Јас мислам дека нема уште првиот ден да ни ги даваат слободните, туку како што прочитав негде на форумов ќе ни давале некои ливчиња за да можеме бесплатно да се возиме додека не ни ги дадат слободните, инаку како би ни дале слободна кога немаат наша слика за да стават на слободната, а исто така треба да ни земат и лични податоци каде живееме и се останато. А за прибор најдобро е некое тефтерче и пенкалце колку да запишеш нешто ако кажат, на пример ако го кажат распоредот на часови, сигурно нема уште првиот ден да почнеме да учиме и да ги имаме сите часови.
Првиот ден ќе ви дадат привремени слободни, нив ќе ги имате до октомври, т.е. додека не ви ги направат вистинските слободни.А носете си само пенкало и тетратка, ништо друго не ви треба
Ни за таквите, ни за таквите слободни, ништо не се плаќа. Привремените, ќе ви ги дадат уште првиот ден, и беспатно ќе се возите кога ќе се вратите назад. (Барем така беше во Карев). На нив, самите си пополнувате име, презиме, адреса... И имаше уште некој број, што ќе ви го даде класната/класниот. После некое време, вие си носите ваша сликичка од полуматура, потпишана од позади.. И „официјалните“ слободни, со слика, ќе ви ги дадат во октомври-ноември. А ние, сега што сме за втора.. До октомври-ноември, ќе ги користиме изгледа, тие од лани, со сликичка. Додека не ни дадат нови...
Сеа зборам за втора...На тие со сликичка, нели треба да им се смени маркицата?Мене ми рекоа дека и ние ќе добиеме привремени...
Драги феминки што ќе облечете за првиот училишен ден во средно? Јас ке облечам фармерки маичка и римјанки.
Леле превозбудена сум за утре. Сега најозбилно ве прашувам, ќе биде ли во ред да облечам тиролче со маичка и римјанки? (иначе во Корчагин учам) Или пак најубаво фармерки, маичка и патики?
Мене лани ми беше прв средношколнски ден ... И цела ноќ не спиев и ко станав утредента ко пијана бев Со големо нетрпение ја очекував класната да не повика и да си одам дома Едно девојче одма ми пријде и сега сме нешто како " best friends" со некои не се поднесуваме и такаа за тие што се прва година и прв ден им е не е ништо страшно после 2 ден ке се чувствуваш како цел живот да си учел во тоа школо П.С. Добро запомнете си ги Училниците да не направте како мене кај тие од втора година си влегов и си седнав таму уште кафе што не им побарав да ми донесат за добредојде
Денес... конечно по долго очекуван временски период. Прво вака: Вчера бев преплашена, ми беше страв да не се паднам со некои ептен дигнати до небо, па да не се паднам со некои со сите ги мраза и така, а знаев која ќе ми биди класна. Денес појдовме со 2те другарки и беа дојдени само ученици од прва година гимназија. И онда дојдоа оние гимназиски шмизли од втора година и почнаа да не снимаат па ова она. Во Прилепскава гимназија немаше некои што беа во најново облечени, секој облекол тоа што му стоело убаво. И да бидам искрена, сите беа убави немаше сељаци и слично. И после, почнаа да не читаат и мислам дека се паднав во убав клас, другарката една е со мене, и двајца познаници. Е сеа влегуваме во училница и една девојка ми вели: Еј Кате па кај си ти?! очигледно ме познаваше ама јас не ја препознав и само и реков: Ej, како си?! Па калсната ни даде распоред, многу ми се допадна. Има еден друг клас со убави момчина, ама и овде не е лошо. Се на се, убаво беше!
Е ајде на сите што ви беше денес прв ден во средно, со среќа и убаво да ви помине оваа школска година.Учете, пишувајте домашни,ама и не заборавајте дека средно школо е најубавиот период за дружење, затоа опуштете се, излегувајте и have FUN! TheaEsposito, ги чекаме твоите први корчагински впечатоци
Со среќа нека ви е на сите и не се плашете не е нишо страшно ќе ви биди многу интересно ехх јас кога ќе се сетам (лани завршив прва ) многу бев опуштена знам и со сите се запознав и најубаво е така и4 не треба да бидите срамежливи само искулираноо ..
Ај да си кажам како што е редот, рано посабајлечки. Будна уште од 6 ипол, спиена дали 4 саати...Искочив во 7 и 5, 10, не носеше мајка ѝ на другарка ми со кола до школо, ама не се паднавме ист клас. И таму меѓу првите уште во 7 ипол...И почнаа да си се збираат деца, јас само ги манијачам, и гледав дали има убави машки. И дојде 8 сатот, влегуваме таму сите и не кажуваат да идат у тој и тој клас таа и таа е класна, и на мене ми дојде ред.И влегуваме сите во училна, јас ко изгубен Германец, ни да мрднам ни да трепнам. Си седнав до едно девојче, и збореше, збореше класнава ко по обичај што е, и отидоа со неколку машки книги да земат, и си направив муабет со девојчето до мене што седеше.Оваа па класнава цел саат не држеше, за униформи за 300 чуда, кога излегов почнале веќе од втора да доаѓаат...И отидов автобус да чекам, и сама бе ко гревче некое, и си викам сеа дали ќе најдам друштво, какви се децава во клас, 300 мисли ми поминаа, дури ми се заплаче. Ама ај, ко за прв ден добар беше, па ќе видиме утре, задутре како ќе биде...