Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот работен ден

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 15 ноември 2011.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Првиот работен ден, еееее кај се потсетив сега.
    Одам на работа и носев некои документи, седнувам таму и ми викаат ајде сега ќе одиш кај твоте колеги :o
    а јас на крај памет не помислував оти тој ден ќе почнам. Дојде една колешка ме зема со неа и јас како мало детенце одам позади она напред и ме носи во канцеларија, среќа одма имав биро, компјутер и почна запознавањето. Знам оти многу лесно се уклопив, луѓето беа фини, отворени за соработка. Сите ми обрнуваа внимание почнаа одма да ме ангажираат што придонесе многу за мене.
    После неколку дена по ред не ми се веруваше, се ми беше како сон, оти тоа беше прв пат да почнам со работа, се будев од сабајле и не ми беше верно оти јас сум вработена и секако на место за кое од секогаш сонував.
    п.с Внимавајте што посакувате може да ви се исполни.