1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот работен ден

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 15 ноември 2011.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Поголем дел од луѓето со кои требаше да работам ми беше веќе познат. И релативно близок.
    Првиот работен ден ми се чини се‘ уште стои на врвот како ден во кој сме имале најмногу работа. Башка прв, притисокот беше уште поголем. На крај се‘ испадна како што и требаше да испадне, а јас се вратив дома со два гооолеми гербери.
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Бидејќи до сега имам сменато две работни места,па ќе кажам за двата први работни дена :)
    Прв работен ден-Отидов утрото да прашам за работа,а попладнето ми кажаа дека почнувам.Се работеше во
    две смени.Јас бев толку возбудена што три часа мислев што да ставам и како ќе биди,шо ќе биди.Немаше некој посебен кодекс на облекување,фармерчиња,патичиња ,балетанчиња некое блузе и толку.Отидовполовина час порано и од возбуда место добар ден,јас добро утро му кажав на газдата :$ :lol:.Ме однесоа во одделот каде што ќе работам бидејќи ми имаа кажано претходно каде,па не се мислев многу околу тоа.Имав среќа што колешката ме прифати одлично и ми кажа се што ме интересираше,а и беше стрплива околу моите прашања.Малце шефицата ме гледаше на џгљ,не се мирисавме многу баш со неа уште одпрвиот ден се правеше дека е Хитлер,но не си ставав многу баш на срце кога ќе викаше.Останатото беше во ред и таму се задржав 7 месеци.
    Вториот пат колешките ме пречекаа со веќе сварено кафе,ми објаснија многу убаво за што се работи,газдарицата не беше таму и онака го поминавме лезетски и без многу напнатост.Прво шо си помислив е дека баш со фини луѓе ќе работам,но кога го видов работното место ми се крена косата,немаше баш убави услови за работа,но ете и тоа помина.
     
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Имав повеќе работни места но за она првото ќе напишам
    Првото мое работно место беше новинар кога седнав да пишувам текст се збунив ,потоа кога требаше да читам се вклучија камерите и започна магијата јас стегната го читам текстот а потоа кога заврши се целата бев здрвена веднаш ме примија ми рекоа во ред од утре во студио само биди по опуштена јас збунета ниту се поздравив како робот нога за нога низ врата кога излегов ме чекаше мојот дечко сегашен сопруг и му велам леле колку се изморив незнам дали припаѓам тука тој ми вели аман бе од што се измори
    потоа ден по ден се опуштав и се си дојде на свое место ,имав сменето уште две работни места за кои сите ми велеа дека сум направила грешка што не сум останала но несакам да бидам дел од нечисти игри и воопшто не жалам
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    Досега сум имала три работни места, официјални ќе кажам, по струка. Претходно кафулиња, шанкови, пицерии... не важат.
    Првото, се наоѓаше прилично далеку од градот и со превоз беше заникаде, јас за да не закаснам ко Илипили отидов пола саат порано, ама пола саат порано во Декември, на многу ладно, брррр, и ми беше срам да отидам толку рано па си почекав на улица додека да влезам. На влегување ми кажаа што е како е, ме прошетаа низ погоните и канцелариите, ми покажаа кај стои кафето, ми објаснија се и ми дадоа работа. Многу бргу се вклопив, ама беше многу мала платата и не можев да останам.
    Втората, од претходнава работа заминав веднаш ваму, всушност ја напуштив првата заради оваа работа. Првиот ден? Првиот месец беше никаков, во една канцеларија штура, без ништо, без компјутер, само листови хартија. Кога започна да ми дава по малку работа тоа беше теренска работа и ич не ми беше по ќеф, но добро, издржав пола година, ја напуштив поради тоа што газдарицата гледаше премногу Ѓаволот носи прада, ја претеруваше. Беше многу напорна и одвратна. Иако се среди се, и канцеларијата доби изглед и работата стана поинтересна, ама моментот кога ми кажа дека ќе треба да се карам за неа со соработниците, ја излажав дека сум трудна и ја напуштив работата.
    Третата, тековнава работа. Искрено и втората работа ја напуштив заради оваа, значи немав денови измеѓу кои беа слободни, од едно на друго работно место. Отидов и како што е ред и сега, колешката каснеше малку, малку повеќе и си почекав надвор. Газдата дојде дури после два дена, ама не беше страшно, се познававме од претходно, таму бев и на пракса од факултет. Работа добив одма, ама запознаена со тоа што го работев. Сеуште, година и два месеци како сум таму, не сум се покајала како кај претходната работа.
    Искрено најмногу при срце ми беше првата работа, но условите беа несоодветни и платата мала.
     
  5. Borjana

    Borjana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Многу интересен ден со смеење ама тоа само на почетокот :D
     
  6. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Уф како загубена честитка бев хехе се сеќавам како да беше вчера. Но, сега се смеам за тоа. :)
     
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Дали бевте возбудени?
    Малку, не премногу! :$

    Дали станавте неколку часа порано за да се припремите?
    2 саат станав и на време стигнав.

    Дали памтите и како бевте можеби облечени?
    Фармерки и маица по кратки, зашто беше лето.

    Имавте ли трема?
    И тоа не премногу!

    Дали претпоставениот ве запозна со колегите или сами се запознавте со нив?
    Јас ги знаев нив од предтоа бидејќи работам во адвокатската канцелатија на чичко ми. :)
    Дали ви се допадна на прв поглед работното место, канцеларијата?

    Кое беше вашето прво мислење за колегите?
    Супер, бидејќи ги знаев предходно и сите се многу фини.

    Што мислевте за претпоставениот?
    Што можам да мислам за чичко ми? :D :?: :!:

    Дали по првите белешки за идната работа останавте со прашалници и си викате леле не го знам ова или напровив АХ лесно е!
    Лесно беше, а чичко ми ми помогна и колегите.

    Дали по работно време на првиот работен ден вие бевте со позитивно или негативно искуство?
    Со позитивно! :)
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Немав ни возбуда ни трема, си отидов пола саат порано ко што си знам, облечена во панталона кошула и балетанка, знаев дека се носат униформи така да гледав да е нешто слично со униформата. Сите веќе беа почнати да работат од групата што заедно не примија, јас дојдов две недели подоцна поради тоа што бев на одмор. Се знаевме онака на изглед сите од интервјуто, а ми изгледаа некако непријателски настроени спрема мене и ко трачарки, среќа што тоа ми беше само првиот впечаток. Јас пак сум им оставила впечаток сосема ок, дека сум дојдена за да си ја бркам работата и дека не ме интересираат многу трачеви и слично што е и многу точно. Шефицата се постави сосема ок, ме упати во работата и следните два месеци ми преостануваше само да учам. Не бев изгубен германец, знаев што треба да работам и пола од работата веќе и ми беше добро позната. И се вклопив многу брзо, ме прифатија сите и мене ми се допаѓаат скоро сите и сум пријател и пред се колега со сите.
    По завршувањето на првиот работен ден бев доста уморна но среќна. Како и да е, само позитивно искуство ми е.
     
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Имам порано работено најразчични работи, чистачка, шанкерка, работник во погон, продавачка (сегде по еден месец)

    Ама ете пред некое време дипломирав и се вработив во струка и на 1 Јуни ми беше прв работен ден.
    Не ми беше нешто ново, оти одев на пракса пред тоа 10 дена, ама пак бев возбудена.
    Додека одев на пракса одговорноста беше туга сега цело производство ми го оставија.
    Колеги- уште првиот ден ке видиш кои се искрени а кои лицемерни. Уште сум нова не ги познавам добро ама мислам дека од овие вториве нема мн во мојата фирма.
    И секако уште прв ден биди свој, цени си ја работата, давај се од себе, ама не се понижувај да работиш нешто шо не е у твој домен (пример да одиш секој ден по геврек или да чистеш по ходници)
     
  10. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Цврсто и самоуверено ,со дрзок поглед и јасни ставови.Бариерата на физичкиот изглед е непобедлива .Искуството поможено со сето тоа даде успешен 1 работен ден ]:)
     
  11. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Мојот прв работен ден беше токму денес. Не е ништо посебно,работата ќе ми трае неколку дена, ама сепак прво работно искуство ми е. Одсабајле ја свртев цела околина да си најдам да купам нешто за јадење,затоа што ме предупредија да си купам јадење пред работа, затоа што има многу кратка пауза и што попрво да направиш. Што не најдов,не најдов па си оставив за време на паузата да ми биде се на брзање.
    Влегувам, нели нормално им се обраќам.. Добро утро, здраво, ма јок бре, никој ни те гледа, нит ти обрнува внимание. Си стојам едно 5,6 минутки, исто како да не постојам, како да сум невидлива, сите си бркаат своја работа. И почнаа да се делат на тројки,среќа јас бев со уште две девојки, па ние три нови заедно, влеговме во канцеларијата и ни поделија работа. (Иначе работата ми беше да лепиме декларации, да боцкаме аларми, да лепиме цени и пакуваш отпакуваш пакети и воедно сама си земаш,башка не се баш лесни)! Среќа барем имаше еден лидер,кој ни објасни каква е процедурата. Арно ама, син му кренал температура и си беше човекот нерзовен,а и мозокот не му беше тука на моменти. На моменти беше и како некој шериф.. "Ти што праиш? Имаш ли работа? Ајде побрзајте,камионот стигна". Постојано ни беше над глава. Во малата канцеларија каде што работевме беше +40 степени, имаше клима ама исто како да ја немаше,воопшто не ладеше. Па и како да постигне, кога во толку мала просторија се собрале 15 души. Буквално се гушевме, додека работевме пот течеше од нас. Признавам работата не беше толку мачна,како што не убиваше топлината. Дојде време на пауза се на брзање, прво побарав,се снајдов си купив јадење, набрзинка јадев , едно цигарче и назад на работа. Последните три саати не тргнав поглед од часовникот. Веќе не можев, почнав да зевам, да ми е мука, и во себе си размислував како им е на моите додека се мачат на работа, како би ми било мене во иднина, плус со деца и муж, како јас би издржувала секој ден со такво темпо, па на момент ми идеше и да заплачам. Буквално тие мисли ми се вртеа низ глава. :lol: Па после си помислив секој почеток е тежок и се си е навика. И најпосле , после се, дојде времето за дома, никогаш побрзо не сум се средила. Никогаш со таа страст не сум чекала да ми дојде автобусот и да трчам за дома.
    А дома, туш кафе, :smoke: кревет и лап топ... Одмарање, способна скоро за ништо.
    И си ветив дека повеќе ќе и помагам на мајка ми,нема да нервирам дупло кога ќе дојде од работа.Затоа што сега ја сфаќам како и било,кога ми објаснуваше дека и тече пот додека работи. Ахх,убаво викаат додека не осетиш на своја кожа, не можеш ни да замислиш како е.
    А и да, ќе го завршам во рекордно време факултетот,ветувам. Не дека ако имам факултет одма ќе бидам во канцеларија, ама којзнае може ќе имам среќа. :?:
     
  12. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    до кога ќе ти трае ентузијазмот? :D
    инаку факултетот учи си го од чист мерак,ако си го избра од мерак,зошто денес веќе не е најважно да си академски образован зошто сигурно го знаеш вицот денес нема факултетска диплома тој што не запишал факултет :D
    инаку прв работен ден ко прв,па и втор итн ако дочека човек пензија денес терба да слави :party:
     
  13. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Епа сега реално за таа работа баш и немам некој интузијазам, ама сакав само да ги споделам импресиите од првото искуство. За еден ден осетив како е во светот на возрасните, одговорност, умор, работа, некој постојано да ти виси на глава, буквално.
    А за факултетот си го учам со мерак, се запишав баш тоа што сакам прв семестар си исчистив баш се. Ама учев за себе, не за оценка, сега да ме испрашуваат и да дискутираме за тие теми, се ќе кажам и убаво ќе си објаснам и со мои зборови, за да ме разберат. Само втор малку проблеми,и не положив 3 предмети,само среќа не ми се испити,колоквиуми ми се, па ќе средам во август. Со факултетот не запирам, ова е само во меѓувреме. А и дупла дневница да ми понудат, не би мењала. :lol:
    Подобро да се потам на предавање, него на работа. Ова искуство ми дојде,како мотивација плус,за во оние моменти кога ќе ме фати мрза за учење. :wasntme:
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Мене во понеделник ми е првиот работен ден. Кога ќе помислам ми се превртува стомакот и ми се сечат нозете , многу имам трема ;(
     
  15. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Ајде без грижи се ке помине како што треба, па да ни пишеш имресии. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Мојот прв работен ден беше во четвртокот. :)
    Работам тука во маалската продавница каде што живеам,газдите ме познаваат добро па немав никаков проблем во комуникација или пак со луѓето кои идат,ги познавам сите. :)
    Си бев внимателна кога враќав пари,се трудам никој да не ми го одземе вниманието додека бројам.
    Лесно ми е,навистина. Само ме нервираат некултурните дечиња што само растрчуваат и те пореметуваат со прашањето колку е ова,она ... |(

    Газдите уште првиот ден ме пофалија дека одлично ја работам работата иако сум без искуство,сум работела исто како којзнае колку да имам искуство. :wasntme:

    Се прерадував,тоа значеше дека ќе ме задржат.
    За факултетот не ми прават никаков проблем,кога ќе имам испит слободно ми даваат смена за јас да можам да присуствувам. :$
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.433
    Пол:
    Женски
    i jas ocekuvam naskoro da go imam prviot raboten den.Treba da trgnam vo bolnica kako sestra i sekoj mig ocekuvam da mi se javat :) Amaaa tolku mn sum isplasena a neznam ni samata zosto?SE plasam deka nema da me prifatat kako koleska ili deka nema da vospostavam odnos so pacientite kako sho treba ili deka ke zgresam nekade uste prv den :( abe na strek sum denovive a od dr strana sakam da trgnam deka vekje 9 meseci sum doma .Nekoj sovet za nadminuvanje trema?
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.915
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Мојот прв работен ден беше на 2-ри Септември. Имав многу трема. Наредниот ден се опуштив.
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Тотално искулиран ден ми беше, иаку бев спиена само 4 часа се осеќав како да сум се наспала барем 9 часа. Ми беше страв само како ќе успеам се да научам, затоа што кога шефов ми разкажуваше што се ќе треба да работам, ми изгледаше дека нема никако да успеам да го завршам со моево нула работно искуство, али степ бај степ идеме, почнав само со основното и најлесното сега за сега.
    Да се пофалам брзо се уходав, со сите се запознав, али па среќа само 8 души сме со мене, па лесно ми беше да ги уознаам сите. Додуша уште на интервјуто шефов ме запозна со сите до еден, па малку наобично ми беше искрено, зашто јас се спремав за бомбардирање и не знам какво интервју, а немаше ништо од тоа. Нив им требаше итно некој кој ќе почне да работи и да им го завршува тоа најпочетното, па за моја среќа немаше никаков тест, никаква елиминација, само доволно беше да се покаже желба и воља за работа.
    Имам среќа што моја колешка ме пропорачала и испофалила, па може и затоа и не беа ич строги и уште на самото интервју, само што излегов со сите лично се упознав, освен со другов шеф-партнер кој беше на состанок.
    Колешкава ми ја олесна тотално работата, цел ден седеше до мене и ми помагаше, ме обучи се ми покажа, кафе ми свари, чај, сок дури и јадење ми донесоа, ме изненадија препријатно.
    Дури и порано ме пуштија да си одам, како за прв ден, доволно било 5 часа, јас мислев дека барем 6 ќе останам ако не и повеќе.
    Аутфитот 5 за 12 го сменив, зашто тоа што сакав да го носам не ми беше пеглано, а немав време да се препеглува, обична бела свилена кошула и класични панталони црни носев со кратки чизмички.
    Среќа немаат строг кодекс на облекување, се носат и фармерки, дечкиве не носат кравати и не се костимосани, со оглед на тоа дека најстариот има 26 години искрено и нема потреба од толкаво дотерување барем за обичен работен ден кога немаат состанок сите се ептен кежуал облечени.
    Станав само час и половина порано пред тргање, да се истуширам и да се нашминкам поасално без да брзам како што обично правам. Со оглед дека ми е преблиску до дома, и саат ипол можеби беше премногу.
    Сега за сега сите ми се ептен фини и пријателски расположени, али па имат работа преку глава со оглед на тоа што е млада и нова фирма во раст и подем, има премногу работа, па нема никој време да се замара со колегите, да оговара и да наштетува на некого. Строго си ја бркаат работата, само на пауза се чекаат пушачите и заедно си излагаат да не пушат сам по сам. Од прв поглед фини се зашто до сега на никој не му е испод част да ти свари кафе или да измие 2 чаши, тоа ми се допадна, мислев искрено дека мене како нова ќе ме натоварат уште од прв ден со кафе варење, ама се изненадив.
    Изгледот на канцеларија е океј, ништо посебно или да паднеш на задник, обична огромна просторија со 4 бироа, една мала соба за состаноци и мала кујна и вц.
    Си имам свој компјутер, масата работна е долга, ја делам со една колешка, ама пошто работиме две различни работи не си сметаме една на друга, она е постојано на телефон, јас на компјутер па не ми смета воопшто. Дури и си помагама, кога е на телефон со клиент и го подавам документите ако и требаат, и барам некој инфромација и запишувам податоци, а она мене кафе ми вари, ми ги прегледува извештаите да не сум лапнала некој буква пред да ги зачувам у база.

    Шефовиве-косопственициве се два различни света. Еднот е пресериозен, работлив, може и највреден од сите ама построг и поозбилен, не сака многу шеги и многу бадијалчење, една цигара до две по 5 минути пауза и на работа назад. Другот е пофин и позборлест, послободен и за шеги и филозофии, ама малку помрзлив т.е не се форсира премногу, работи доволно и не форсира квантитет да се заврши се во рок и во време, ако нема време остава за друг ден. Со време може ќе си го сменам мислењето, ама сега ја имам таа перцепција.
    Се на се имам позитивно искуство, од одма ми рекоа да си кажам ако треба да ме ослободат за полагање или за учење кога ќе дојде сесија, или ако имам некоја неодложна обврска.
    Работата не ми е воопшто тешка, ама заморна е, треба голема концентрација и внимание при пренесување на информации. Само една погрешна бројка или испуштена информација некого го чини многу, па треба по 3 пати да проверувам што внесувам. Не измислувам вода или којзнае што правам, целата работа е една шема која се учи буквално за една недела, ама станува монотона барем со текот на времето.
    Али има и занимлив дел од работата, некој интересни податоци, смешни факти, секакви клиенти кои се јавуваат и прашувааат секакви глупости, па со тоа се ублажува оној досадниот дел.

    Како за почеток е џек-пот, немам преголема одговорност од која јас се плашев и не сум никако спремна со моево никакво искуство и само теоретско знаење. Вака се што сум учела го гледам у пракса, закон за друштва ми е отворен и само гледам и забележувам колку работите во пракса се поедноставни од теоријата, посебно кога некој убаво ќе ти ги објасни.
     
    На kjukli, anuskaNESTLE, sever123 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам се вработив.
    Искрено првиот ден ми рекоа да дојдам во 10:00ч. Ми беше чудно зошто е држ.институција, па мислев е некој од многуте поминати протоколи и не очекував дека ќе има тестирање пак и дека ќе останеме цел ден.
    Фала му на бога поминав одлично на тестирањето и ме однесоа во канцеларија каде веќе имаше 2 нови, а другите колешки со гооолемо искуство. Изгубена што да ви кажам. Цел ден беше општо запознавање со самата институција ништо конкретно. Така да деф. ќе го памтам денот по збунетоста и неочекувано дека тој ден ќе е првиот работен ден.
     
    На Doozy, Abeja и Elissa им се допаѓа ова.