Само првата недела ќе ти биде „промашена инвестиција“. Уште па и без другарките од основното, СУПЕР. Ќе стекнеш нови друштва и познанства, ќе го проширеш кругот на пријатели а секако нема да останеш без твоите другарки. Мене школските кои ги знам само две години, ми се поверни од другарките шо ги знам цел живот. Едноставно штом почнуваш средношколски живот, тогаш повеќето од твоето друштво си ги откриваат лицата. Сите ќе се разделите, но ќе се имате...мене ми се случи тоа....Не БЕРИ ГАЈЛЕ. Интересните и незаборавни моменти тек ќе започнат, со почетокот на средношколскиот живот. И ич не се секирај дека ќе немаш другарки. Ќе ги имаш многу повече
Ае и јас сега од Септември средношколка, едваај чекам да се отарасам од ова основново, иако знам дека ќе го барам Од една страна не ми толку страв бидејки сум со 4-5 чупиња од клас па нема да ќутам цело врмеме првиот ден, ама па од друга страна глупаво ми е дека ќе учам со нив, што знам, би сакала да се паднев сама или само со една другарка.Алиии тоа е тоа
оваа година ми беше првата во средно и отпрво бев многу многу исплашена затоа што не сум во мк ( поставете се на мое место да видите како е ) како прво и како второ немав ич ич пријатели.. Првиот ден е секогаш ужас дур ги најдеш училниците, дур откриеш кој часови и какви имаш и такви работи затоа што е ново школо.. ама кај нас барем знам дека во ходниците стојат принципали од школото и учители и ако се загубиш можеш нив да ги прашаш и тие ќе ти кажат .. Јас колку пати се имам загубено , ако нема никој да прашаш во близина каде имаш час или кај треба да одиш појди кај принципалите/ директори ( нз како е таму ) во канцеларија да ти кажат.. значи првите 1 недала ќе биде вака дур не се навикнеш.. кога ќе се навикнеш многу ќе ти биде лесно.. за пријатели да не се секираш јас не познавав ни едно дете .. и оваа година запознав скоро цело школо .. ќе запознаеш многу деца и од други одделениа и едно нешто што го научив е да разговараш со нив , запознај се, земи им број.. оти ако ќутиш никој не ти зборува :geek: ..И уште нешто .. средно е многу подобро од основно ( не за учењето нормално тоа е малку потешко , ама во средно имаш многу повеќе слобода )
Минатата година ми беше првиот ден во средно и бев преплашена кога влегов и не знаев никој околу мене, се чувствував сама на светов, но тоа треше неколку дена уште наредниот ден почнавме да се запознаваме сега после една година сите тие ми се поважни од луѓето со кои го поминав основното, видов дека не било секаде исто и еднолично и тоа ми се допадна, ќе ви се допадне и на вас и ќе се навикнете толку што нема да можете да заминете од таму. Единствена мана е што малце повеќе се учи но со малку повеќе труд на почетокот од година и ќе се навикнете и на тоа а и на професорите (тие се најтешки да се навикнеш на нив)
Bash se raduvam na toa so od septemvri ke bidam 1va....7mo i 8mo morav da se prefrlam vo drugo skolo i ne si pominav bas najubavo tamu....Edvaj chekam nikoj da ne gleam vishe od toa skolo
И јас од септември средно, едвај дочекав да завршам основно и да се разделам со старите "другарки". Секга некако ме фаќа страв како ќе е, дали сум го направила вистискиот избор за моето понатамошно школување, дали подоцна ќе се каам за изборот....сепак се надевам дека работите ќе бидат добри.
Ме фаќа страв кога ќе помислам дека за околу десетина дена ќе одам во средно училиште. Се надевам дека ќе пронајдам нови другарки.
Единствено прашање во мојата глава овие денови како ке помине првиот ден во средно.Многу сум исплашена ,а и нервозна истовремено незнам како ќе се снајдам од септември се е ново и непознато за мене а од тоа и најмногу ме фаќа паника
^^ не се гρижи пρвиот ден нема ништо посебно да ти се случи, ќе дознаеш κој/а ќе ти биди κласен/на, κој пρофесоρи ќе ти пρедаваат а со децата тешκо деκа уште од пρв ден деκа ќе се запознаеш.
Првиот ден во средно ми беше повеќе нервозен и прилично брзо ми помина. Стоевме во двор,не прочитаа кој каде и во училници. Па,таму со класниот како ќе се одвива наставата,запознавање на ученици и толку. Кај мене имаше многу радувања и скокања поради тоа што ни се падна за класен навистина одличен професор со кој си поминавме одлично.
Не сакам да се присетувам.. прилично лошо помина, а беше лани во септември 2013. Децата ич не ми се свиѓаа, класната исто, па по 3 дена се префрлив во друг клас. Воопшто не се каам за таа одлука.
Лелеле за 11 дена заучуваме.А јас во нов град,ново школо без ниедна од другарките..Повеќе е возбуда отколку страв.Единствено ми е страв да не седам сама на големиот одмор ко изгубен ѓерманец
Не мроа да бидеш изгубен Германец. Ако не ти се допаѓаат учениците и ти е срам да разговараш со некого, земи си телефон и слушали, пушти си музика и кулиркај си. Сигруно ќе дојде некој и ќе те праша што музика слушаш. Потоа ќе си почне се` по ред... Најверојатно... Мене ми е единствено страв да не имам клас "Спорт" заедно со сестра ми, затоа што ќе ме умре од замарање.
Мене со денови ме мачи мислењето дали сум до избрала вистинското школо. Се запишав фармација чисто да си имам диплома не дека ќе одам факлутет фармација, туку онака да си имам плус занимање. Проблемот ми е како ќе се снајдам и дали ќе сакам да ги учам тие предмети, мене повеќе ме влече математика, архитектура...такви работи така да милам дека изборот ми е сосем промашен. Од друга страна фармација по лесно ќе минам ќе имам и пракса и класот и класната ми се погодени, а во гимназијата е хаос. Таму и професорите се за никаде и се е мешаница. Незнам дали да се префрам општа гимназија или да си останам на фармација.
Иииих.. страшно беше, искрено ако си правиме муабет... Цел двор полн со дечишта, секое сака да се покаже на некој начин, и стално го избира најподлиот... Чекаш да те прочитаат и се молиш на влегувањето во училиште да не се сопнеш на некоја скала, па да се сториш резил уште од старт. Од сите 200 души, ти познаваш само 2. Те ставаат во клас со некои шпицангли деца што си мислат дека се којзнае што... Другарките одма си наоѓаат нови другарки, ти остануваш вишок.. Сите си бендисале по некој, а тебе ти иде топтан да ги испалиш на месечина... Напнати професори, многу за учење, тешко за дружење.. Не се фалам. Ама беше, помина. Прва ми беше најстрашна, после се дишеше. Во трета и четврта не ми беше гајле за ништо, си поминав лагано и без замарање. Завршив средно, и од сите другарки што ги тинтарев не ми остана ни една.. Ама ако Се на се, вредни денови се тие средношколските, ако знаеш убаво да си ги поминеш
Убав избор ти е фармација Јас од секогаш сум била за таквите струки (медицинаа, фармација. стоматологија.....) можеби сега нема да ти е толку важно, но за неколку год, ке сфатиш дека си секогаш на повисоко ниво од другарките што се запишале општа гимназија.. А тоа се должи што е таква струката, секогаш можеш да најдеш работа со некоја струка или занает. Може до 4та год и ќе се премислиш, но сега за сега остани си на фармација. Е сега бара учење, но вреди.
Работата е што ако одам фармација ќе учам предмети што не ги сакам како на пр. хемија, на фармција се учат 3/4 видови на хемии и тоа ми е проблемот мене инаку ја хемија одескогаш сум имала 5, ама не е тоа тоа ја мислам мене ќе ми дојде преку глава од хемија и за 1-2 месеци ќе треснам се и ќе одам гимназија. Барем ќе учам повеќе математика што ми треба за понатаму ако одам архитектура(ама ако одам тоа), а на фармација факултет нема шанси да одам. Сепак збунета сум, од една страна сакам диплома од средно фармација од друга страна ќе имам недостатоци во одредени предмети кога ќе одам на факултет и ќе ми биде потешко.