јас нема да одам сама на првиот школски ден ќе одам со тато немам другарки што ќе одат во училиштето каде јас ќе се запишувам се надевам дека се ќе биди во ред многу сум исплашена како ќе ме прифатат и во 1 не ме прифатија па ниту во петто уфффф ќе си пукнам како ќе биди ќе ме дружат ли?а после то тие можеби ќе одат на кафе а јас можеби не сакам знам дека последново е малку смешно но не ми се смејте стварно сум исплашена
Зошто да не сакаш да одиш со нив? Баш така ќе се здружиш со нив, ќе се запознаеш. Зошто да не те прифатат. И јас така си мислев што ако сите си бидат здружени си дојдат со старо друштво а јас сама, нема врска тоа сите ќе си се здружите ќе видиш, па пола ден заедно го поминувате! Немој да се срамиш и делиш, излегувај со нив, оди, комуницирај, ќе видиш дека после ќе се смееш сама на себе како си размислувала
^ Ако одиш со татко ти напротив уште повеќе нема да те прифатат, ќе мислат дека си многу чудна и различна од нив, затоа како и сите твои врсници ќе си отидеш сама, еве и мене ми е страв да не не ме прифатат бидејќи немам никој со кој сум учела до сега , па што малку охрабрувај се , мисли позитивно, ќе си најдеш ново друштво со кое ќе ти биди многу забавно ,можеби ќе се најде некоја личност од толку многу деца да те прифати и да се здружиш со нејзе.. Мисли позитивно и охрабрувај се на некој начин.
Не значи дека ако отиде првиот ден со некој од нејзините родители, нема да ја прифатат како што треба, бидејќи сигурна сум дека ќе има и други деца кои првиот ден на училиште ќе отидат заедно со некој од нивните родители, тука нема ништо страмно и страшно без разлика што веќе се големи, тука тоа ќе биде и еден голем + за нивните родители што се грижат за нив и биле заедно со нив првиот ден на училиште. Јас првиот ден бев на училиште заедно со мајка ми, но не бев единствена која бев дојдена заедно со родител, затоа што не само од мојот клас туку и од други класови некои деца беа дојдени заедно со некој од нивните родители, па бевме еднакво прифатени од сите. И никој не не доживуваше како чудни и различни од нив.
Ех, на ништо толку добро не се сеќавам како на првиот ден во основно и средно Првиот ден во средно се запознав со една од моите најдобри другарки а... и сакав да се препишам во друга гимназија!
Влегувам и гледам насекаде компјутери и сите деца непознати (сум се спаднала со деца ама баш цел клас од села) и ајде една моја другарка с епремести во мојот клас за да не сум сама и нејзината ех-класна ја мразеше зошто се префрли цц
Знам дека е рано но јас уште од сега си се припремам што мислите вие феминки дали може на првиот школски ден во средно да бидам нешто вака облечена? без штиклите се разбира со кошула и сукниче како на сликиве така нешто а?
Јас не би рекла дека е премногу. Сум носела и јас сукњички на училиште и се разбира дека ако е со вкус и прибрано, никој не смее да ти пререче и замери.
Зависи до училиштето, да е во нашето училиште уште на врата ќе те избркаат, сукњи не дозволуваат во никој случај
ех луѓее дојдов и јас средно и ме фаќа уште од сега некоја паника кој клас ќе бидам,со кои деца,кои професории,се тоа за мене е ново..и донекаде ми е страв,ама сепак и ме интересира
Си замислував колку сум голема и главна се собравме сите како изгубени германци , кога ја видов класната што ќе ни биде ке паднев во несвес ама си беше душа од жена. Уште го памтам тој ден како вчера да беше
Исплашена бев, од причина со кого ќе се паднам во клас, кој/a ќе ми биде класен/класна. Сакав да се претставам во најдобро светло итн. Не беше страшно, отидов седнав разгледав не ми се допаднаа соучениците па си се преместив во друг клас кај другарите и другарките.
Јас ги знаев децата со кои ќе се паднам у стаја, бидејќи бевме ставени во група и нон стоп си пишевме, се договоривм дури кој и кој ќе седаме Премногу се срцки, многу ги сакам
Бев падната во депресија,зошто ме одбија од средното во кое навистина сакав да се запишам.Не размислував воопшто ни дали ќе имам друштво,другарки,дали ќе биде лесно или тешко..единствено во памет ми беше прашањето:"зошто сум толку голем баксуз"?! Но,таа депресија траеше еден месец.Видов дека моите другарки кои беа запишани во средното во кое јас сакав,учеа до сабајле со цел да добијат 5ки,а за разлика од нив јас со многу помалку вложен труд ги наредив 5тките,и немав гајле се до 4та после.Си имав јака класна,топ професори,кои многу ми фалат..ах колку се смеевме на нивна сметка Се стекнав со многу добро друштво,не поминуваше ден без да направиме некоја глупост. Сега кога гледам наназад,воопшто не се каам за присилниот избор што морав да го направам,бидејќи испадна најдобар. Пс.Уживајте во тие 4 год,верувајте тие се најубавите,не може да се спореди ни со основно ни со факултет.Тие се тие најинтересни и најдобри 4 средношколски години,кои се крунисуваат со долгоочекуваната матура.
Ооо не сакам да се сеќавам, како паднати од Марс сме биле изгубени ептен.. Ама со тек на време се се среди
Бев премногу возбудена,толку многу што цела вечер не спиев Првите денови како некои здрвени стоевме во ходниците и замислете цела недела збор не си разменивме едни со други али, битно некако воспоставивме добри односи и добро беше
Од толку што бев возбудена не си го слушнав името кога читаа кој каде ќе учи и после ми се јавуваа на телефон другарките да ми кажат дека сум со нив Умрев од страм кога ме гледаа другите така " на ге " кога влегов во училница. Ама срцки се си ги сакам сите соученици што сум со нив со мали исклучоци..
Одамна беше .ама се сеќавам.Со неколку се знаев од основно,прв ден осум часа ,сите до еден ги држевме,еден соученик на последен одмор онака ко од топ,,абе ко дојдовме сонце имаше кај да е пак ќе раздени ,ние уште овде ќе сме,,.е првиот на факултет е друга приказна
Беше преубаво.. Со другарка ми заедно се запишавме, и се надевавме да бидеме во ист клас. Отидовме 2 часа порано само да не закасниме.. И на крај не си ги слушнавме имињата па баравме низ цело школо. Психологот ни помогна