Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот ден во средно

Дискусија во 'Образование' започната од MightnightGirl, 14 јули 2010.

  1. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Первиот ден..како би сакала да се врти...сега зафршив средно..ке одам и на факултет ама не вервам дека ќе биди исто.Првиот ден кога влегов во училница ми се плачеше сакав да си се вратам назад незнам зошто ама мојот прв впечаток беше ужасен..не ми се одеше воопшто си ги сакав старите другарки..ми недостигаја..но потоа како врвеше времето..се поубаво ми беше..тие глупости наши ќе ми останата цел живот во мене...кога ќе ми речеја ќе го бараш средното..уф си велев јас да завршам па ќе го барам како да не....ама ете иако нема поминато многу време од кога го завршив сепак си го барам..помислата дека од септември повеќе нема да одам во тоа училште со тие другари другарки...ме тера да заплачам..Затоа за тие шо почнуваат во средно му посакувам среќа..и да го искористат тоа време максимално..затоа што е најубаво
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Првиот ден во средно беше се ок. Во класот повеќе од пола ги познавав. Се сеќавам беше убаво сончево утро, сите некако уплашени беа, ама после се беше супер :$
     
  3. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Лелеее ужасс :( Не само првиот ден, туку првите 2-3 недели.. Бевме многу повеќе женски во класот, јас имав плава долга коса и одма дотичните соученички ме окарактеризираа како глупа плавуша, мочла итн затоа шо мушките само со мене правеа муабет... пекол првите две недели, цело време бев со машките, ме фати инат пошо викаа глупа плавуша и фатив да учам уште од првиот ден за да се докажам и така си завршив средно како првенец на генерација а женските после втората недела полека почнаа да ме прифаќаат, прво 2 девојчиња, па уште 3 и така сите 25...ама почетокот ужас :(
     
  4. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    И јас сум сега за прва како ќе е незнам ама можеби ќе се паднам со најдобрата другарка па така да нема да имам проблеми... :)
     
  5. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Немам нешто голема трема, само да се паднам со 2 другарки од клас ако не ќе се мењаме мора заедно да учиме :rofl:
     
  6. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Никогаш полошо не сум се чувствувала ! одма кога си појдов дома почнав да плачам неможев да издржам сите мои другарки паднаа во ист клас, а јас бев запишана на друг смер и не познавав никого само едно девојче имаше од моето школо, но и со него само едно здраво праев. Вториот ден седнав на 4 клупа сосем сама, до мене испоседнаа машките ( пукав од старм, а сега ми се најдобри другари) Секое утро кога требаше да одам на школо првите 2 нед. јас се нервирав со сила ме тераа да одам и тука ја изгубив мојата желба за струката на која се запишав, но сега е сосема поинаку со сите живеам, заедно излегуваме во град.
    Секој почеток е тешок !
    Без страв ;)
     
  7. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Ептен сум возбудена и едвај чекам да дојде!Најпрво сакам да дојде 20ти да видам со кого сум во клас па потоа 1ви :) . Не се секирам многу бидејќи знам дека нема да бидам сама , сигурно ќе се паднам со некој од основно во клас, и плус со мојата најверна другарка, па и да се не паднам со неа се договоривме дека ќе се префрлиме или она или јас во истиот клас. Така да не се секирам многу, и сум мнооогу возбудена! :) :)
     
  8. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    Мене па на моменти страв ме фаќа, а на други ич не ми е гајле. Во Орце дури 31 август ќе бидат објавени класовите на врата, а и од предходно да знам со кого ќе се паднам, пак не ми врши некоја работа бидејќи во англиска билингвална сум а таму црно дете незнам. Така да, се надевам со асални деца ќе се паднам и дека фино ќе ми биде.
     
  9. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    Леле, хахаа уште се смеам, онака ко и секад си каснев и уште идам по ходник, а школово огромно-.- и сретнувам професорка и ја прашувам се извинувам, да не знаете во кој кабинет е класот на тој и тој професор и женава ми се насмеа и ми вика дојди и идеме и влегуваме во училна, испадна тоа да ти била мојата класна(со која сум у најбоље можни односи), си викам ајде баксузз уште од прва да се изрезилам и моментот имаше едно слободно столче-.- до едно дете и му викам слободно?! и овој само дада онака тивко и се скри и таква аииии лошооо, и после 5 мин се вртам позади кога го гледам братучедот на еден што учеше со мене а се запознавме преку летото и тука муабети НЕ ЗНАМ и со таа до него ме запозна и така. Ѕвонеше и ми пукна филмот и станав си шетав од клупа на клупа здраво ја сум блабла и така јесда имаше 3-4 шо ги знаев од претходно..којзнае сигурно сите си помислиле каков резил..ама гајле ми беше..ми олесна:) :lol: и онака фини деца ми се..но у целост ко клас дддддддонт лајк ит баш, сепак се на се..првиот ден ми помина горе доле фино:) А, ме мрзеше да читам толку..ако личноста што ја отворило темава е запишана у орце..од мене имаш совет да не се нервозираш АМА ИЧ. Знам многу деца од Орце сите се најбоље онака..имам и две многу добри другарки и не знам да се прашував за друштво одма ќе се запишев таму..ама мене ме влечеше образованието..струката ете така:)
     
  10. Mashnichka

    Mashnichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    26
    уфф стомакот ми се превртува кога ќе помислам на тој ден се само си викам дека ќе помине дека сите таму се исто така збунети и исплашени колку и мене едвај чекам да дојде и да помине барем првиот ден за понатаму ќе мислиме :D
    во сите школи на 20ти ги објавуваат класовите? јас сум во медицинско 1ва од септември

    Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.792
    Ох мори мајко.
    Тотален отпадник бев. А така и изгледав.
    Маица со HIM, долга коса со трака ко хипик, ѕвонарки и старки. Буцкава и полна со очекувања. Сама си ги предадов документите, си ја најдов училницата и седнав до девојче, кое ден денес ми е другарка и всушност, сами не одбра животот :) И двете несфатени од масата, јас поет, таа дискутабилна, едноставно моравме да се осојузиме :) Памтам дека претходниот ден бев на роденден нечиј во парк, и му раскинав на тогашниот дечко со кого одев, дури 3 дена! Ужасотии.

    О боже каков ли ум сум имала тогаш. Страшно! :D
     
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Се би дала да се врати тој прв ден во средно :wasntme:
    Ме носеше другарка една година што беше постара од мене. Јас не ни знаев каде ми е школото :rofl: .
    После тоа ме остави и ми рече: Чекај тука ке ве викаат. А ние ко овчички. Стоиме во гужвата и чекаме еден по еден да не прозиваат и да влеземе во ходникот. Влегов во ходникот и сите како што влегуваат пружаат рака и кажуваат име. Едвај неколку првиот ден ги запамтив.
    Кога ја видов класната прв впечаток ми беше кај ни се падна оваа лошотија, ама после сфатив дека жената е срце. Седнав на последна клупа покрај прозор. Милина... До мене седеше едно девојче што го запознав надвор пред врата. Освен неа знаев уште неколку што бевме од исто основно школо и со нив најмногу комуницирав.
    Уште тој прв ден ми се бендиса еден од клас, ама си бевме само другари :) .
    И така некако беше првиот ден. Спомени.... :wasntme:
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Цревата ми се превртуваат кога ќе ми текне на први септември.
    Секоја вечер го замислувам. Тотално сум сама. Се надевам дека ќе се погоди некоја без предрасуди желна за нови познанства. :D
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Отидов во скроз нова средина. Нов град. Ново училиште.
    Од мојот град бевме 4 ученички на тоа училиште запишани. И така цимерки си се погодивме и на 1-ви заедно отидовме до училиштето. Едната знаевме дека нема да биде со нас бидејќи беше друг смер. И така ние четирите си седнавме на едни скари таму пред училиштето. Тотално изгубени. Другите веќе беа соберени во групи. Се знаеа децата. И дојдоа проф. Тие постарите си влегоа внатре ние останавме да не поделат во класови. Едната од нас ја прочитаа втора и си влезе таа. Сега ние двете што останавме се мислевме дали ќе бидеме заедно. Барем да си се знаеме. И така и се паднавме. Јас бев прочитана 22-та по ред. Влеговме и си седнавме во последна клупа. Дојде класната. Малку лице ни покажа на почеток. Си ја познав јас и затоа сега 2год. се контраме само :D . Децата веќе се знаеја некои и си беа поделени. Но постепено се запознавме со сите, и сега со сите си и живеам. Некои се фини, некои лицемерни. Ама секаде ги има. Не се каам што си се паднав таму. Башка и професорите ми се погодија. :lol:
     
  15. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    па бев со 7-8 другарки надвор бевме чекавме да се соберат сите па да влеземе.мноооооогу убаво се чувстував ,едвај чекав да тргнеме средно,таму ни беа сите симпатии ,ее радости :rofl:
    се би дала да се врати 1 година средно.Значе најубави сеќавања носам од тогаш :worried:
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Уфффф! Еуфорија и тоа голема. Ако некој збореше и се запознаваше со сите во класот- тоа бев јас. Главна дрдорка на првиот школски ден. Можеби и им изгледав малку чудно на луѓево, ама се уверија понатаму дека сум сосема нормална :D (ваљда)
    Се запознав со целиот клас и немав воопшто трема.
    Бидете она што сте и немате гајле ;) ;)
     
  17. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    изгубен случај знаете како изгледа? :rofl:
    Oтидов што отидов таму застанавме со друшката од основно и чекаме почнува читање на иминња и слушам само тој и тој од оваа село тој и тој...и таман реков на другарка ми: ее супер овде ги селектират класовите по села град (немам ништо против села но учев во клас само од град до основно и никој не знаев од села) слушам оп моето име и презиме :^) :tmi: не сакав да отидам бе :tmi: ајде влегов во клас со надеж дека од останатите 6 места ке ја има школската и ете ја и неа :D но девојчето ( иако со корени од родителите од село) не можела да учи со сељаци (тоа беше нејниот коментар) се префрли во дргуот клас,јас си останав во тој 29 од село само 5 од град,и до ден денес сум си у контакт со скоро сите,а школската собори година на крај заврши во школо за (обработувач на жито брашно шекер) со цел клас од села :rofl:
     
  18. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го пишувала ова...Ај ваљда ќе имаме среќа да ни тргне со новиот клас :?:
     
  19. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Станав 2 саати порано од што требаше, специјално за на школо си имав купено фармерки и маиче, фармерките отидоа јабана, маичето не го носам.
    Бев погодена во клас со најдобрите другарки, и имав некаква потпора а имав и огромна желба да ги видам останатите. Се собравме доле сите во хол, се имавме прочитано на список кое бројче е наше и со класните тркнавме горе по скали. Чудно беше и тивко. Класната влезе се сопна и си подрипна, па се покикотивме малку, изманијачив све што има и колку чини. Сама седев на клупа, другите си испоседнаа и до мене си дое едно девојче кое прерасна во моја најдобра другарка. Си ќутевме малку, па наредниот ден тотално се опуштив се упознав со сите, со девојчето се шкртавме со пенкала и паднавме од стол и падна и смеа у склоп со тоа, исто така добив и закана дека ќе ме остаи еден проф на класен испит ако продолжам да се смеам и бидам несериозна на предавањата. Вториот ден одма ме дознаа што ѓубре сум :)
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ехх тој 1ви... Знаев дека таму кај што се запишав нема да познавам никого и колку толку бев подготвена дека ќе изгледам како 13то прасе. :D
    Ме однесе тато и ме претстави кај одговорниот професор. Тие се познаваа откако татко ми отиде да ме запише (пошто требаше да се плати, го пратив само него) и се задружија.
    Се запознав со професорот и тој ме однесе во училница. Таму ме пречека класната, се запознавме со неа и си седнав. Бев прва стигната. Потоа стигнаа другите, цела банда, сите се знаеја. Само јас сама бев.
    Ама помина, почнавме одма да се дружиме. После некој ден се запиша и еден другар кој го знам цел живот и искрено ми олесна. :)