Прв ден средно... Мојот беше супер, во класот кај што се паднав имав само неколку познати (познати- псс само едно здраво праевме дотогаш со нив)... но одма првиот ден се запознав со две други девојчиња и тргна работата беше тешко на почетокот додека да се навикнеш и подобро да ги запознаеш луѓето.. сите се прават наивни, добри итн.. така да не кажувај се на сите додека не помине некое време (барем 2-3 месеци, додека поубаво не ги запознаеш ) инаку сега треба да одам втора година, и се е супер, друштвото секој ден ни растеше, и веќе сме 13 или 14 души во друштвото... супер е ... прва година средно е најубава... треба само да бидеш опуштена, седни некаде на втора или трета клупа.. започни некој разговор со децата, пример каде учеле основно, дали имат брат/сестра, фб/мсн побарај им.. но онака површен разговор, не влегувај многу во детали и така ќе тргне работата Со среќа
Кога јас се запишав во средно, од мојот клас познавав само неколку другарки со кои завршив основно. Другите ги запознав подоцна. Не бевме сложен клас, некако се поделивме на групи уште од почетокот, а сиротата класна постојано се обидуваш на најразлични начини да не обедини. За жал не и успеа. Мој совет - биди опуштена и пред се комуникативна. Пред тебе се најубавите години од животот и нема од што да се плашиш. Good luck
Првиот ден средно... Бев буквално изгубена. Прво не знаев на која врата треба да појдам. Потоа не знаев во која учиница. Но научив се снајдов некако, не знам ни самата како! Седнав до девојчиња кои ги познавав и се беше супер се запознававме ова она... Вториот ден едно од девојчињата што седеше до мене се префрли во друиот клас, а до мене седна едно девојче кое не го имав заприметено првиот ден. Започнавме разговор, заедно на одмори... Сега сме најверни другарки... Сепак мислам дека тоа беа денови за паметење и слободно без никаков срам друши се и запознавај се!!!
Мојот прв ден средно беше онака..возбудлив..Кога ќе се сетам пак сакам да го проживеам, и не само првиот ден, туку цело средно! Со најдобрата другарка се имавме наместено кај класната и однапред знаевме во кој клас сме, но децата од класот ги видов првиот ден кој се и од каде се. Со другарка ми први влеговме во училницата и си седнавме каде што сакаме. Ми беше важно како изгледам, вечерта на 31 август ја испеглав косата со преса, а утредента се дотерав...Половина клас ги знаев, од мое школо беа, ама другата половина...беа некои ИКС луѓе.И баш тие ИКС луѓе се покажаа подобри од тие што ги знаев од основно. Супер ни беше, особено втора година, кога преку целата година се испослучија некои работи и скоро секој со секого беше замерен, дали за ист бивш или за ист муватор или пак за нешто друго, но кога се собравме на крај од втора сите си ги отворивме картите без лутење и се газевме од смеење-СУПЕР ни беше! Се собиравме по кафиња по дома, во кафани...А да, и јас и најдобрата другарка првиот ден се жалевме дека има грди машки (кај ни бил тогаш умот) Класната ми се виде некако постара од што ја замислував и строга..Но испадна најдобра класна на свет и жена за пример.
Уште една недела и ќе го започнам мојот средношколски живот во затворот до државна болница, т.е медицина. Којзнае како ќе се вклопам, јас и моиве ставови и мојов изглед... Ај виш ми лак, пошто ако тогаш не заебам нешто -незнам кога. Можно е и да кажам како било, ако не забораам.
Првиот ден дознавме кој ни е класен, и кога влеговме во училницата почна да не испрашува физика, а ние врска немавме, цело лето уживанција хахах. Сега сум за 4год. сега е на ред матурата а тоа е мн пострашно од првиот ден во средно
Бев вуквално ко изгубена во времето и просторот ама брзо се привикнав, и ич ама ич не си го сакав класот - одбивни `фаци`, немаше никаква слога , се поделивме некако уште на самиот почеток
Уф! Кога се запишав во средно училиште едвај го чекав 1-ви Септември. Но кога отидов таму се чувствував толку осамено што дури не можам да опишам. Бидејки учам во друг град, никого и не познавав кога отидов... Толку луѓе имаше околу мене, но јас сепак бев сама... I will never forget that day!
Иако темава е ПРВИОТ ДЕН ВО СРЕДНО, јас давам предлог малце да ја прошириме. Каков беше вашиот прв ден како бруцоши? Во пресрет ми доаѓа 15ти семптеври. Па ќе видам јас што ме чека.
Прв ден во средно? Па што знам, бев малку како изгубена, никој од моето основно школо скоро и да не се запиша во гимназија. Бев посрамежлива и многу затворена. Во цел клас ми се погоди само едно единствено дете што го знаев, ама среќа, брзо се снајдов, дури и не ми се веруваше колку било лесно да се здружиш Инаку, претежно беа девојки (само 8 машки имаше во мојот клас, од 35 души ). Прв ден како бруцош? Па знам дека ни ги даваа индексите и по една ружа, ни посакаа добредојде и ни кажаа што се не очекува... лесно ми се гледаше на почеток, ама кога вистински почнавме, беше потешко. Е тука дефинитивно никого не познавав. Имав додуша 5-6 мои сограѓани, ама ги знаев само од видување. Бевме поделени по групи од 20 души, од сите нив со Битолчани најмногу се здружив... и така ги имаше најмногу во мојата група. И така почна еден од најубавите периоди во мојот живот...
На првиот бруцошки ден ( тогаш беше 1-ви октомври, среда) се чувствував како изгубен Германец Ич не ми се одеше на факултет, сакав што побрзо да поминат тие 4 години и чекав што побрзо да дојде 11-ти октомври бидејќи тогаш требаше да си одам дома Првиот ден на факултет отидов со братучеда ми, зашто не знаев ни кај треба да одам ни ништо. Таму, во амфитеатарот каде што не пикнаа за да ни ги дадат индексите - еден куп луѓе, ниту една позната фаца, се анонимно и во цела гужва едно познато лице! Се најдовме со едно девојче од мојот град и ми олесна што имав некој познат, прво некој збор - како си, што правиш, па почнавме да си кукаме како ни се оди дома, како не ни се седи Ск и да си се жалиме и тешиме. Тој факултетот како затвор го гледав, како робијаш да бев, а не како студент. Горчина в грло, солзите в очи само што не ми капнале, нешто ме стегаше во градиве како грутка да имав, едвај чекав да дојде денот дома да си одам. И, ни ги дадоа индексите и ни викаат овие денови немате предавања до понеделник дека нема распоред - и јас не можев да поверувам што чув, не знаев кај се наоѓам од радост, уште 4-5 дена слободни, што значи - дома! Се што ми тежеше го снема, ми идеше да заплачам од радост. Заврши цела церемонија со индексите и јас правец на автобуска, ни на стан се вратив, ни ништо. Како што бев-така, извадив карта, се качив в автобус и се јавив на мајка ми да ја известам и право дома. Кога се вратив во мојот град како 100 години да немав стапнато таму, ама важно среќна бев. Се извинувам за долгиов пост само сакав да ви раскажам се за мојот прв бруцошки ден, дека бев и најтажна и најсреќна тој ден. А за новите бруцоши - не се секирајте, немојте да се плашите и да ви биде тешко како мене, зашто се ќе помине, ќе се навикнете и ќе запознаете многу нови луѓе
Eве еден предлог и од мене Како ви беше првиот ден во трета година..кога се делете на смерови?...бидејки денес започнав со трета година гимназиско образование ..и не делеа на смерови...па мора да го кажам денот како ми помина...кога влегов уфф...кога ги видов лицата ..некои ги знам некои и не се познаваме лично...сите одлични..јака кункуренција...искрено страв ме фака како ке поминам оваа година...па држете ми среќа добро да поминам...Позз...
ех, нема зошто да се грижиш. Ќе си фатиш темпо и ќе тераш, конкуренцијата треба само да те моривира а не да те плаши. Јас имав среќа и се паднав со скоро половина од мојот клас. Тие што не ги знаев ги запознав и се си беше најнормално. а првиот ден во средно го памтам како вчера да беше. Знам и како бев облечена, и како влегов со другарка ми во холот. Срцето сто на саат ми лупаше од страв дека можеби нема да се паднам со неа. Сега кога ќе погледнам назад само убави спомени имам и носталгија за тие денови...
И јас исто денес започнав Паа, Во клас битно се паднав со најдобрата другарка,и уште една што сме така блиски. Децата се океј, верувам ќе започнам муабет со сите.Ќе се опуштиме, се знаеме 2 години мислам Само има еден "сезнајко" што ме нервира. И една ку*ва. Тоа е се Ама можеби и не се такви децата, сеуште не ги знам убаво сите. Мене ми е битно дека сум со верните другарки во клас.
Јас почнувам на 15ти септември, прв бруцошки час, но не знам дали да одам... На факултетот ни дадоа флаер-покана кога се запишувавме и јас ја загинав, само знам дека ќе биде во салата Борис Трајковски во 11 часот, ќе пеела Тамара Тодевска и некој бенд, ќе има говори и доделување стипендии...Најверојатно ќе одам, бидејќи сакам да видам (љубопитна сум си ) но се плашам дека ќе пукнам од досада
Ќе пее Елена Ристевска (оу јеаа) и ќе ги доделуваат индексите. Ајм соу иксајтед,но не ми се почнува уштее.
ufff prviot den vo sredno bese faca ....ko nekoja utka sama ojdov vo ucilisteto pola sat i poveke porano i si dremev go posmatrav ucilisteto btw ojdov porano po sovet na majka mi i tatko mi da ne sum zakasnela hihi i posle to ajde najdov nekoj od drugiot klas se zazborav inace i po priroda si brcam malce poke takaso nemav gajle i so tie drugarki so si gi steknav do den den se druzam 5 godini i mislam deka poarni sega na faks i da baram nema da najdam to eto
Ти добро си поминала..а јас што да ти кажувам....се паднав во калс со сите одлични...исклучоци беа само 2 деца кои се многу добри во успехот...од целиот клас сите ги знам....само неколку од нив ги знам онака ептен добро..се паднав со една моја другарка..ама таа се исплаши од кункуренција..па се премести во друг клас...и јас останав сама во клупа..и сега очакно си барам друштво...(а сите во класот се со по една две другарки)...за да седе со мене...и незнам што ке направам...дали конечно ке најдам некој да седе со мене...па што има везе ако не се знаеме добро..али не го мислат тоа сите.... Се надевам дека ке најдам некој...
Супер помина. Седнав со едно бош дрдорливо девојче, со намера да стане педијатар, вртевме муабети, па ни се придружи една металка која ми е другарка за живот, тоа неверојатно колку ни се спојуваат карактерите. И супер, немав трема, само се тупнав и и реков здраво.
И јас сум трета година . Не се паднав со ниедно девојче од клас а во новиов сме можда 20 . Се здружив со една група а другава кои од кои бетер се . Машки има 3 од 2 година класот а уште двајца ама и тие кој од кој бетер. Дали се одлични не знам , знам дека јас сум