Првиот ден во средно ..ехх оддамна беше ..и јас се сеќавам дека бев збунета ..и цел ден а може и цела недела бев некако изгубена ..потоа со тек на време ..стануваше поинаку. Се навикнуваш едноставно . И јас бев со полна глава прашања како ќе биде утре ? Што ќе правиме ? Каде треба да се упатам..? Па не можев да заспијам на 31ви вечерта ..а сабајлето требаше да станам рано .. Ама еве сега сум ..таму кај што сум ..тоа е тоа..Средношколските денови се најубав период од животот..многу брзо поминуваат ..не сфаќам кога летна тој период ..како вчера да бев прва година.. Како и да е , со среќа на сите што поаѓаат прва година ..Уживајте во младоста. Кратко трае.. Јас сега би рекла .. "Ехх да можев сега јас повторно да бидам прва година " .. Еден ден кога ќе завршите , ќе ви недостига средното. Иако не ви се оди и не ви се учи. Барем мене ми недостига..
Па првиот ден малку ми беше чудно..Се знаев само 3-4 од класот..Влегов во училишниот двор и повеќето беа собрани пред вратата каде што класните раководители читаа кој во кој клас е..Сите влеговме во училницата и најпрвин се запознавме со класната и меѓусебно..На почетокот беше се океј срце муце сите ама после 3 месеци сите си ги покажаа вистинските лица...Не е се како што изгледа..На почетокот ќе ви се чини дека сте со најдобриот клас на светот а всушност сите гледаат да ве искористат и после некое време ќе си ги покажат вистинските лица.
Јас да ви кажам низ се што сум поминала за вие пискаливите мамини и татини детенца да видите. Пред 15 години завршив основно и средно решив да продолжам надвор од мојот роден град - Гевгелија. Тогаш немаше интернет, немаше мобилни а тие што имаа беа многу ретки. Сакав да се запишам на нешто некоја струка поврзана со исхраната па моите ме запишаа во Орде Чопела - Прилеп на насоката техничар нутриционист. Во Прилеп не познавав никој а моите најдоа соба во стан со стара баба која што се издаваше за евтини пари. Сите мои пријателки и пријатели останаа в Гевгелија ( тогаш демоде беше да одиш да учиш надвор од твојот град) па јас најпаметна заминав в Прилеп и уште двајца кои заминаа в Скопје. На 31 Септември 2000 година со мајка ми и татко ми појдовме за Прилеп со полна кола багаж . Помина денот, бевме до школото да го видиме и дојде време тие да се вратат. Срцето ми се кинеше и во тој момент чувствував дека сакам да си се вратам назад во Гевгелија. Таа ноќ ми беше најстрашна сама во собата и дури не спиев. Дојде 6 :30 и тргнав на школо јас веднаш со ранец опремена зошто наредено ни беше да идеме во 8 часот но сепак да не закаснам. Кога влегов во тој хол полн со странци за мене беше страшно. Сите со некој зборуваа, сите беа во пар или по групи поголеми. Пријдов на едно девојче и ја прашав кај се вецињата и ми рече дека се долж ходникот десно, па и реков фала и бидејќи сакав да продолжам муабет ја прашав дали е и она 1 година како мене и на кој смер и добив одговор ,,Девојче не замарај". Појдов во вецето и плачев едно 15-20 минути, звонев на мајка ми и велев дека сакам да се вратам дека не можам ова да го издржам таа ме тешеше.... и оп ете ти го звончето. Излезе екипа професори пред нас сите и почнаа да не прозиваат по име. Јас бев шокирана бидејќи бев прва која беше прозвана најверојатно зошто презимето ми е на А а втората буква од презимето Б. И се така не наредија памтам 8 класови од по 30-35 деца, мојата струка беше само 1 клас од 18 луѓе.Постарите ученици не маваа со ориз со пченица и пченка за добредојде. Класната ( Бог да ја прости сега почината е) не воведе во една училница мрачна и ни збореше за тоа што и како ќе се справиме сите години. ВО класот сите деца беа ко здрвени ја слушаа а јас ја анализирав. Тогаш почна да не прозива сите да станеме да кажеме зошто сме се запишале во средно хемиско и од каде сме како се викаме .... јас станав, и кажав и беше пријатно изненадена и ме праша дали имам некој во Прилеп, дали познава некој во класот јас и реков дека не познавам и ми рече дека мора да сум многу уплашена при што му се обрати на цел клас јас како единствена ученичка од друг град да ме третираат пријателски и равно на себе. После тоа не распуштија и ни рекоа дека од утрешниот ден почнува настава од 7:15 . Бев малку возбудена тој момент и многу среќна, денот помина во разговори преку новиот мобилен телефон кој што мораа да ми го купат за да останам в контакт со моите, па де баба, де тета, де вујна де пријателки. Утрешниот официјално прв училишен ден го пречекав прва со тоа што уште во 6:30 бев в школото. Почнаа да пристигнуваат деца и видов 3 девојчиња кои што беа со мене во клас за да се припоам до нив заедно да влеземе кога ќе дојде време и се беше во ред, праев муабет со нив влеговме јас седнав со едното од тие девојчиња в клупа. Така си течеше денот убаво и мирно се додека не ми го украдоја несесерот со боички,пенкала и моливи кој што беше нов и тоа на големиот одмор. Тогаш плачев многу и излегов од училиште и се јавив на мајка ми да дојдат да ме земат зошто нема да одам на школо. Фала богу што мајка ми е не ме послуша и ме остави да се справам сама со ситуацијава, инаку денес не би била тоа што сум ако се случеше тоа да си се вратам. И така, минуваше време, стекнав многу пријателства, во втора година си фатив дечко од училиштето, па следуваше првата казнена мерка од директорот поради тоа што се мувавме во ходникот, па бегање од часови итн. Се надевам дека ова искуство кое што ви го прераскажав ќе ви помогне малку да видите дека има и такви на кои ќе им се смени целиот живот на најрана возраст, а не само вие кои што од денот по 5-6 часа ќе поминувате во школо а другото се ќе ви биде исто. Среќен ден утре на сите гуштери почетници
Ме интересира едно нешто. Дали првиот ден сам си го бараш класот или класните ве викаат?Или секаде е различно?
Ние бевме насобрани сите во ходникот, професорите еден по еден читаат кој се во нивниот клас. И кога ќе си го слушнеш името одеш кај професорот. Би требало секаде да е исто.
кај нас класната прво ни опиша каде е училницата па потоа рече сега тие што ќе ве прочитам да појдите таму..инаку надвор бевме собрани пред влезот и тука беа и директорот и класните други ...
Еве го, дојде и помина. Целата бев успаничена сабајле што дури голтнав и апче за температура и два пати имав голема нужда. Многу беше убав првиот ден. Класот ни е супер, само што не се паднав со тие што навистина посакував, ама битно нема некој од класот што не го познавам.Таа сега што ми е класна ми е класна со врски ама не дека немав поени или нешто слично туку сакав таа да ми биде класна бидејќи доста ја фалеа. За малку ќе паднав пред школото, скоро сите ги прочита, а мене ме нема. Ама ете на крајот и јас бев тука.Најмногу се израдував што сум I-2 година бидејќи и од прво до четвртто одделение бев втор клас, а исто и од петто до осмо. Еднав чекам да одам утре на школо, прекрасно е.
Џабе се потресував, се џабе. Подобро не ни можев да поминам, се паднав со тие кои сакав, а со оние кој не сакав ПаПа. А, и на среќа све, не бев местена. Едвааај чекам да одам утре. Спојлер Попосле ќе пишам што како
Мене ми беше океј така утрово кога стигнавме пред гимназијата. Муабети, смешки, ова она. Сѐ додека не ми се расипа нешто на рачката. Среќа една другарка успеа да ја поправи. Потоа, прва-1. Трајна, Стојна, Петранка, Невка! Бев како:" Океј, и сега? Со овие ќе учам цели четири години?!" Добро, во клас сум со едно девојче кое веќе ми е школска од прво одделение. Не бевме блиски последнава година, но од сега ќе мора. Мразам вака, улизување, бла бла. Со повеќето момчиња се познавам, океј, фини се. Но, не требало во класот да стават толку девојчиња. Ќе има борба за доминација, јаоо. Како и да е, не беше толку страшно како што мислевме.
Со другарките влеговме како ain't nobody fucking with the clique Колку повеќе луѓе се насобираа, јас повеќе паничев. Сакав само, да дојде Докрот Ху со Тардисот и да ме земе и да ме носи во некоја друга галаксија, за да не бидам овде Кога почнаа да не читаат, не раштракаа сите другарки. Машкото друштво беше океј, додека женските, слабоо. Сите во парови со другарка, а јас forever alone Седнав со едно девојче што го знам. Башка, во клас ми е првата љубов и најубавиот, најсмешнинот и најпозитивниот другар Ми фали само една другарка. Дај Боже една од другарките што е исто така сама во клас да се преместе кај мене. Не можам да замислам да отидам на школо и да немам на кој да му раскажам нешто, да му се пожалам, да ми се пожали, да направам муабет, да си правам фаци и смешки Али ќе пробам да не бидам одбивна и барем мааалкуу дружељубива и да не зборувам со замисленото пријателче од другата планета Ниту со анѓелчето и ѓаволчето со мое лице. За да изгледам нормално
јас денес бев со еден клас а од утре сум преместена во друг.Во класот кај што ќе бидам се познавам со 3 девојчиња за класната ми рекоа дека била многу добра па ќе видиме.Ама нели фешн нема да биде фешн ако не и се случи некој малер па кога излегов од кола ми се скина ремчето на ташната и неможев да го наместам никако па се шетав низ школо како плик да носам
Еее помина и овој ден, најголем страв ми беше Со другарка ми бевме местени, среќа што другите не ни се погодија некои издигани Кога влеговме во дворот, како изгубени бевме, најмали од сите, првачиња Само 6 момчиња имаме во класот, ама ќе дојдат уште мислам. Само со другарка ми и 2 момчиња се знам, другите само на име ги знам, а некои ни толку Ако, има време ќе се запознаеме, сеа ми се оди на школо и тоа какоо
Еј супер беше..До вчера несакав да одам нашколо ,а сега едвај чекам да се раздени да одам пак .Класот ми се погоди иако само со еден школски се знам.Имаме 10-11 машки а останатите се девојчиња (25 деца сме)..Класната исто ми се погоди по македонски сите ја фалат,некој ме најдоа на фб некој ја ги најдов (ми ги пратија) ама супер се бееее
Утрото пред да одам бев потополно исплашена. Не знаев што да очекувам. Кога отидов, чекав пред училиштето пола саат за да влезам внатре. Потоа, започнаа да ги читаат класовите и да се влегуваат во училниците еден клас по еден. Мене ме прочитаа и застанав да видам со кој ќе се паднам во клас. Повеќето се од моето училиште, ги знам онака, само на видување. Уште првиот ден се обидов да се зближам со некој, но баш и не ми успеа. Таа што седеше до мене, ниту еднаш не ми презбори, а неколку пати се обидов да започнам разговор. Со друго девојче кое учеше во соседното одделение во основно, зборувавме неколку пати. И така, овие денови си седам сама, на одморите во ходниците сум исто така сама. Класната е многу добра. Професорите се добри, но строги. Денес, вториот ден, не беше ништо подобар. Во класот сме многу деца, од сите школи во градот. Мислам дека ќе биде тешко додека да се запознаеме сите меѓусебно.
Воопшто не беше страшно, цел час се зафркававме со другарка ми. Се паднав со некои прчки, ама и со фини деца. Мој совет е да не се повлекувате во себе и да создадете пријателства, ако сте посрамливи, пробајте да се здружите со некое друго посрамливо дете. И сеуште неможам да се навикам да учам во исто школо со големи 18-годишници и се чуствувам како прваче.
барав тема за тоа и не најдов ,ако има јас длабоко се извинувам ама морам да ве прашам како да ги убедам моите дома да ме пуштат да учам средно во друг град(Скопје), не дека ми е толку ама тиа што отидоа во друг град да учат им било преубаво нови пријатели и ред други работи .... како ,незнам како да ги убедам ??? ве молам за помош
Ахх, одамна беше.... Бев исплашена и возбудена, но повеќе исплашена. Од трема го утнав влезот и си дремев кај Големите. Пазете, таму чекав ред а од другата страна читаа. Да можам да се вратам назад, би уживала повеќе првите денови, бидејќи летаат а се единствени и не се враќаат. Никогаш не може да биде после толку возбудливо. Сума сумарум средното беше убав период од мојот живот. И не се случи фала Богу тоа од што најмногу се плашев.... не се паднав со шмизли во клас. И беа повеќе машки мислам и многу интересни момци, ми идеше муабетот со нив со оглед на тоа што сакам да се дружам со машки. Горе-доле ова е моето искуство. И ќе кажам нешто за тазе средношколците. Уживајте во овој безгрижен и забавен период, додека трепнете сте завршиле средно и со 18 години, факултет или работа и се останато што следи, одговараме како возрасни и такво однесување и се бара од нас. Се повеќе и малите чекори ни стануваат судбоносни. И јас ако се прашувам не ме фаќа некоја голема носталгија кон тие денови, може е до мене само бидејќи она што поминува го оставам зад мене и не се навраќам, ама факт е дека се убави и единствени денови, полни со безгрижност. Барем за мене беше така. И ден денес кога ќе видам средношколци не можам да се навикнам дека веќе не сме на иста бранова должина. Што ми е и делумно мило. Како што кажав, периодите си ги оставам зад себе и се радувам на секој нов. Брзо прифаќам промена и уживам во тоа. Нејќам да стојам во место, тоа е дел од растењето и зреењето. За жал имам врсници кои со умот останаа во средно. Тоа е тоа. Среќна нова учебна година на сите!
Види, ако ти е тебе само за да бидеш во друг град и да најдеш таму другари подобро не оди, зошто учењето во нов град не е тоа тоа! Сеуште не си го искусила самата, ниту си видела како им е на другите, но дозволи ми да ти кажам: не е лесно. Јас сум од Скопје, но во клас во средно имав девојчиња од друг град, и да ти кажам ич не им беше лесно. По 4 цимерки во тие мали соби, постојана гужва и галама, лоша храна во мензата, кога има - кога не топла вода за туширање, кога има - кога не парно греење, за учење или ќе се навикнеш во галама да бубаш или како што правеше една од другарките, се затвораше во некое WC или се симнуваше во некоја празна училна во интернатот... не е лесно. Ама се трудеа зашто си го сакаа школото и даваа напор за да постигнат успех на школо. Ако сакаш некоја струка што ја нема во твојот град тогаш кога ќе дојде време разговарај со твоите, кажи им колку ти е важно тоа тебе за твојата среќа и иднина, па ќе можете да го посетите школото, интернатот, да дознаете какви се условите и сето тоа. Родители ти се, треба да се свесни дека не можат и не смеат да ти забрануваат да се образоваш на некое поле кое сакаш да биде твојата идна професија, ама пак ќе повторам, тоа стори го само ако ти е до образованието; во спротивно, остани си дома.
А свесна си дека тука ќе ти биде супер? Таму ќе мораш многу да се трудиш, а и во интернат условите којзнае какви се. Дома си е дома, а и сама знаеш кои предности би ги имала ако би учела овде, да не кажувам сега пред сите.