дали знаете како кај приватни школи се одвива распоредот првиот школски ден ? искрено многу работи ми паѓаат памет и ме фаќа страв
Добар ден , ептен пиевме предходната вечер и отидовме полу пијани на училиште , појако здравје со пенкалце VIGOR без тетратка. ептен ми е супер , сеа ќе бидам 2ра година
еееее првиот ден не беше толку добро, бев тажна што моите другарки не беа во мојот клас, а од 8 одд од мојот клас никој немаше во средно
Јас лани пишав тука во темава. Хахаха. Вака девојки да ви кажам нешто,не се плашете професорите луѓе не јадат,а пак децата ич. Бидете само опуштени.Ништо не е страшно.Јас лани кога бев одпрво по пат се тресев леле што ќе биди вака така.И сето тоа беше се додека не влегов во училница.Бидејќи во гратчево наше сите колку толку се познававме.Веднаш се опуштивме,како цела година да се познаваме.Во ходникот заедно со нашите комшии први бевме за неред правење уште од привите денови Инаку за девојчето што прашуваше дали да оди со родител. Јас би ти рекла не.Доволно си воздрасна за да одиш сама.Јас лани сама бев.И супер си поминав,а и немаше ниту едно дете кое беше со родител.И уствари ти не си прваче,туку средношколка
Премногу сум срамежлива, и сега во мене постои некаков страв дали и како ќе се снајдам во ново училиште со скроз нови деца и професори, да имаше барем едно дете кои го познавам да се запишеше во истото училиште знам дека немаше толку многу да ми биде страв, но сега незнам како ќе се снајдам,некој нека ми напише мислење, многу ми треба.
Мислам дека сите сме го почувствувале стравот од тоа да не можеме да се вклопиме во средно.Што се однесува до професорите, најбитно е да им оставите добар прв впечаток.Тоа не значи дека секогаш треба да бидете екстремно мирни и да не кажувате ништо.Битно е уште на почетокот да им покажете дека имате знаење и дека учите, но и дека сте активни и дека имате што да кажете.Ќе ве научат брзо и ќе се навикнат на првата слика што сте ја создале за себе, па подоцна, низ целата година, а и понатаму, ќе го имаат истото мислење за вас.Многу е ретко да успеете да го смените првиот впечаток што ќе им го оставите на професорите, потребно е многу труд за тоа, затоа внимавајте првиот месец посебно.За децата ќе биде малку покомплицирано.И јас исто во мојот клас не познавав никој и првиот ден не знаев што да правам со себе, ама си поставив цел-секој ден ќе се запознаам со три-четири деца и ќе пробам да разговарам со нив.Така, уште од првата недела веќе знаев околу 12 деца.После тоа, во запознавањето ќе ви помогне многу и тоа што првата недела ќе се претставувате 6 пати дневно пред професорите, па така и ќе дознаете нешто и за другите деца.Со тек на време ќе видите кој ви одговара најмногу за разговор, кој за искачања, кој да ви помогне со школото и ќе се здружите.Мене ми требаа два месеца да сфатам кој ми одговара и со кого би сакала повеќе да се дружам, а со кој не би сакала да стварам некое поголемо пријателство.Најважно е да знаете дека сите околу вас се еднакво уплашени како и вас, па најдобро е ако можете први да го скршите мразот и да започнете разговор, а после, се оди многу лесно.Со среќа средношколки, и ако ви треба нешто, тука сме да помогнеме
Цело лето мислам дека бев возбудена за тоа со кого ќе бидам во клас, како ќе ми биде, ќе се вклопам ли во новата средина, какви ќе бидат професорите..И сето тоа е нормално.Памтам при крајот на август веќе имаше класови и ја имав таа среќа да се паднам со две најдобри другарки со кои што учев заедно уште од забавиште, па може да се каже дека имав среќа.И пошто и тогаш беше актуелен фб, си го сликав класот и ги адднав скоро сите на фб, па така стапив и во контакт со неколку девојчиња и се запознав пред први .Во главно првиот ден пред школо се собравме сите од основно и си муабетевме, па не викнаа во холот и не викаа по класови.Кога влегов во училница скоро сите беа седнати позади и немаше место па заглавивме во прва клупа пред класниот.Класниот ми се виде строг првиот ден, децата ми беа чудни .Ама со тек на време всушност сватив дека подобар класен неможеше да ми се падне, а за децата, ок имаше некои што сеуште останаа чудни Али се наоѓа друштво во секој случај. И еве сега ќе бидам трета година повторно во различен клас и повторно ја чуствувам онаа возбуда, околу тоа со кого ќе учам.Ама не е тоа тоа како во прва
Еве нешто што имам веќе направено за оние кои се плашат од првиот ден.. Запознавање/претставување - Немојте никако првото претставување да ви биде во стилот на ЛИЛААА! или пак да се покажувате како ЈАС И НИКОЈ ДРУГ. Девојките кои од првиот ден се претставуваат како шмизли или водачи веднаш сите ги гледаат попреку и многу влијае на дружбата подоцна. -Облекување - Леле,леле прв ден е што да облечам! Хаос,сите алишта се на креветот и се мислите зарем не? Јасно,јасно на сите ни се случувало тоа НО еве повторно совет и во врска со ова - Дотерајте се,бидете убава но природно убава! Никако немојте да отидете со гол стомак уште првиот ден или пак со најстарата блуза што ја имате во шкафот и што не е во "мода" . Луѓето се такви што ако ве видат со гол стомак ќе ве направат "флертувачка,дошла да привлекува внимание" а пак ако сте во наајстарите алишта ќе бидете "види ја нема стил" . За жал средното знае да биде сурово па затоа и треба да се одвои (минимално но сепак да се одвои) кеш за да се подновите со некоја блузичка и фармерчиња.НЕ е срамота да носите балетанки или римјанки во школо додека е топло времето,нити пак чизми додека е ладно.Исто така туники со хеланки воопшто не е срамота,некое прибрано фустанче/сукњичка во топлите денови или комбилизонки. -Шминка,фризура,нокти - Станувате и паника - ЛЕЛЕ ПОДОЧЊАЦИ,ЛЕЛЕ КОСАТА МИ Е УЖАСНА,НОКТИТЕ ИЗГРИЦКАНИ,ЛЕЛЕ КАКО ЌЕ СЕ ПОЈАВАМ! Средното училиште е место каде што е дозволено и шминкање,и лакирање и фризури НО верувајте тоа воопшто не ви е потребно! Станете,испеглајте си ја косата или направете си плетенка,ставете си креонче,налакирајте си ги ноктите во една боја и правец накај школо! -Ташна/ранец - За разлика од основното школо сега во средното повеќе се носат ташни отколку спортски ранци.Ташни со интересни принтови кои одговараат на стилот на облеката. НО ранецот е неопходен да го имате дома затоа што кога сакате да се облечете поспортски најубаво е ранецот на рамо и терајте накај школо во спортска варијанта.Подоле ќе поставам слики од ташни кои би изгледале убаво за во школо. -Прибор/тетратки - Конечно нема потреба од приборот кој го носевме во основно,зар не!? Доволни се неколку пенкала и тетратки,и фурај во школо,затоа што не се знае кога ќе ги дадат книгите! Е сега јас пишувам според мене,како правам распоред на тетратките - Секогаш сакам да се убави тетратки и да ги ишарам на почетната страна но веќе прекинав да го правам тоа. Зашто? Затоа што ова е средно и тетратката ќе заврши со љубовни текстови,со ишкратни лекции затоа што ме изнервирала професорката,со скинати страници..Совет - Ако сте во медицина тогаш нека ви бидат најсредени тетратките по анатомија итн.Ако сте во козметичко,тетратките по козметика.Ако сте во економско,по економија итн и да МАКЕДОНСКИ секогаш нека ви биде средена и по можност во голема тетратка затоа што ќе ви треба за државна матура.Останатите предмети кои ќе ги имате само две години или кои воопшто не се битни не се мачете толку да бидат посебни и така во канта ќе завршат,освен ако не ве интересира тоа. -Професори,професори,професори - Секогаш е битно да оставите добар впечаток на професорите,зарем не? НО ви кажувам од искуството во мојот клас,тоа нема да го постигнете ако сте НАЈДОБРИ во се. За некој професор да ве засака треба да имате свое ЈАС,треба да дискутирате со него,да му се спротиствите (со граница) кога мислите дека не треба да биде нешто така,да признаете кога нема се научено,да се јавите да одговарате! Најстрогата професорка во моето школо е мојот идол и жена со која разговарам за се! - Ние дискутираме за многу теми кои некогаш јас сум била во право,некогаш таа.Се расправаме додека не го откриеме и последниот детал.Се јавувам да одговарам но кажувам дека не ги знам сите лекции целосно,се пријавувам на натпревар а некогаш пак таа ме бара јас не сакам да одам а сепак таа наместо да ми замери ми се восхитува затоа што јас сум ЈАС,како пред сите така и пред неа! -Момчиња,момчиња глава боли! - Насекаде нови момчиња,кој од кој поубав! Незнаете што да правите дури од толку убави дечки на сите страни. СОВЕТ - Ако најдете 1-2-10 што ви се допаѓаат не правете СЕ да го привлечете неговото внимание. Никако немојте да доаѓате разголена во школо,нашминкана или пак да пробате кога сте во друштво да се правите главна,да бидете најгласна и да привлекувате внимание на се живо - тоа нема да биде добро внимание и од друштвото ќе ве замразат затоа што се правите главна со сила и затоа што сте "лесна" (во нивните очи) и правите се за да заведете едно машко. - Бидете тоа што сте,убаво дотерана а не претерано,со насмевката на лице,со вашата смисла на хумор а воедно и вашата срамежлива страна. "Случајно" среќавајте се со него,разменувајте насмевка и самиот ќе дојде. -Не ме прифатија сите како што очекував! - За разлика од некои средби во средно школо првата средба секогаш лаже. Ден денес ние се смееме и збориме што сме мислеле една за друга при првата средба па затоа и дадов некои совети што да НЕ правите - Можеби нема да бидете прифатени првиот ден,првата недела-две но верувајте дека како поминува времето така со вашата искреност и доброта ќе се здружите со многу од класот а па да не збориме за во втора година - ќе бидете сите неразделни. -Премногу оговорање! - Тоа го имало и ќе го има,без паника. Ќе има оговарање кој како се облекол,кој добил единица,кој се улизува на професорите,кој со кого иде,кој колку иде..НО и покрај сето тоа оговарање во вас ќе има една интересна дружба и ќе бидете задоволни (затоа што оговарањето ќе биде површно,а не со тешки навреди) а доклку имате "клан на кучки" во класот што се знаат цел живот и се против сите вас - на крај тие нема да имаат другарки верувајте. -Немам време за ништо,премногу имам за учење! - Вакви моменти сме имале сите што сме биле во средно школо затоа што за разлика од основото во средното е многу потешко и материјалите се мноооогу поголеми. БОНУС е тоа што имате повеќе време за одговарање затоа што се поголеми класовите во средно и со тоа добивате на време - некој се јавил сам да одговора па после редот продолжил после него,некогаш почнуваат од позади/напред,некогаш одат по датуми..За да ви биде полесно бидете активни на часот и така се учи многу,во тетратка запишувајте ги најважните работи. Јас до основно воопшто не учев а сега во средно сум одлична. КАКО? Тоа што го учиме јас го отварам на интернет и таму има 100 пати поинтересни работи кои ги памтам лесно и ми го привлекуваат вниманието - ОСВЕН МАТЕМАТИКАТА! Тоа никогаш нема да го засакам,фала Богу веќе нема ни да имам.
Нова средина,слегуваш од автобус и ти се чини сите во тебе зјапаат. A тие гледаат да не видат некој познат.Мислиш сега ме оговараат 100 % Кога слегов од автобус не познавав никој,одев така сама и си велев а што ако ме чепне некој,или ми рече нешто,како да му вратам,ако се скарам можи и да ме натепаат.Не се еден И тек дури после видов едно познато девојче кое е постаро од мене,си стоеше со другарки,и таа не ме виде ,појдов и и викнав,ме прими во друштвото али се чуствував како кокошка одвоена После тоа не распределуваја по училници ,се запознав со неколку деца,класната итн Од вториот ден си немав мака,исто ко цел живот да сум учела во школото
Охх кога ќе се сетам...Веќе помина година а како да поминала недела..Најпопуларната школа во Куманово,гимназија...За среќа не делеа по класови по вториот јазик..Бидејќи само мојата школа учеше италијански не ставија ситее од основно...Хаос најлошиот клас плус 39 души...Бев како изгубена кокошка,класната ми се падна мајката на мојот тогашен дечко ..Тој ден засекогаш ќе го паметам
за една недела и јас ќе ви кажам како ми бил првиот ден воопшто не се чуствувам како да тргнувам за средно се мислам дека по грешка ќе отидам во основното сега за една недела ќе ви го раскажам мојот прв ден...ми се кога ќе ми текне, а јас како што сум си срамежлива и некомуникативна + ниедна другарка не се запиша во тоа школо ми се чини дека ќе си седам сама и никој нема да ме прифати и сака
Нмеав каде да прашам па еве тука.За во медицина-Скопје да не знате која смена почнува?Дали баш на 3ти ќе се делат класови и такви работи?Од колку саат е првата смена и све тоа/Можеби прашањево не беше за тука ама незнаев каде а многу ми е битно вемолам за малце помош тие што знаат
тешко ли е во средно ? сите различно ми одговараат на мене и на моите врсници некои велат___леле тешко е немаш поима по 35 деца се во клас професорите бараат многу од децата нема да имаш време за спортување и за ништо друго ранецот ќе биде по тежок од тебе а професорката ќе биде по тешка и од ранецот мене ова ми е смешно а некои пак велат дека било мед и млеко и дека со одобра основа од по рано се ке било ок ... ваше искуство ????
Има доста поминато веќе 5 год и жалам доста за деновите од средно,едно да имате на ум тој живот не се враќа тие денови.И ај да почнам за првиот ден бидејќи се запишав средно медицина и одам со една другарка и по пат си правиме муабет сега како ке биде што ке биде никој не познаваме.Кога стигнавме влеговме опаа еден куп луѓе пола од нив непознати а полаа ние беа познати седнавме и како изгубени во времето и просторот сите зјапаат гледаат тие што не ни беа од градот само не зјапаат.После почнавме да се запознаваме кој од каде,каде завршил основно ,сега се прашуваме како и што ке биде,но искрено како одминуваше времето и годините се запознавме, сите убаво и бевме како семејство на крајот ни беше многу тешко кога се разделивме али тоа е, но средното ке ми остане во срце
и јас сум прва год од 3-ти ама сакам да прашам дали првиот ден ги даваат слободните и што да носам мислам од прибор ???