Ех, и јас бев ваква иста како тебе на времето. само тоа ми беше го главата, како да ги убедам...верувај дека само сега го сакаш тоа, бидејќи ти кажале дека му е интересно и имаат нови другарки/другари. ако одиш за да учиш, подоцна ќе ти биде многу потешко, ним им е супер оти уште е рано, 7 септември, а не е нешто којзнае што поубаво од училиштето каде што си ти, сигурна сум. ако ти е во план да одиш и на факс, тогаш ќе го искусиш тој фамозниот ,,студентски живот'', има време за се. тогаш и да сакаш да седиш во родното ти место, нема да можиш(секако ако го нема факултетот на кој ќе се запишеш).седи си и уживај си таму додека можиш.ти кажувам бидејќи и јас вака како тебе си мислев лелее зошто баш мене не ми дозволуваат, на другите колку му е убаво таму, а сега им викам фала ви што не сте ми дозволиле.според мене, средношколските денови се најубавите денови, бидејќи ем си веќе малку позрел, ем ги немаш оние грижи и тешкотии како на факс. и сама велиш дека не ти е толку битно и си посакала да учиш таму кога веќе другарките ги кажале колку му е интересно.не е се така како што мислиш, верувај.извини за подолгиот пост ама сакав да ти кажам дека навистина немаш потреба од нервоза поради тоа, бидејќи, пак ќе ти кажам, јас цело лето ги молев и плачев за да ме пуштат а сега им велам фала што не ми дозволивте, бидејќи не е едноставно да патуваш многу често, а и уште сега да бидеш одделена од најблиските и сама да се снајдиш во друг град
се те сфакам ама другарките кои ми кажаа се 3 година, и не го менуваат ставот дека и е убаво таму, они се спортска гимназија, запознале нови другари/другарки вика шетаме колку сакаме(се разбира не и навечер ,си имало одредено време) ама вика онака преку ден кога сакаш излези си.. на кафе, на се се никој не ти стои над глава. А плус неколку мои другарки 100% ке одат во Скопје да учат им даваат од дома
ja искрено незнам само да бидам надвор од мојот град (малце звучи глупаво ама стварно сакам малце слобода )
Епа можеби и тоа е една од причините што не ти дозволуваат. ако сакаш да се запишеш во некое стручно училиште неверувам дека ќе те спречат да си ги оствариш желбите и сонот за твојата идна професија.само ќе ти кажам, не брзај, ако немаш доволно слобода подобро разговарај на таа тема со твоите, а што е твое ќе си дојде. со среќа!
Бев многу исплашена , незнаев како ке биде и го земав тато под рака и со него внатре после ме остави и се помина во најдобар ред. За џабе толкава трема
Мојот прв ден и не беше како што очекував дека ке биде мислев дека веднас ке си најдам другарки и дека се ке биде како што треба но не испадна така првите денови ми беа многу тешки затоа што најдобрата другарка од основно отиде во друго средно ја во друго а дека сум и позатворена со деца кои не ги знам многу ми беше тешко да си најдам другарки среќа во оделение бев со едно девојче од основно но сакам да ве прашам нешто друго не знаев каде па решив тука сега тоа девојчето што учи со мене од основно ми вика дека може од второ полугодие ке се префрли во другиот клас и ми кажа дали и ја ке дојдам па сега сакам да ве прашам што мислите како е подобро да останам во ова оделение или да се префрла искрено во оделението во кое сум и немам некои многу добри другарки како поминува времето подобро ги запознавам но не сум многу блиска во другото оделение има повеке деца што ги знам и на почеток повеќе сакав таму да бидам во тоа оделение но сега незнам незнам ни каква ке биде нивната реакција што мислите што да правам
Бев исплашена ама среќа заедно бевме со мојата најдобра пријателка во ист клас сме,се сеќавам кога влеговме во училна и сите онка збунети,со некои чудни фаци се гледавме меѓусебно.. Најлошото од се беше тоа што некако сите имаат по некого што го знаат и не се спријателвиме одма..но еве веќе неколку месеци супер е се..се запознавме колку толку Најсмешно од се е тоа дека оние што ме нервираа на првиот ден сега ми се омилени у клас а оние што мислев дека се па да се изразам добри сега ме нервираат
Хаотично. Ајде некако пројде времето во гимназијата 1-2 часа за се што требаше да се случи, ама кога си дојдов дома лелеее... Рикање буквално како магарица, дури срам ме фаќа кога ќе се сетам и тоа за што? Па немав ниедна другарка во класот и кога ни ги прочитаа професорите, за повеќето од нив бев слушала дека се многу строги па рикав немој случајно единици да добијам од нив и да повторувам. Будала дете бубалица.
Јас мислев се ќе биде розево уште првиот ден, ама не беше. Па и тој ден дремевме 7 часа во школо, а јас никој не знае во класот, освен едно девојче и едвај чекав да се вратам дома да се исплакам. Првите 2-3 недели бев буквално исплашена. Не ми се одеше на училиште, се си плакав. Ама сега се е во ред. Се дружам скоро со сите, па не може баш со сите. Важно помина.
Епа вака нова сум на фемина и не знам баш како идат работиве со прашањата и сл. Сега сум 9то и планирам да запишам во некоја гимназија во Скопјево.Се мислам помеѓу Гeорги Димитров и Јосип Броз Тито, па ако имате некое искуство или мислење кажете ми кое е подобро. И ме интересира ако одлучам ЈВТ кои професори ќе ми се паднат ако знаете. Планирам да се запишам заедно со другарка и заедно ќе одлучиме каде ама ме интересира како со одделениава ќе има шанси во исто одделение да бидеме ?? *може да има некои печатни грешки набрзина пишував
Devojki jas ce ucam vo bitola a sum od prilep se prasuvam kako ce pominam bez moeto drusto kako ce bidam prifaten od novoto
Ех, на првиот ден во средно бев премногу исплашена. Дури неколкуте последни денови од распустот почнував да се возбудувам се повеќе и повеќе. Вечерта на 31ви не спијав баш убаво. Утрото уште во 6 часот станав и во 6:30 чекав автобус. Дојде автобусот се качив и не' слегоја пред гимназија. Знам дека во класот бев со уште 4 деца од основно, но тие идеа со друг автобус и бев сама. Слегов од автобусот со уште едно дете што тогаш не го познавав. И тој беше сам. Појдовме во училишниот двор, таму сето беше друштва собрани, зборуваја меѓусебно. Јас само застанав на почетокот на дворот и си чекав. И детево исто така понастрана стоеше. Наместо да започниме разговор, ние си ќутиме. Ми беше малку незгодно. И по 10тина минути дојдоа тие 4 деца од основно и ми олесна. Застанав со нив. Потоа по некое време, професорите (класните) излегоа пред влезот на скали и рекоа сите што не се прва година да си влезат внатре а само ние од прва да останиме. И така беше. Почнаа да не' читаат и секој прочитан си влегуваше внатре. Дојде редот и мене да ме прочитаат, влегов и застанав со класот. Многу јако беше затоа што класната ни кажа да одиме во четврта училница на прв спрат, а ние паметните се качивме на втор, па ајде после не' бараше класната па да ни кажи дека ја згрешивме училницата. Влеговме во нашата училница и почна таа да си кажува. Дека треба да учиме и сл. Среќа што супер класна ни се падна, уште ми е класна истата и не би ја менувала за никој друг професор. Па кога не' пуштија се сретнавме со уште други деца од основно и прошетавме малку низ град, в автобус па дома. Уште не ми беше помината возбудата. За наредниот ден паничев дека заборавив кај ни е училницата. Ама така со тек на време се опуштив и сфатив дека класот е супер. (2 деца од овие 4 од основно што бевме во исти клас се отпишаја и останав да се дружам со едното девојче). Така си поминаа 2 години со истиот клас, не можев да бидам посреќна. Ама еве дојде време да се одбери смер (нели во трета година гимназија се бираат смерови, Природно-математичко, Јазично-уметничко и општествено-хуманитарно). Јас заминав општествено а другарка ми математичко и сме во различни класови. Новиот клас не ми се допаѓа многу, сепак многу поубаво ми беше со стариот клас. Сега сум трета година и едвај чекам да завршам средно, не дека е многу лошо сега, туку сакам нови случувања, факултет и сл.
Jas pa i ne se sekavam mnogu na prviot den.. Znam deka nemav nekoja trema bidejki so 3 devojcinja od osnovno zaedno se padnavme vo klas. Imav samo nekoja vozbuda koga go kazaa moeto ime a jas trebase da se potpisam. Sega sum 2ra god i planiram od treta da se prefrlam vo Dimitrija Cupovski i ovojpat mislam deka ke imam pogolema trema ... :/
Јас не познавав буквално никој во класот, во цело школо имаше само 3 девојки кои ги знаев, и тоа јас бев во билингвална паралелка, а тие не, па немаше шанси да сме заедно. Се сеќавам дека седев изгубено пред училница и дојде едно девојче и ме праша: ти си исто сама, и јас сум сама, сакаш да седнеш до мене? И седнав, после цел ден го поминавме заедно, бевме во зоолошка и на кафе Супер поминав, иако се тресев и се паничев со денови претходно.
влегов во погрешен клас па кога не се слушнав дека сум на списокот излегов и отидов у друг и таму бев распореден
Искрено некој ке каже оваа луда на школо и се оди ама ми здосади распустов сакам школо и постојано мислам на тоа со кој ќе учам и како се ќе биде и само чекам еден ден да мине друг да мине и да дојде 1 ви септември.Ќе ви раскажам како ќе минам
аууу што беше тоа.... ја барав училницата како изгубен марсовец. 98% од луѓето во класот не ги знаеш, ама се на се интересн беше првиот ден