Што мислите, дали првото сексуално искуство мора да биде базирано од љубов, или пак чисто од љубипитство и преголема привлечност?
Моето прво сексуално искуство беше исклучиво од љубов. Имав чувство дека конечно го пронајдов она што го барам во еден човек и дека токму тој е достоен да ме придружува во таков важен чекор. Се надевам дека засекогаш ќе бидеме заедно.
Постои некое непишано правило дека првиот пат треба да е од љубов со својот принц од бајките. А тоа сепак ништо не ветува и ништо не гарантира.Тука многу девојки се изјаснија дека првиот пат било од љубов,а раскинале со дечкото после извесно време и си нашле некој многу подобар... Јас би сакала да се предадам целосно на некој од љубов. first love cant dies but true love can bury it alive! И можеби првиот бил од љубов,но не со вистинскиот.. Релативност
Љубов! Можеби сум била изрод порано не порано пред еве пола година не бев заинтересирана за сексот не ми беше ништо посебно онака што сум слушала од муабети другарки итн . Познавајќи се тоа никогаш не сум сакала да го направам со некој онака од интерес , љубопитство да видам како е и што е можеби и ќе ме наречете старомодна но јас сакам да си останам со тој човек кој е прва моја љубов и човекот со кој сум го направила тоа Не знам така јас си љубев така ми беше мене ќејФ и уште сум со него да..
Да си го поставев прашањето пред 4 години, ќе кажев од љубов дека треба. Јас не го направив од љубов првиот пат. И никогаш не се покаав. Дури добро е што така беше...
Ни од тоа ни од тоа. Едноставно сакав да ми се случи тој период, а и имав човек со кој да го направам тоа, овој чин за мене не преставува нешто големо како што сите го доживуваат бидејќи е само еден однос. И не сум сеуште со него, фала богу и тогаш знаев дека нема да бидам со него долго, само ми се најде на патот како човек со кој прв ке пробам тоа да го направам, а не човек кој ке биде човекот на мојот живот бидејќи ме скинал. И не се каам што првиот пат не ми бил некој што ќе остане цел живот со мене, знам некои овој чин го сметаат за многу посебен, романтичен итн итн, но кај мене не е така. А што е до прашањето горе, ќе одговорам секој човек е различно, но како што е кажано би требало да е од љубов.
Дефинитвно мојот прв пат беше од љубов. Ми беше страв и не бев љубопитна како ќе се случи туку малку исплашена . од љубов беше и првиот, од љубов е и сега.
Добра тема нема што .... ако ти е привлечен некој значи чувствуваш нешто кон него и осеќаш страст и нормално ќе сакаш и нешто повеќе, а мојот прв пат ќе биде повеќе од љубопитсво, љубовта денес сите ја занемаруваат и тешко дека ќе најдам некој да ме сака исто колку и јас него за двата да си сме први
Пупи јас мислам дека ќе најдиш некој што ќе те сака исто како и ти него и постојат уште машки кои размислуваат како тебе не се грижи за тоа.
Па што има врска дал од љубов дал од љубопитство. Кај некој и двете се присутни па ништо страшно. На некои работи едноставно им се дава преголемо значење.
Хаха е така! Иначе да си кажам за мене мојот прв пат беше поќето од љубопитство ама и го сакав детето и ми беше страв да не се скараме ако не го напрајме тоа одевме 6 месеци и мислев дека е време да се случи тоа
Mojoт првпат беше после три месеци врска, така што би рекла дека било повеќе од желба, од љубопитство, од што ми било убаво со него, а од љубов не баш, барем јас за 3 месеци не се заљубувам
Јас едноставно сакав тоа да се случи, сакав секс. Спремна бев за тоа, незнам дали беше повеќе од љубов или љубопитство, може да се рече дека и едното и другото. Но хормоните си проработеа, нормална работа.
кај мене беше повеке љубопитство, секако имав према дечкото емоции но не беше од љубов.. сеа веке не сме заедно и од тогаш немам други сексуални искуства затоа шо не сум била во некоја посериозна врска.. но сепак ми беше убаво
Од љубопитство дефинитивно. Имав преголема доверба во дечкото, и хормоните си проработија...И тоа е тоа..