Lele ko ke se setam Od isto mesto sme so drugarka ama skarani togas i so dr devojcinja ke odime so taxi,i stignavme se simnuvame haha i neznaeme kade da odime,jas po nea pa taa po mene a skarani nikako ne prezboreme a nikoj ne poznavame ovi od taxito si vlegoja nie kako slepi kokoski i posle moravme da prasame kade e toj i toj kabinet i taka si vlegovme si sednavme na ista klupa ama nitu taa nitu jas popustivme
Ужасен.... Ме ставија во најодвратниот клас, па ајде некако пред 1ви септември средивме да се преместам во друг. Утрото требаше да проверам и не ме преместиле .. И додека да се вратам назад во холот веќе сите отишле по училници, јас трчав не знав кај да одам. Едвај најдов, па и кога влегов во училница сите такви ме гледаат дека каснам божем кујзнае што е.. Од вторник ќе сум трета, пак во нови класови, а се уште нема објавено се надевам нема пак да се деси истото..
И уште три дена слобода,супер Не ми се верува дека поминаа и овие три месеци,на викенд ли не пуштија,летен распуст ли беше? Школо, трте,мрте,со учење не се замарам многу, ама накрај пак со петчиња си одам,не би требало да биде проблем, со најдобрата другарка ке бидиме заедно, единствено нешто што ме радува about highschool Последнава година основно си ја поминав ептен лежерно,во однос на наставници,учење. Свесна сум дека премногу се сменив претходнава година,сите се навикнаа па морав и јас,ама ми одговара таа промена,имам чувство како оваа јас цело време да била присутна во мене,сега само исплва на површина и тоа е тоа. Не сум дружељубива,да си кажам, така да не очекувам од првиот ден да се спријателам и да се запознаам со сите,дури и се замислувам како седам,ми приога некој/а непозната ми вели здраво,а јас сум во фазон "не ширам познанства", that's mе Додуша неможе да биде некој непознат,тука сите со секого се знаеме, ама друго е по интернет трето во живо.. Едно нешто што ме копка и ме интересира е со кои се фаци ке се паднам во одделение, некои нафуфлени подлизурки што си го прчат г*зот,од големото доброутро-се знае, уште одсега ми е лошо кога ке помислам со кого ке ме стават в клас..Добро е што не сум од оние што се замараат за све и свашта и неможат да заспијат ако не се доис(караат)кажат, глава не ме боли кој што прави. Има и возбуда по малку, и така. Се чека златен" 1 септември" "Кратко"колку за почеток,ама само кога пишувам можам олку да си " кажувам" уз разговор очи в очи-не
И јас од септември ќе сум прва.Да,точно не сакам да се паднам во клас со некој нафурани типки и типови,но сепак тоа не ја игра главната улога во сето тоа.Се надевам дека ќе се снајдам на првиот училишен ден,да не бидам како изгубен Германец,другото е лесно.Ќе се запнам да учам оваа година повеќе и да го дадам својот максимум.Секако дека учењето ми е на прво место.
Помина. Прв впечаток-грдо, класната и децата се добри, ама не ми се оди. Со другите девојчиња што се местевме да бидиме, со нив сум, со најдобрата другарка, со неа седам. Училиштето убаво ми е, ама несакам да одам. Одбивност некоја.. Би требало да се навикнам, би требало да станеме клас како класот од основно, со неколку од децата се знам, со неколку не, на некои не им се погодени децата,ке се префрлаат кај друштвото, мене сето тоа погодено ама..
Искрено ништо посебно.Некако како децата не ми се погодени,иако класниот е супер многу фин човек.Некаква одбивност имам не сакам да одам.Се надевам ќе се смени ова ама не верувам.
Со среќа првачиња Да бидете успешни, да создадете многу нови пријателства и пред се, овој период да ви биде обележан само со убави моменти. Немојте да се обесхрабрувате, секој почеток е тежок. Со тек на време станува подобро
Испозбунети сите 30 и кусур ќутевме. Си имав среќа да се паднам во клас со братучед ми, а и несреќа што се паднав со една од основно.
Здраво девојки,малце офф топик ама да си кажам сега сум прва,и во клсот сите се делени во смисла наместени се како шо се дружеле основно.Половина си учеле во ист клас основно,другата половина,исто заедно ама во друго школо од претходниве А јас сум од помало школо и само две девојчиња се од таму.И сега дали некоја има учено во ваков клас?се здруживте сите,или оставте делени
Во мојот клас беше така и верувала или не, никогаш не се здружија. Онака во школо формални муабети да, а иначе не. Две друштва беа, не се сакаа меѓу себе едните со другите, а и никого плус не примаа во друштво. Среќа, не бев ни од едното, ни од другото дел. Си заминав во друг клас. Сега да не те плашам, не мора да значи дека и кај тебе во клас ќе биде така. Кај нас така беше.
Првиот ден ми беше онака - чуден. Страв можеби од непознатото. Си викам којзнае каков вештер ќе ми се појави сега на врата и ќе треба да го слушам 4 години. И на крај стварно ептен вештер стар строг никаков ми се погоди. Прв ден во прва клупа. Гледам цело време лево десно напред назад да видам со што луѓе ќе учам. Дали има некој неандерталец во мојот клас, дали има некоја згодна и неопходна.. И така. Веќе завршив со средно.
Првиот ден средно ми беше така малце : што ќе биде како ќе биде,дали ќе има некој убав дечко хаха и се тоа,влегов во училница,имаше само 6 деца што ги знаев,другите никој.Прилично интересно и необично,ама ете сите си се здруживме некако,поделбите се минимални,се е океј до сега,фала богу.Се на се првиот ден супер поминав
првиот ден во средно ми беше стресен. Ме примија таму каде што сакав, ама сакав да го примат и тој што ми беше симпатија па се ѕверев по списоците. И него го примија, ама ништо не бидна од нас ...до ден денес ми е симпатичен, ама како човек, не како маж
jaс годинава треба да се запишувам во средно, најверојатно Васил Антевски Дрен ке биде, ке видиме. Пресрамежливка сум, незнам разговор да почнам. Мноогу ми е страв да не испадне лошо.
Мене мн ми е страв за првиот ден во средно :/.Цело време во глава ми се врти прашањето дали ќе ме прифатат децата оти сум полничка.