Е големо та чудо каква си. Одиш на школо, не одиш на бирање за модели (та и полничкиве модели се во последно време барани!). Ич да не се секираш за тоа, ќе си најдеш друштво, и какви - такви, сите ќе си се вклопите и ќе научите да функционирате меѓусебно, со едни помалку, со други повеќе. Најмалку е важно кој како изгледа, ќе разбереш со текот на годините, важно е единствено она како ти ќе се поставиш према другите. Ако покажеш дека си отворена и весела личност на која и е удобно во своја кожа, тогаш нема зошто да се грижиш. Јас додека учев средно во класот нè имаше секакви, од ептен слабички до поприлично дебелки, па никогаш никој никого не осуди врз основа на физичкиот изглед. А што се однесува до воопшто првиот средношколски ден и грижите околу него - не се секирајте ич. Првите неколку дена ќе ви биде чудно додека да си ги научите сите имиња и лица меѓусебно, како и додека да почнете да се снаоѓате низ школските ходници, ама ќе помине и тоа. Не е ништо страшно и не боли, напротив, само е менување на средина и луѓе, ама не е ништо лошо/трауматско.
Го паметам до детаљ првиот ден во средно,можеби дека бев многу возбудена.Си легнав рано и со нетрпение го очекував првиот ден.Мислев дека ќе бидам како изгубен Германец,си замислував дека средното како по филмовите е. Многу ми се погоди класот,а со повеќето не се знаев.Многу убав ден ми беше,дури и сега кога пишувам имам некои емоции.Леле,нормална ли сум?
Јас од Септември почнувам со средно мене и не ми е толку многу страв за друштво дека секаде можам да се вклопам без проблем,мене многу ми е страв за професорите да не ми се паднат некои лоши а многу ги зборат е со нив немам појма како ќе се снајдам бога ми... Освен тоа одбрав и многу тешко школо што стварно ќе се намачам Обавезно пишувам на први како сум поминала
И јас памтам се, хахха ми беше многу интересно бидејќи од мојата 4 година живеев во Полска (мајками е од Полска па затоа) па кога требаше де се запишам средно се преселивме тука, тоа беше минатата година. И така ме примија на првите уписи, ама и полагав македонски јазик, се запишав во Здравко Цветковски градежно училиште, дојде први септември и ајде ке одам а се ми е непознато, како на друга планета, децата поразлично се понашаа, среќа што таткоми од мал македонски ми зборуваше па научив без проблем ама има некои зборови кои не разбирам, И така додека се снајдам закаснив пол час и влегувам насмеан од уво до уво и поздрав на полски одма ''cześć'' сите ме гледаа како да сум некој убил, е вакви беа сите а јас ваков Ми дојде многу срам ме рече класната професорка да седнам ама првин ми рече да сум се представел, и ајде и викам јас сум Виталиј и сите пак ме гледаа вака Само едни девојчиња од прва клупа здраво Виталиј и еден тип од последна со нозете на маса ме поздрави, со тој сме неразделни другари сега. Првите неколку недели сите молчат, и беа поделени во групи после некој месец сите заедно се здруживме не се знаеше ни кој јаде ни кој пие. Па ме тераа полски да зборам, па се заљубив... И еве сега чекам да помине одмор и втора година...
Првиот ден во средно е најглупиот ден во цел живот. И не само првиот ден, цел прв месец. Децата сите уфилмани чиниш во Беверли Хилс дошле, одма се прават некои кланови меѓусебе, рчкања па и до тепачки доаѓа. Порано може не било вака, ама сега е... После некое време ситуацијата се средува, тие најјаките што се правеле на почеток, испаѓа дека уствари се најголеми клошари. Јас кога почнав средно, со мене во клас беа уште три другарки, така да не го доживеав нешто ептен страшно почетокот.
Ne se zamaraj so toa ama ic. Ne se ceni covek po izgled tuku po karakter.A ako toa tebe licno ti smeta ti ja namaluva samodoverbata pocni nesto da vezbas ili pesaci i resen problem
Добро беше, очекував јас којзнае што бидејќи никој не познавам во класот, ама супер испадна.. Сега искрено не ни знам што да кажам, само џабе се плашев, ко којзнае што да е, а уствари не е ништо страшно..
Како што очекував. Може очекував подобро малку ама ајде. Сите доаѓаа во групи и од групите не се делеа. Јас никој не познавав ама претпоставувам дружељубиви беа тие во класот. Не знам. Класниот ми е социологија. Јас сакав да се паднам математика или хемија, нешто такво, ама кога ќе размислам поубаво, социологија во втора ќе е многу тешко (барем за мене) така што подобро да имам класен кој ќе попушта. Лесно е за професориве и учењето, се загрижувам за децава само, не знам како ќе ми биде, никој не знам.
И јас кога тргнав лани во средно првите неколку недели беа чудни.Но тоа не траеше долго,првите 2-3 дена имаше разместувања овој онаму сакал оној онаму.Иако не ме ставија во клас со најдобрата другарка сепак не бев осамена.Бев со неколку деца од бившиот клас и така со нив си бев првите денови.После 1 недела откако се разместија децата дојдоа нови.Јас си знаев дека со сите ќе се дружам и така и беше,така и остана.Сега како семејство ми се!Нема потреба од страв и паника од тоа деска сте во нова средина, со нови професори,деца кои првпат во животот ѓи гледаш.Првите денови бев.А денеска кога почнав 2ра година одам во класот и со сите си се испогушкав.Убави се средншколските денови.
Еве ме по месец и пол со апдејт. Гледам сум пишувала дека сакам хемија да ми е класна. Е нејзиниот клас испаѓа најлош некако. Инаку мене ми е супер. Од аспект на учење, не дека е потешко, туку треба повеќе труд за да бидеш приметен. Инаку, веќе имам неколку петки, меѓу кои и една за тримесечје од мојот нов омилен човек во светот, професорот по географија. Не е возможно колку се погаѓаме. За другарите, исто така е во ред, имам нови пријатели, супер ни е, веќе споделуваме сѐ.
Во клас сум со деца од основно што бевме у клас, па заедно се чекавме.Влагам во училна се запознавам со класна,чита дневен ред се претставувам на класот, пробував уште од одма да одредам кој каков е и како ќе стоиме освен за 2-3 личности.Одма после школо јас ко јас напраив групен на фб се адднавме сите.Првата недела зборевме само на фејсбук вака ко клас у живо ќутеа сите.Мене ми се смучи од монотонија и одев од клупа на клупа си праев муабет со децата и така почнавме уствари да збориме.Мислев дека ќе е тапа ама не беше лошо ко за прв ден.Уште од старт си се поставив каква сум и си терам по свое,само лабаво.
Ау, денес си ја видов класната од прва и втора година. Не старее Денот ќе го паметам по сончево утро, многу скали, влегување во празна училница, запознавање со нова другарка и класната која не пребројуваше, па и одма си најде деца на познаници (тоа е тој менталитет ). После дома им раскажував дека класната работи со врски
Јас сум средно од 1 септември!!!Може ли совет да ми дадете како да се спријателам со другите,што муабет да направам и сл. бидејќи јас со никој не се познавам?
Нема зошто да се замараш, уживај во најубавиот и најбезгрижниот период. Со тек на време ќе се запознавате, првиот ден ќе скршиш муабет со тој до тебе, ќе се завртиш позади ќе се упознаеш, позитивно, насмеано, ќе се упознаеш со сите.