и мене исто со кој деца ќе бидам,како ќе биди,што ќе биди,инаку јас никој нема да знам сите што учевме заедно се запишаа во други средни училишта,а и општо со децата од мојата генерација што ќе одат во ова училиште каде ќе одам јас не сум многу блиска воопшто не разговараме барем не сме се потрудиле уште од сега испаничена сите ми викаат абе уживај си не се секирај ко ќе дојди време ќе му ја мислиш а јас не па не како ќе биди што ќе биди и пак истите мисли одново all over again
ХАХАХАХХААХХАХХХ тој ден никогаш во живот нема да го заборавам! прво и прво и се изнаплакав на мама бидејќи ми беше страв дека ке немам друштво (а еве ме сеа со скоро цела генерација се дружам)... сакав во друг клас кај шо ми беа другарките и симпатијата заедно...и демек ке ме префрлаа али ме зафркнаа и уште толку се изнаплакав УЖАС! Првите 2 дена бев ко изгубен германец, после као демек се опуштив се здруживме цел клас..и бевме еден и единствен шо на 3 ден се знаеаа сите и си се дружеа...можам да кажам дека ни завидуваа другиве.. дури и на класната и рекле:Која ви е тајната за ваков клас? и така...не се секирајте ке си најдете и другарки и дечковци .. и така
Уф првиот ден во средно Па бидејќи не сакав да одам во тоа школо што моите ме запишаа јас сакав во друго средно да учам, но моите си ги земале документите и ме запишале, кај брат ми таму и јас (бидејќи сме близнаци) и така кога појдов онака целата потиштена не сакав да учам во тоа школо и бев многу ладна и резервирана. Но, после некое време сфатив дека го сакам тоа школо и си ги сакам школските. Си се погодивме супер ми беше.
леле се наближува и тој ден а јас не знам ни со кој деца ќе бидам оффффффффффффф тешко мене којзнај што ќе биди
Беше...трагично! Буквално трагично! Цели три месеца унапред смислував што ќе носам, како ќе идам натака, дури и замислена конверазција со децата си направив некоја во глава. Толку многу бев опседната со тоа што - како ќе биде, што терав накај страшно глупави крајности. И врвот беше, земав еден појас за слабеење од Топ Шоп што го имавме дома, и го ставив под блузата да ми го сокрие стомачето, мислев дека ќе направам оптичка варка. Уште од дома се препотив, тамму кога стигнав се цедеше вода од мене, мислиш директно од под туш сум изглегла, и на сред час - мене ми се скина појасот од што го имав стегнато. И тука се препотив уште толку, како ли сега да го извадам, кој нормален би носел појас за слабеење во школо. И чекав цела училна да се изпразни за да го извадам од мене, тоа беа страшни трауми, денот го сонував со недели уназад... Тоа беше моето трагично искуство. Фала на пажња.
Првиот ден страшно се покајав што се запишав во медицинско, а сега просто сум вљубена во се што се случува таму
Едно влагање во улилница - сите ги знаев веке.. уште првиот ден бев цар незнам не се плашев многу, знаев во кој клас ке сум и со кој.. за идните средношколци - опуштете се, во септември најверојатно ке си ја запознаете новата фамилија по која ке плачете во мај после 4 години
Едвај чекам да дојде септември хаха ( не бе за учење, да си ги запознаам школските ) Со некој веќе се запознав, така да ми се намали стравот
Во моето училиште ги правеа околу 15 Август... Накај 20 сигурно се готови и можеш да видиш кој каде е, а знам првите денови е дозволено и преместување, пример ако ти си во број 3 а имаш другарка во број 5 можеш да се префрлиш кај неа
Кај нас немаше така пред време направени списоци. Кога отидовме првиот ден на школо 3ти септември, тогаш прв пат видовме со кој сме во клас и кој ни е класен раководител.
Епа луѓе да ви кажам неможе да сте баксуз колку мене. Уште вториот ден фатив сипаници и две недели не одев во школо. Дома и плачев на мама дека нема да најдам друштво и дека сите ќе се запознаат а ја ќе бидам ко изгубена кога ќе дојдам и на крај ете со сите си се дружам дури си ја најдов и најдобрата другарка во средно
Дефинитивно како марсовче бев. Никој ни ги знаев ни ги познавав одев на училиште со мојот постар брат и негови другари пошто на 1 сите одат заедно па таму само си џарев на околу сето машки такво ни е и школото си мислев леле сега кај кој професор ќе се паднам па и со какви соученици пошто секакви има и кога не прочитаа таму чекав во ходникот се качувам по скали за во училница никој незнаев ко изгубен германец се запознавме во прва со скоро сите живеев па не само од класот и од другите класови многу ми беше поубаво и поинтересно дружења запознавања , сега сите поделени се .
изгледа јас сум најактивна на темава 100 постови пишав досега инаку бев прашав на 25/26 ќе бидат формирани класовите а за класните кој ќе бидат ќе се знае ден пред да заучиме за да немало забуни Спојлер ветувам повеќе нема да пишувам во темава ,дури за првиот школски ден
Знам дека има уште една школска година па одам средно,ако сака некој да ми објасни подетално за средните училишта,првиот ден...во лп?
епа и мене ми е така страв...што знам се си замислувам како че биди шо че биди а па сега дека остана уште малце од распустов
А кај че се запишуваш ? ии случајно да не си од Прилеп ? сега можи че прашаш зш прашувам ама нема посебна причина од радозналост
Дали во медицинското училиште во Скопје објавуваат списоци со класови пред први септември (во случајов 2 сеп.)???? И кога ако знаете????????
а бе феминки , не плашете се на 2ри септември само ќе видите која училница сте на список кај вратата ама зборувам за моето учичиште од Охрид ..иначе ќе видите и ќе влезите таму и ќе седните на клупата кај сакате и ќе разговарате со класен/класна со ученици и тоа толку