1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот работен ден

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 15 ноември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Се сеќавате ли на вашиот прв работен ден. :)
    Дали бевте возбудени?
    Дали станавте неколку часа порано за да се припремите?
    Дали памтите и како бевте можеби облечени?
    Имавте ли трема?
    Дали претпоставениот ве запозна со колегите или сами се запознавте со нив?
    Дали ви се допадна на прв поглед работното место, канцеларијата?
    Кое беше вашето прво мислење за колегите?
    Што мислевте за претпоставениот?
    Дали по првите белешки за идната работа останавте со прашалници и си викате леле не го знам ова или напровив АХ лесно е!
    Дали по работно време на првиот работен ден вие бевте со позитивно или негативно искуство :)

    Знам дека некои смениле неколку работни места, па може сами да одлучат дал сакаат за првото работно место, дал за сегашното, дал за некое измеѓу работно место каде се случило нешто интересно на првиот работен ден, дал за неколку различни први работни денови сеедно, како сакате :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.523
    Пол:
    Женски
    Јас ќе си пишам за 4ри работни места значи 4ри први работни дена. :)
    На најпрвата моја работа, првиот ден бев како изгубен германец, не знаев каде да застанам, каде да мрднам, изгубена во свемирот. Денот ми беше ужасен, не сакав да се вратам повеќе, ама мајка ми ме натера. :wasntme:
    На втората работа се снајдов веднаш, ептен ми беше по ќеф, немав никакви проблеми ни со колеги, ни со ништо.
    Исто и на третата работа, сепак искуството си го прави своето. :) Првиот ден ми беше ко веќе да сум работела таму, ептен добро се вклопив.
    А четвртата работа денот ми беше ужасен, дури не ми се ни пишува што ме задеси, ама се надевам дека нема да ми се случи повторно на следната работа.
    И тоа е.
     
  3. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Па првиот ден кога отидов, ме пречека директорката со наставничката на чие место дојдов.
    Кога се слушнавме на телефон таа ми рече да отидам во 12 и 30, и така јас спермна утрето (паметам и што носев :) )седам и чекам да чукне часот, кога ми ѕвони мобилниот во 12, да сум побрзала какво било тоа каснење |( .
    И така јас спринт :D се најдов за 5 минути таму. Чија си, која си неодминливи прашања нормално.
    Кога се качив во канцеларија наставничката да ми го даде распоредот и учебници не се покажаа нешто посебно гостопримливи, некои се поздравија, некои удрија по бледо одвај чујно здраво, а мене посебно ми стана незгодно дека таму има уште луѓе кои мене ми биле наставници, така да не се најде никој пофлексибилен да на некој начин те подопушти во новата средина. Искрено одвај чекав вратата да ја затворам од надвор.
    Од следниот ден си почнав со часови, стандардно и јас не сум јас ако немам некој гаф нели, така да упаѓам одма јас, почнувам за предметот да зборам, што им треба, како ќе функционираат часовите а од мое лично претставување (име и презиме) ни трага ни глас :D .
    И така на крајот на часот слушам едно срамежливо - Наставничке, а ние не се запознавме :| - :D
    Ах, одвај се воздржав да не си се исмеам сама себе на својата немарност :$ .
    Поучена од тој час, на наредните уште од врата кажував име и презиме, па после се друго.
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Направив муабет со газдата, се договоривме се` околу условите (но не на работното место).

    Одам следниот ден на работа, а таму:
    -колешката цела намрчена ми кажа како работата е тешка, да не мислам дека одма ќе се вклопам :devil:
    -колешката ми нареди без нејзино прашање ништо да не работам :!:
    -побарав вц - немало :o
    -прашав кога е пауза за јадење - немало пауза :tmi:
    -греење - немаше

    Буквално ми се плачеше. Не знам со каква тежина одев на работа. За среќа кратко.

    Мислам дека газдата и колешката се швалерисуваа, па затоа таа имаше толку сила за наредби. :lol:
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Првиот работен ден ми беше во едно училиште за странски јазици, сместено во некое основно училиште во Ѓорче или Влае, не се сеќавам убаво, поминати се повеќе од 10 години. Газдата не ми ги кажуваше условите, ми рече почни, па ќе се договориме. Некако имав трема, прв пат со ученици, како ќе се снајдам и дали ќе ме слушаат :D. Супер беше, повеќето ме прифатија супер, а имаше и некои кои плачеа по наставничката од минатата година. Сепак односот на газдите ме нервираше, и две недели подоцна кога се уште не ги знаев условите „дадов отказ“, и ја прифатив тогашната моја работа од соништата :D

    Тоа беше друго училиште за странски јазици, во Црниче, убаво средено, се ново, убави газди, убави ученици, јас млада и убава... :D Од сите интервјуа што ги поминав во сите училишта, ова дефинитивно беше најубавото! Сакав да работам таму, и точка! Тогаш имаше многу потреба од мојата струка, па не беше проблем да најдеш работа, ама јас не сакав било каде - туку тука! Особено што интервјуто траеше еден час, и ме прашуваа се и сешто, па примањето некако ми дојде како посебно признание. Таму дополнително имав и пробен час, којшто не ми помина баш во совршен ред - ми дадоа тазе пубертетлии кои никако не можев да ги скротам, барем не колку што сакав.
    И така почнав да ја работам работата од соништата од која набрзо ми дојде преку глава. Предавав само на пубертетлии, значи деца од 6то до 1-2 средно. Посебно тешка група за хендлање, особено што јас бев многу млада, па и младолика, родителите ме прашуваа каде е наставничката зошто мислеа дека јас сум од групата :D . Децата беа од црниче па уште тоа беше најскапото училиште во реонот, а ги имаше многу...
    А, да, имав и часови со возрасни, сега се сетив, е тие ми беа големо задоволство :) Таму останав една година, а потоа си отидов под изговор дека сакам да го завршам факултетот, но вистината беше дека начинот на работа не ми се допаѓаше.

    Набрзо, после неполн месец имав и трет прв работен ден, ама ова беше канцелариска работа. Требаше два пати неделно да менувам едно девојче што работеше како секретарка, а тие денови имаше некои задолжителни вежби на факулет. Одам јас, и ми вика таа „не се секирај, лесна е работава. Занеш да пушташ факс?“ Јас: „не?“ И стварно не знаев, претходно немав во канцеларија влезено, некако убедена бев дека јас ќе работам во училиште, канцелариска работа не е за мене. Девојчето ми објасни што ми објасни, вработените беа супер, сите околу 10 години постари од мене, ама многу убаво ме прифатија, и сите ме учеа што и како се прави :D . И дојдов јас што дојдов на работа, ми се јавува некој на телефон, од некој хотел, и ми кажува дека некој од нашиве вработени заборавил 200 долари. Арно ама ми кажува презиме, чудно некое (имаше и доста странци), а ја уште ни по име не ги знаев??? А башка ми зборат од таму за 200 долари, а јас ништо не разбирам. Ептен бев изгубена :D Како и да е, помина и тоа. Супер се прилагодив, и останав речиси 4 години.

    После претходното училиште каде работев една година имав уште еден прв работен ден во трето училиште, ама на тој не се ни сеќавам. Во тоа училиште исто така работев една година, и тука заврши моето даскалско работно искуство.

    Се сеќавам на првиот работен ден тука, на сегашнава работа. Не можев да спијам два дена, затоа што дадов отказ на претходното место, каде што работев 4 години, ги познавав луѓето, и имав подобра плата и подобри услови, ама помала сигурност до кога ќе трае. Плус новата позиција беше нешто повисока, и веројатно ми требаше промена, а имав и можност за напредување која ј анемав на претходната работа, па решив дека ќе си одам, ама имав немир во душата поради платата и условите. Некои од луѓето ги знаев, бидејќи всушност бевме во рамки на една групација - иста фирма - друго о-зе-те, но не ги знаев тие што работеа директно со мене. Дојдов на првиот работен ден, отидов да потпишам договор, а таму шефицата, која исто така почнуваше со работа од тој ден. Само што ја видов, без муабет да направиме, знаев дека ќе биде ок, некако се смирив ептен. И беше, ми беше шефица 4 години, а сега се уште ми е пријателка. Првиот ден беше релаксиран, читавме што икако треба да се направи, се запознавме со колегите - тоа беше нова работна единица па речиси сите беа нови. Си отидов дома среќна.
     
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Воопшто не го доживеав стресно! Ги знаев колешките, ја знаев работата, знаев дека никој нема да ми замери на направените грешки и си појдов на работа опуштена и расположена за работа! Единственото што ме мачеше беше тоа што испуштив многу собиранки на моите слободни друграки бидејќи јас морав на работа, а тие на кафе :^) :lol:
    Можеби поинаку ќе беше ако ја работев истата работа во ,,поинакви услови и други газди,, но сепак имав среќа и брзо се прилагодив! Всушност тоа беа мои луѓе кои во тоа време имаа многу повеќе потреба од мене отколку јас што имав потреба од таа работа! Планот беше да работам кај нив додека не ја најдам соодветната работа од мојата струка, но се воспостави сеуште да ја нема работата од струката за која дипломирав, така да уште сум на првото работно место! И не се жалам, засега сум задоволна! :!:

    На тој прв работен ден не дека немаше направена по некоја грешка но не беше страшно!
    Се сеќавам дека имав многу голема помош од колешките околу мене а и отприлика ми беше познато бидејќи пред да тргнам на работа имав испиено 100 кафиња таму и веќе го знаев текот на работата! :D
    Значи со позитивно искуство сум од првиот работен ден! ;)
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    ... бев како изгубен Германец :D

    Се сеќавам дека отидов 10тина минути порано и наместо да влезам, ѕвонев и чекав да ми отворат. Немав апсолутно поима што и како треба да работам, никого не познавав, ме седнаа на средина и сите прашања и испитувачки погледи беа према мене. Се осеќав како глувче во лабораторија и бев поприлично тивка ама импресиите ми беа позитивни и едвај чекав утредента да одам пак. Сега ми е малку смешна целата таа ситуација и сваќам колку неискуството и самодовербата си го прави своето.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    На првото работно место бев како изгубен германец, малку спиев зашто претходната вечер ми беше роденден :lol: Спремна облека кошулче шаренко, црна панталона и балетанка и ајмо на работа. 7.30 започнував а станував во 6.15 некаде. Тоа беше еден од ужасните делови. Ах колку само ми значи моменталното + 1 час спиење :wasntme: И отидов а таму дива лига, ајде запознавање и седи и учи. И така 8 часа јас дремев и ги гледав што работат. Абре не поминува време кога немаш работа, досадно! А беа тетки, дел од нив паметни дел кои се прават паметни. Од кои едната ме викаше дете 3те месеци додека работев, што ми идеше на живци, само кога ќе викнеше "ДЕТЕЕЕЕЕЕЕ дојди" и мене косата ми се креваше. Утредента не сакав да одам, како и сите денови во тие 3 месеци.

    Додека на второто работно место влегов со многу позитивна енергија. Убав зимски ден си се спремив и на работа. Отидов видов 3 нови вработени сме, поточни привремено вработени и сите моја возраст, ни објаснија што е работата и не однесоа во сопствена канцеларија каде веќе работеа уште 3 други врсначки. Своја канцелари, свој компјутер, анатомско столче, топ шефица, фини колеги во канцеларијата, уште пофини од другите одели, работа уште од прв ден ни дадоа, совршена работа, предобри услови за работа. Секако ништо не е совршено нели, затоа сум само со договори на дело сеуште и без стаж ни 1 ден. То е то :)

    Како и да е имам еден негативен и еден позитивен прв работен ден. Одвај чекам трет да имам :P
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Првиот работен ден... :) Нормално дека се памети. Мене првата работа ми беше професор во средно. И кога отидов првиот ден на работа, втора смена, подоцна, па директор, педагог... сите си беа заминати дома, а демек требало некој од нив да ме внесе, да ме претстави... :( . И ми викаат колегите „Ништо, ќе одиш сама на час“. Ѕвонеше и некако тргнав на час да одам, со дневникот во рака, полека, а цело време си мислев „Тоа е тоа... сега ОВА ќе ми биде професијата. Сигурна ли сум во ова?!...“. Влегувам на час, а внатре штама. Буквално мува да помине ќе ја слушнеш како претка со крилцата. Само ги поздравив децата и седнав час да запишам. Тие гледаат и чиниш не трепкаат. Запишувам час и си велам во себе „Леле сега треба да станам, да проговорам, а грлото суво, ако не успеам?!“ :D Станав полека, се претставив која сум, што ќе им предавам, почнав да ги запознавам со програмата и некако се си дојде на место така природно, едноставно, запрепастена бев. Уште почудно ми беше што убаво се чувствував. Е, најчудно ми беше кога креваа рака да прашаат нешто и ми се обраќаа со „професорке“. Секој пат ми идеше да се завртам назад да видам кому му зборуваат :D. И потоа си ги одржав и другите часови, ама многу полесно беше влегувањето во училница и претставувањето. Колегите ме зафркаваа дека сум била „родена за професорка“, а мене тоа воопшто не ми звучеше како комплимент тогаш. Младост... :P
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Прв работен ден на првото работно место.
    Работата не опфаќаше никаков посебен кодекс на облекување, па сите беа сосем кежуал - фармерчиња, патичиња, балетанки, маички.
    Шефицата беше десна рака на Ѓаволот чинам, невидено строга и помалку злобна и од старт не се бендисавме.
    За среќа се погоди многу фина колешка да ме упати во работата, со која тајно си шушкавме колку работата е проста и едноставна, а од мува се прави слон.
    Се' што научив и воедно мојата адаптација таму и' ја должам нејзе.
    Немав трема воопшто, ниту срам, убаво се вклопив. Не беше идеално, но сосем подносливо и ок.
    Минус нормално шефицата која мислам дека и ги имаше украдено сите брошеви на Јованка Броз и воедно ја копираше нејзината фамозна пунџа. |(

    Прв работен ден на второто работно место.
    Тотален хаос и неорганизација. Не ми дадоа никаква задачка, само седев и цел ден набљудував. А пред мене мислам дека се одвиваше апокалипса. Фрчеа телефони, изгубени и дезориентирани лица, катастрофа.
    Си реков - ако по утрото се познава денот, сум го наебала.
    И навистина така испадна.
    Дојдов дома со солзи во очите. Никогаш не сум се почувствувала поосамено и депресивно после таков работен ден.

    Прв работен ден на третото работно место.
    Имав сосема малку трема која исчезна после каснување на утринскиот ѓеврек за појадок.
    Кодексот на облекување беше црни панталони и бела кошула, малтене во хор сме. |(
    Помина фино, без проблеми и за момент се прелажав дека работата ќе биде солидна со можности за напредок.
    Си дојдов дома среќна и задоволна со себеси.

    Неволјите дојдоа подоцна . . .
     
  11. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Со мои 18 години - прва работа.Изгубен германец, можам да кажам слободно е мал збор.Цел ден си го преќутев прописно, само што прашав единствено што треба да работам и како.Едвај чекав да си одам дома.Сите некако ми изгледаа пренападно и помалку просто па ќутењето си го одбрав како одбрамбен механизам.И навистина така и се покажа.За 1 седмица и напуштив работа, едноставно не ми одговараше работната средина.Да не ви кажувам за впечатокот што го добив од работните простории.Баракче старо едно 128 години, да залупаш врата мислиш кров ќе ти се сруши на глава ќе погинеш.Ладно фучи ветер од све страни, прозори не дихтуваат вратата не се затвара саглам, а бе ми се приплака.Си реков кај дојдов сега.Не сум тип на човек што се откажува лесно, и башка несакав да стекнам дојам кај моите дека сум мрзливо дете разгалено си реков ќе издржам па што и да е.Арно ама за 1 недела газдата ме изигра за процентот што требаше да го добијам, и тоа ми дојде како џокер у покер да си дадам ,,отказ,, веднаш без грижа на совест.
    Посем оваа епизодица во животов сменив уште сигурно 20 работни места, ама ова беше мислам врвот у моја кариера :lol:
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Првиот т.е. најпрвиот работен ден ми беше на 15години. Многу мои врсници работеа за време на летниот распуст, па ајде и јас да пробам, нормално да не делам од средината. Многу непријатно се чувствував, срам, збунетост, страв, ахх милион чувства ми беа испомешани, но помина, хаха односно траеше само 4дена сето тоа, не бев јас за таа работа .
    На 23години започнав со работа , таму бев скоро 5месеци. А првиот работен ден, хмм не беше толку лош, ми беше можеби малку непријатно додека да ги запознаам луѓето со кои работев, но срамот, збунетоста, стравот ги немаше. Среќа можам да се пофалам дека работев со навистина пријатни луѓе, со исклучок на газдите, па имам едно супер искуство за пријатн и фин однос со колеги. :wasntme:
     
    На Goldmen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Првиот работен ден ја изгуби својата важност бидејќи се поклопи со првиот училишен ден на Ева. Имајќи разбирање од директорот, прво бевме во училиште, а потоа отидов на работа :)
    Ме пречекаа пријателски, со кафе и муабет. Ми рекоа - ова е твое биро, твој компјутер, твој телефон. Седнав и чепкав по компјутерот. Некако сами по себе се редеа работите, секој ден учев, влагав во штос и денес можам да кажам дека кога би имала опис на работно место , ќе биде испишан на 2-3 страни :)
    Многу си ја сакам работата, а тоа е најважно. Иако сум во приватна фирма имам право да си кажам што мислам без фолирање. Тоа и ме држи. Јас не би можела да преќутам ако нешто имам да кажам.

    Кога некој ќе ми рече - твојот газда, збеснувам. Газда немам. Директор да, газда не. Газда секој по дома :)
     
  14. E.v.E

    E.v.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    52
    Мојот прв работен ден беше точно пред една година и два дена :) Уште пред да завршам со факултет во летото почнав да барам работа ама многу слабо одеше... Потоа дури во Јануари предходната година прв пат почнав со работа, па сега си славам годишнина :)
    Првиот ден можам да кажам дека повеке бев возбудена отколку исплашена или нервозна. Почнав да се спремам од 6 а требаше да бидам на работа од 9. Па можете да замислите стигнав во 7:30 и еден час си чекав пред врата бидејки ми беше срам толку рано да се појавам :D Толку многу сакав да работам во оваа фирма, така да имав многу големи очекувања од првиот ден. И секако не се разочарав. Првите два дена имавме само тренинг заедно со сите други почетници, ни кажуваа за се што треба да знаеме, со што поточно се занимава фирмата,кои оддели ги имаат (јас немав појма во кој оддел ке работам :D) потоа мала прошетка низ зградата и запознавање со сите тимови што работат овде. Потоа не носеа сите на ручек, што беше многу добра прилика да се запознаеме меѓусебе.
    Ни кажаа исто за некоја програма што ја имат овде, каде што ти назначат некој што подолго време работи во фирмата, и тој или таа е задолжен во наредните 6 месеци да те научи се што треба да знаеш, кои ти се одговорности, како да работиш во софтверот, до прости работи како можам ли да уклучам интернет додека сум на работа или каде е тоалетот :) Јас имав многу среќа затоа што само што го видов девојчето што беше задолжено за мене, веднаш ја препознав дека сум ја видела на факултет :) Иако не сме зборувале многу додека бевме на школо сепак се знаевме. Ми беше малку тешко кога се запознав со другите луѓе од мојот тим, затоа што сите беа од различни држави (само јас македонче :( ) и имаа морам да кажам малку чудни имиња, ми требаше многу време додека ги запомтив сите :lol: а секако и додека се спријателив со нив. Ама барем си ја имав колешката од факултет, што сега ми е и колешка на работа па морам да кажам дека не планирам во скоро време да тражам нова работа ;)
     
  15. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    -малку возбудена
    - јас станаф 1 час порано
    -во панталони и блуза
    -не
    -претпоставениот
    -да
    ми се допадба канцеларијата
    -дека нема да се вклопиме во друштво
    -дека е строг
    -со позитивно искуство
     
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Се сеќавам тоа беше пред 7 месеци
    беше лудо иако од пред тоа знаев да нахранам детенце и да го пресоблечам, овој пат беше поинаку, целата бев побркана, незнаев каде што стои па морав 100 пати да се јавам кај газдарицата да прашам :tmi: имав среќа што таа е пријателка на мајка ми инаку уште истата ден ќе летав :lol:

    Дете ко дете не ме познаваше, мислам пред тоа ме гледаше само у град, па не сакаше да дојде кај мене, па не сакаше да јаде а за пресоблекување тој ден не смеев ни да помислам али што се мора мора со плачки со играчки со телефони некако успевав и во тоа, среќа што знаев дека јаде само со еден цртан со pocoyo, па тој ден само pocoyo беше на тв, сега сме навикнати еден на друг поинаку е абе слаткиш полека почнјува да збори па неможе да рече Ели ми вика Еи срцка е две недели го немам видено, ми недостасува :( :*
     
  17. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Кавгаџиски |( a не сум јас крива за тоа. И сега како што минуваат деновите е напнато, покрај тоа што е досадно
     
  18. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Прв ден на проба за работа-УЖАС!
    Прашав во еден кафич,за келнерка..Ајде газдарицата рече да пробам да види ако се снаоѓам..
    И дојдов наредниот ден и што да ви кажам,не е баш лесно.Мене не ми беше.Не дека сум мрза него поинаква е таму работата.Скршив еден филџан ај да ги однесам бар дел од чашите и едно шише празно пластично,па тоа летна на друга страна :$ ..Лелее мајко бев..Повеќе и пречев на другата келнерка од што и помагав..
     
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Искрено, бев многу возбудена затоа како ке биде, што ке биде. Бидејки си спиев до касно, не бев навикната, и сабајлето едвај успеав да се освестам. Се спремив и отидов. Се беше толку ново за мене, бев изгубена во простор и време... :lol: Но со текот на времето се навикнав и научив.
     
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Бев малку срамежлива, ама од голема помош беше фактот што најдобриот другар кој ме препорача ми е и колега. Ќутев малку, бев ептен сконцентрирана на докажување и многу при срце си ги земав грешките.

    Веќе вториот ден се опуштив скроз, сфатив дека сите сме супер тим и работам со луѓе кои ми се по мерак. Заебанции, смеење до солзи, пукање сеир, оговарање...Деновиве треба да одам на првата официјална кафана, не сум дел од тимот ако не ме видат пијана барем еднаш. :D