чекав да стигнам до нив, и еве дојдоја и поминаа. :/
Ние во прва требаше да учиме во дделна зграда од останатите која што е одделена 2км од главната зграда на гимнаизјата. И ја така си се левкам си одам накај главната зграда и незнам шо ми текна звонам на другарка ми и она ми кажа дека ќе сме учеле во оддлената зграда и ја трк по такси и отидов среќа на време. Инаку прво се паднав во еден мноооогу чуден клас но потоа се префрлив и сега сме сите другарки заедно
Лелее смешки бев. Се паднав со некои од моето основно, но не се дружев со нив, а со добра другарка тшо блуску живееме се паднавме во различни класови, ама училниците беа една до друга. Предходно се купив нови фармерки, нова блуза, нови патики мх мх мх. И сега се договорив со другарката заедно да идеме да не се испогубиме (а на ливчињата на вратата пишуваше дека една до друга училни ќе бидеме)и отидовме двете дотеранки влеговме во школото и се испогубивме . Требаше да отиме на најгорниот спрат. И од 1от спрат до 3от сите училни сме ги читале (бројчињата) се дур не ја најдовме нејзината. И си помислив тогаш аха мојата треба да биде оваа тука. И чекав прво она да влезе и јас со страв чукнав (касневме многу бидејќи цело школо го шетавме да си ги најдеме училните ) и отворив врата и класната ја видов (прво не верував бидејќи има само 20 години- така нешто) ми го прочита името да види дали сум од овој клас, и ми вика ајде влези. Влагам јас глеам ДЕЦАА (ко прв пат да бев во цивилизација, прв пат гледам луѓе ) и влагам до пола на училницата, сите беа влезени барав место. Само некој ми покажа дека има празно место во ќошот на крај на училната. Седнав класната се ни кажа, и звонеше и сите деца надвор, беше како сите тие веќе да се знаеа од порано само ја избацена седам. После дури на одморот се запознав со 1 или 2 девојчиња. Другиот ден се полесно беше, со повеќе се запознав и се така. Малце касно, ама си ги најдов и најдобрите другарки од класот и се беше океј. Иако класот не го сакам (ми се паднаа лчности кои се, верувам цел живот ќе бидат такви што подалеку од носот не знаат и не можат да погледнат)ама тоа е некако гурам. Се извинувам што е малку подолго, но се присетив на секој детал од тој ден
Вероватно само јас си поминав лошо Јас сум премногу повлечен тип и тешко ми беше да се вклопам со класот, првиот ден бев со братми и тој ме упати каде да одам и веке вториот ден бев сама првиот час си постојав сама неможев да си го најдам класот добро беше што запамтив некоку. Затоа што учам во друг град тешко ми беше да се снајдам. Додека се средам во првото полугодие бев китка за професорите, а сега подобро да не зборувам, срам ке ме убие..
Леле, како тоа јас не сум коментирала во темава. Инаку, баш со вашиве коментари ме потсетивте на тој славен први септември кој сега ужасно сакам да се повтори. Јас искрено очекував да биде којзнае што, мислев дека ќе не читаат еден по еден а уствари не читаа по класови, јас ден пред тоа знаев дека сум I-9 и дека класен ми е по физичко, леле кои бедови беа тоа кога дознав дека не ми е по некои од 'посериозниве предмети'. Ама човекот испадна тотално добар, кул и опуштен. Класниот зборуваше што зборуваше, ни го даде распоредот, ни даде некои си формулари да пополниме за слободните а мене - ми се спие ми се плаче. Се паднав во клас со двајца другари од основно со кои не контактирав многу-многу ама за прв ден отидов со нив колку да не бидам сама де. Јас очекував да се запознаам со неколку девојчиња на првиот ден ама ништо не бидна од тоа, почнавме да се запознаваме дури следната недела а со некои се запознавав и по два пати, зашто на никој не им ги памтев имињата. Значи на едно девојче што седеше до мене, цела недела онака збориме и јас место Сара и викам Ивана! И она ваква ме гледа.. А?! Кој промашај сум човече! Септември си помина како на зезанција, запознавања, проценки на професорите и на децата - кој каков е што е.. После скратени часови, екскурзии и си викам еј ама било лесно ова средно , еее ама не било така. Па после помина месец, почнаа и изостаноците, еве неодамна почнав да си испарувам така од часови.. Шејм он ми. Не памтам последен пат кога бев на физика час, ама неможам бре, таа жена е толку досадна што не се трпи! Имам и еднаш избегано од географија, не ми беше по волја а и мислев дека ќе ме испраша.. Инаку на другиве сум си редовна. Морам, шта ќеш. Инаку си се расприкажав јас ептен, отприлика тоа беше за првиот ден а и за деновите после него ,не беше тоа тоа што очекував јас, абе готово ќе направат спектакл на првиот ден само мене да ми биде интересно, нали.. Се на се, добар ден.
Првиот ден во средно ми беше ужас Многу ми беше непријатно, неубаво. Никој со никого не се знае, ама сепак, сите се гледавме меѓу себе како од Марс да сме паднати, додека понатаму се менува се