Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот ден во средно

Дискусија во 'Образование' започната од MightnightGirl, 14 јули 2010.

  1. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Денешниот ден го чекав мноооогу долго едвај го дочекав и кога дојде како за 5 минути да ми пројде.
    Прво почнувам со вечерта.Спиена од 2 до 4 а остатокот од ноќта го поминав фантазирајќи за утредента и еден комарец ми праеше друштво веќе втора вечер по ред :devil:
    Цела таква возбудена станувам во 6 одам во веце,мијам заби и лице па после се облекувам (само да напоменам дека беше ладно а ја ненормална у маица по рамки :tmi: ) си ја пеглам мојата брановидно-прекршена коса,се шминкам и правец автобуска да си се качам на 5-ка и авотбусот побрзо стигна на југодрво дека таму се симнувам ама остај тоа што тој побрзо возеше после 41 ми дојде 10 мин. порано и така стигнав 10 мин. порано и така 10 мин. ја чекав другарка ми и се смрзнав ама ако ми е.И ете девојчето стигна и влеговме во школото ја најдовме училната и влегуваме со другаркава и гледаме машки наседнале ко телиња и ќутат. |( другаркава си се паркира до прозор ја до неа и доаѓа класната наша пицната у фустан у штикла и ми се допадна дека беше насмеана ама сите ми викаат дека е строга ама нема врска и имавме 2 класни часа и класнава почна да си зборува за дисциплина и однос со наставници и све то. ни издиктира распоред на часови и ок. си беше све и после 2 саати кога завршивме со другаркава правец сендвичара ко гладни волци прво бидна мојот тост па дур да го направат нејзиниот ја мојот цел го изедов ама нема врска ми се допаѓа школото се е убаво немаме курви во клас имаме само еден турчин т.е. не е турчин ја го викам турчин дека има ептен големи ма какви големи огромни црни веѓи ( и затоа ме потсетува на турчин) и пубертетски брк ма ни Хитлер не му е рамен и то. класот ми се гледа сложен со добри комуникативни девојчиња и повлечени срамежливи машки(ама кој ги шиша нив) и така едвај чекам утре пак да одам.
    Заборавив да кажам,учам во Борис.
     
  2. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    епа вака и јас да се пофалам..денес бев попладне и се собравме неколку другарки и другари и тргнавме накај школото кое ни е прилично далеку.. кога стигнавме бев многу возбудена,ни кажаа во која училница ќе бидеме,отидовме се сместивме дојде и класната, и сите се представивме а за среќа скоро сите ги знам 8) и така почнаа да идат сите професори од кои имавме часови (сите часа освен последниот ги држевме т.е само седевме :fubar: и се вратив пред 2 саати |( ) и на 6ти видовме цело школо празно и ај цел клас дома а требаше уште еден час да имаме :tmi: ни тргна нас со бегањето уште од прв ден :lol: тоа ќе го кажам за првиот средношколски ден,се на се не беше лошо :) епа средношколки со среќа нека ни е понатаму :*
     
  3. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Прво кога влегов во училницата не познавав никој и си реков готово е, цел живот сама ќе останеш.Ама не беше се така црно. Видов две девојчиња од моето основно школо, а седнав до еден другар на мојата најдобра другарка. Воглавно добро беше, има неколку деца што од порано се знаат и си имаат формирано друштво, ама јас ќе бидам дружељубива со сите па кој сака нека се дружи со мене :) Секој ќе си најде друштво во средно, дали поголемо или помало, за секој има. И немојте да сфаќате се дека е црно ако не сте се запознале со никој. Ни јас не се запознав ама еве утре, задутре полека ќе почнувам да пријдувам и да се запознавам.
     
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Епа Корчагин, и се е така лошо.
    Станав рано во 6, си тргнав. Стигнав, се најдов со некои што се знам, океј се тоа.
    Ама класнава колку е антипатична еј! Одвратна!
    Децава и толку затворени. Не ми се допадна.
    Денеска втор ден, за нијанса подобро.
    Ама и пак!!
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Паа беше интересно.. класната е многу мила и башка цело друштво сме во ист клас 8)
     
  6. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    ^^ Ќе се само цитирам..
    Сето ова сега стварно стана обратно, и премногу ми е тешко ваму.. Посебно децата таму кои се некои „фаци“ а со некој дури и сеуште не се ни имаме запознаено од што се толку дигнати :@
     
  7. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Прво, дека во еден клас бев, се запознав со целиот клас..
    Машките беа страмежливи, ама добри, а тие девојчињата искрено беа кренати..
    Па така се префрлив во друг клас, каде што ми се моите најдобри другарки..

    Таму веќе сум цела недела, супер се децата таму.
    Цел клас забегани, океј во позитивна смисла :lol: Се нешто знаат да не насмеат..
    Се само се зафркаваат, навистина се добри..
    Натака со тек на време ќе се запознаеме, уште со неколку не се познавам..
    Ама ете со тек на времето повеќе ќе се здружиме :D
     
  8. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Цело лето со радост го чекав првиот ден.И ете дојде.Поминаа само две недели.
    Првиот ден навистина беше како што го очекував.Од убаво до убаво.
    Вечерта легнав во 00:00 татко ми не ме остави повеке да седам,никогаш кога сум прва смена не ме остава да седам после полноќ.
    Утрото станав во 6.Се избањав,и косата ја измив (немам навика навечер да се бањам),се облеков и во 15 до 7 излегов.Автобус имав во 7 и 5 мин. и точно во 7 ипол бев таму,а првиот ден бевме од 8.
    Влегов во школскиот двор и гледам,гледам но никој не познавам.Седнав до едни девојчиња.Кажав само здраво и почнавме да разговараме.И тие се прва година,но стручно,не гимназија.
    Потоа кога влегов во училиштето прашав која училница и влегов во училницата.Немаше никој освен едно девојче,навистина фино.На почетокот беше срамежливо и повлечно но бидејки јас и она се здруживме сега е подруго.Потоа се запознав со уште едно девојче.Од цел клас се дружам само со две девојчиња.
    Првиот ден бевме само еден час и сите беа мнооогу фини.Си помислив ке бидеме сложен клас,ке се дружмие..Првиот ден се беше како во сон..
    А класната што ми се падна премногу фина жена.Мноогу ја засакав,а и таа мене.Ретко кој професор ја можам да го засакам,но некој кога ке го засакам навистина тоа го мислам и чувствувам.Да сум барала ваква класна немаше да најдам.
    Помина и првиот ден-еден од најубавите денови во животот.Но полека деновите поминуваа,и веднаш по ден-два сите деца ги запознав.Сите се користољубиви,злобни,дигнати,тролични.Јас не се дружам со никој само здраво и два-три збора за во школо или нешто за учење и толку.
    Срекна сум што е вака.Бидејки има едно девојче што ја зафркаваат,ја исмејуваат уште првиот ден.
    Колку се не помина овие две недели.Навистина ми е жал но јас не можам ништо да променам.И кажуваат најгрди зборови,грда,дебела,свиња...Го имам тоа поминато и знам како и е.
    Но сега во средно уште првиот ден се однесувам многу поинако отколку во основно,затоа што до лани и јас бев на нејзиното место.Се надевам нема мене така да ми зборуваат,бидејки навистина е е убаво.
    Средно е друго.Нема повеке наставници,туку професори.И навистина се строги.Друго е основно,друго е средно.Откако почнав средно сфатив мноогу работи... :)
     
  9. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Првиот ден .. станав во 6ч. се облеков се дотерав се тип топ и во 7-ипол бев таму. Никој не познавав, сите се поздравуваат се гушкат си зборуваат, а јас бев сама и чекав да не викнат да влеземе внатре. Конечно не викнаа па отидовме во училница да се запознаеме со новите соученици.Класната ми се погоди,многу фина жена и уште од првиот ден ја засакав. Во класот исто така никој не познавав па бев како изгубена, класот ми се погоди ептен,сите се топ,фини, културни, воспитани дружељубиви деца.После часовите се запознав со девојчињата од мојот клас и вториот ден веке беше друго. Еве веќе трета недела како одиме на училиште и ептен ми е погодено,интересно,забавно,многу дружење-не за џабе се рекло дека средношколскиот живот е најубав период од животот.
     
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да се дружиш со една-две другарки кои се искрени и добри другарки на кои можеш да се потпреш кога ти треба од некого помош, отколку да се дружиш до сите кои не знаат што е другарство и што незнаат како треба да го градат и чуваат со искреност и љубов.

    А ако се сака на некој да му се помогне, без разлика на сите околности ќе се најде начин.
    Како прво и ти самата имаш поминато низ тоа што сега тоа девојче од твојот клас го поминува (навредување, исмејување).
    Како второ кажуваш дека класната ти е премногу добра и фина жена, зошто ти на само не поразговараш со твојата класна и не и кажеш како го навредуваат и исмејуваат девојчето од твојот клас со секакви погрдни зборови. Ако сакаш да се заштитиш за да не почнат и кон тебе така да се однесуваат можеш да и речеш на твојата класна да не кажува на никого од каде дознала дека тоа девојче е навредувано и исмејувано, а таа секако дека мора да превземе било какви мерки, затоа што проблемот треба да се реши уште на самиот почеток.
    Мораш да размислиш дали кога ти низ тоа си поминувала во основно училиште ти било сеедно кога си била навредувана и исмејувана. Мораш да рзмислиш дали е убаво некој што не е ни крив ни должен да поминува низ тоа.
    Мораш да му помогнеш на секој кој што без потреба трпи психичко или физичко малтретирање. Затоа што ако несакаш тебе да ти го прават тоа не треба ни со отворени очи да спиеш додека тоа што не сакаш тебе да ти го прават му го прават на некој друг.
    Мораш да размислиш дека кога тебе би ти била потребна било каква помош, би сакала да има некој храбар кој што од срце ќе сака да ти помогне, затоа за да има во иднина кој да ти помогне кога ќе ти биде потребна било каква помош, ти сега мораш да му помогнеш на девојчето од твојот клас кое секојдневно трпи психичко малтретирање.
     
  11. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Страшноо хахаха :lol:
     
  12. Queen-K

    Queen-K Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    8
    Првиот ден.. Најубаво :inlove: Заедно со другарките отидовме, се запишавме, се наместивме во ист клас и воопшто не ми беше страв за првиот ден. Одма се запознавме со децата и сите си зборувавме. Класниот многу ни се погоди. Некои деца се префрлија, а и тие не ми беа некако погодени, беа малку дигнати. Среќа сите дружељубиви и духовити се, па се согласуваме. :D
     
  13. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Аууу ахахах сите чутат ахах, а за недела дена сето беше хаосс ахахаха :rofl: 8)
     
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Воопшто немав ни трема ни ништо,бидејки отидов заедно со моите 2 најдобри другарки.
    Во ист клас нели заедно.Немав од ништо страв.Сите беа тивки,но после една недела...се изменија претерано. :lol: Сепак,мило ми е што не беа невоспитани. :)
     
  15. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    Еден од најглупавите денови во мојов живот |( како бев изнервирана поради проблемите со класовите,класните раководители,испоразделени со другарките :@ ќе го бришам 1ви септември од календар...
     
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Првиот ден средно..хеее 8)
    сите се гледавме ко телиња во шарена врата во професорката и кога не бапнаа во една училница сите бевме стеснати вака по 5 во клупа..тогаш 32 душички бевме...После вториот дена во поубава и поголема училница,а и поопуштено,а не како првиот ден..како напнато беше некако :wasntme:
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Значи јако ќе биди 1 ден или по арно да неојш чисти глупости ?
    Некој викат убо ,јако некојте фацата :worried:
    A бе ај ќе видам за кратко :D
     
  18. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Со еден збор КАТАСТРОФА!
    Бев толку разочарана, 500 нови фаци си мислев никогаш нема да ги запамтам сите. Искрено ми фалеа другакрите од основно
    Ама се навикнуваш
     
  19. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Многу ми е страв за тој ден :( Кој знае со кого ќе се паднам во ист клас, без другарките... Искрено страв ми е дали ќе запознаам нови другарки или ќе ги загубам и старите, ако се разделиме.. Ај бе, има уште многу до тогаш :D
     
  20. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Многу ми е страв за тој ден :( Кој знае со кого ќе се паднам во ист клас, без другарките... Искрено страв ми е дали ќе запознаам нови другарки или ќе ги загубам и старите, ако се разделиме.. Ај бе, има уште многу до тогаш :D