Уште не го земав,утре планирам.. Предните заби му се разјадени,пожолтени дали би му помогнало? А му ги мијам секој ден..
Тоа што се разјадени ќе помогне да не се расипат, ама нема да ги поправи да бидат како порано. Тоа што се пожолтени треба да го види стоматолог, ако се наслаги ќе се исчисти, ако е оштетување ќе се пломбира. Поцрнуваат од кариес. А кога се ронат најчесто е во прашање лоша структура на забот, едноставно лесно се оштетува . Ако нема болка не е ништо страшно, би требало да си има нормални трајни заби понатаму.
Има врска зошто тоа предизвикува кариес. Можно е да се расипани забите. Може и од тоа да се ронат. Најдобро е да се направи контрола кај стоматолог, па ќе ви дадат конкретни совети.
Почни да четкаш на непцата со силиконска четка, и кога ќе има заби продолжи со детска четка. Битно е рано да се навикне на четкање и да се одржува добро хигиена, и нема да имате проблеми со забите. Млеко или сок пред спиење никако, се што јаде и пие да биде додека е будно, да се мијат заби па после на спиење. На 4 месеца е релативно рано за ваков ред, ама да имаш на ум дека така треба да биде кога веќе ќе има заби. Што порано почнеш, толку подобро.
Изгледа ние имаме запче. Тропка со лажиче и се осеќа на допир, изгледа пробило ама вака на изглед нема некоја разлика, му ги гледам запчињата веќе 4 месеци уназад. Сега да се радуваме или да чекам да го видам тој заб убаво да никне хаха
Моево има два кеца доле, два кеца горе малце подизлезени и се спремаат двојките доле. Време е да купиме четка? Има некоја од 12м? Кога е време за паста? Ноќе уште цица, претпоставувам после вечера би било четкањето, дали само навечер или и наутро? Бебе е 11м.
Што порано треба да се почне со четкање, треба мека четка, паста не мора, ако сакаш може исклучиво без флуор. Минимум еднаш четкање, обавезно навечер пред спиење и после четкањето цела нок да не внесува ништо освен вода. Може и одсабајле да се четка ама не мора.
Долните кецови му никнаа. Ама бебе е уште нервозно, ја стега вилицата и многу се лигави. Уште трае таа реакција од пробивање на запчињата?
Само да е со меки влакна. Сум пробала повеќе брендови, не можам да речам дека една е најдобра. За мене моментално имам од Колгејт, за малата од Мам. Единствено Курапрокс се специфично погусти, ако тоа повеќе ти се свиѓа. Ама бидејки преферирам почесто да менувам четки, купувам поефтини.
Гребка кај бебе и семпознава на непцата бело (веќе со месеци) ама мислам дека конечно ќе и пробие. Само тој експеримент со тропкање не знам како да го изведам. Сега пробав и да ѕирнам не ме остава. Каса нервозно и ме гризе за брадавици нон стоп. Мачкаш со нешто?