Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот ден во средно

Дискусија во 'Образование' започната од MightnightGirl, 14 јули 2010.

  1. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Леле !
    Бевме од 7.30 се сеќавам и дека утро, беше ладно, па се облеков во фармерки и бела блуза со долги ракави. Си ја врзав косата, се намачкав со Бекутанче и тргнав...
    По пат страв, не виден дотогаш :D Оди оди.. Не се доодува.
    И конечно - стигнав ! :sweat: :tmi:
    Леле гужвиштааа, нова средина, НИКОГО не познавав. Сама бев таму од моето основно училиште.
    И не викнаа, не прозиваа и се качив. Тоа училиштето, грдо, прегрдо (спрема моето основно).
    Од под око видов кои деца се околу мене, бидејќи ми беше срам некого да го погледнам, си седнав на втора клупа, мирна мирна... Седна до мене едно девојче со исто презиме :D
    Па со нејзе малце помуабетивме, колку без ич. Влезе класната целата од 6ка до 6ка, ни се претстави, не прозиваше да види кои сме и не пушти.
    Абе.. Со трчање си појдов дома, плачки, плачки....
    "Татооо ! Не сакам јас онаму да учам, никого не познавам ;( ;( "
    Го зедов телефонот и одма на другарка ми, да ја прашам како поминала таа и се договоривме да одиме во основно да си ги посетиме наставниците. Отидовме и се сеќавам и нив им плачев како јас сум сама во новото училиште. :D
    Ама за среќа, брзо се здружив, и сега воопшто не се каам што сум си запишана таму. :)
     
    На Anggie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Имав страв не виден.
    Како ќе ме прифатат, со какви деца ќе се паднам во клас?
    Имаше доста деца што ги познавав меѓу нив и најдобрата моја другарка. Ама си бев песимист и бев сигурна дека нема да се паднам со никој познат.
    Оп, дојде тоа судно читање. Ми го кажаа името, и кога ги изредија сите со кои сум во клас почнав да рипам ко луда. Се паднав со најдобрата другарка :lol: и со уште 2 деца од основно.
    Влеговме во училница, мирни ко попчиња, мада имаше доста што се знаеа меѓусебно и тука почнаа сите да формираат групи, од ова, од она основно и си мислев дека никогаш нема да бидеме сложен клас.
    Кога забележа класната почна да не двои со местата на седење.
    И успеа, сите се сакавме, бевме сложни како целина. Па прераснаа врски и љубовИ, ваму-таму што е најнормално нели.
    Се на се, имав доста интересен средношколски живот и многу сум среќна што учев во таква гимназија и што сега имам искрени другари. :)
     
  3. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Сакав да се паднам со другарки што се знаевме, ама се паднав во клас во кој од 32 деца, само едно познавав :( . И си мислев како ќе биде, малку и разочарано си дојдов дома, ама искрено подоцна сфатив дека можеби и подобро било што сум се паднала така, барем си запознаеш и многу други пријатели, онака можеби ќе сум била само со истите постојано :lol: :lol: :lol:
     
  4. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ...Сеќавања..

    Најверојатно сум била премногу возбудена,и сум имала не пеперутки,туку ластовици во стомакот! :D
    Се паметам.
    Убав ден беше тој.
    Се собравме сите,не прочитаа и сите на своето.

    Ќе си го бараме сите средното,ама нема да се вратат тие години.
    Сега се каам што можеби не го проживеав како што би можела,ама...
    Затоа гледајте поминете го убаво.
    Средното е само еднаш.
    :x
     
  5. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Лелее преубаво беше :D Јас отидов во училиштето со уште 3 другарки што бевме запишани во тоа ушилиште што учевме во основното заедно. Добро пола од децата што беа 1ва год. ги познавав знаеш мал е градот и сите се познаваме мегусебно. Кога не прозиваа надвор само се молев да бидам ставена во клас со некој што познавам.Али на крајот се паднав во клас во кој што никој не познавам хехе и седнав на последната клупа бидејки таму имаше место до едни машки :lol: И шо да ви кажувам сите си зеле тетратки и пенкала само јас не и морав да ги замарам тие што седеа до мене да ми дадат :hai: После тоа на одморите излегував стоев со тие другарки што учев во основното се сетавме низ ходникот и така. Само едно не ми се допадна тоа што одма уште првиот ден ни се знаевме кој сме што сме право почнавме лекции да учеме и многу не уплашија професорите со тоа колку сме требало да учиме за да имаме високи оцени. И првиот ден не задржаа во училиштето од 1 до 9 часот вечерта...Али после со текот на времето се упознавме сите интересно беше па после 3 дена ме преместија во друг клас па ајде таму запознавање и така пеубаво ми беше али сега за жал не сум веке таму мојте ме донесоа во Лондон да го завршам средното образование па незнам тука како и што ке биди се уште не сум тргнала на школо и ми е страв пошто друг јазик никој скрос никој не познавам и подруго е... :doh:
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ааааа уште се сеќавам на мојот прв ден во средно :$
    Бев занесена до небо, некоја шизичка се правев тогаш :D
    Се сеќавам бев облечена во широки панталончиња, тесна црвена маичка на кратки ракавчиња и косичето со две прцлиња позади (малетки) оти косата позади ја ежев, а напред подолгичка ми беше .
    И гужва во дворот, се беше непознато за мене, ама не дишев, како трета год да бев.
    Оние кога дознаа дека ќе им бида школска одма почнаа да ми се доближуваат, да разговараме...
    Испадна некој викна по нас (стручно бевме ние) и ајдеее сите внатре.
    Влеговме внатре нели, во училницата и со другарка ми седнавме во последна клупа и се отепавме од смеа, а сите околу нас баш онака бубалици и чудно не гледаа.
    Лелее и викам на другарка ми, во каков клас паднавме брееј :tmi: . Остај тоа, па и класната кога ни влезе, Ауууу :rofl: Нееее, крај, готова бев да се преместувам во друг клас.
    Одржа класната говор, си кажа шо си кажа, кој а слушна кој знае . И демек заби ни покажа од старт...
    Нема врска. Заврши класниот час. Уште од тој час не се засакавме со класната, и така остана 4 години :D
    Не можевме да се поднесиме. Јас по мое, таа по нејзино. И ептен мака и беше кога на крај на година сите 5ки ќе ги наредев, пукаше од мака :rofl:
    Иииии, да се вратам јас на првиот ден... И заврши класниот час и излегувам од училницата и право кај директорот да се премстам во друг клас. Ама тој ми рече, најди си замена и можеме да те преместиме...Абе сум одела од училнида до училница и сум прашувала :rofl: Ама никој не сакаше.
    И така опет назад (ама сега воопшто не ми е жал, оти имав најсложен и најсупер клас. Првиот впечаток варал :D ).
    И кога излеговме надвор, одма се сретнавме со останатите другарки, па да си кажеме како што... и одма ајдее на кафе заминавме. Која другарка плаче, која се смее, која разочарана од класот... абе лудница :rofl:
    Ах гимназијо моја мила....

    едит- Би сакала да го раскажам и мојот прв ден во втора година средно, ама ептен е впечатлив па одма може ќе им текне :rofl:
     
  7. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    320
    првиот ден во средно...бев како падната од небо...изгубена во времето и просторот...нова средина нови лица....гужва гужва колку што ти душа сака..за среќа имав другарки и другари од основно шо се запишаа гимназија и заедно си учевме оти само на еден клас им беше германски прв јазик...класот супер ни беше а класната така малце како замавана ама ај арна беше некако ..во трета не поделија по групи и така јас си отидов во др клас...и таму си се снајдов ...и брзо си поминаа средношколските денови...како да летнаа..на никој не му верував кога викаа дека ќе ми недостигаат...и сега кога си завршиш разбираш дека биле во право...затоа средношколци уживајте додека можете оти после идат вистинските маки :)
     
  8. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Исто како Scar.Tissue....
    Колку плачење имаше 1 месец... Дома збрлавеа одмене. Ново место и никој не познавав ама баш никој.. не знаев каде е мојот клас, во кој кабинет сум(изгубен случај)... Хорор филм...Ми тербаше месец време за да се опуштам и да се зближам со школските. Сега се е ОК, опуштена сум максимално, имам добра екипа и супер школски :)
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Никој не сакав, сите бевме изгубени, возбудени и што уште не.
    Се прашував кој ѓавол ме натера да се запишам во Корчагин, како ни го претставија леле мори мајко. Уплав.
    И многу се уплашив како ќе гледам фудбал преку викенд ако толку имаме за учење. :$ :rofl:
    Претежно никој не ми се допаѓаше во класот, никој не знаев. Јас строго некомуникативна и недружељубива личност, можете да замислите што впечаток им оставив.
    Но сепак, си најдов прекрасни другари и баш ми е драго што сум во тој клас. Не сакам да завршам средно, добро нема да е на одмет некои професори да ги снема мистериозно, ама сум злобна. :lol:
    Се сеќавам вечерта на први, втори, трети, сите на мсн.Никој никого не знае и сите се прашувавме а ти која си? а каде седиш, а што носеше..
     
  10. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Ееее од кога беше тоа :rofl:
    Си се запишав во школото каде што сакав, и секако никого не познавав.Знам сабајлето си станав си се спремив,си облеков нова облека и трк во школо.
    Таму гужва гужва,а јас сама си стојам. После влеговме во училницата и што да видам...катастрофа.
    Ама по ден два се среди се, си запознав другарки и супер ми беше.
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Првиот ден во средно ми беше многу чуден ...излегов од дома без грам шминка на мене иако кога појдов сите беа нашминкани .. прво тука се чуствував глупо ..не дека немав самодоверба туку се чуствував како да се издвојувам од останатите ..нејсе, седнавме надвор на едни како клупи ...тука бевме цела генерација и не повикаа во ходникот на училиштето ...почнаа да читаат кој во кој клас е и така се распоредивме ..нашиот клас се одделивме и отидовме во нашата училница .. сите се гледавме меѓусебно како да сме од Марс паднати :D едно девојче дојде до мене и ме праша дали можи да седи до мене но и кажав дека е зафатено .. ( можам да замислам како се чуствувала ама тоа е ) ..ајде после кога дојде класната здивнавме малце од манијачење и не пушти дома фала богу :D како едвај да чекав да излезам :D
    вториот ден беше многу поопуштено, си кажувавме шеги , кој каде излегува ... :)
     
  12. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    јас следната година ќе бидам прва средно и бидејќи сум мнооооогу срамежлива навистина ми е страв како тоа се ќе оди :$
     
  13. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    И јас сум многу срамежлива ама помина и тој ден .. хухуу .. :lol:
    Инаку јас секогаш ја пеглам косата а првиот ден отидов без да ја испеглам целата бушава коа ќе се сетам :o
     
  14. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    ахахаха..убаво си беше првиот ден...си се чекав со другарка ми од основно зошто бевме паднати во ист клас :) добро се наместивме да сме заедно а не ни беше битно кај кого ....и паметам дека првиот ден како што ни ги читаа имињата сите професори јас се трудев да ги запамтам имината на децата...ко да не ќе можев подоцна хххх :D
     
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Првиот ден средно :)
    Немав трема, не паничев не бев возбудена.Едноставно бев несигурна, иако влегов меѓу првите на првиот уписен рок.Чинев ќе кампувам пред училиште додека не ги истакнат резултатите.Ми олесна кога си го прочитав името.Е па и си заслужив, бев одличен ученик во основно.Толку бев горда на себеси, небаре сум дипломирала ...се додека не видов под мене ученици кои беа примени со ..половина помалку поени од моите :o Се разочарав искрено, затоа што ете очекував повеќе.Тоа е си реков, ова училиште повеќе не е она што некогаш било.
    Првиот училиштен ден имаше нормални, неинформирани, здодевни повеќето од нив молчеа.И никој освен мене не покажа иницијатива да се запознаеме меѓу себе.Веднаш стекнав нови пријатели.Оние кои не беа расположени за дружење и ден денес останаа такви.Не е тоа срамежливост тоа е ..уживање во самотијата.Кога дојде класната не се ни сеќавам единствено знам дека почувствував негативна енергија меѓу нас две.Така и остана.Никогаш нема да ја засакам ТАА жена ]:) Добро помина.Не беше нешто посебно.
     
  16. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Хах, секогаш се смеам на темава :D
    Толку страв и паники цело лето за ништо :tmi:
    Се помина многу подобро отколку што очекував. :) Бев многу опуштена и онаква каква што сум си ( забегана ), бидејќи со мене беше уште едно девојче со која учев и во основно, па демек посигурна сум со неа, има со кого да зборувам и да се глупирам :rofl:
    Кога влегов в училница се некои нови фаци, сите ми изгледаат чудни. Кој нашминкан, кој ептен модерен, кој ептен старомоден ... Сите се гледавме еден со друг онака незабележливо и не зборувавме ништо. Значи, ништо од запознавање и такви работи. Вториот ден се кажуваше по некој збор а наредната недела веќе се задруживме :) Проблемот е во тоа што во почетокот сите ти се гледаат добри , а со текот на времето секој го покажува своето вистинско лице. Значи, вистинските пријатели од средно се гледаат после некое време :) Во секој случај, нема простор за паника, СЕ ЌЕ БИДЕ ДОБРО :)
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Закаснив едно 15 мин абре тоа гужви низ градов ненормални имаше. Го фатив баш читањето на мојот клас и повикување на учениците, бев славна 4ка, па потоа ме префрлија во 5ка со тоа реформирано гимназиско образование.
    Влеговме во училница и никој не знаев.
    Се осеќав како конечно на Марс да дојдов.
    Јас така срамежливо ко муленце седнав на претпоследна клупа, тоа стандард дека сум висока се ги красев последните редови, па седна една металка до мене, која денес е главна шмизла у градов :rofl:
    И поседовме се претставивме и одвај чекав со другарки да се најдеме дека сите 3 во различен клас бевме и да си одиме ние на кафе :lol:
     
  18. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Цело лето го чекав тој ден :D Имав уште три другарки со мене со кои учев во основно.. седнав на втора клупа со едната другарка и цел час се смеевме :$ Едвај чекав да излезам надвор, си реков класната секогаш ако зборува по толку многу кој ќе ја слуша 4ри години, но така излезе се навикнав веќе. Никогаш не успеав да ја засакам а и не верувам дека има некој ученик кој ја сака. Памтам само дека се завртев назад и ги видов двете девојчиња со кој комунициравме на скајп едната ми мана рака и се насмеав и толку, потоа видов уште две момчиња со кои комуницирав на скајп инаку брчедовци беа и еден месец неможев да ги распознавам :lol:
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Првиот ден во средно :mm: :lol: .Со другарките де договоривме заедно да идеме. Знаевме дека ќе бидеме од ист клас а и глупо ни е да одиме сами па заедно отидовме. Си викавме а бе сега гимназија ќе одиме, строги професори, нема веќе наставници, сега мора да ги грееме столчињата и да учимеее. Ова до сега у основното не беше никакво учење а сега запрегајте ракави... :rofl: Ќе си умрам од смеа кога ми текне какви мисли ни литале низ нашите тикви. Само тоа ми текнува хухуху
     
    На LightOFF и esperanca им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мене на 1 септ. ќе ми биде првиот ден во средно. :$
    Искрено многу ми фуфка, јас како што сум срамежлива, али ептееен. На почеток сум ептен срмежлива, али после па веќе и се опуштам скрооз. Ама за да се опуштам ми треба мноогу врме. :worried:
    Мислам дека ќе се изгубам, ќе згрешам и училница и се. (кога бев петто одд, цело одд. ја згрешивме училницата и отидовме кај наставник што не ни предава, и он не забележа туку си почна да предава, и ние само си се гледаме :o што бараме ние овде?). Бтв да не забегавам од темава, јас и иначе сум како изгубена во просторот воопшто, а можам да се замислам во средно. :tmi:

    Ај уште малце ќе забегам со темава.. Еднаш требаше да одиме кај некои родинини, само од друга страна.. И татко ми не остави пред влез кај нив, и ја онака си продолжувам да си одам незнам ни јас каде.. (а мајка ми ме гледа од срана и ми се кине од смеење) и мене кога ме фати еден страв.. Викам кај сум бе јас? Ми одеше во еден момент да му се јавам на татко ми да ме земе. :lol: И само се вртам и гледам сум отишла ехеееее далеку.. и после тоа го најдов влезот. (а мајка ми ја гледам ќе пукне од смеење)