Девет години..ауу летнаа..се сеќавам како вчера да беше...Пукаше сонце, знам дека накај школо одев со другарки од основно....Не читаа јавно на микрофон, по класови. А големите од трета година ни фаќаа сеир од така наречената тараса...Како демек они да не биле на наше место. Никого не познавав од клас, ама брзо се зближив... И тргна супер...
Првиот ден во средно...ауу спомени...во мојот клас јас и уште една другарка што се познаваме цел живот и никој друг...малку незгодно за прв ден сите те гледаат чудно други и кога се претставуваш но сепак се навикнав и најубаво си ги поминав тие години...
Како да беше вчера се сеќавам кога влегов во школскиот двор. Бев многу возбудена и не спиев пред тоа цела вечер. Прекрасен ден беше, сончев. Ги видов моите другари, но и многу нови лица. Срамежлива бев, но брзо ми помина.
хахAахахахах се секавам дека неможев да се најдам на списокот а откако ме најдоа и влегов на час се ипокарав со класната хахаххахахаха
Скроз ми беше опуштено зошто знаев со кого ќе бидам во клас, поточно намерно не наместија со другарка ми и некои дргуи а сите што не ги сакав беа во друг клас. Така да супер ми беше, сите се чудеа што се дешава а јас си имав своја палава екипа од основно и ич гајле не ми беше. А кога влезе класната таква негативна енергија ми префрли што одма сфатив нема да се сакаме премногу до крај на 4та. Така и стварно испадна.
Ауу ги читам вашите коментари и си викам ее то ме чекам мене за 3-4 месеци навистина од сега сум возбудена и незнам ни како ќе биде ни што но кога тоа ќе се случи убавезно ќе ви се пофалам.
леле ко себеси да си се читам по изгубена од мене нема...се си мислам дека ке ја утнам училницата па дури и школото ако го утнам нема да биде чудно...а и јас долго се опуштам а кога ке се опуштам се опуштам скроз
првиот ден бев како марсовец паднат на непознато место си стоев во школскиот двор и си го чекав редот односно да ми го прочитаат името и подоцна не наредија по двајца еден дури не сакаше да застане до мене од срам ама после станавме најдобри другари и тоа додека се местевме по клупите ги меркав другите ученици сите се зјапавме така е првите денови после се среди работата.
Првиот ден во средно? Ауф. Бура од различни емоции. Од една страна се чувствував смирено, но од друга изгубено. Отидов со девојчиња со кои се дружев, но кои не беа од мојот клас. Додека стоевме во училишниот двор (полн со деца) мислев дека класот во кој бев јас ќе го прочитаат меѓу последните, но за моја жал го прочитаа ми се чини - прв. Во меѓувреме и за кратко време успеав да пронајдам неколку од познаничките за кои веќе знаев дека ќе учат со мене и не ми требаше многу време да сфатам дека се работи за мојот клас и да се вклучам во редот. Стигнавме до "славната" училница. Веднаш си седнав сама на една клупа. Имавме само еден класен час и за целите 45 минути единствено што правев беше слушањето на она што го зборуваше класната и зјапањето во дрвениот под. Не забележав никој друг освен познаниците. Можете да претпоставите дека и следните денови ми беа така залудно поминати, изгубена во новата атмосфера. Но, се' на се' веќе следните ми беа едни од најубавите средношколски денови. Можеби ќе заборавам голем дел од моментите кои сум ги поминала таму, но никогаш нема да заборавам какви чувства предизвикале тие во мене.
Првиот ден значи цел клас бевме ко изгубени германци,ко го повикаја нашиот клас..сите изгубени одиме по класната..после не можевме да ги најме пола клас не слушнаја дека нас другите не викнаја па трчање по дворојте ..и после следеа говорите од класната..и на крајот вика да не сакате да прашате нештоо??и ние сите се пулиме..све тишина ..мува да помини ќе се слушни..и на крајот сите си се изнасмеавме..и така помина првиот ден од средно.
Првиот ден во средно бев како изгубена. Се прашував каде ли дојдов јас сега, но се паднав да бидам со едно машко со кое учев во основно, па со него седев првиот ден. Потоа ги запознав другите деца, имаше некои супер интересни случки,особено во прва година, а сега нема ништо интересно, само едно машко ни е во класот,не е толку интересно.
Мене ми е барем 1 да познавам што ќе ми се падне во мојот клас. Да имам со кого да седнам, затоа што предосеќам ќе си седам сама и ќе ми треба многу време за да се однесувам како сега што се однесувам во средно. (нај опуштено, тресам глупости, се тепам, па добро подобро и тоа него ич) Сакам да ми ја снема наеднаш тремата, да не бидам срамежлива.Или пак да не гледам во под, со спуштена глава. Па знам дека ќе има дволични и лицемерни и љубоморни, па додека се докажам стварно каква сум, и додека ги видам дургите какви се правилно, ќе треба доста време. Сега на пример во 8 ми е многу лесно, знам кој каков е, се се се. А од септември се од почеток..
Не се секирај, сите ќе бидат мирни и фини на почетокот. Вистинските лица си ги покажуваат тек понатаму, има време. Нема да можеш ни да претпоставиш кој каков е под маските. Ама тогаш е најубаво, отпосле почнуваат недоразбирањата, конфликти во класот, различни ставови, агресивни однесувања кон други ученици и професори, реметења професори, стресови итн.
Го памтам како вчера да беше, а поминале 7 години, многу брзо ми помина и средно и факултетов... Знам дека првиот ден неможев да си го најдам школото, имаше 15 мин од автобуска до школо (од симпо до Орце) и предходно го поминав тој пат со брат ми ама на 1ви септември се изгубив ама не бев сама па така група 'првачиња' прашувавме наоколу каде е патот! Седнав во клупа и гледав наоколу, јас таква тивка и срамежлива, сите околу мене разврзале муабети, а јас никој незнам, си реков дека сум уште почудна од штo мислев дека сум, ама после испадна дека 10-15 деца од класот учеле основно заедно и ми олесна Помина тој ден брзо, ама по пат накај дома, пак со автобус, пред мене цело време гледав едно девојче што го видов во училницата позади мене. Ама сарам пусти никако здраво да си кажеме, да се запознааеме, само така си се гледавме И мислам дека никогаш не се запознавме официјално ама затоа со неа си ги поминав сите 4 години, најсмешните и најоткачените моменти, дековци итн и ден денес се смееме за нашата прва средба!
Беше тоа пред шест години ... Знаев само едно дете што ке учи со мене, т.е го запознав некој месец пред да почнеме со учебна година и се договоривме заедно да одиме. Коа отидов на школото сретнав уште неколку фацки што ги знаев и беа запишани економско, па бидејќи беше само една паралелка економска знаевме дека ке бидеме заедно, па одма падна договор кој со кој ке седи, кај ке седиме, како ке препишуваме. Послето се споивме со уште една екипичка како нашата и така функциониравме 4 години, некако се издвоивме како главни над другите па им диктиравме што да праат, ако решевме да бегаме бегаа и другите ма да и како клас си се држевме заедно со мали исклучоци на некои ,,паметнаковци,,. Цел живот ке се секавам на настаните и екипата од средно. Беа тоа фацки и настани што не се забораваат.
Првиот ден во средно... убаво што имав некои другарки, ама сепак, кога беше одмор, не излеговме, останавме во класот, и се собравме, и почнавме да се запознаеме, и така...
Првиот ден во средно? Па јас не знам всушност дали имам некои лоши спомени од средно - освен што ми се превртува желудникот кога ќе ми текне на класната и на уште една професорка. Првиот ден ми беше преубав, полн со исчекувања, неизвесност, возбуда. Познавав само една девојка од моето основно со која се паднавме во ист клас. Стигнав мислејќи дека ја познавам само неа и уште една девојка. Открив дека познавам многу повеќе луѓе. Постепено се среќававме по ходници. А класот ми беше прекрасен. Имавме среќа што се погодивме да бидеме скоро секој од секое основно, од секое делче на Скопје па така си се здруживме уште веднаш - и до матурската бевме познати како најдружељубив и најоригинален клас Мајке ми, сеуште не зборат професорите Првиот ден на факс? Уф! Е тоа беше многу полесно веројатно затоа што цело ЈБТ се запишавме на јазици па така сите скоро да ги знаев што беа од Скопје. Од останатите, најмногу се здруживме уште веднаш со кумановките, со една девојка од кавадарци и еден струмичанец. Ги обожавам до ден денес Многу откачена група си бевме во суштина. А во онаа другана група кај што имаше 100 и кусур студенти, таму не ни имаше шанси да се зближи човек со некој. Си доаѓавме ко роботи на предавања, ко роботи си одевме. И толку. Само се насмевнав кога видов едно изгубено јавно познато фациче седнато до мене, како ништо не сфаќа. Можеби е позната и добра пејачка ама дефинитивно кликерите не и работеа баш баш - па така имавме повод за сеир Воглавно имам преубави спомени од секаде. Во споредба со овие проблеми кои во овој период го демнеат секој од нас од секоја страна, си велам - ех да можам да го вратам времето
Близу ужасен. Не, да не бидеме скромни. УЖАСЕН. Како некои изгубени овчички втерани во трло, т.е. кругот во ЈБТ. Започна читањето , т.е. делбата на ученичиња и јас со мојата среќа го добив на лотарија убедливо најшминкерскиот, најлигушкиот и најидиотскиот клас во историјата на средното образование. Дружба не се ни очекуваше да има, мнозинството веднаш се подели, некои си 15-тина луѓе дојдоа од исто основно и мислеа дека го допреле Господ за Спојлер муда. И така почна сагата наречена - моите најлоши 4 години. Се трудев на почетокот, најмногу за себе, сакав да ми биде убаво, и со пријатна насмевка да се среќавам на најубавите денови, сепак заврши неславно и грдо. Имаше интервенции дури и од класната, женичката си презеде улога на мајка, па деца немојте вака, па не се делете, па треба да се дружите сите... греота, џабе убедувања, наместени насмевки, позерски фацки, разместувања на ученичињата - cool со nerd-от, расипано богат со екстра сиромашен... просто разликите испливаа на површина, и тука за жал, ја научив најгорчливата вистина - не сме сите од ист калап. Пекол, не сакам никогаш да се врати. Во средно исплива и мојата Dark side. Не одам ниту на годишнини од матури, ниту ќе одам некогаш. На факултет беше друго. Отидов опуштена, сама, насмеана, зашто знаев дека полошо од средно не може да биде. И навистина така испадна.
Сеа од септември ќе бидам прва во Корчагин.. И буквалноо никој од моето школо не се запиша таму.. има неколку деца што ги знам од едно школо блискуу до моето и мсе молам да се паднам во клас со нивв ... страв ми е како ќе се вклопам првиот денн.... сега имам трема а не па на 1ви Септемврии...уфф неможамм да замисламм