Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот ден во средно

Дискусија во 'Образование' започната од MightnightGirl, 14 јули 2010.

  1. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    да али страв ми е дека нема да можам да си најдам дечко знам дека звучи банално али мојава генерација сите се ниски овен еден во 50 дали ке се погоди висок :(
     
  2. Gorddana

    Gorddana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    23
    Јас пак сум премногу ниска за мои години па не се жалам.Имам 14 ипол год.,а висока сум околу 155 до 157 цм и сите ми викаат дека сум ниска,ама јас си се гордеам со себе,затоа висината да не ти е проблем.
    Јас имам др проблем.Се плашам дека со никој нема да се дружам,дека никој да ме прифати,а и првиот ден како ке го поминам стварно незнам. :)
     
  3. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Првиот ден во средно , бев ко изгубен германец пред гимназија... чекавме да не прочитаат и сите ги прочитаа мене во последните.. се паднав во една паралелка со сите непознати само со 1 девојче од мојто школо .. ептен неубо ми беше првите денови мислев дека ке се навикнам и не се префрлив во др клас. ама баш напротив (несенавикнав) по 1 месец се префрлив :D
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.772
    Пол:
    Женски
    За кој ден да ви зборам, беа два :lol: Ахам, не паднав јас година, едоставно решив дека не сакам да учам гимназија па си се префрлив во уметничко :P
    Првиот во Општа гимназија, абе јас одам а нозете назад ме враќаат, ич не ми се одеше, ама морам пусто. Иако ми ветија не ме ставија во класот во кој сакав да бидам, кај најкул професорот и мислам до ден денес му е криво коа ќе ме види. Нејсе, мене ми беше зацртано дека нема да седам тука подолго од една година и така бидна. Е сеа како беше тој прв ден, се собравме ко некои телиња во дворот и чекаме, и самите не знаеме што. Започнаа да читаат кој накаде оди и мене никако да ме прочитаат, некаде пред крајот на вториот клас ме чита класната, нит ја знам нит ја познавам. Не ми беше многу битно и уште од првиот ден им кажав, една година да, после ме нема. Не ми беа по ќеф ни школските ни школото ни ништо.
    Вториот прв ден во средно во вистинското средно, откако си ги собрав парталите од Гимназијата во мојот град си отидов во Средно Уметничко, од мерак, си влегов во класот кој го сакав и од старт бев прогласена за најдружељубива. Истата песна, двор и полно телиња, и сега си мислам сите мои понатамошни школски си ги забележав од прва, и З и Г и Е и С, сите до еден и една :lol: Не слушнав кај ме прочитаа ама си тргнав по една група и да ти излезе дека сум била на правото место. Шок, немав класична училница туку атеље, почна да ми се свиѓа :D Ми текнува на З, каков беше, право детенце, со косиче и слушалки на уши, пантолони под гз паднати :rofl: Ме прогласија за претседател на клас и започнаа да не запознаваат со правилата, а најдобро правило беше дека нема правила. Прекрасна работа :D Никогаш не се покаав ;)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Јас на првиот ден бев опуштена. Во паралелните одделениа си најдов многу деца од основно. Со 5-6 девојчиња бевме на кафе и така се друживме и сега сме супер другарки! :)
    3а сите идни средношколки бидете опуштени и не се срамете! ;) :wasntme:
     
  6. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Живи комедии бре.
    Во неколку реченици би било вака:
    Влегувам во школото кое најмногу го мразам-гимназија...се запишав ради мајка ми не ми даваше др. да одам,целата бев цмрштена,скислена,дури несакав ни да станам од кревет претходно.Доцнам 15тина минути., улетувам гледам пред мене жива душа нема у ходник и одеднаш се појавува еден целиот во црно облечен(проф. бил...) ми вели малку си се успала девоче...Отварам врата по врата целата збифтана од трчење и преплашена(извинете шо каснам проф. feminium за тука е??-Мммм НЕ провери следната врата..) и така од трета среќа бидна некако се најдов каде сум..
    Уште го мразам школово но ајде уште една година остана..
     
  7. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Јас сум идна средношколка здравје Боже... Ама имам еден проблем. Живеам во мало градче каде што сите се знаеме, скоро сите ги знам какви се по карактер и што се. Мојот град како и сите други градови е преполн со шмизли и напернати богаташки, татини принцези и мамини синчиња... Ни моето друштво, ниту пак јас сме некој цвекенца, ама ниту една од нас не е разгалена и не ги двои луѓето по националност, богатство, вера итн, итн.. Се договоривме со неколку мои другарки да се запишеме во исто школо. Од една страна сакам да се паднам со нив во клас, а од друга страна сакам да запознаам нова средина. Сега ме мачат некои црни мисли. Што ако се паднам во клас со такви непернати деца и се осеќам како 13то прасе ?? ?? Што ако не бидам во клас со другарките и не се запознаам со никој ? Што пак ако се паднам во клас со другарките и не запознаам никој друг ?? Јас сум таква дружељубива а моите другарки се повлечени... Незнам што да правам. Знам дека не можете конкретно да ми помогнете но се надевам барем на мала утеха од ваша страна да го надминам овој страв. :doh: :) Благодарам. :*
     
  8. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Ако не се паднеш со твоите другарки послем мозеш да се преместиш!!Јас тебе те сосветувам а јас уште повеке сум уплашена.Јас во моево средно како што нема да има ниту едно дете што го познавам и затоа си се најдовме тука со една феминка и дај Боже да се паднме во ист клас а ако не се паднеме незнам што ке правам.Али ај има уште многу до 1 септември сега блиско ни е полуматура!!!Виш ми лак да биде се ок на 1 септември и секако одма чим се вратам дома ви пишувам тука еден долг текст :D
     
    На OneHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не беше одамна. Не беше и нешто посебно. Не делеа по класови, класниот беше и остана појава. Сите си фрлавме чудни погледи... :D Не познавав никој од клас. Ми требаа два месеца да се уходам. И така... :D
     
  10. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    И јас овој септември ќе го доживеам мојот прв ден во средно. Нетрпелива сум ама и страв ми е. Имам некое чувство дека ќе се избрукам уште од првиот ден, ама ај да не си го повикувам баксузот. Се надевам добро ќе поминам и за брзо време ќе се прилагодам. Истиот ден кога ќе се вратам ќе ве известам како поминало. Стискајте палци да ми се погоди класот и децата во истиот. :tmi: :D
     
  11. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Лелее каков ден беше тој.. одам во розево кошулче, речиси бело, со фармерчиња и балетанки розе-бели. Си ги мафтам рацете и брзам накај училната... влегувам внатре веќе сите дојдени, јас како последна. Седната на прва клупа средна редица, само таа беше празна. До мене едно девојче само здраво и реков. Мртва ладна со никој не се запознав хаха не сум бре јас таква, дружељубиво дете сум, ама којзнае во кој филм сум била. Дојде класната луда, строга жена на возраст од 53-54 год. Ја гледам и зевам, едвај чекам да си одам дома. Ниту се вртам ниту муабет со некој ништо. Заврши прв час се чекав со една другарка од основно учеше во истото школо ама друг клас беше и двете правец дома.
    На следниот час седнав на прва клупа пред професорката, нормално последна доаѓам, само таму место празно. До мене едно девојче седна и со нејзе до ден денес другарувам. Во моето средно школо, децата беа ужасни, поготово тие во мојот клас! Толку беа безобразни што измејуваа едно девојче цела година, немаше раат девојчето и се префрли во друг клас. Ужасни беа, да не ти се оди во школо. Повеќето беа деца на парајлии, загледуваа, запрашуваа што марка ти се патиките, фармерките, ранецот итн. Не смееш да носиш нешто од пазар купено, одма мајтап си играа и немаше престан. Демек кремот нели, а половината од нив две чисти немаа во главата. Ако не си во нивна тајфа, тогаш си на мета за зафрканција. Толку беа дрски, абе не дај Боже да те закачнат. Една имаше, како водич им беше она, што и да каже сите ја слушаа, ако она се потсмева на некого, неможе некој да е против, одма плукање по него. Тогаш прв пат се судрив со лицемерието. Класот ми беше жива катастрофа, поради истата, 40 ученици беа поделени во 45 групи, никој со никого да не се види. Се знаеше во прва редица седеа бубалиците, втора лицемерните, трета редица алапачите.
    Што знам, јас ок поминав во средно, имаше и убави и лоши моменти, бегав од лицемерните и алапачите, а далеку од тоа дека бев бубалица. Се дружевме 4-5 девојчиња постојано и супер ни беше.
    Со среќа на сите средношколци.
     
  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    3 септември 2007, понеделник.

    Се сеќавам дека скоро никој од моето одделение не се запиша во мојата гимназија. Отидов заедно со една другарка која беше втора година, ама таа отиде на класен, а ние од прва останавме во холот каде што класните раководители не читаа. На I-1 класна им беше професорката по Математика и не сакав да се паднам таму. Кога почна да ги чита учениците од нејзиниот клас уште помалку сакав да се паднам таму, сите беа искомплекисрани деца на богати родители. И тогаш го прочитаа неговото име, името на мојата симпатија, мојата прва љубов, некој кој до ден денес не ми е сеедно кога ќе го видам, и во тој момент ќе дадев се’ за да се паднам во кецот, таа љубов за него беше поголема од омразата за сите останати во тој клас што ја имав (демек :D). Не се паднав - се паднав во двојката. Класна ми беше професорка што и била школска на мајка ми, можеби затоа. Не знаев никој од класот, се падна братучед ми, ама по неколку дена се префрли во друг клас, се падна едно другарче од моето одделение, ама по некое време се префрли во друго школо, останатите од моето одделение имаа прв јазик француски, а јас англиски, па немаше шанси да бидеме во ист клас. На почетокот дружев со едно девојче што одевме заедно на курс по Англиски и со уште неколку деца од моето основно, а по некоја недела мојата најдобра другарка се префрли од друго школо во мојот клас и ми беше супер :)

    Класот беше океј, повеќето од децата не ги знаев, но ги запознав и беа океј (но сепак ништо повеќе од океј). Како и секогаш во средно, имаше лицемери, имаше некои што ти се лижат само за да препишат домашно или на тест, имаше некои што ме мразеа, ама некои ми станаа и многу добри другари. Во трета се поделивме по смерови и веќе не учев со поголемиот дел од мојот клас, дојдов во нов клас каде што ми беше многу подобро, дали веќе другите потпораснаа и ги немаше истите глупости од првите две години, дали јас престанав да се грижам што другите мислат за мене - не знам, ама последните две години од средно ми беа супер и со сите многу добро се сложував :)
     
  13. ivvy86

    ivvy86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Леле каков деееен :D како изгубена бев, иако знаев неколку другарки од претходно и со нив си седнав, сепак се ми беше чудно и ново и многу ми беше страв мислев којзнае што е средното колку ќе биде тешко како ќе преживеам и такви ствари. Али како си проаѓаа денови, месеци и години уствари сфатив дека средното е најдобриот дел од животот, и покрај маките со учење :) затоа средношколки и средношколци уживајте во најубавите 4 години и бидете максимално опуштени... :)
     
  14. aliceinwonderland125

    aliceinwonderland125 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    хахахаха кога ќе се сетам.. 8) баш ваква бев.
    сакав да дадам се од себе и од првиот ден да се покажам ,која и што сум!проблемот беше кога ме однесоа во класот и кога видов дека никој не знам бев како :sweat: и сите ми беа исти во лицата.хахаха ми требаше 2 недели на сите да им ги запамтам имињата,да,да :$
     
  15. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Заедно си се запишав со една другарка си се местевме за во клас и првиот месец уште што не дишевме заедно....како сијамски близнаци бевме....ама веднаш почнавме со ширеже познанства...Интересна атмосфера беше првиот ден ништо не знаеш...си ги гледам само поголемите како излегуваат од гимназијата и сега сфаќаш дека уствари тебе ти дошол редот...абе изгубени Германци бевме катастрофа...ах какво време беше///се чудам само како летна така брзо се :?:
     
  16. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Ајде и јас да си раскажам каков ми беше првиот ден. Не дека е од којзнае кога, ама еве дур е свежо во меморија да споделам впечатоци.

    Ден пред прв школски ден, тоест вечер, тоа беше еуфорија невидена. Косата измиена во плетенки, свежо избањата, бирам облека за тој величествен настан.
    Добро, облеката ја планирав уште од 10 Јуни, ама тоа не е важно :D
    Ташниче, во ташничето сјајче и сите други тракатанци и едно нотесче и пенкалце, не се знае што ке каже класната/класниот.
    И си легнува Елена фино лепо, и треба бјути слип за да нема подочњаци сабајлето. И едно спиење што сум удрила, 4 саати.
    Сабајлето станувам еуфорична, полна со енергија,ако беше 6 ипол, се спремив и низ врата. Се договоривме со најдобрата другарка заедно да одиме и сеа ја се качувам во автобус и фино лепо пред да стигне кај неа на автобуска јас и титкам. Стига автобусот кај неа, а неа ја нема. Испаничена излагам за да не ја заебам па ќе ми се лути, и ми се јавува во истиот момент и ми вика дека е на следната автобуска. Автобусов стои сеуште пред мене, трчам накај врата ама ми се затвара, и трчи на предна да лупнам да ми отвори. Ај што се избрукав се избрукав, важно со другаркава стигнавме заедно.
    Стоиме пред школо и сеа сите се у некои групи од по 5-6 деца, а ние од страна посматраме. И сеа доаѓа оговарање, кој што носи, кој се избацува на штикли, кој во минич, кој со апла шминка итн.
    После 1 саат дремење надвор, конечно влегуваме во холот и почнува читањето на класовите.
    Педагогот со тенкото гласче, ништо не се слуша, а децава се зазбориле.
    Конечно дојде мојот и на другарка ми класот на ред и ни ги кажуваат имињата, и се редиме на страна и не носат во училницата.
    Првичната идеја беше да седнеме со другарка ми одма кај катедрата, на прва, ама некој веќе имаше седнато, и ај се сместивме некако и сеуште таму си седам, на истата клупа, на истото место.
    Гледаме наоколу, кој како изгледа, со кого ќе го поминуваме денот.
    Класната си ја упознавме, фина женичка, ама кога ни ги тупна книгите уште од прв ден, ми се стемни :emo:
    Не држеше 1 ипол саат, што беше многу за мене бидејќи обично за пола саат завршував во основно.
    И ајде се тоа завршува, се упознаваме со две девојчиња позади мене што седеа, муабет ау-бау и ајдеее ко натоварени магариња со пензионерите во автобус. Се измрцварив дур дојдов дома, имав една ретардирана кеса што ми се скина и можете да замислите како се довлечкав до дома.

    И ете, тоа беше мојот прв ден :bow:
     
    На Sara123 и Lining им се допаѓа ова.
  17. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    Во септември ми е прв ден во средно, многу ми е страв еве ви ги причините од што:
    - Што ако никој не познавам ( бидејќи од мојот клас нема никој да се запиши каде што јас сакам да се запишам)
    - Премногу сум срамежлива
    - Знам да оплескам :worried:
    - Пониска сум од моите врсници па мислам дека нема никој да ме прифати поради висината :tmi:
    - Страшливка сум ( само помислата ме прави да ми трепери гласот и срцето со помислата што ако не познавам никој , како ќе се здружам со нив )
    и ред др. работи..
    Феминки ве молам дајтем и совет, јас не сум некое опуштено девојче, многу сум срамежливо и незнам но ми е страв, ако не познавам никој.. Како да се запознаам со нив?? :/
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Ахахахах си се изнасмеав убавко! Првиот впечаток ми бил овој но сега е целосно променет. Децата излегоа понефер заразлика од професорите! Но добро значаен ќе биде овој ден за мене бидејќи научив дека мора малку и сами да се снајдуваме во нова околина.
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Кога го читав ова, како јас да го имам пишувано само што не сум пониска од моите врсници, само да знаеш како ли ми беше мене првиот ден во средно, целата бев така осамена бидејќи немаше никој што познавам, а како личност сум најсрамежливото девојче што постои во светот. Едноставно првиот ден на училиште отидов со мајка ми која ми даваше малку од малку храброст, бев една од тие што порано дојдов и ми беше срам да влезам во училницата, но мајка ми ме натера и кога влегов едно девојче седеше внатре и ја прашав дали може да седнам до нејзе-дали е слободно, кога седнав до нејзе почнав малце од малце да се опуштам, но сеуште целата треперев дури во одредени моменти ми идеше и да заплачам, но се воздржував. Потоа почнавме да си разговараме меѓусебно како се викаме, кај сме учеле... Првиот ден со никој не се запознав од останатите деца во класот. Бев премногу среќна кога излегов од училницата, бидејќи конечно долгиот 1 час заврши и ќе си одам дома, но во мене имаше милион прашања што понатаму, како ли ќе биде останатите денови, месеци. Другиот ден почна да си заминува полека полека стравот и страмот од мене, и почнав да разговарам најпрво со тие што седеа пред и зад мене. Така полека полека првата недела се запознав со сите, фала му на Господ што паднав во еден од подобрите класови, каде што можам да се вклопам. Сега во класот најмногу се дружам со 4-5 девојчиња кои според нивниот карактер најмногу ми одговараат за дружење, можам да кажам дека сум среќна и дека успешно успеав да ја поминам годината. А со останатите деца од класот, не викам дека не се дружам, но сепак сум на една дистанца, не сум многу зближена со нив. Па преку тие 4-5 девојчиња со кои најмногу се дружам се запознав и со некои други деца од другите класови кои се исто така добри деца-другари/другарки. Само сакам да кажам дека најважното е човек да има среќа да падне во добар клас во кој што ќе може да се вклопи, и секој треба да го исфрли од себе стравот и страмот и да чекори секогаш со дигната глава во секоја ситуација во животот колку и тоа да е тешко. :*
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас пак ич не се замарав како и што ќе биде. Немав време за тоа, бев под импресии дека ќе живеам сама и настрана и тоа толку многу ме завлече што не ни почувствував како ќе биде.
    Никој апсолутно не познавав и никој не ме познаваше.
    Уште првиот ден се зближив со една девојка од класот и си останавме неразделни до последниот ден, многу си ја засакав, и како школска другарка (значи целиот термин, школска другарка, другарка од школските клупи), ми беше супер и секогаш фер и коректна.

    Фини дечки беа голем дел од класот, се надевам и фини дека ќе си останат, тие што не беа фини се надевам ќе се поправат, и така.. :D

    Редактирам:

    Првиот ден од средно НЕ, ама вториот ден од средно... :rofl:
    Една од девојките со која живеев тогаш испаднала пред мене и со единствениот клуч кој тогаш го имавме ме заклучила, а јас прваче нашколо треба да одам, леле кога ме фати една нервоза, јас демек искулирана ова она, ама се кога ми се насобра - вратата ја искршив со еден стол, и таква збесната отидов нашколо со модрица во коленото дека се правев многу јака нинџа. :rofl:
     
    На pamelche и Sara123 им се допаѓа ова.