Првиот ден во трета година... Класната млада: едно 7-8 години постара од нас. Не распореди да седиме по азбучен ред Некои од моите соученици искрено не ни знаев дека учеле во гимназијата кај што учев и јас
Првиот ден во трета беше шта да ти причам кад све знаш Кога видов со кој сум се паднала сакав да се фрлам од прозорот.Конкуренција никаква немам,се е тоа пропалитет Најмногу ме израдува што си се паднав во клас со најдобрата другарка и со уште 2-3 девојчиња кои ми се ептен мили. Најглупо е што нема машки ни за лек во класот.Од 27 деца,само 8 се машки
Kaj тебе нема конкуренција..а кај мене..само 2-3 деца се слаби оноа другото се одлични..незнам како ке преживеам оваа година..страв ми е дали ке останам пак одлична..еден кикс..и паѓаш... ..Ке се трудам колку можам.. само една другарка беше со мене во клас..сега и таа се префрли останав сама... знам само некои доправа ке ги запознавам другите....ќе видеме натака што како ке биде...сега за сега тешко ми е...
Првиот ден во средно ......... Чудно само на тој ден се сеќавам, ни на 1 ден во 2ра, нити 3та, па ни 4та ..... само за прва ........ Отидов со другарките и видов дека не сме ист клас, ми се плачеше ..... цела изубена влегов во училницата, никој познат, само неколку од основно што ги знаев ама само познаници, ништо посебно. Со тек на време се навикнуваш, се е супер, запознаваш нови луѓе, добри и лоши, како и секаде. Знам само дека ми фалат и барем уште една година да можевме да бидеме заедно, ама нема ..... А што се однесува првиот ден на факултет, имам уште сега кошмари од тој ден еве го 15 за 10 дена ќе дојде. А плус што јас ќе седам во студентски пак и таму нови луѓе ....... абе не знам што да кажам ....... Вака сум срамежлива, ама за муабет ако ми се погоди некој до сабајле можам да трескам Ама сепак сум ептен .
Секоја чест за темава.Кога ќе ми текна дека првиот ен бев цела изгубена,збунета,се запознав со една другарка одма па со неа си се дружев до крај на средно.Си бев со најверниот другар (што денес заборави на мене),инајчудно што ми привлече внимание едно дете (Што после матура ми стана дечко и сеуште ми е),убави години си поминав во средно,незаборавни моменти поврзани со мн личности....
Ехее кога беше тоа Многу интересен ден во секој случај ...бев како некоја изгубена во друга држава што не го знае јазикот Класниот ме познаваше од натпревари па ме викна јас да ги прозивам учениците и ме седна на прва клупа и ме прашуваше за еден мој дедо школски биле и само со едно дете се запознав тоа до мене што седеше и со класниот другите како марсвци ми изгледаа сите цигари пушеа имаја пирсеви многу обетки плачев кога си појдов дома викав неможам да учам со нив јас хаххаха ама после една недела го сменив мислењето маки мачеа моите со мене
Абе овој ден нема која другарка не го сонувала, и јас. Едвај чекаме да се оттарасиме одовде Сите бараат што полесно училиштето да е, да имаат класна која од 1ици 5тки прави.Постојат и такви кои незнаат ни за 0 а сите им се 5ки затоа што им треба просек за во Јаха Кемал Искрено страв ми е да не ми се повтори истото што и во 5то. Тогаш си најдов толку добро друштво, толку фини другарки, толку искрени, а уствари сум била тооолку глупа Мислам, не сме испокарани, напротив уште функционираме само што не сум ја гледала вистинската страна на луѓето. Ми е страв да не бидам срамежлива како вообичаено Не сум крива што се срамам, што да правам кога чуствувам предвремен страв од нови промени
Уфф, јас па ко што сум изгубена целата тешко мене како ќе го ' преживеам ' првиот ден во средно Само јас сакам во ЈБТ да идам, сите сакаат во Моша, Ѓорги и 2-3 деца се за во Орце а другите се сеуште неопределени Другарка ми што сега е прва најнормално си го прифати тоа јас па кога почнав да ја испрашувам како, кај, кога? И викам а кога ве делеа во класови, кај бевте во колку саат, од кај знаевте кога да дојдете? Лелее, смешки И онака кога ги поделиле она ниедно девојче не знаела, а исто и братучетка ми па еве со сите се здружила, ја незнам како. Ја многу сум некако срамежлива и многу сум неснаодлива и како изгубена. Рипчее, што да правиш. Се надевам, добро ќе ми помине првиот ден. Само не сакам да се разделам со другарките.. Осум години ко ништо ни поминаа. А и онака до шесто одделение уште деца бевме, на крај на шесто почнавме асално да се дружиме и сеа се дружиме највеќе, последнава година.. И одвај чекам да помине полуматура, ич неќам такви работи, појма неам од играње.
1 Септември 2010... Иако не беше мноогу одамна, мене многу брзо ми помина,но го памтам како вчера... Памтам бев облечена во циклама блузичка и фармерки. Леле колку само бев возбудена!!! И уплашена... Постојано се прашував со кој ќе бидам во клас, како ќе биде, што да правам, што да не правам.. Не прозваа и отидовме во училна. По навика, ги разгледав сите од глава до пети ододма претставвувајќи си некоја слика и претпоставки какви личности би можеле да бидат... Одма почнав муабет и се здруживме уште првиот ден. По „часот“ со новата класна, отидовме да јадеме заедно, а потоа на кеј... Супер беше, незаборавно, си ги покажувавме сликите во новчаник од нас и од учениците од клас (сликите од алманах)... сакам да се врати тој ден..
Мојот прв ден во средно беше очај Со другарками се паднавме во различен клас, и двете си доаѓавме со плачење до дома. Леле колку страшен ден Класната одма со строго почна, не покака сите од страв. Следниот ден никако не сакав да одам, но потоа се навикнав, и преудобно ми беше на учлилиште. Ех колку ми недостигаат тие времиња.
Ужас! Многу тешок ден, ме наместија во една паралелка со ученици со кои не се познавав. Сите другарки ми беа низ другите класови. Но, после 1-2 недели се` се среди. Прво сакав да се преместам во друга паралелка, но на крај сите другарки се преместија кај мене и многу убаво си ни беше. Цела 1ва година беше супер освен првите денови, сепка нова средина додека се навикнеш се тоа...
Јас се паднав во клас со деце кои завршија со мене генерација ама не ги знаев баш толку, а најдобрите другарки ми беа во друг клас и мислев дека многу ќе ми биде тешко, ама уште првата недела се запознавме, зафрканции ова она, и сега класот не го давам за ништо на свет Не се секирај, и не заборавај дека средношколките денови се најубави !
eh... toa bese navistina mnoooguuuu odamna bidejki prvata godina od moeto obrazovanie ucev vo drug grad, sekako imav poteskotii so prevozot, no podocna se naviknav, i se zblizivme so site devojcinja od klasot, pa dojde vreme za razdelba, si se vrativ vo moeto Skopjence, pa povtorno nova sredina, novi poznanstva, novi druzenja ( a interesno mi bese koga bevme 2 smena i nemase struja na uciliste, pa neznaes na kogo od drugite klasovi mozes da naletas) mnogu mi nedostiga toa vreme [mod-kirilica:39tolb69][/mod-kirilica:39tolb69]
Првиот ден во средно ми беше многу убав. Во клас се паднавме 4ца од исто основно. И така заедно си отидовме, си седнавме 2ца по 2ца, едни позади други и така 4 год. си останавме. Ама не би биле ние, ако не доцневме и првиот ден. Помнам дека сите одеа половина час порано, а ние си отидовме во точно време, 7 и 45 , па не можевме училницата да ја најдеме и така доцневме. Тоа доцнење треаеше 4 год буквално секој ден ние стигнувавме после ѕвончето.
Одлично се сеќавам на првиот ден во средно Ме ставија во клас каде што половина и повеќе од соучениците не ги познавав и беа од различни села од околината на мојот град. Имав само 6 соученици од основно и уште 4 други деца од градот. Се разочарав, кога стигнав дома дури и се расплачав зошто не сум во друг клас. Но за среќа моја, супер си поминав сите 4 години. И со соучениците и со оценките.
ее јас првиот ден во средно имав трема ама после ми избега и си се опуштив !предговор! да не се срамите уште во средно зашто ако се страмите и понатаму ќе се страмите
SexyLady, ти добро си поминала Јас којзнае што ќе доживеам првиот ден. Можеби претерувам, ама стравот и неизвесноста од новата средина, нови деца си го прават своето. Како ќе се снајдеш, што ли ќе биде, дали ќе се паднеш со некои познајници во клас, дали ќе се паднеш со некој кој го мразиш. Ама кај мене сее тоа оди потешко, некој многу терсене карактер имам а и сега со пубертетов. Многу сум емотивна, ама па на моменти исто многу импулсивна и агресивна и верувам сите ќе ги оттргнам од мене, и ќе седам во некое ќоше од што премногу ќе се усрамам или ќе се инаетам и љутам за џабе, оф лелее. Ај, се надевам добро ќе поминам каде и да се запишам.
Јас пак летото ептен се плашев од новата средина, од новите професори и деца, ама затоа кога дојдов во училната воопшто немав трема, не ми беше страв, повеќето ги знаев, всушност некои ги знаев само од зборење, други лично. Имам петорица што завршија во исто основно како мене, ама сепак не седев со нив туку со едно друго девојче во клупа. Сите другарки ми беа во различни класови. Додуша и јас сакав да се преместам во друг клас затоа што баш и не ми се допаѓаше мојот само заради петте души кои завршија со мене во основно, ама после се привикнав повторно да бидам со нив и сега ми е супер. Инаку на втори септември не отидов, всушност една недела после први септември не бев во школо, бидејќи бев на пат, а кога се вратив ми беше малце потешко да се вклопам бидејќи некои веќе започнале да се дружат, ама сепак веќе вториот ден си најдов друштво.
01.09.2009 Сончев ден,но смрзнато утро.....Многу го чекав тој ден и се облеков во новите блузи и фармерки за на школо....Кога стигнав таму имаше многу деца и некако се снајдов меѓу гужвата и најдов некои другарки од основното ....После некое време почнаа да ги викаат децата за кои смерови се...Ме повикаа и мене и отидов во училницата и таму се запознавме со другите деца и дојде нашата класна и ни посака добредојде...