Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот ден во средно

Дискусија во 'Образование' започната од MightnightGirl, 14 јули 2010.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Лелееее, кога беше ова....многу одамна |(

    Имав многу трема, зашто мислев дека никого нема да познавам. Арно ама, таму беше една другарка од основно, (која денес ми е најдобра другарка), сретнав и едно друго девојче од мое маало кое го познавав преку друга другарка од основно. А понатаму ја запознав и се здружив (и од тогаш не ја пуштам на раат :D )другата најдобра другарка :* срцка таа најубава. :D

    Супер ни беше нас во средно. Одлично друштво, дружба на ниво.....Ама баш ништо не ни фалеше во тие безгрижни средношколски денови.
     
  2. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    хахах само кога ќе се сетам :lol: најубавите спомени ми се од средно и тоа прва година ,заедно одевме со една моја соученичка од основно училиште,двете бевме многу палави ,друштвени,ни беше во мисла каков клас ќе бидеме ,дали ќе бидеме сите сложни,па кој ќе ни биде класен раководител ,и двете сакавме класниот професор да ни предава или хемија или математика (што и така се случи имавме класна која предава хемија )тие два предмета ни беа слаби оценки , покрај другите кои во основно ни беа 5 така продолживме и во средно ,со одлични оценки исклучок математика не го сакав тој предмет амам колку за една 3 имав врска :lol: , во средно почнав да ја сфаќам хемијата и ми беше интересно .Го прочитаа списокот на ученици соопштија која е класна раководителка се распрашавме за кабинетот по хемија каде се наоѓа.Го најдовме кабинетот ,професорката не прочита уште еднаш јас и соученичката седевме во прва клупа си ги извртевме вратчињата за да видиме кое дете како се вика и ги анализиравме и се сеќавам дека рековме дека и ние си учиме ама овие се ептен бубалици :rofl: којзнае колку досадно ќе ни биде овие 4години ,многу се повлечени ,ќе нема никакви зезанциии што многу згрешивме ги урочивме децата ,бевме немирни сите сложно си лумпувавме ,се дружевме,имавме најголем број на изостаноци и тоа неоправдани :lol: тогашниот претседател на класот беше шармантен дечко и секогаш насмеан со два збора позитивно откачен ,потпретседателот истотака и секогаш професорите ни велеа добро кои ви се критериумиве за избор на претседател :lol: Никогаш нема да заборавам како само беше интересна глетката кога ќе стане да се извини во име на цел клас дека не сме подготвени за испрашување насмеан и вели професорќе јас сакам да ви кажам во име на цел клас се извинувам затоа што денес не сме спремни ама ако не ви пречи има и исклучоци кои сакаат да се јават еве еден од нив сум и јас :rofl: (нема врска ,секогаш кога и да го прашаа велеше ај може ли да нареден час да одговарам ) најдобро е што и денес се поздравувам со некои соченици и имам стварно добро мислење за нив
     
  3. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Одвај чекам да дојде први септември и мојот прв ден во средно. Се надевам дека нема да не викаат еден по еден со име и презиме - многу ми е идиотско тоа |( Веќе знам дека ќе бидеме во ист клас со најдобрата другарка, а тоа е и единственото што го знам :) Воопшто не се плашам, нека дојде побргу па ќе ви пишам импресии :)
     
  4. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    ^ Прво сите ќе ве прозиваат по име и презиме, и така срамежливо ќе кревате раче
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580

    А Вајлд, ако си од Скопје, каде се запиша ти? :wasntme:


    Инаку, јас уште се држам до моето претходно мислење, сигурно ќе имам премногу трема, целата ќе се тресам и ќе се прашувам со кого ќе се паднам во клас, дали ќе се паднам со моите школски.. Дали веќе ќе има веќе оформени друштва итн итн, па дали ќе се изгубам низ ходниците на школото и нема да слушнам кога ќе не прозиваат. :rofl: Ама ајде, најверојатно не е толку страшно. Ама знам дека на првиот ден ќе ги постројам мушкиве што учеа со мене, да одиме заедно зашто јас сама сигурно нема да се снајдам. :D Туку, доста беше од нагаѓање, ќе пишам јас пак во темава на први и ќе ви кажам импресии и како сум си поминала навистина. :)
     
  6. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Хаха искрено ми фали ова чувство да го чекаш 1 септември и тој прв ден во средно! Јас бев возбудена ама не премногу зашто имав милион другари и другарки од основно па полесно ми беше,но мој совет доколку и вие сте во таква ситуација никако дружење и изолирање само со познаниците,напротив запознајте се со сите и дружете со оној со кој ќе пронајдете заеднички јазик сепак овие год.се стварно најубавото нешто,не дека после не е убаво! за тие што немаат познаници на првиот ден само опуштено па нема ништо страшно,опкружени ќе бидете со млади лица и сите ќе се наоѓате во иста ситуација така што веднаш ќе се удружите.треаба да се биде насмеан и расположен насмевката веднаш привлекува! доволно е едно здраво,може ли да седнам до тебе и вратите се отворени! среќно!
     
  7. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Како да си се читам сама,и мене ми се превртуваат цревата од самата помисла на 1 Септември,сосема сум сама и со надеж дека ке најдам некоја личност слична на мене и како шлаг на се и срамежливо сум :sweat:
     
  8. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Леле едвај чекам први септемврииииииии :rofl:
    нема да бидам сама со 2 најдобри другарки од основно ќе бидам така да ич не ми е страв ни срам ни ништо
    иначе на 20ти август ќе ги имало класовите вајда во сите школи...
     
  9. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Од 31 деца 6 машки :wasntme:
     
  10. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Ауф, атракција... :D
    Цело време се контрав со татко ми кај да се запишам, јас сакав со другарките во гимназија, а тој запна економски. Успеа да ме премисли некако, и јас љута му реков да си одиш сега сам да ме запишеш. И ок, ме запиша и јас сама ко изгубена си отидов на првиот средношколски ден, цела уплашена не знаев никого. Не собраа сите во салата за физичко и бла, бла, почнаа да не прозиваат. Ги читаат тие во првиот клас, мене ме нема. Ок. Го читаат вториот клас...ок ме нема. Почна панка да ме фаќа. Дојде и третиот клас, пак ме нема. Леле си викам да не не го чув името мое??? Се препотив. И ете на крај четворката. Читаат, читаат, го нема името мое а се намалуваат децата. Овој намерно ме излажа, не ме запишал, ќе го убијам, си викав во себе за татко ми и ми идеше да заплачам. Ама ете, на крај ме прочитаа, ми олесна. хаххахах
    Ваков стрес во живот сум немала. Исто како намерно да ми го направија тоа :D
     
  11. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Со самиот влез во средно, влегов во нов живот, нов период, кој секогаш ќе го паметам. Сите стоевме пред вратата како изгубени првачиња. Одеднаш на вратата се појави директорот со група професори кои требаше да си формираат свои класови. Прво се претставија и започна отчитувањето.. Беше интересно.. Се запрашував кој ќе биде професорот кој ќе ме поднесува овие неколку години. Подоцна си го запознав класот.. Очекував сите да ме прифатат, мислев се ќе биде во најдобар ред.. Наместо очекуваното - се случи токму спротивното.. Уште на почетокот сите си ги покажаа своите вистински лица... Беа загрижени само за себе, не мислеа подалеку од своите цели и мислења. Се немаа време, и времето за краток пријателски разговор им се потроши. Ако им се препуштиш и им дозволиш тие да те водат или пак се надеваш на било каква помош или поддршка, немилосрдно ќе те згазат и продолжуваат напред, незабележувајќи дека те повредиле, дека нанеле болка во твојата душа, за нив - туѓа душа. Немав среќа да се паднам во некој добар клас, каде што има фини и толерантни соученици, а не само дигнати, мамини и татини принцези, шмизли, студени, затворени, нељубезни туѓинци.. Е ова беа фамозните медицинари, новите првачиња... Во школо одев само затоа што морав.. Бев најодличната ученичка во класот, али џабе, само чекав да отидам во училиште и да се вратам дома... Ете помина школската година, јас заедно со уште 4 деца сме одлични и многу љубоморат останатите, а тоа е нешто што најмногу ме нервира, ме вади од кожа. Како ја издржав оваа година - ќе ги издржам и останатите ( се надевам) :) Често се прашувам што се случи со девојчето кое некогаш живееше во мене, со девојчето од кое другите бараа помош,совет,поддршка? Сето пропадна во океанот на моето сеќавање, во длабочините на тој океан се удавија делата постигнати во минатото. Да внимаваш на зборувањето на зброовите кои ги користиш..Да внимаваш ВООПШТО НА ТВОЕТО ПРИСУСТВ!!! Да внимаваш како си облечен, како ти е средена косата,лицето,телото...Се ова влегува во твојата оцена и рејтинг кои ти ги дава средното. Но, уште потежок е случај како мене.. Јас сама таму, без најдобрата другарка. Тотален хаос и загуба...... :^)
     
  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Ужас ми беше. Не знам ни како да го опишам. Као некоја изгубена бев никого не познавав...и така.
     
  13. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Ми текнува на првиот ден во средно...бев изгубена ми беше ново, непознато, секогаш е така кога имаме некоја промена, логички е да бидеме збунети :D јас имав среќа што во средно учев со неколку другарки од основно па со нив беше многу полесно да се вклопам во средината :D
     
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    откако не поделија по класови, отидовме во училницата со класната, а мојата другарка беше у др клас. Ја бев мн изнервирана и и правев фаци на класната од позади, кога забележав дека две девојчиња се ѕверат у мене како да сум им го одзела најмилото...кога на крај сфатив дека едно од тие девојчиња е ќерка на класната :x :x ке пропаднев жими се
     
  15. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Мојот прв ден во средно започна со плачење, искрено. Прва генерација со средно задолжително бевме. Учев во училиште, чисто македонско. Не бев навикната на роми, турци. Се јавив дома и им реков АЛО БЕ СЕ КРЕМ ВО УЧИЛНИЦАВА, носете ме кај сакате, само не овде! Ама со тек на време се навикнав на нив, потоа смеење имаше. Знаете, роми хехех :D Мариии... Една се омажи, друга бегалка :D Цела година ја поминав во смеење :)
     
  16. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    Првиот ден.. катастрофа беше никој не познаваф.. Дома плачев, сакаф да си го сменам класот..
    Мислеф дека многу лош клас ке бидиме, мислеф нема да се здружам со никој, дека ке седам сама така затуцана.. АМА за чудо најдобар клас сме скоро во се а и сите со сите се дружиме.. Сакам да кажам дека не е се така како што изгледа на прв поглед.. :)
     
  17. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Никогаш нема да го заборавам...како чавче изгубено бев...кај никого незнаев па и со тогашнио дечко се закаравме нешто вечерта,со мајка ми од посабајле се скарав и никој не ми посака среќа...и 300 филмој ме отепаја!! На сонцето мое можи 100 пати му ѕвонев ама на Silen телефоно спијал убајо...ми пиша кај 10 после порака....
    Важно прва година убо си ја поминав,сега втора че видиме!!!
     
  18. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    првин ден средно..смешно беше..сите ги знаев ко основно ми беше..добро имаше и нови фаци и онака поминувам во хол и им фрлам поглед ко јас сум тука главна..ги знаев и тие од трета и многу убаво ми беше првиот ден..а па за класната да не зборам...збрка напраивме..
    кај нас на вратата немаше ливче кој клас сме и ние почнавме да се зезаме со класната..со мене на чело..интересно беше..:D
     
  19. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Првиот ден..хаха никогаш не се заборава..сите беа влегле во училницата.а јас паметна и една другарка од друг клас..
    заедно бевме до 8 одделение и во прва во исто школо се запишавме со намера заедно да останиме али тоа дугачка приказна
    си поседавне надвор,со кафицата,цигарето и ни текна дека нашкола сме треба да идеме на час..хахаа на прв час сме заксанале..од класот знаев тројца со мене беа во школо до 8 одделение..и влегувам гледам едно 30 души во мене зркнале јас ваква :$ ..потоа малку се отпуштив додека се навикнам нови фаци,ова она..сега сите се дружиме..има некои ептен чудни..али повекето сме во супер добри односи.. :)
     
  20. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    едвај чекаааам уффф :wasntme: