Нормално е да имаш трема, сите сме имале кој повеќе - кој помалку, кој ја искажувал - на кој не се приметувала. Јас првиот ден во класот имав само едно дете од основно, со кое не се дружев туку онака, добри бевме. Потоа едвај направија замена другарка ми дојде кај мене во клас, а еден од мој клас отиде во 2ката, инаку многу не успеаа да најдат замена, а некои и што најдоа не им дозволија, но после тоа сите се вклопивме, а и многу е тешко да најдеш некој кој од класот кај што сакаш да одиш ти, ќе сака од тој клас да дојде во твојот и да се смените.Првите денови сите ќе бидат изгубени, само тие што се знаат од претходно може нешто муабет да прават, останатите кои ќе си ќутат зошто им треба време да се прилагодат, кои ќе се здружуваат полека полека и тоа се чудни, дури и смешни моменти кога барате заедничка тема со некој од класот.Јас па првиот ден и останатите се здружив со некои деца се запознав и со истите ден-денес баш не се дружам, напротив со оние кои не се запознавме од одма - со нив сум сега. Нема врска тоа, ќе помине се, нормално е и мој совет на лик кој ти се гледа фин онака по можност девојче зошто машките се погорделиви така и очекувај секаков одговор на твојот предлог за запознавање, пријди на некое девојче и запознај се, или на 2-3. За почеток доволно е, понатаму ќе се запознаеш со сите и ќе решиш со кој ќе бидеш во друштво, велам ако никој не ти пријде Има време до 1ви септември, па и до август - кога ги објавуваат списоците на класовите.
Во август, ќе си земам ливче, ќе ги запишам сите од мојот клас. И после кога ќе се вратам дома ќе ги барам на фб.
Хахаха ме насмеа, абе со тек на време ќе се најдете јас памтам ги сликав класовите и дома глеав кој со кого е, ама ја знаев доста деца пред да почнам во средно Тие што ги немав, се аднувавме ама тоа отпосле Попаметно е после 1ви да се аднете ја мислам, зошто така не е филинг на 1ви глупо ќе биде го имаш на фб и го гледаш во клас. Едит: а ко за белја, од толку деца што знаев само 1 во клас ми се падна познат, другите све во други класови беа
Од моето школо има бајги што се запишаа во Карев, ама некои ми се и антипатични. Али неможам да ги преместам јас фала богу. Иначе не ги адд, него да видам ако не им е заштитен профилот, дека спрема фб одма се гледа каква е личноста.
Леле и јас имам многу трема Скоро сите се запишаа гимназија и ке има многу познати но сепак сакам да се паднам барем со 1 другарка што заврши со мене 8 ама ајде сепак едвај чекаммм да видам со кој сум у клас Можеби ке се паднам со мојата симпатија ... не се знае Хахаха Хахаха добра идеја елена и јас ке направам така
Ја со дечко ми на 3 изборни заедно седевме и извади 4ки по сите предмети, се стегна и ене го многу добар е
.. Јас уште пред да дојде судниот ден, знам како ќе изгледа! Ќе изгледам изгубено и исплашено како малечка срна, со погледот очајно ќе барам некој познат, ако има разглас дефинитивно нема да го слушнам моето име , ќе залутам некаде по ходниците, ќе влезам во друга училница, сите ќе ме гледаат чудно, некои може и ќе ми се смеат, мене ќе ми падне ташничката и сите ситници и дренгулии што ќе ги носам во неа, нели мобилниот (што сигурно со паѓањето ќе ми се парчоса на сто дела, ко што си знае ) , ќе ми падне нотесот, пенкалата и слично.. Професорот/професорката што ќе биде внатре ќе фати да ми се дере и јас ќе бидам тотално усрамена и здрвена и нема да знам што да направам во моментот. Дали да вриштам и да фатам да бегам илии, или.. па и нема некоја друга опција. А и да стигнам во вистинскиот клас, ќе се паднам со тапа деца од кои нема да знам ниедно и то. За некои јас ќе сметам дека се фрикови, а остатокот од децата ќе го мислат истото за мене и така .. На моја (не)среќа ќе има дигнати, металци, богати лузери што се умишљаат дека се кујзнае што итн итн.. Окееј, значи ова беше ситуација А. Оваа понегативната, нели. А сега ситуација Б, онаа попозитивната. Ќе си се договорам со моите школски што ќе идат во ЈБТ, нажалост се само тројца и сите се машки, да одиме заедно во школо. Па се надевам дека ќе стигнам навреме а и тие исто така. Ќе си се зезаме во автобус, ќе бидеме сосем опуштени и ќе се смееме кога ќе влеземе во школскиот двор и сите ќе не гледаат онака а?! А нас нема да ни биде гајле. Ќе не стават во ист клас и ние среќни и задоволни ќе си седнеме таму, ќе си се запознаеме со сите деца, повеќето ќе бидат добри и дружељубиви, после ќе си отидеме на кафица па ќе си се упознаеме убаво и првиот ден на средно ќе помине.. паа, прилично задоволувачки. И ај сега кажете дека не сум креативна. И за мое добро се надевам дека првиот ден во средно ќе биде повеќе како ситуација Б, никако ситуација А.
Да се надевам дека ќе ми биде некоја златна средина од А и Б. (од blueeparadise). Не сум ваљда толкав баксуз да ми се падне А. Ама не сум и некоја среќница да ми се паднат тие што ги знам. (под Б)
^^ Хахах, незнам јас себе си си се сметам за голем баксуз, па се си мислам дека првава ситуација е поверојатна за мене. Ама, секогаш да бидеме позитивни и да се надеваме на најдоброто.. А инаку, се извинувам што сум оф топик ама да те прашам ти каде се запиша?
Елена, па ти добра си, јас земав цел список на примени го прочешлав на Фејсбук. Јас сум многу исплашена за први септември и затоа се обидувам да не мислам многу на тоа. Најверојатно ќе одам со двајцата мои другари (единствени од моето училиште кои се запишаа во ЈБТ), но ако се случи нешто непредвидено, ќе одам сама. Сама бев и на уписи, па пак се снајдов. Со најголем дел од децата не се познавам, но има и некои што сме на едно „Здраво“ или ги знам од Фејсбук. Единствено се надевам дека ќе се паднам во некое одделение со добри деца, иако не може да се знае тоа уште од почеток. Леле колкава трема имам не сте свесни. Оn the bright side, има симпатични машки.
Е мене ми се случи ситуација А. Моментално можам да се прснам од смеење за тоа, ама тогаш ќе се расплачев, најозбилно. Бидејќи презимето ми е на почетните букви, ме прочитаа втора во првиот клас! И јас се збунив, имаше многу гужва во холот, ни видов кого прочитаа прв, ни кај отиде, ни па јас знаев каде да одам. Не слушнав кој ми се падне класен а веќе продолжија со читање и не знаев што да правам. Мојата (не толку) паметна глава ми рече - Пробај помини по скалите. А на скалите стоеја директорката, педагогот, психологот и сите седум класни. Ма немам јас мака, дури и се избуткав од кај директорката поминав. Таа како ме погледна, ау ау ау, ама не ми рече ништо, изгледа мислеше дека одам во вц или така нешто. Стасувам на втори спрат и гледам нема никој, празен спрат. Со сиот срам и со сета храброст се вратив назад по скалите, пак од кај директорката. Овојпат ми се раздра нешто во стилот Кај одиш натаму, не гледаш ли кај ти е класот. Да можеше мислам дека ќе ми речеше и кучко. Леле која брука еј, и сите стоеја и ме гледаа. Онака, мамара се, оваа се дере по мене. Зини земјо голтни ме! На крај, си го најдов класот, т.е. тие мене ме најдоа. Си влегов, си седнав, видов кои се и кој е класен, им пишав на моите порака да прават што знаат и умеат и да ме вадат од таму. До 8 и пол седев таму, потоа си отидов а утредента влегов во новиот клас. Е таму беше пофилмско влегувањето, моравме да седиме три на две столчиња.
Whatsername, кај ли ги виде машките жити се? Јас кога се запишував, немаше машко ни за лек. Т.е, кога се вратив пак дека требаше и слики нешто да однесам, видов убави машки и таман се израдував.. кога видов, турци биле. Туку, и јас исто сум исплашена за први, не да сум исплашена.. Јас од сега сум исплашена, а којзнае како ќе ми биде тогаш. А инаку, незнам дали прочита ама знам дека ти ме имаше прашано дали сум во германска паралелка, ти одговорив дека сум во француска. Ама има можност да не стават во мешан клас, зашто има малку деца што им е втор јазик француски. Е, и само уште ова да те замолам, ако сакаш да ми пишеш во ЛП, зашто јас имам нешто проблеми и не можам да ти пишам од овој пребарувач, а другиот ми е ужасно бавен, сакам да те прашам нешто.
Првиот ден во средно имав многу трема. Иако во тој клас имаше уште две девојчиња со кои учев до осмо, и скоро половина од класот знаев, сепак трема имаше. Не не читаа по класови туку во големиот хол во училиштето стоеше директорката која како идеа деца им кажуваше во која училница да одат. Е таму во училницата чекаше класната. Пријатна млада жена со насмевка ме пречека и јас онака срамежливо и се насмевнав а потоа седнав до девојчето со кое учев до осмо, после продолжи запознавањето па вамте тамте и еве од септември четврта година ќе учам со тие деца но ќе ме пречека друга класна, која ми беше и годинава.
Леле Дузи. Ништо чудно и мене истото да ми се случи.. Во основно бев 8 во дневник, да се надевам дека ќе бидам негде во средина во средно..
Мене првиот ден во средно веќе ми е како во магла, имам подзаборавено што било и како било. А гледам повеќето од вас дигате паника за ништо, не го сваќајте тоа како трагедија, дури и никој да не познавате во вашиот клас кога (за што се многу мали шанисте) ќе запознаете, ќе се здужите, ќе ви биде интересно, само бидете си свои без глумење лудило и се ќе биде како што треба. Периодот кога си средно е најубав. Спојлер Единственото што ми остана во сеќавање за првиот ден е тоа што татко ми ме испрати со фрлање вода после мене за да ми тргнало лесно абе живи глупости
Прв ден...сите ќутат (само оние што се знаат од основно или се од иста населба) и гледаат во клупа, и со голем страв си го чекаат класниот раководител како хитлер да ќе дојде да ги строи...после тоа полека ќе се запознаете и се ќе биде ок!
Во мој клас се паднаа 3 девојчиња од основно и јас седев со едната од нив.Првите 2 часа штама,мува да помине ќе се слушне.После одморот сите почнаа да бамборат,да се запознаваат..од кај си,кај заврши ова она и станавме „најмирниот“ клас во цело школо.Првите 2 недели тоа беше муабетот и после фешти.
Првиот ден во средно го памтам ко вчера да беше.(престарена ја) Седев со една што заврши со мене во основно во ист клас, и така она преовладуваше со нејзините сексапилни комбинации така да ја бев у втор план, но еве после 4 години се виде колку тие комбинации испаднаа fail, и на почеток сите се фини и ќе се здружите многу лесно, но со текот на годините буквално ги читате и ги знаете ко буквар, можете да ги предвидите сите реакции на соучениците и веќе тогаш сфаќате дали можете да стекнете пријателства/другарства во средно. Све у свему, за мн.луѓе кои ги сметав за BF( ), не се сега веќе ни во моја далечна близина што би се рекло. Очи 16, и пазете на кого и што му се доверувате. Не бидете премногу комуникативни ко мене, зошто тоа ќе ти мавне по глава после.
Најубавиот ден во мојот живот ! Одвај чекав да дојде ,многу ме интересираше со кој ќе бидам во клас ,кој ќе ми биди класен и сето тоа. Воопшто не бев исплашена ,си појдов со став дека сум најхепи и дека морам што побрзо да се запознаам со сите . И би така ,уште првиот ден запознав мнооогу нови фаци ,сите ми беа интересни ,ги сакав ,и тие мене ме сакаа и се прифативме меѓусебно како отсекогаш да сме биле заедно . Со тек на време ,работите се изменија ,што на подобро ,што на полошо ,но ништо нема да ми го расипе тој прв впечаток . Сите збунети - мене се ми е јасно