Првиот ден во средно никогаш нема да го заборавам. Бидејки се запишав во медицинското во Тетово , незнаев никој таму и пред тоа никогаш не сум била во градот имав голема трема. Кога влегов во училницата , видов секој со секој се знае а само јас никој незнаев , си седнав до едно девојче и таа не правеше муабет со никого. И така се запознавме и почнавме и ние муабет да си правиме од кај си , како се викаш она ова Потоа наредните денови се запознавав со другите полека полека , и си најдов и други деца што беа од Скопје
Првиот ден во средно ми беше еден од најдобрите денови во живеачката Тој ден ги запознав моите најдобри другарки
Првиот беше супер, имаше доста што ги знам, одма сите муабети,кој си што си, професори те тераат да кажеш неколку збора за себе....исто како прваче
Aми арно беше првиот ден запознав нови другари и многу убави нешта се случија долго време помина кој да памти .
Хахахахаа кога ке помислам за првиот ден во средно Со првата другарка што се запознав,ја згрешивме училницата..Отидовме во 3та година.. До ден денес се смееме за тој ден
Слабо се сеќавам на првиот средношколски ден, само знам дека сите се гледавме измеѓусебе какви сме што сме. Класниот веќе го знаев од претходно така да само луѓето што учеа со мене ми беа чудни и се запознав со неколку од нив
Ќе се запишам во средното медицинско училиште и кога ќе почне учебната година како да се запознаам со другаритте и како треба да се однесуваам за да го ценат тоа и професорите?
Ужасно беше. Патев од комплексот ,,Леле што ќе речат другите за мене'', и си мислев дека сум одиграла добро тој ден, се до моментот кога не сфатив дека сум била во тешка заблуда. Тоа е. Ми беше многу тешко, иако веќе неколку личности ги знаев, кои ги сметав за потенцијални соученици. Дури срам ми е да се сеќавам што се' се деси тој прв ден во средно, а не па да пишувам за тоа. Се тешам дека што било-поминало .
Првиот ден од средно, знам дека стоевме пред школото и не читаа по класови да влеземе во училница. И јас не би била јас доколку не се истакнам со нешто.... Си заседнав, се размуабетив и само слушам од таму: Ајде останатите од прва единаесетттттт... Како бе прва единаесет, а јас сум прва два ??? И тука сватив дека ми поминал редот, па цел саат го барав класот, и на крај од часот влегов и се претставив Иначе, впечаток кога го видов школото - СЕ РАЗОЧАРАВ
Ќе се запишам во средното медицинско училиште и кога ќе почне учебната година како да се запознаам со другаритте и како треба да се однесуваам за да го ценат тоа и професорите?
Беше интересен! Рано наутро, со моја стара другарка од детството и нејзина школска од основно, заминавме и се изнарадував што имаше многу познати. Некои од моето основно училиште и со нив муабетев во почетокот. Добар клас се паднавме со прекрасна класна, па брзо се прилагодивме и запознавме. Се претствавивме едно 2-3 пати После тоа заминавме на кафе и од утредента беше супер.
Теми за кој би разговарале на првито ден во средноедн Малку сум срамежлива со некои кој не ги познавам па мислам дека нема да можам да се снајдам на првиот училишен ден во средно ве молам дај те ми некој совет некои интересни теми за кој би можела да разговарам со новите другари
Теми за кој би разговарале на првито ден во средноедн И да има теми не верувам дека ќе бидат на разговор зошто првиот ден прво глеаш кои ги знаеш ако има такви и со нив прво идеш праиш муабет, а после се запознаваш... јас тој ден колку што памтам најосновно се праеше муабет кој кај завршил основно, некој со некого ако се знае од негде, кај живее, некои глупи, бош теми онака... шо праиш? -добра, како си? -еве Значи спонтано се одвива тој ден, може соговорникот нема да сака да ти каже ништо, а може ќе сака да се зближи, се зависи од вас нема предлог-теми тука тоа е најосновното.
Теми за кој би разговарале на првито ден во средноедн Јас првите неколку дена само прашував: Што час имаме?, Кај сме? Во кој кабинет? Колку мина сме? Во кој клас си? Од срам де, не дека не знаев. Колку да се најдам во муабет. Не се којзнае какви муабети тие. После кога ќе навикнеш, полесно ќе ти биде.
Здраво јас на 1 ќе бидам прва во приватно учулиште и незнам што ме очекува ,дали некој знае како ке се одвива распоредот... Однапред ви благодарам
Значи од септември навистина ќе се чуствувам како оние од шпанските филмови или тинејџерските. Запишена сум економско со мојата најверна другарка. А во економското се запишани и така наречените “ познати шмизлички од фб „ а и “ познатите фраери кои сите ги сакат „ . Значи тотално сите тие се запишани во економско, само 4 има општа. А на мене ми се допаѓа баш тој “ најпознатиот фраер „ И незнам како ќе поминам ама не им судам, можеби се добри девојчина/момчиња. А можеби и не се добри, ако не се ќе има големи проблемиии Можам да си замислам уште сега како ќе биде..
Значи вака, јас одам за прва година сега па сакам да ве прашам. Дали вие што ќе одите за прва година ќе одите првиот школски ден со родител ? Или дали вие поголемите сте отишле со родител ? Јас ќе одам во приватно школо и мислам оти првиот ден има и прием на родители.. јас ќе одам со мајка ми. Но дали мислите дека е срамота ? Или пак дека ќе ме исмејуваат заради тоа ?
Мислам дека не мора да идеш со родител затоа што сепкак си сега поголема и треба сама да се прилагодиш на околината, да се запознаеш со соучениците.. Можеби не е срамот но тоа е моето мислење. А и зашто да идеш со мајка ти? Немаш никаква потреба од нејзе. Или имаш?
mene mi e strav zaso ke se osekjam kako izgubena i nekako nema da se snajdam bas, i dobro sto ke ima priem na roditeli
Голем дел од летото ми помина во размислување за тој прв ден. Љубопитна бев, како ќе биде и сето тоа, нови деца просто кажано нов почеток. Кога бев да ги видам резултатите ги запишав имињата на сите примени на мојот смер и ги побарав на фб се распозанв со некој од нив па не ми беше толку незгодно првиот ден. Знаев дека сите ќе бидеме такви како изгубени.