Да-да беа првите слогови без значење, прв збор со значење брммм (со некој глас за р, шо немам како да го напишам ). Па ква-ква за пајче со некој измислен вокал за в. Пресладок и пресмешен е.
На мојата прво нешто со значење мислам дека и беше њам-њам, не чисто ама ам-ам/ нам-нам така нешто. Кога ќе види некој да јади или пие таа џвака и ам-ам вика а најголем апсурд е тоа што е голема нејадачка. Инаку сега вика и мам,ма-ам и чисто мама и се испушта ретко, тоа кога ќе и се оддалечам или и треба нешто.
Прв збор мама, па следат баба, тата, ајде, ете, бебе. Мислев дека се без значење, се дур не си дојде татко и од работа и целата насмеана почна да вика тата тата тата. Хит моментално и е кога си одат гости и ги испраќаме им вика ајде ајде и им плеска со раце побрзо да си одат
Пред некои 2 2ипол месеци, значи на нејзини 9 месеци почна да вика баба ама мислам дека не баш со значење него така. А сега на скоро 11 почна мама официјално со значење. И плус си брбља по нејзино баба, маба, тада, тата, деде, дејдеј
Да мама, баш со дефектолог зборев што да очекувам. Ми рече дека околу годинка треба да имаат т.е. изговараат еден збор со значење. Сето останато претходно е без значење.
Само до бабите да не стигне муабетов, пресреќни се ба ба што вика детево Да не сум лоша да им кршам филм нек се радуваат
Така де. Исти сме и ние . Најсмешни ми се... на периоди беше ба ба ба, па дедо и ќе рече ај сега кажи де де . А периодов не ги кажува тие слогови. Удрена е деновиве на согласки, ела па разбери шо кажува, како старо кинески да збори.
Tata Kolku se smeev cel den so mene e i na kraj tato aa vikam sine vaka ne haha Sega vika ajde ete tete baba dada 10 meseci sme
Уште не ми е јасно дали стварно "зборува" или на си фантазирам. Од кога би требало да почнува да кажува по некое зборче?
Не си фантазираш, има и деца порано што зборуваат. Демек не кажувале до година со значење ама мојава и те како си кажува зборчиња со значење. Татко и кога ќе го види вика тата, кога тргнуваме да одиме вика ајде, папа вика и мафта со раче, има една песничка што ја слуша со бебенце на спотот, секогаш покажува и вика дете. Секако и еден куп неразбирливи работи си брбља по цел ден
Добро е, одма ми е полесно. Баба, деде, мама, бебе, дете, тие стандард ги користи. И обавезно брм брм за сите можни возила и брче во сите можни брзини . Ммм кога некое јадење е убаво. Нана за спиење. Ам ам или њам њам за јадење. Дај/даде и ајде. Најново почна да вика бана за банана и бода/вода.