Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот ден во средно

Дискусија во 'Образование' започната од MightnightGirl, 14 јули 2010.

  1. Whatsername997

    Whatsername997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    ехеее од кога помина тој дееен....како сабајлево да беше :lol:
    значи, сабајлево така ко пијана станувам у 5:30 и полека, полека си се спремам и од после ми кажа татко ми дека тој ќе ме носи и мене ми олесна зошто не ја знаев баш станицата само 1-2 имам одено :lol:
    и излегувам од кола со мисли како:- опушти се сигурно имаш некој познат, изгледај позитивно :D и така седам во двор и ги мањачам машкиве нели, за да знам дали има убави па да неодам несредена во школо :D , и после не викна една за да влеземе внатре и во аула се собравме и директорката таму нешто збореше не ја ни слушав па после во училница, ама јас таква како изгубена во просторот и времето неможев да ја најдам училницава ама фала богу не бев единствена и едно девојче ја бараше истата, па така и се запознавме, и океј ја најдовме училницата таму скриена не ни ми текна таму да погледнам, па после класнава збореше |-) ама не стигнав да се запознаам со останатите |( (не ни имав некое очекување да се запознаам со сите зошо сум си :$ по природа) и после чекав автобус пола саат :@ 100 автобуси поминаа 15ка нигде нема, па после со другарка на тел. си се жалевме ама нејзе и е подобро зошто е во Арсениј Јовков по опуштено :tmi: и сеа еве ќе искачаме да си се исплачеме :P
     
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Немој да се разочаруваш, ова е само прв ден.Утре пробај да се запознаеш и со други деца, во среда со нови, и така цела недела запознавај се.Имај во предвид дека сите во класот се чувствуваат еднакво изгубени колку и ти, на сите ви е ова ново школо, нови деца, нови професори.Со тек на време ќе се здружите и за некој месец ќе знаеш со кој сакаш да си поблиска, а кој не ти одговара многу 8)
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ве читам и ме потсетивте дека ова и мене ми се случуваше пред 10години. Цели 10 години :o :tmi:
    За мене не беше ништо посебно тој ден, впрочем како и секој претходен ,а и нареден “1ви септември“. Веќе знаев дека со другарките од основно ќе си бидеме во ист клас, знаев кој ќе ми биде класен(поради што не бев баш импресионирана)... и така си станав, си се спремив и “полетав“ кон гимназијата која ми е на 50м од дома :wasntme:
    Интересно ми беше додека ве читав, поголемиот дел кога стасале во школо, меркале дали имало добри машки, а мене тој ден не ми текна да ги погледнам машките од клас, а не пак оние од другите класови :$
    Се на се, првиот ден беше како во бунило, се набрзина, колку да не е без ич... со душа чекавме да заврши за да отидеме на кафе , за кое бевме по возбудени.
    Е веќе наредните денови беше подруго, почнавме да си подаваме раце кој кој е, што е, како е, почнавме да се дружиме, за од 3та веќе да сме неразделни. :angel: А денес пак секој по свој пат :)
     
  4. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Будна од 5 саат бев.Се истуширав,се средив и во 7 и пол појдов.И една другрка видов и она чекаше на автобуска па ај сама да не одам,со неа знаеш :D
    Тоа гужва по град,мислам на еден семафор по 20 минути чекавме.И нели со ''другаркава'' моабет си праевме цел пат.Нешто као:Топло е многу.Да бе многу е топло.По две минути:Ај у пичку матер многу е топло.Да бе стварно.И добро сеа ова нема врска.
    Стигнав у школо и се изгубив,ни знаев училницата кај ми е,ни па класот.И ај се снајдов некако влегов и немаше место до девојче,па ај се лупнав до машко.И така саат ипол си дремев,нели јас баксуз имав и добиено,па пази да не ти претече и глупости.И класната дрндаше шо дрндаше,незнаеше ни она што збори.Се претставивме и ајт домче.Нит се запознав со некој нит ништо.Ајт со здравје одма.И сега утре чекам да видам што како. :D
     
    На Justice му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Епа вака.
    Станав во 6 часот, се облеков, се спремив и веќе во 6 и пол бев спремна. Ја почекав сестра ми да стане и во 5 до 7 тргнавме. Ја собрав другарка ми по пат и стигнавме. Во дворот имаше многу гужва. Сите беа таму од прва и втора година. Веќе беше 7 ипол а ѕвончето уште не ѕвони. Некарактеристично за Корчагин, нели? И така одма ја најдов училницата 103, си седнав со една другарка на прва клупа. Одма на клупите не пречекаа комплети со учебници, па почнавме да ги чепкаме и разгледуваме. Потоа дојде класната. Ни се представи, збореше за школото, за професорите и се тоа. Супер е. Срцка. многу сака да се шегува и баш е фина. Потоа сите се представивме и кажавме кој од кое школо доаѓа, и така.
    Не се запознав со никој нов. Иначе знам 8 деца од мој клас. 7 завршија во мое школо и една другарка од Прилеп. Се на се, океј беше. Не е толку страшно како што кажуваат.
    Утре имам 6 часа. Малце ми е страв од професорите, како ќе се представам, како впечаток ќе им оставам и слично, ама се надевам дека се ќе биде супер.
     
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сношти заспав накај 1, а станав во 5. Бев возбудена, затоа.
    И онака се вртев у кревет, си го гледав ѕидот, и дојде 6. Станав, полека почнав да се спремам.
    Отидов со другарка ми (заедно учевме до сега), си застанавме во дворот. Прво влегоа трета година, после излегоа нашиве класни, не презвикуваа оти сме само еден клас медицински сестри. И раче за раче со другарката, се качивме до училницата. Е сега, не сум сигурна дали утре ќе ја најдеме, ама нема везе тоа.
    И класната зборуваше некои општи работи - за предметите, поведението, професорите. Се претставивме сите. Е сега, баш сакав да се запознаам со сите (всушност веќе познавам повеќе девојчиња, ама од село тие не ги знам). И си викам ај сега ќе се обидам да запаметам кој како се вика. И само ги зеев децата, а никој не запамтив. Штета, нели?
    После класната не’ остави само на 5 минути (мал одмор де) и викам ај, ќе се запознааеме. И кога ти гледам, сите излегоа да одат у веце, па дремеа у ходник додека да влезе класната пак.
    Слеговме доле да го ѕирнеме кабинетот за медицинска пракса и кој надека.
    Па, се сретнавме со другарките со кои учев до осмо, да споделуваме импресии и тоа.

    Инаку, сакам да дојде утре, да се запознаам со децата. Всушност, знам дека утре ќе ми биде срам и само ќе седам на место, ама барем 7 часа имаме - ќе запаметам кој како се вика.

    Туку, малце ми е страв каков впечаток ќе оставам кај професорите. Ама ајде..
     
  7. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Епа вака вечерта си легнав во 1 саат а заспав во 3.Станав во 6 и 20 се пеглав едно друго и на автобуска искочив во 5 за 7.Таман во школо си бев на време + си имав душтво 6 од клас сме таму и + пак сме во исти клас.Интересно ко за првпат но ми се деси нешо :D немаше место јас и уште едно другарче да седнеме па влечевме столови ама беа заглавени и класната ни помагаше :D брукии се изнасмејав...инаку другото ок беше се запознав со уште 2-3 девојчиња и машки и убаво...само малце ме плашат
    професорите :?:
     
  8. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    лелеле ..ич не ми се одешее денескааа а бе ич ................иначе
    само се плашамм од професоритеееееее.
    и незнам каде да одам но си најдов дружтвоо ;) :)
     
  9. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    Епа како за прв ден не беше лошо..се запишав економско ..и станав во 6 и 10 до 6 и 45 бев готова отидов докај другарка ми и отидовме.Знаевме дека ке сме во ист клас и подруго беше ,друго е кога имаш некој познат со тебе,и не прочитаа влеговме во училницата e малку бевме разочарани ... бевме само 23 ученици повеќето учеа со нас во основно ( но не бевме во исти клас) останатите од др училишта и од селата не ги познаваме ама има време ке се запознаеме..сега останува да видиме некој ако се префрли во нашиот клас ... :) сепак добро беше како за прв ден :wasntme:
     
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    3.973
    Пол:
    Женски
    Ко вчера да беше ... Сите чекаме пред врата собрани да ни отворат па гушкање бацување како го помина одморот дешавки ова тоа и ја гледаш класната ни ја отклучува вратата и ни дели комплименти на сите и седиме пола саат и пут накај дома . Едноствано ќе ми фали средното ќе ми фалат многу луѓе но тоа е животот иде напред и ништо не можеш да го запреш :)
     
  11. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Nothing special. Не бев воопшто возбудена. Обичен ден. Станав во 6 саат. Се испеглав, ставив маичка, фармерчиња и патичиња, малце шминка, се намирисав и правец на школо. Со другарка ми отидовме пред гимназија и луѓе, луѓе леле еден куп имаше. Ние како изгубени германци. После ни кажаа каде да влеземе и таа си отиде во нејзината училница јас во мојата влегов сама. Отидов се запознав со , девојчиња и едно машко. Дојде класната кажа нешто и си заминавме. Денот ми беше глуп и сите дена понатаму ми беа глупи и искрено не знам дали ќе се дружам јас овде. Тешко ми е скроз сум сама а сите се познаваат :sweat:
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Како вчера да беше, се сеќавам баш убаво на се. Малку трема, малку неизвесност што и како ќе биде, па во кој клас ќе бидам, па класниот каков ќе биде :D Башка и имав лелее :@ Единствено негативно беше што имавме 7 часа според распоредот и ги одржавме сите :fubar: па прв ден ни беше, можевте да не пуштете барем малку порано. Сакам да се вратам во средно, тоа се најубавите денови во животот. Уживајте во нив максимално, додека уште можете :lol:
     
  13. Nixe

    Nixe Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    Mи беше многу интересен, тој прв ден.
    Тој и матурската, најзабавни.
     
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Минатата година беше, чиста слика имам за тоа. :rock:
    Големо училиште, мали деца - нов свет за сите нас. Со братучедка ми бев фатена за рака и заедно се движевме, пробивавме кон големите ѕидови од деца. Застанавме пред скалите за на 2 спрат, од таму не прозиваа. Прва еден, прва два - не бев таму. Прва три дојде, на Т ми е презимето, губев надеж и оооп - јас. Кај најсмотаниот класен, со најсмотани деца - ликовно класен.
    Сите деца ги знаев, мислам скоро. Женските сите, момчињата некои од другото училиште. Ние сме поделени во класот, од две училишта сме само. Децата беа некои културни, некои не, битно сите полни со смеа и радост, сите изненадени и помалку исплашени од новата средина. Јас бев мирна, седев и ги оговарав другите со другарка ми. Не паничев. Ги читав луѓето по нивниот лик, по нивното однесување. Мене тешко ме прочитаа, некои сеуште не ме знаат. Бев мирно, срамежливо девојче, со бушава косичка, и изгрицкани нокти - стрес. А сега сум ѓаволче.
    :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mackaa.t

    mackaa.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    3
    леее и мене ми е многу страв :( може и јас претерувам ама страв ми е мн незнам што како ке биде,како ке ме гледаат како девојче,се плашам да не се умешам у некое лошо друштво,како ке се вклопам со наставниците може некој поискусен да и пише како и што иде..... :wasntme:
     
  16. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
    Па немав многу страв затоа што знаев дека во клас ке сум со другарките затоа што се местевме :lol: ,класот ми е стварно супер ептен јак клас сме и имаме супер класна . :!: На почеток дефинитивно треба највеќе учење мислам прво тромосечие 1ва год,тогаш те запознаваат сите и им оставаш прв впечаток,особено кај професорите ако видат дека не си спремен за одговарање или активена првиот период..замина возот,сепак треба да си само природен без многу глума и упикување на другите.Сепак средно училиште е дефинитивно најјјјсупер период :rock:
     
  17. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Сега сум осмо одд и страв ми е малце за првиот ден од средно училиште затоа што сум многу срамежливо и повлечено девојче и + сум висока 182 см па тоа и не е баш убаво ,сега во моето одд има само едно машко повисоко од мене и многу ми е глупо кога идеме негде со другарки и сите пониски од мене а јас како бандера некоја па и малку ми е став и за во средно мислам да се запишам во медицинско па страв ми да не бидам и таму највисока дефинитвно ке се уништам.Па некој совет девојки ???
     
  18. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Нема што да се плашиш што си висока. Таква си си и треба да се гордееш со себе што си висока :) сепак неможе секој да биде висок ;)
     
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Малце возбуда малце страм малце занесенот као (види го)
    Се на се добро беше ..памтам ми беше страм да си купам хот дог и ја пратив една моја братучетка што беше втора година :)
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Лелее ме вративте назад во времето. Таму требаше да бидиме во 07 и 30 часот,со брачед ми со кој што бевме во ист клас отидовме и ја баравме училницата во која што требаше да сме половина час :D .Но,не задоцнивме бидејќи од премногу возбуда дури и пред време бевме во училиштето па имавме доволно време.Кога влеговме во училницата сите беа мали,збунети,ко да се во друг свет,а богами и ние не бевме поарни :D. Па јас станав и одев од клупа на клупа,на сите им го кажував името,демек да се преставам :tmi: :rofl:.Некое ме гледаа вака :^) ,некои вртеа очи |( ,а некои се изненадија и ми се смешкаа страмежливо :) .Потоа дојде класниот раководител,ни се претстави,па почнавме да се запознаваме подетално меѓу себе.Во секој случај доста интересен ден ми беше.Бидејќи во нашиот клас имаше многу малку машки-дури девет јас уште првиот ден си најдов симпатија од друг клас и секој ден на одмори на врата седев и го гледав :$ :D Сакам да се вратам назад во тие денови кога единствен проблем ми беше учењето,а обврска одењето на училиште :worried: .