A коментарот нели сте мали за прв збор? и образложение за кој се однесуваше? За мене баба е збор, без разлика дали моето бебе го разбира или не. И не се лутам само не сакам да се убедувам
А што е збор според тебе? Јас знам дека таа не ни разбира што зборува и дека не го знае значењето за тој збор, ама јас разбирам и знам и кога ќе и кажам повторува по мене. Тоа и е полесно да го кажува, си го научила и повторува, не знам што е спорно
Збориме општо за сите деца, а не стриктно за твоето. Не знам што се навредуваш одма. Јас на мојата никогаш не сум и викала папа или куу, па она си ги кажува. Значи пак си збори на свој јазик што се вели.
Тоа другата членка ти го пишала, ама воопшто не изгледаше како да сака да те навреди или сл. Нема потреба од таква реакција. Па нели сакаш да знаеш кога ќе го каже твоето бебе првиот збор, првиот збор со значење? На тоа се мисли. Тоа ти е како јас да кажам бебето ми прооде на осум месеци, а уствари јас го паткам или оди покрај гарнитура со придржување. Инаку ти пратив линк во претходниот пост, ако сакаш отвори го, интересен е, објаснети се сите фази на прозборување кај бебињата и децата.
@forumce без лоша намера објаснив. Имам напишано и во друга тема, свекрва ми вика за маж ми дека прозборел на 7 месеци пример, и истово и го објаснив бидејќи навистина не е зборување кога не знаат што значи. Ако е така и кога гукаат на 4 месеци може да им го рачунаме како прв збор нели? Јас како информација пишав што значи навистина прв збор на детенце, да не се залажуваме или радуваме, но тебе ако ти е мерак сметај си дека кажало прв збор, мене ми е сеедно, твое дете е и твој живот. Според мене кога ќе покаже со поглед или прст кон некого или нешто и ќе каже е тогаш е збор навистина
Tata ko naviena e Sega veke znae se. So prstot kon mene, mam. Kon tatko i tata, kon babite. Ke vidi kuce auuu, mace bauu. Na topka doll. Se razbira, pametnica na mama. Epten e lesna na jazik(muabetcika na mama)
Не знам кој и бил првиот збор со значење, ама си кажува мама, тате, баба, дедо, дете, бај бај, ам кога ќе виде јадење, а кога ќе виде куче или маче вика АП(ав)
Мое дунде кажува мам кога ме вика, татата за тато и тао за чао. Ретко сама бара јадење ама на 2-3 пати викаше ам ам ам
Мене не ми е јасно кога веќе се смета за прв збор и според вас кога почнува да разбира што зборува. Моето е како воденица, цело време зборува, ако можам така да се изразам. Еве пр сабајлето си играше пали гаси со сијалицата и ми рече "глеј". Вика ба-ба и де-де повеќе како папагалче, ама пред некој ден баш убаво рече деде и отиде кај дедо му. Исто и ајде, дај и слично. Мене ми делува како да знае што зборува според дејствата што ги прави. Инаку има 8 месеци.